1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рушење на објектот Космос

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 2 август 2011.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Само не знам до кога ќе траат овие глупости или се додека не ги исплашат сите до еден да не бидат против власта, па тогаш и нормално дека ќе владеат уште долго.
    Ама ако, се се враќа, буквално се.Кога ќе изгубат најпаметно ќе им биде да се селат од државата бидејќи не се свесни што се може да им се случи кога улогите ќе се сменат.
    А колку е паметно со Цаноски да се рчкаат, не знам, не се свесни дека Цаноски може сите нив со се фамилија да ги купи, а каде се парите, таму е и моќта :)
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Еве ја вистината за Космос...Секоја чест на г-нот Фијат Цаноски за неговата присебност, стабилност и способност да говори единствено со цврсти факти и аргументи...Видеото кажува све...

    http://www.youtube.com/watch?v=2s7H_a-dEM4

    Го поштувам човеков...
     
    На G.G, PetiteCherry, anastasijaki и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Jас сум згрозена од односот на владеачката партија кон оние кои не мислат исто со нив и не се нивни поддржувачи.

    Ова го нема ни во Куба :x , жалосно... :puke:
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Ова не е ништо друго освен политички наместена работа. На Грујо му се може па ајмо ќе рушимо. :devil: Јас сирота си останав покуса за многу парички :x
     
  5. sinetta

    sinetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Следен за лустрација е Ѓунер Исмаил, па Блаже Ристески (ќерка му уште го чува, ама до кога??), а за рушење на ред е ФОН. Случајно, или намерно, синот на Цаноски е ФОН, а Ѓунер е опозиција. А на Блаже ќерка му Лилјана, е во постојана коалиција сирота, ш`о да праи?! И чича-мича=готова прича.
    Зошто би зборувале за сто-те скапи чекори преродба, од кои неколку упалија, се друго отиде во вода, или евентуално за 2014-та, можевме и за Кинеските двокатни автобуси, што сеуште пловат (?) накај Скопје, за висечките саксии по Центарските бандери, а можевме и за остатокот (диво)ГРАДБИ на Владата.
    Знаете зошто не зборуваме за тоа?? Од СТРАВ! (некој го спомна погоре). Не исплаши Грујо со своите „уберштрумберфирер“ методи...една маленкост само ќе спомнам...момчето (Бог да го прости) од Плоштад и доволно е. Додуша, можам и за сапунот еврејски, што го правел Хитлер во коморите да си помуабетам, ама некој погрешно ќе ме разбере...
    Ми се повраќа (не ставам смајли, сакам со збор да го кажам!)
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Злоделото кое се прави врз мојот објект, најверојатно по нечија нарачка е со цел да бидам казнет како претседател на Партијата за европска иднина и за нејзиното преоѓање во составот на опозицијата, тврди Фијат Цаноски во врска со уривањето на станбениот комплекс “Космос“, чиј инвеститор е тој.

    “За волја на вистината оваа акција се темпира во моментите кога на А1 телевизија и се зема фреквенцијата, кога Собранието е на годишни одмори, за да не можат пратениците да расправаат за злоупотребата на службената позиција на претставници од власта, претставници од општината, и како најбитно за уривањето на правната држава“ вели Цаноски.

    Тој вели дека веднаш по објавата за градбата на “Космос“ и рекламите за ниските цени добил закани од повеќе градители на објекти и некои државни службеници.

    Цановски вели дека веднаш по изборите службеници и инспектори во надлежните органи, симпатизери на опозицијата му сугерирале дека имаат налог да го инспектираат објектот и да најдат било каква грешка во објектот за да се справат со него како новоизбран пратеник од опозиционите редови.

    “Лично не им поверував, но изгледа направив огромна грешка. Кога “ноќите“ се поклопија и кога настана моментот за акција, инспекторката доаѓа на објектот и со веќе припремен искуцан, во канцеларија записник, Решение и Заклучок се заедно одеднаш подготвено, со страшно арогантен однос го повикува изведувачот во Општината, а не мене како инвеститор по законот за градба и го присилува да потпише дека ги примил актите во кои со рака допишува одредени работи. Замислете во веќе претходно искуцан и оверен записник допишуваат работи кои одвај се читаат што јасно ја оцртуваат тенденцијата на Општинската инспекторка и тимот околу неа. Веднаш после тоа објектот со лента го затворија ги отстранија работниците а јас лично го контактирав Градоначалникот на Општина Гази Баба за да се информирам за насилното влегување и затворање на објектот. Градоначалникот како некогашен добар партиски другар лично ми потврди дека работата не е од него, дека работата е од “горе“, раскажува Цаноски.

    Тој вели дека сега во време кога е донесен законот за легализација на бесправно изградените објекти со кои се легализираат шупи, куќи, стопански објекти, па дури и објекти на државно земјиште, се руши легален објект со милионска вредност со уредна документација, од партиски инает, заради некакви минорни отстапувања во висината на приземјето и ништо друго.

    “Ама, зад него стои опозиционен пратеник кој треба да биде показно казнет кој поиигра на случајот и е сват на сопственикот на затворената А1 телевизија. Мора да признаете дека ова е ептен “случајно“, заклучува Цаноски.

    Градот Скопје и општината Гази Баба вчера му ја активираа хипотеката на Цаноски за објектот “Космос“ што почна да се руши во понеделникот поради отстапки во изградбата од основниот проект.

    “Хипотеката од речиси 11 милиони евра е активирана, затоа што Цаноски не уплатил пет рати по ред според договорот за плаќање на комуналиите. Ако Цаноски во следните седум дена не ги плати ратите што ги должи, тогаш ќе му биде одземен заложениот имот“, рече градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Како ден јасно е колку политиката е вмешана во ова. Изградил над дозволеното? Кога и како го заклучија тоа кога зградата не е готова?
    Фијат оттсекогаш беше чесен човек и поштено си го тераше бизнисот. Дури и кога почна со бизнисите низ Струга. Секој што го познава може тоа да го потврди.
    Рушењето на Космос е поради тоа што Фијат не е со владата, туку со опозицијата. Добро познати се и неговите врски со Велија, поддршката која му ја даде и ќе му ја дава. А денес е време кога или си мене или не постоиш. Фијат не е со Груевски, но и без тоа тој е доста успешен.
    Космос им пречеше на оние кои се на власт и бараа рачка да се закачат со инвеститорот. Успеаа, му го рушија. Сега ќе ги активираат хипотеките... Ајде да видиме! Да, можно е бидејки кај нас се е можно, ама ем му го рушат, ем му наплаќаат комуналии и понатака. Не е логично. Ако го рушат нека го рушат, ама зошто да наплатат за нешто што нема да постои?! Одговорот е она околу што се се врти: пропаѓање на сите поддржувачи на Велија. А дека Фијат каснел со ратите не верувам. Како што кажав и претходно, тој е чесен и никогаш не сакал со валкани пари да се богати. Се што стекна досега е благодарение на работата негова и на неговиот татко.
    Рече дека нема да гради, и во право е. Ако го остварат тоа за активирање на хипотеките ќе остане тој на улица. За да не дојде до тоа, веројатно ќе го продаде местото, дозволата и плановите па ќе ги покрие трошоците. Се што треба сега е да се најде некој поголем маж и го изгради Космос!
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ако паднат "Пајажина" и "Космос" пред меѓународните судови - Македонија ќе банкротира

    Понеделник, 01 Август 2011 16:00

    Меѓународните судови ќе бидат преполни со предмети против македонската држава. Откако случајот "Пајажина" се најави дека веројатно паралелно ќе се бара правда и на меѓународните судови, денеска и Фиат Цановски најави слична разврска.

    Евентуална загуба за Македонија, ќе значи стотици милиони евра отштета и враќање ситуацијата како претходно.

    Претходно Македонија го изгуби спорот со ОКТА, по што беше задолжена да исплати отштета од 70 милиони евра и тоа во време на оваа власт.

    Македонија може да банкротира доколку ги изгуби само овие спорови.

    Во моментов се води спор и со Свислион од Швајцарија кој бара стотина милиони евра, поради слични вакви дејствија на македонската власт.

    Sky.mk
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ^Не е проблем, со споменици ќе платиме и пак ќе ни остане :)
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PetiteCherry

    PetiteCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    35
    Го слушав интервјуто и не ми се верува. Добро бе до каде ќе оди власта, па веќе претеруваат. И слеп да си, па ќе видиш дека е ова политички притисок. Објектот беше феноменален, огромна инвестиција и неспоредлив со било кој друг објект или проект. Се надевам дека Цаноски ќе оди до крај да му ја исплатат оштетата и ако ништо друго, се надевам дека ќе до доизгради Космос. Стварно без осет од страна на власта, не знаат кога е доста, ако се на власт мислат дека го фатиле Господ за му*а, па мислат дека се е во нивни раце! Уффф, море кога тогаш ќе им се врати!!!
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    тешко е да се гради, лесно е да се урива, пред се кога има многу дивоградби низ мкд, на кои никој ништо не им можи (или се легализираа), а човеков прави голема инвестиција за град Скопје и за самите жители во него, што е за секоја пофалба. и само 1.40цм е проблемот! Срамота.
    ако е политички навистина жално и неправедно.
    сепак документите треба да покажат и докажат кој е во право.
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Што да се каже кога се е јасно :x Во време на легализација човекот неможел да легализира "непредвиден" дел кој сега не се согласувал со првичниот нацрт план (кој го открија по изборите)... По правило може да ги уриваат само спорните делови ако ги има но никако легалните делови или целиот објект (Да не се почна со изградба без претходни дозволи :fubar: ) Туку ај на кој не ни е по мерак ќе му најдеме и игла во сено ама кој ли јунак ќе се најде да го прочешла проектот Ск.14 за кои засега се замо шпекулациите :x Ама тука нема кој да урива-државата гради. Овде барем се градеше нешто корисно, таков грандиозен објект за кој ќе ни беше мерак дека такво нешто има во нашиот град (луксузна населба во височина па и со ротирачки ресторан на покривот) Уште поважно ќе се сменеше впечатокот за левата страна на Вардар, за "онаа" страна на која секогаш и се препишуваше пониска вредност.
    Ама тука е битно да се докрајчи политичкиот ривал... Е примитивизам бре :fubar:
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Валкана војна меѓу државата и инвеститорите

    Кој е вистинскиот победник од оваа војна е прашање за дискусија, но епилогот е познат, на крајот губат граѓаните



    Државата досега неколкупати сериозно влезе во отворена војна со, како што таа вели урбанистичката мафија. Колку реално успеа да излезе како победник од таа валкана борба, е прашање за дискусија. Зашто, речиси во сите случаи, по секој таков клинч само навидум настрадуваа „мафијашите“, а реално, на крајот, сепак, губеа граѓаните.

    Надлежните градежни инспектори во неколку наврати ја покажаа сета своја сила и моќ. Дека нема шега со државата, прв пат беше видено пред нешто повеќе од 10 години, кога се уриваше дел од елитниот станбен комплекс во Злокуќани. Урнати беа три куќи, еден помошен објект покрај базенот, котлара, ограден ѕид, две езера. Останаа осум куќи, за кои, наводно, немаше спорни моменти. Како причина за рушењето беше наведено дека објектите се градени без одобрение, бидејќи се наоѓаат во заштитната зона на археолошкиот локалитет „Скупи“.

    Бадијала му беа на инвеститорот Благоја Николовски сите уверувања дека постапката за добивање на дозволата е во тек и оти е утврдено дека објектите се наоѓаат надвор од заштитеното подрачје. Во тоа време главниот градежен инспектор во државата, Љупчо Балковски беше неумолив. Багерите срамнија со земја три целосно изградени куќи, со завршена инфраструктура и ентериер.

    Се проценуваше дека од вложените, тогашни нешто повеќе од 10 милиони германски марки, уништени се приближно седум милиони. Државата тогаш процени дека поисплатливо и' е да ги урне, отколку да ги конфискува објектите и да ги пренамени за свои, на пример, хумани потреби, како што се дом за стари и изнемоштени лица, болница, или нешто друго.

    Како и да е, случајот, очекувано заврши на суд. По неколкугодишно влечење по македонските судови, на крајот, сепак, се најде во Стразбур. Епилогот веќе е познат. Дражавата мораше да му плати отштета на инвеститорот. Колку точно, не се знае, но се зборува за сума од околу 6 милиони евра.

    Една-две години подоцна, слична акција. За среќа, со помали финансиски последици. Но, за жал, поголеми за неколкумина граѓани, бидејќи им се уриваа становите во кои тие веќе живееја. Се уриваше дел од изградена и вселена зграда во Дебар маало. Повторно рушеше, Балковски, но овој пат од позиција на министер за урбанизам. Градежните машини беа насочени кон последниот кат на зградата на улицата „Пиринска“, а набрзо и кон објектот во изградба на улицата „Железничка“. И двата објекта беа на еден инвеститор, ги градеше фирмата „УПА Ентерпрајз“, сопственост на Љупчо Палевски - Палчо, кој во тоа време беше член на опозициската СДСМ и газда на неделникот „Старт“.

    Така, државата удирајќи по газда Палчо, уште еднаш ги истепа невините граѓани на кои становите им ги претвори во урнатини. Подоцна Палевски го доби спорот со Владата, Врховниот суд донесе две конечни пресуди во полза на УПА, по што Палевски ја тужеше државата за пречекорување и злоупотреба на своите надлежности и бараше да му се исплати надомест за направена штета во висина од девет милиони германски марки. Не доби толку, но сепак, беше пресудено да му се исплатат 1,5 милиони евра. И повторно цехот го платија обичните граѓани.

    Пред четири-пет години, државата уште еднаш сакаше да покаже дека нема да му прогледува низ прсти на ниедно незаконско градење. Се слушнаа чеканите на најконтроверзниот објект што се изградил во последнава деценија во Македонија, фамозниот Кинески ѕид, на кејот на Вардар. Но, овој пат, се удираше по само 80 сантиметри на потпокривот. За среќа, зградата се' уште е во изградба, немаше големи штети, поради што и самиот чин помина онака како што впрочем и се гради целиот објект, без многу крената прашина.

    Во меѓувреме, беше запрена изградбата на новиот објект на местото на некогашниот „Кермес“ во Градскиот парк. Инвеститорот, австриската фирма „Гофи“, во која свој капитал има скопскиот бизнисмен Трифун Костовски случајот веќе неколку години го турка по македонските судови. Не е исклучено и тој да се најде пред судот во Стразбур. Каков би бил епилогот, не би сакале да прејудицираме, но доколку Костовски го добие спорот, ќе мора да му се плати отштета. Кој ќе ја плати, е прашање на кое одговорот се знае однапред.

    „Космос“ е последниот случај во кој државата реагира на одредени незаконитости во изградбата. Начинот на кој деновиве се сечат носечките столбови на објектот не остава простор за дилема дека зградата ќе биде тотално уништена. Така ќе (про)паднат горните катови, што тешко дека би можело отпосле евентуално нешто да се поправи само со мала интервенција. Многу поверојатно е дека штетата ќе биде ненадоместлива. Дали инвеститорот Фијат Цаноски ќе успее да ја надополни, допрва ќе се види. Но, доколку и успее, уште еднаш се' ќе оди од џебот на народот.

    Сите овие фамозни уривања, со исклучок на „Кермес“ се направени на готови или на речиси изградени објекти. Оттаму и последиците се поголеми. Но, што е најтрагично таквиот чин не ги погодува само нивните инвеститори, туку сите граѓани. И, на крајот, само како куриозитет. Во сите овие случаи на рушења, секогаш на власт е ВМРО-ДПМНЕ. И секогаш на удар се објекти на инвеститори што се најзини политички неистомисленици.

    Извор - Утрински весник
     
  15. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Јас колку што успеав да прочитам девојката не се прогласи за член на ВМРО, затоа не е во ред да ја напаѓаме само затоа што го постирала рефератот. Таа дури и не произнесе свое мислење за да биде критикувана. А секоја приказна има две страни. Нормално дека како и на секоја тема ќе се најдат лица со спротиставени мислења. Но тука сме за да си ги произнесеме мислењата а не да бидеме критикувани и остро напаѓани заради истите.

    Уствари што ќе постигнеме ние со овие падни-стани муабети кога ние не се ни прашуваме? До утре сабајле може да викаме Грујо е ваков или онаков тој пак си тера. Кучињата лаат караванот си врви.

    Не верувам всушност дека постои некој од нас на кој му се допаѓа ова рушење на објект каков што досега кај нас не ни постоел. Многу надежи паднаа во вода, многу луѓе останаа разочарани. И пак бе, па не ги сакаме ВМРО, па добро бе, па кој ги гласаше, кој одлучуваше за нашата иднина?? НИЕ!!

    Неможам да сфатам како успеваме толку да се спротиставуваме на некои одлуки, а сепак тие да не допрат до ушите на нашите претставници. Та нели де, се претставници на народот. И ова е демократија?? Ту бе да ти се плукнам во демократијата да ти се плукнам :tmi:

    А да уствари они не се криви, они ги следат интересите на народот и се тука за народот. За кој народ бе?? :@
     
    На OzzyAngel и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  16. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121

    Офспринг ми ги зеде зборовите ! Јас лично како помлада тука, сум загрижена за мојата иднина овде, а дедо ми ми вика : Ние што проживеавме проживеавме , сега е редот на вас,а јас мислам тешко на вас !

    Се плашам дека е во право :x
     
  17. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Прво- Скорпионката е ВМРО да ти разјаснам и тоа како е декларирана.....затоа Милки тоа и го кажува ама таа пустата како шо гледам само тоа го имала да го приложи дури замисли не е ни нејзино мислење... (шуќур и останал ум во глава). Верувај ни неа не и се свиѓа и не се слага со тоа што го рушат КОСМОС ама не смее да каже оти тешко неа....и неа ќе ја рушат после од нејзината ГЕСТАПО ПАРИТЈА и ја разбирам и и препорачувам да ќути оти покрај горенаведеното ќе изгледа ептан малоумна ( впрочем како и секој ко што со цел ум мисли дека ова е спроведување закон не политичка одмазда а верувајте има и такви ама Скорпионката е паметна и знае ) :D :D :D :D :D
    Аха и во време кога владава се пенее со тој законот за легализација на дивоградби рушат легално играден објект до темел? Логика?!?!
    Нема за жал, ама да не е и овој закон автентично истолкуван па сега да не си го истолкувале овие - ДИВОГРАДБИТЕ ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ А ЛЕГАЛНИТЕ ОБЈЕКТИ ДА СЕ РУШАТ! ВМРО и се е можно така да луѓе палете си ги имотните листови оти ако ви се легални куќите ќе ви дојдат со минери на врата за брзо.
    Аууу.....идам да барам кибрит!
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Само сакав да кажам дека во овој пост не кажа дали е за или против ВМРО, ниту пак кажа дали и се свиѓа идејата за рушење на објектот или не.

    А и да е член на ВМРО. Ченовите да не го сакаат многу случајно Грујо и ги подржуваат идеалите на партијата?! :?: Како па да не. Секој си е таку за да си оствари некои сопствени цели. И ако знае дека на тој начин (преку зачленување во партија) ќе ги оствари истите, нема да се мисли двапати.

    Неверувам дека има закоравени Вмровци и слепи подржувачи на партијата, како и во секоја друга партија. Секој си го брка својот интерес, а ако некој или нешто при тоа настрада, кому му е гајле?

    Можда и Грујо нејќе да го сруши Космос, али како ќе му кажат така. Сите тие јавни наши политичари се само пиони. Други ја водат играта и ги влечат конците.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Последното е дека Цаноски дефинитивно ќе се жали во Стразбур, со платен адвокатски тим од САД. Она што го изјавол е дека ќе бара милионска сума како отштета од државата за незаконско и противуставно уривање на Космос... А неговата фирма моментално прави проценка за претрпената штета на финансиски план, ама изгледа ќе се бара отштета и за нарушен личен и професионален углед :worried:
     
    На milky-candy и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637