Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Имам природна кафена коса, но веќе долго време се фарбам црвена и не планирам да ја променам бојата
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Мојата е природно лешник боја.Но еве веке долго време се фарбам.Најпрвин бев плава,па светло кафеава,па шатирана со плави и кафеави прамени,па црна боја на косата и на крај се решив за црвена боја...нешто се мислам да се префарбам пак во црна но ке видам што ке биде.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Мене природна ми е костенлива, се имам фарбано црна и лешник боја сега ми темно кафеава, а во последно ме има мерак фатено и тоа мнооогу за црна незнам што да правам се мислам ама сакам да сменам се исто па исто
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Јас сум ги имала сите, во различни периоди од животов и сите ми одговараа ... Не се фалам, констатирам , да нема забуни.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? имам црвено-портокалова коса-нешто како на сликата доле (природна)на моменти сакам кафена но сепак задоволна сум со оваа.. сепак не е воопшто честа боја.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? ^^ И да бидеш задоволна. Богами, некој убива за ваква коса, па и природна - еве јас на пример. Мојата е ваква, необична. Нит чисто русокосо, нит смеѓо. Ај, пишете плаво, ама нефарбано, барем не сеуште. Уште имам тука-таму (во подолните делови од косата) по некој прамен од шатирањето, ама фала богу избледнеа, скоро и не се познаваат веќе.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Плавуша сум, природна. Веќе 2-3 години наназад живеам во страв дека ќе ми потемни, зашто не ми е верно, 1000 години сум направила, а косата како ко бебе - така и сега. И да ме колат, и да ме молат не планирам да се фарбам наскоро (дури онаму бели влакна кога ќе почнат да ми излегуваат).
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Јас имам темно кафеава коса- природна. Никогаш не сум се фарбала ниту пак планирам. Убаво ми стои а и не сакам плавуши и црвенокоси, освен ако не е природна плавуша.Што потемно-толку поубаво. Додуше плава да бидам нема ни да ми стои, црвена ќе ми стои ама не сакам. Сум размислувала црна да бидам, ама па многу ќе ме затвори. Така да, си се сакам ваква.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Имам кафена боја на косата.Ни темна ни светла кафена туку средна. (природна) Не сум се фарбала ич и во блиска иднина не планирам !
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Мојата е темно кафеава. Никогаш не сум се фарбала, ниту планирам. Убава ми е бојата, но повеќе би сакала да ми е црна
Мене природна ми е светло руса , но ја фарбам модро црна . Инаку долга ми е до половината и брановита .
природна ми е светло кафена а ја фарбам црна... права ми е и долга до половината баш си ја сакам ама можело малку да ми биди виткана
Мојата боја на косата е светло црна. Досега се немам фарбано,но ја имам шатирано два пати неколку плави праменчиња.Но во послебно време ги гледам краевите надолу почнуваат да ми маваат на некоја црвена нијанса,да не речам морковеста.Појма немам зошто е тоа така
Па мојата боја на косата е костенлива, се немам фарбано до сега и не планирам во блиска иднина, али понатака би можело. Иначе кога сум била мала ми била руса, многу убаво ми стоела и таква сакам да се фарбам, но не знам дали ќе се фарбам во таква или сепак не.
Моменталната боја на мојата коса е средна нијанса на кафеава и мислам дека ми стои.Инаку имам испробано секакви варијанти и варијации од бебешко плава,шатирана,матирана,црвена,розеви прамени,златна,,светло кафеава,лешник,мед,карамела,црна.свашта Читав на неколку сајтови за убавина дека ова лето во тренд се поземјните тонови,сите нијанси на кафеава боја,башка мене ми изгледа многу сексилистички темно тело исончано в крај и некоја wow кафеава нијанса.Според мене топ.
Јас имам природно црвена боја на косата Права ми е инаку, но јас имам обичај да ја носам виткана или таласеста