Црна ми е природната ама сакам да сменам..Уфф не се осмелувам шо знам мош после нема да се свиѓам па треба да се префарбувам ова она или па ке испаднам папагал пошто ми е црна и нема да фати треба 345пати да ја фарбам и ќе си ја уништам...Она и овака не ми е нешо мн за пофала,а така па.Ај некој ако се има фрбано од црна светло кафена нека пише со каква фарба и слично и колку пати се фарба додека да ја добие саканата нијанса позззки
Природно црна,имам сменато стилови али боја никогаш...Ми се смачи сакам нешто да направам,на пр.омбре ете според вас која боја би била во ред на толку темна коса а и темен тен?!
Eјј и ја сакам омбре ама со мојава црна нз која би стоела се мислев за црвена ама дали ке одговара којзнае..Ти со мислиш би ни одговарала лии??
Ако имаш темен тен немој да те лажело господ црвено да ставиш! Јас еднаш пробав пред години ко беше во мода шатирањето ептен кладов црвени прамени...Абе ѓупка не ми беше рамна Дур ми испадна маки измачив...Затоо никако!
Природно сум темно кафеава но одкога се исфарбав црна(има сигурно 4 години) си се пронајдов себеси.Многу сум посамоуверена и похрабра.
Абе што ако и јас имам светол тен , кога црвена воопшто не ми стои Светла сум во тенот , а црвена и плава ме прават како да сум болна во лицето..
Природно сум плава ,а за фарбање се имам пробано и кафеава и црвена .Кафеаво воопшто не ми личише незнам ич не се бендисував,а црвено ептен ми се допага како ми личи.Само уште црна не сум била никогаш ,мислам нема да ми личи по што имам небесно плави очи.
природно имам темно кафена боја, а се офарбав костен, а немам ниту 1 бело влакно, онака да сменам малце
јас решив да си ја вратам црна како што ми беше претходно ама и решив да сменам место само црна ќе правам и црвени прамени
Црвена омилена дефинитивно сакам и кафеава како мед, ама некако немам храброст, нека си постој црвената уште малце
Јас имам светло кафеава и на лето ми е нормално посветла и ми е како шатирана и многу ми е убава Ама па животна желба ми е црна да се исфарбам ама знам дека никогаш нема да соберам храброст од причина што нема да можам да си ја повратам старата боја.
Имав природно кафеава и додека сите ми збореа убава тие немо да ја уништуваш јас не ги слушав и ги пробав сите бои и на крај црна и дефинитивно не згрешив најубава ми е оваа боја
Јас сум природна русокоса. Кога бев мала косата ми беше светло-руса и личев на германче. Сега ми е потемна.
Природно руса.Не сум се фарбала никогаш.Ми изгледа како шатирана посебно во лето кога некои прамени ми стануваат посветли.