Mi se svigja vakva rusa boja, ili neshto slichno na ova A i ginger crveno Smegjo - varira, nekoi nijansi mi se dopagjaat, nekoi voopshto. Za crna ili epten temno kafeava koja se preleva vo crna ne bi rekla deka sama po sebe mi privlekuva vnimanie kako boja na kosa, mozhebi zatoa shto e najzastapena. Sakam vpechatlivi nijansi. No sepak da izgledaat prirodno.
Се фарбам темно кафеава боја со години и заљубена сум многу во кафеавата боја, и сега за сега не планирам да ја мењам.
Е сега јас барам совет сакам нешто да сменам врз кафеавава боја едно време бев шатирана убаво ми стоеше,но веке ми се смачи и од тоа па нешто друго освен шатирано што би можела според вас да сменам?
@Crna Dama колку брзо смени одлука прво не планирам да ја сменам сега за сега, после кратко време сакам да ја сменам хаха ај одлучисе зошто потоа тешко ќе можеш да ја извадиш фарбата(зависи каква фарба ќе користиш) или ти можеш да се вратиш на исто ама тешко дека тоа пак ќе биде иста боја како сега. Знаеш меракот е додека да се исфарбаш и после некое кратко време ќе сакаш да се врати старата боја на коса е тогаш ем што нема да можеш да ја вратиш ем ќе ти се уништи косата ем ќе си потрошиш парички е сега ти размисли си и одлучиси. Ако веке се одлучиш да си смениш боја на косата гледај тоа да си биде ти како сакаш и да одговара на твојот лик ние овде само можеме да ти кажеме стави црвена,стави плава..... јас ќе речам стави розева како Зорица Брунслик(шала) хахха..........
Природната боја на косата ми е светло руса. Па ми стана темно руса. Сега сум фарбана и пак сум светло руса.
Природната боја ми е толку светла дури плава... но толку многу мразам светла коса што дури во основно се исфарбав црна...после 10 години црна со триста маки ја направив кафеава како за промена....и на крај не бев тоа јас јас и пак црнаа.
Вакви некои нијанси ми се најомилени. Мојата е малку потемна од таа на сликата, но ја осветлувам од време на време. Сега моментално и правам пауза да одмори малку.
Во ред, не сум веќе плавуша. Ја обоив во мојата природна, кафеава. Ќе ја пуштам природната коса да ми порасне, доста беше.
Јас имам изразито плави очи,имам долга смеѓа коса веѓите ми се онака средно темни сиви поточно не знам како да се исфарбам не знам што би ми стоело