1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рушење на објектот Космос

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 2 август 2011.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Имаше една добра песна, одеше вака "...and it's all just a little bit of history repeating..."
    Истото и во А1 се случуваше. Ако се сеќавате на упадот во Октомври/Ноември минатата година, кога имаше обезбедување мислиш цела Ал Каеда на едно место се собрала. Ма не, не е коинциденција!! Они така ги спроведуваат законите на државата и ги штитат невините граѓани од злото што го сеат оние кои не мислат како нив! (како ли смеат да мислат поинаку, цццццц, срам да им е :devil: )
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Oksigen

    Oksigen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Господинот Фијат Цаноски ги искористи изборите со цел да ја убрза постапката на градење на Космос.Нели, тогаш никој не обрнува внимание на такви „ситници“.И нели нормално, како и секој, и тој избегнува плаќања на даноци и комуналии, мислејќи дека неговата партија ќе го извлече.Турбо се градеше, почна со рекламирање на објектот па дури и цени за тоа колку ќе вреди 1 стан.Инспекција е нормална работа да дојде, да ја запре целата работа, да испреврти се и да бара неправилности.Всушност тоа е и нивна работа.
    Најде неправилности, дека зградата е повисока за метар ипол, дека нема платено комуналии за неколку месеци иако му стигнувале опомени епа сеа...Ќе се руши фала богу.Да му била чиста совест немало да прави така.А вака работите добиваат нова димензија и нова слика, се разбира политичка.
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    А ти како знаеш дека Фијат ги искористил изборите за да го изгради Космос што побргу? Или видовита си можда...
    И не не просветлувај за инспекции и сл, затоа што кога Фијат отишол кај градежната инспекторка да побара образложение му рекла - не можам да објаснувам, ме снимаат, разберете...

    Доста веќе со вакви смешни приказни... |(
     
  4. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    И кога во државава нешто светско почнува се гради (конечно), пак се наоѓа мана, секој коментар е излишен..
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636

    Се ставам на тапет да пукате и плукате по мене, ама морам да кажам.
    Наместо дискусија - се напаѓате!
    Едната знае дека Фијат ги искористил изборите, а другата што кажала инспекторката.
    Е од каде ви се овие информации.
    Беше во изборниот штаб на Фијат ?
    Или беше во канцеларијата на инспекторката?
    Настапувате со злоба, не сте толерантни и не се почитувате!
    Шкорпионка поставила известување од општина Гази Баба... плукајте по општината, не по неа!!! Стварно нема смисла.

    Секој си има право да биде определен или неопределен.
    Секому му е поубаво во различно друштво, опкружување.
    Ама тоа не е мој проблем, не е ни ваш.

    п.с. лани работата ми одеше супер..оваа година ..онака ...ииии кој е крив - Груевски?
    Не бе Цацко ми е крив.

    п.с.2. срамота и греота е да се руши...можеа да ја стопираат градбата. нека бараат да се плати што треба, нека чешлаат документација и нека го почитуваат законот....сите!

    И уште нешто - од чесна и поштена работа никој неможе да биде милионер.
    Пукајте, плукајте сеедно ми е.
     
    На Doozy, Tinker-Bell, Jojoba и 5 други им се допаѓа ова.
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    речиси сум сигурен дека овој случај ке се реши на меѓународен суд, нешто слично како што се деси со комплексите во злокуќани и нормално повторно државата ке исплати неколку милиони (пари на народот) оштета само ради тоа што некој си лечи комплекси ;)
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636

    А ако е вистина дека покрај Фијат и Велија, инвеститор е и бугарска фирма - ќе го играме тешкото :envy:
     
  8. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    ^^^

    Нема што да плукаме, кога си е наместо муабетот на место си е. Во право си ама 100%.
    Едно нешто само морам да кажам - Фијат не е од вчера милионер да се разбереме, тој е бизнисмен и има милиони од секогаш уште пред да се родиме ние, кажав и предходно.
    Факт е дека немораше да се руши градбата, факт е дека е монтирно политички, факт е дека владата се пресметува со неистомислениците не мора да бидеме гатачи за да го видиме тоа.
    И точно тоа што ти го кажуваш дека се напаѓаат и препукуваат, и јас тоа викам ради хировите на овааа власт народот трпи, ние трпиме ние се караме....греота е тоа.
    А што работи власта? Извинете со цело должно поштовање кон симпатизерите на ДПМНЕ и поддржувачите ама претераа и знам и тие дека се свесни ( освен оние кои не се а голем дел од нив се ситни души што се продаваат себе си ) за постапките на оваа власт кои се граничат со лудило.
    Кој што сака нека каже ама ова ја надминува секоја црвена линија и зарем толку нашиот народ оставил впечаток во очите на властодршците дека е глуп прост и неук? Зарем мислат дека народот не гледа? Дека народот не знае што прави власта зарем мислат дека сеуште нивните лаги поминуваат кај народот?! Не! Се лажат знае народот ама оваа власт им го откри кодот- СТРАВОТ! Само ради тоа ќути и трпи народот оти не донесоа до питачки стап и не дотераа да зависиме од државата во секој поглед за да неможеме А што се вика да кажеме.
    Народот знае, и еден ден кога ќе почнат на сите да ни кркорат стомаците, да ни ги рушат куќите до темел со образложение дека оџакот е повисок за 3 милиметри, ко ќе ни ги рушат зградите каде што ни се становите затоа што се во сопственост на некој кој што можеби му е 453 братучед на Црвенковски или на било кој од опозицијата или ако не е против опозицијата.....со образложение дека под зградата има археолошки локалитет или дека е дивоградба од времето на Бранко и мора да се руши а е изградена од пред 40 години, кога ради новите доктори што немаат ден пракса во медицина освен работа во партиски штаб, ќе почнат да ни умираат чедата од настинки и промаја, кога ќе почнат да ни наплаќаат за воздухот што го дишеме дека е македонски и многу редок затоа мора да се плати и ред други вакви непромислени и апсурдни работи....тогаш ќе видите како стравот бега.
    Ама се прашувам чив дом треба да го срушат уште за да се дигне народот?!?!?
     
  9. Oksigen

    Oksigen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Видовит сум :)
    Кое образложение е тоа што не плаќал комуналии и тоа што зградата му е повисока за метро ипол или колку и да е? Да бидеме објективни, секој треба да си се држи по планот за градба и истиот треба да плаќа данок и комуналии.End of story
     
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    По изборите се почна со смртта на Мартин.

    Се прашувам дали се тоа што се случи од тогаш, ќе се случеше да беше некој друг на власт. Еве немора да е СДСМ.
    За темава..немам коментар :x
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Несваќам!!!
    Зградава требаше да има 20 спрата.
    Изградени се 3.
    Каде е надмашена висината????
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    ама АКО...е тоа ако мила моја прави голема разлика :)
     
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Оди измери ги на Ѕинго Стоименов, Мијалков Бојо Андрески и ред други вакви лепотани градбите, најди ги исправните документи кои што нели ги нема, најди ја целата исправна документација која што не постои после тука толкувај закони.
    До тогаш седи си во штабот и не прави будала од себе си оти луѓево не се глупи како што ве учат во партија него сите знаат која песна ја пеете. Вие сте нај елоквентен пример за непочитување на закони и прекршување на истите и за тоа како не треба да функционира една нормална држава.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Oksigen

    Oksigen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Не генерализирај.
    Ако толку те интересира, јас сум политички ориентиран за СДСМ, заради работно место.Пред тоа сум бил партички неопределен.
    И многу нормално е дека ќе ги ловат рибите кои се под закрила на опозицијата.Зашто?Затоа што другите се на власт, и ќе хараат додека можат.
    Истата ситуација ќе биде и ако опозицијата дојде на власт.Да не спомнуваме дека Мијалков, за време на броењето на гласовите чекирал карта за во странство ;)
    Не се возбудувај, ова е нормално во ваква „демократска“ држава.Мене се ми е јасно, ама кога власта свири народот и партиите ќе играат како што некој друг сака.
     
  15. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Е па доволно ќе беше ова да го напишеш само не да кажуваш сказни тука од типот што би било кога би било! Никој не знаеме...може ќе беше полошо така....!? Ама ете овие се и пекол од држава направија и можеме да зборуваме за тоа што е не за тоа што не е или што ќе било! Никој не знаеме што ќе било!
    Не умри магаре до зелена трева!
    Сега испрочитај си се наназад и види колку контрадикторност имаш во изложеното и... рачунај дека се тоа можеше да го кажеш како што напиша во последниов пост.... а не во стилот на демантите како што ги објавуваат од ДПМНЕ...ЗАКОНОТ ИСТ ЗА СИТЕ ЕНД ОФ СТОРИ?!?!?
    Ма немој?
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Пишува во извештајот али накратко-долниот спрат-приземје е 'критичниот дел' т.е изграден е на висинска кота различна од основниот проект и пар други ствари кои исто така ги пишува во извештајот како и тоа дека од градежните инспектори е стопирана градбата и е даден рок на инвеститорите да го корегираат објектот согласно проектот и законите за градење, но бидејќи тоа не е сторено се пристапува кон отстранување на истиот...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Глупости....така им чини.
    Кога би постоела можност да претрпи измени елаборатот за градба, во кој секако би била запазена максималната висинска кота ( да речам лаички - намалување на висината на спратовите за 7 см. и повторно би се добила истата висина на објектот), верувам дека тоа би било направено.
    А и брате мили направија филм за 1,40. Нека го инкасираат тоа со соодветна парична казна + сите давачи и сите ќе бевме среќни.

    Вака стотина работници останаа без работа, стотици граѓани без станови, неколку десетини градежни фирми со прекинати договори за работа....и што ли уште не.

    зградата кај подвозникот после зелено пазарче 10 год. опстојува со 1 спрат вишок... цел спрат алооо

    Сите одат 5 напред 1 назад , ние 1 напред 5 назад.
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Oksigen

    Ако не ги почитувал Фијат законите, зошто не му ја активираа хипотеката или да му пишат казна астрономска некоја?
    Туку мораа спектакли да прават со полициски кордони и да го рушат објектот...
    Типично за нив...
    Вакви намештаљки не се ништо ново - наместеното апсење на Љубе, со наместени тендерски пари, Велија, А1, па и Космос сега... :)

    Иначе Фијат излезе прееска на ТВ и покажа документи дека уредно си ги подмирувал сите трошкови и даноци околу објектот...
     
  19. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Дали во оваа наша држава некогаш некоја инвестиција, градба,фирма,компанија или што и да е ,а сопственикот да е од опозицијата нема да и најдат некои неправилности или неисполнување на комуналиите спрема државата.

    Ова што го напиша во коментаров мислам дека е чиста глупост. Како прво овој директоров што е за градежништво и урбани планирања нема градежен факултет туку економски. И сега тој стаса на телевизија да дели правда и да кажува кој е прв а кој крив и дека господинот Фиат Цаноски на медиумите му давал лажни документи и дека измислувал дека комуналиите ги плаќал навреме.
    Па и да закаснил со плаќањето некој месец. Тој гради објект вреден над 30 милиони на кој работат луѓе кои Груевски не сака ни да слушне да ги вработи. Фиат изјави дека тој има над 1000 вработени и као ете него ли најдоа да го казнат. И во право е човекот.
    Поздрав.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Oksigen

    Oksigen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Мое право е како сакам да го напишам истото.Секој си има свој стил на пишување.Тоа неможеш нити да го контролираш нити да го диктираш.

    Chill out
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.