Девојки незнам колку сте известени,но ова е една ромска традиција.Можеби мислите дека сум мала за да отварам ваква тема,да ви кажам и јас така мислам.Но вчера додека бев кај баба ми,дознав дека една моја другарка,која има 15-16 години,наредниот месец ќе се мажи.Кога ми кажа сестра ми,подзината останав .Девојчето само им кажало,која била причината што се мажела,бидејќи го имала првиот однос. А до лани велеше,-Јас нема да сум како овие другиве,толку млади да се мажат,јас на 25 ќе се мажам. Епа тоа е испуштени се од рацете на родителите.Мајка им ги напушти кога беше таа 5 год. а брат и 3г. Татко им беше во затвор,сега е тој Швајцарија и тие само со баба им.А таа кутрата од пазарот дома не е прибрана.И да не должам со тоа... Многу девојки со ромско потекло се мажат рано.Секое лето јас гледам по најмалку 5 свадби,каде што невести се малолетнички. Но јас вчера дознав која е едната од причините за тоа.Морало под итно да се земат, доколку не се земеле незнам грев се правело.Во суштина со тој што ќе си го имала првиот однос,тој морал да ти биде и животен партнер.И за незнам колку време требало и дете да имаат. Што мислите вие добро е вака?Мене искрено не ми е убаво,бидејќи мислам дека се многу мали за овој чекор.И дали сте знаеле за ова? Спојлер Не ме критикувајте зошто јас со 13 год. отварам ваква тема,знам дека сум мала.Ама пак,девојчето кое се мажи се дружам уште од мала и доколку бидам БТ на денот ќе им одам на свадбата.Не во ресторанот,туку на сред Баир каде се собираат сите .Лелел неможам да си поверувам дека моја другарка се мажи
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Ниту сум слушнала ниту ми се верува. Они самите кога ќе го имаат првиот однос одма си кажуваат на баба им, родителите......инаку од каде би знаеле? Просто не ми се верува дека го прават тоа, а може да имаат такви обичаи, не ми е познато, ако има од ромската националност на форумот нека пишат, баш ме интересира.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Ова се обичаи не само кај ромите туку општо кај муслиманите, зборам за оние поконзервативните, секако дека има и исклучоци. Одамна така е било и кај нас, жената ако се омажи не девица, мажот има право да ја врати кај родителите. После првата брачна ноќ свекрвата и кумата проверуваат дали има крв на чаршавот. Многу често имам зборувано со баба ми на оваа тема. Во денешно време знаеме дека и покрај тоа што жената е девица не мора да крвари баш првиот пат, а може и воопшто поради такозван еластичен химен. Колку невини жени имаат настрадано поради таквите прости обичаи. За жал оваа традиција сеуште е застапена кај одредени луѓе.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Вики тоа ми е познато, ама Цветето вика штом ќе го имале односот одма се мажеле, баш тоа ме чуди и претходно што пишав- сами ли кажуваат????
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Може девојчето е многу заљубено, па само си има признаено, само за да се омажи со него, а може пак згрешила и сега ништо друго не и преостанува туку да каже дома, бидејќи како и да е тоа еден ден ќе се открие. А ако момчето е од странство...тое е друга приказна.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Да заборавив да кажам,бабата на девојчето наедниот ден,на нејзината постела видела крв.Бидејќи знаела дека дечко и бил таму.Ја прашала и таа и признала... Инаку дечко и е 19,колку што слушнав
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Потполно ја разбирам твојата загриженост! Јас што имам 20 години, преклани кога дознав дека другарката со која практично го минав детството ќе се мажи останав подзината. Освен тоа, иако изгубивме контакт кога станавме повозрасни и речиси воопшто не се поздравувавме, мојата реакција не се промени. Но, тоа е така кај нив претпоставувам. Таа беше од исламска вероисповед и од секогаш сонуваше за голема љубов со некое момче. Меѓутоа нејзиниот татко наспроти тоа, беше многу строг и не сум сигурна но, освен тоа што и забрануваше да се гледа со дечковци, физички и психички ја злоупотребуваше. Ова физички не подразбира и сексуално секако, скраја нека е, но можно е да ја тепал. Освен тоа, јасно и остави дознање дека од имотот нема ништо да и припадне, што значи дека само прашање на време беше кога таа ќе има прилика да си замине бидејќи би било бесцелно да остане во една таква нездрава заедница каде пред се се претпочитаа интересите на нејзиниот постар брат и неговата невеста која неодамна си ја беше донел. Остана бремена за краток временски период, си роди прекрасен син, и се надевам дека е океј и таму многу подобро ја третираат отколку дома. За свадбата да не праиме муабет, татко и ја класифицираше како бегалка и не сакаше никаква релација да има со неа. Глупак! За таквите како него, само котелот на Луцифер да се создаде за да горат во него... Иначе за обичајов кај ромиве во право си. Сепак, се надевам дека кај повеќето не е така и декај кај нив се изменети некои видувања кои кореспондираат со општествените промени. Инаку, јас да сум би донела суров закон за дупнување на химени после 13 годишна возраст кај секоја девојка. Страшно сурово од моја страна, знам, но барем би ги поштедила жените да се оправдуваат за својот живот и да патат од комплекси поради обвинениа.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Ромите прават 3 дена свадба Првиот ден кај невестата и младоженецот се прават во домот со најблиските после оди младоженецот да ја земе невестата.Не е како кај нас сите во еден ресторан. Првин невестата со младоженецот си слави свадба во ресторан со нејзините најблиски роднини, па после другиот ден со младоженецот во друг ресторан со неговите најблиски роднини. Третиот ден кај младоженецот дома треба да имаат односи и таа мора да е невина. Ама пред да имаат односи ја прегледува бабица и тоа не е како кај нас химен ако има некако подруго е незнам како ама во некои поретки случаи таа може и да искарвави. Башка и додека ја прегледува бабицата болело. Е сега ако не е невина по одлука на младоженецот таа или останува или ја враќа назад и нејзините родители му плаќаат по 2,000 3,000 евра оштета. Искрено да ви кажам да кај нив е таков обичајот да се невини до брак и со тој кој ќе влезат во брак да им е прв и да имаат дете. Ако не и е прв тоа е грев за нив. Мада ромските свадби се многу богати невестите се пресоблакаат дури по 5 пати во текот на еден ден.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Не знам дали по првиот однос, но дека има многу малолетни невести, тоа е факт. Многу голем број од нив се мажат уште на 13. Јас познавам една која се омажи на 12, и неколку на 13. Кога јас растев, мислам дека стапувањето во брак беше поврзано со првата менструација. Во тоа време 12-13 години беше просечна возраст за прва менструација, и откако ќе добиеја, следна цел на семејството беше мажење. Тоа им беше знак дека се веќе „возрасни“ и можат да основаат свое семејство. Дали се уште се држат до таа возраст или границите се се сменети - не знам. Лани читав некое истражување и над 90 % од мажените ромки биле малолетни невести. Само не знам кој е просекот, затоа што 13 и 17 не е исто. Од оние кои јас ги познавам, ретко која била полнолетна невеста. Искрено, можам да се сетам само на една, која студираше и се омажи откако заврши факлутет.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Јас знам и една која нејзините ја омажиле за пари на 12 год.На 13 веќе имала ќерка во раце..Баш пред некое време со неа правевме муабет.И ме праша колку години сум.И кажав 13 и дека уште малку ќе полнам 14, и ме праша дали сум мажена и дали имам дете.Јас се насмевнав и и реков НЕ! И таа ми рече:-А вие каурите млади не се мажите,вие се мажите ко стари моми после 20год. Јас така останав. После 20 год. стари моми,леле мори мајко.. Исто така за тој кој ја мажиле оваа женава ,тој тогаш бил 25-30 години.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Нашиве (каури по нивно) често имаат секс со ромки (анален), вагинален не даваат па за нив тоа е рај Само никое машко нема да признае дека е... ромка, а ниту тие ќе кажат во нивен круг дека биле со наш оти им е строго забрането. Така да, ако орален и анален не се смета, тогаш да, многу се традиционални
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Мислам дека ова е случај кај конзервативните роми кај современите не верувам. Имав една другарка ромка , она искачаше по дискотеки најнормлно , имаше дечковци, студираше и за вакво нешто не ми спомнала, невикам дека нема вакв случаеви, како и да е ептен се ригидни, катастрофа...
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак За традицијава прв пат слушам... Многу ромки ги мажат уште во ран пубертет, за ова знам со сигурност. Имавме комшии роми кои што реално многу бедно живеа и нели, како што е случај кај повеќето роми, имаа 6 деца. Две девоjчиња од тоа семејство беа на моjа возраст, одеа во школо до четврто одделение, а после тоа се преселиjа и по кратко време, три-четири години, и двете беа со деца во рацете. Се надевам, полека и ромите ќе се опаметат дека не е сѐ во бракот и семејството, поготово не на таа возраст.
Ромска традиција:по првиот однос,веднаш брак Само не заборавајте дека овие обичаи и традиции кои ги набројавте, најповеќе важат за ромите кои живеат во нашата Земја. Ромите низ светот се многу поинакви. Образовани се, еманципирани, и живеат нормално. Имено, заборавив да напишам на првиот пост - Имав четири соученички ромки од средно и откако матуриравме, сите се омажија. Кои во странство, кои во Шутка.. Па, така одлучија да не го продолжат своето образование туку да се врзат со семејството и да чуваат деца на млади години.
Може да се муслимански обичаи, тоа верувам. Муслиманската вера е премногу строга и муслиманите се големи фанатици, барем поголемиот дел од нив. Но да бидеме реални, Ромите и самите не знаат која вера ја почитуваат и во ништо не веруваат. Те наши имиња, те некои странски, те од сериите.... Девојчиња од 10 години со бебиња во рака просат по семафори, што, на сите нив тие деца им се братчиња и сестричиња? Како да не. И секако дека тие девојчиња не се мажени, туку како што кажав немаат ни принципи, ни правила, ни ум во главата, живеат од денес за утре, направле беља и си ги родиле. Зар пари за абортус ќе даваат, ајт пушти го на улица нека проси уште кога ќе прооди, ќе ти носи пари дома па барем ќар ќе испаднеш од грешката. Од мали нозе се пуштени сами на себе, па некој ќе берел гајле за нивниот химен. Ако се мажат, се мажат зашто така размислуваат, колку Роми одат на факултет бе? Таков им е менталитетот, средно со најнизок успех од што стана задолжително и ајт фаќај патот, што ќар имаш од образованието, кога ти живееш од денес за утре. Колку сакате критикувајте ме ако не се согласувате ама тоа е моето мислење, гаден народ се без никакви принципи, секако со исклучоци можеби.
За брак веднаш по првиот однос не знам,ама сум слушнала дека на првата брачна ноќ мора да е невина .. и по односот чаршафот на кој имале однос (божем кај сите има крв) треба да го покажат на неколку луѓе како доказ дека таа била невина така сум слушнала од школските
не,не уште се користи тој обичај,овие што ми кажуваа се градски деца,нивните во Германија работат,така да не се некои што не виделе бел свет
Живеам во едно од најпознатите ромски маала во околината (не сум ромка).Сестра ми учеше со една ромка Ајше се викаше 12-13 години беше,и за летниот распуст се впуштила во односи со некој 20 годишен маж.Таа живееше во едно маало ептен упропастено мали куќички внатре по 10деца мајката обично не работи а таткото или продава железо/дрва или краде.Во овој случај девојчето било продадено на 12 години за еден килограм кокаин и за 500 евра (планот бил на таткото).Имам многу читано за вакви случаеви.Мислам дека ваквите случки највеќе се застапени Авганистан,Пакистан,Турмекистан,Ирак и Иран.Многу од девојчињата несакале да се мажат многу рано и потоа се палат самите со бензин.
brak/nevina-do-prvata-bracna-nok-t3804/ Еве ја истата тема, пологична од оваа, тука веќе се збори за традицијата во брак да се влезе невина