Мразам романтика. Премногу ми е лигаво и патетично. Посебно мразам квази-романтични машки, всушност оние што не се романтични, но би изигравале само за да ги задоволат желбите на девојката.
Можеби чудно ќе звучи, ама јас сакам да си правам романтики сама на себе. Клише романтики значи, прошетка на плажа, вечера со свеќи, романтични филмови со пуканки, тивка музика...онака за себе, да си удоволам, пријатно ми е, си уживкам. Поготово овој период сега, последнава недела баш ми се прават тие работи за себе, а во сите филмови во глава, главно место ми има Охрид, комплетно совршен за моите саморомантики За со дечко, ни јас не сум многу, ниту сакам некој да биде со мене. Романтиката во врска ја доживувам на поинаков начин, нешто како заедно да се маваме со колички во луна парк, да играме табла или карти полупијани, да го гледам како ангажирано работи нешто (ова искрено многу ми е интересно и убаво, кога ќе се внесе во некоја работа, онака со страст, па се нервира, или ќе опцуе и на крај ќе се израдува кога ќе го сработи, а ја да го посматрам, ете тоа ми е романтично ) или да направи нешто сосема неочекувано за мене, изненадно во момент што му текнало (да седиме во некој кафич, каде никој не игра, и на некоја моја омилена песна да ме стане да играме, некој танц во стилот на Ума Турман и Џон Траволта во пулп фикшн). Ете такви романтики Јас од друга страна сум мека на зборови, па кога сум заљубена обично симнувам ѕвезди Во врска со тоа кој повеќе е романтичен, дали мажите или жените, мразам генерализации и сметам дека тоа зависи од личноста, а не од полот. Има романтични и во едните и во другите.
Девојки, сакам да направам вакво нешто...ако некоја е расположена за помош, Ве молам пишете ми лп Преблагодарна ќе бидам <3
Под романтика маж ми подразбира да јадеме заедно нешто што сакаме и двајцата да го јадиме, после тоа кафе да испиеме. Толку! Еднаш дури и свека миризлива запалив за време на една заедничка вечера ама некако ја забравме па за малце и беља ке си напраевме. Толку беше од моите обиди за романтика.
Отсекогаш ми била интересна расликата помеѓу нешто романтично и крипи. Ако љубениот ти симнува ѕвезди тоа е романтика, но ако ти симнува Петко/Станко е тоа е веќе крипи. Со други зборови битна е личноста, а не делото. Поздрав
Романтични се и мажите и жените. Еве јас ич не се снаоѓам во романтика и незнам искрено да ја предизвикам и направам, некако како лигавење ми личи А мм од срце и спонтано знае да направи романтичен гест, без да се труди..и притоа изгледа многу природно и без напор.
За мене романтиката претставува спонатно доживување на нештата што заеднички ги сакаме без некоја организација. Специјална подготовка на познато сценарио (свеќи, пијалок, вечера и ред зборови) во помпезна амосфера не ми е во прилог на карактерот и темпераментот. Таквите моменти на подарување ѕвезди ги чувствувам непотребни до степен на иритантност. И без тие романтични изливи можам да функционирам затоа што не ми недостасуваат.
И јас искрено незнам баш добро да се снајдам во романтика..ама дечко ми секогаш добро знае се да подготви во било кој момент..Не е важно што ќе направи, важно е тоа што е од него и што од срце е направено
Девојки ајде малку да ја "живнеме" темата. Би ви била благодарна доколку ми помогнете. Ми треба идеја за романтично изненадување за мојот сопруг-повод нема