Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? одсекогаш сум фан на плава коса, иако е тешко да се добие посакуваната нијанса :/
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Црвена При крај на месецов пак ќе ја офарбам косата црвена
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Мојата коса е темно кафена со црвен одсјај.Никогаш не е фарбана и не ни планирам да ја фарбам во скоро време, затоа што тешко дека ќе добијам поубава боја од мојата природна
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Мојата коса е пола кафеава.. пола Црна.. Тоа ми е природната боја.. а сакам да ја офрабам црвена. Но тоа понатаму..
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Мојата природна боја на коса е бебешко руса, ама јас мн сакам да се фарбам црвена. Не знам дали ќе имам храброст тоа да го направам пошо знам дека подоцна ќе се каам
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Немој! Чим имаш таква убава боја на косата немој да си ја упропастуваш! Ретко некој да има таква необична боја на коса! Јас ја исфарбав лани ова време црвена ама мојата коса има досадна бја, темно кафена и немаше да изгубам многу оти ја исфарбав. Еве сега почнувам да се навлекувам и на бланшови и такви чуда. Кај и да е ќе ми се досади па ќе си ја вратам мојата боја, ме мрзи да се фарбам
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Имам смеѓа, на сонце удира на плаво, а кога е мокра е темно црна. Ма каква и да е, сакам да ми биде права, а не како сега брановидна, и ко буф сум.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Природна ми е смеѓа ама не ја сакам ич таа боја, многу ми е монотона и секој втор ја има... До пред 2 недели бев плава, ама не фарбана туку шатирана и бојата што ми испадна премногу ми се свиѓаше, но јас сум бела со плави очи така да бев многу досадна и како албино Сега сум црвена и бојата многу ми се свиѓа , а и најдобро ми стои
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? природно смега па доста години плава или шатирана и последната година дена црна
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Црна сум и тоа и природна но и така се фарбам заради белите влакна кој ги имам.Сум била едно време и црвена но мене повеќе ми се допаѓа како ми стои црна коса. Желба ми е да бидам плавушка и јас барем еден период , но нема шанса за такво нешто од проста причина што нема да ми личи таа боја на коса.( црн тен , црни очи итн.)
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Природно ми е смеѓа. Во зима од сонцето ми се осветлува па ми е златна/плава, а во зима ми е малце потемна. Многу си ја сакам бојата не би се фарбала.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Имам кафена боја на коса, бледо, може да се каже и смеѓа. Сите ми велат дека имам убава боја на косата, но јас не ја свиѓам многу многу. Би сакала да е потемна. Понатаму размислувам да ја офарбам во црна или потемна нијанса од мојата, но ќе видиме.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Јас имам кафена коса и се немам фарбано, а ако се фарбам би ја направила црна, позз
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Јас имам темно кафеава коса, никогаш ја немам исфарбано, но доколку се одлучам да ја исфарбам дефинитивно ќе одберам боја измеѓу црвена и кафеава, нешто како мед-боја.
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Природната ми е темно кафеава, но ја немам видено од 8мо одд. Од тогаш ги имам сменето речиси сите можни бои. Моменталната ми е темно црвена, нешто вака: Спојлер А сега ме фати мерак за некоја ваква нијанса. Спојлер Незнам како ке го изведам тоа ама знам дека дури да ја добијам посакуваната боја, ке ме фати мерак за друга. Е ај...
Плава, црна, кафена или црвена боја на коса? Од вчера сум црвенокоса,инаку бев плавуша. И двете бои ми стојат суперски,не можам да се пожалам Ко ќе ми падне оваа боја,пак ќе ставам колор шампон,овојпат во карамел нијанса,многу ми се допадна.