Ај терајте си муабет без да ме спомнувате, завршија изборите а со тоа и моите агитирања, се читаме некаде пред наредни избори
Не ми се допаѓа оваа одлука... Воопшто! Ми се допаѓаше КОСМОС, па што ако нешто не било легално.. се може да се среди.. Сите ја знаете мојата политичка определба, но ова не го оправдувам!
http://www.telma.com.mk/images/kosmos_eksploziv.JPG СО ЕКСПЛОЗИВ УРНАТ ДЕЛ ОД КОМПЛЕКСОТ „КОСМОС“ Со експлозив поставен на неколку места на објектот урнат дел од станбениот комплекс „Космос“ на инвеститорот Фијат Цаноски. Експлозијата се случи во 18 часот и триесет минути иако беше најавена за половина час порано. Со експлозив поставен на неколку места на објектот урнат дел од станбениот комплекс „Космос“ на инвеститорот Фијат Цаноски. Експлозијата се случи во 18 часот и триесет минути иако беше најавена за половина час порано. Во околината беа распоредени десетина полициски и едно противпожарно возило. Претходно полицијата го расчистуваше теренот и не дозволуваше движење во околината на објектот. Жителите на населбата Керамидница, која се наоѓа во непосредна близина, биле предупредени дека поради силината на детонацијата ќе треба да ги напуштат домовите и да ги остават прозорците отворени. Според инвеститорот Цаноски, кој уривањето го следеше од зградата на неговиот универзитет ФОН, направена е поголема штета отколку што било предвидено со решението на општината Гази Баба. - Зошто се уриваат горните катови? Зошто не поставија динамит на гаражата и да ја урнат ако само гаражата е повисока од предвиденото? Тука не се работи ниту за повисоко, ниту за пониско. Тука се работи да се покаже сила. Ја покажаа силата ама доста им е. Сега нека не остават да си работиме, а оваа држава да почне да функционира нормално и европски, а не африкански, изјави Цаноски по уривањето. Цаноски, кој е пратеник и претседател на Партијата за европска иднина, е убеден дека сето ова е политичка хајка против него, бидејќи на овие избори одлучил да коалицира со опозицијата. И порача на власта да размислува што прави, бидејќи со вакви потези ги брка и домашните и странските инвеститори. - Бизнисмените во опозиција, како што сум јас во случајов, треба да се поддржуваат. На тој начин власта треба да ме убеди дека сум згрешил што сум отишол во опозиција и да ме придобие за наредните избори, а не вака да ме револтираат. На наредните избори никако не може да бидам со некој што сака да ми направи голема штета, рече Цаноски. Тој ги повика надлежните да му дозволат да го расчисти теренот и да продолжи со градење на објектот. Имам обезбедено средства за да продолжам со градење и комплексот „Космос“ ќе биде подготвен за вселување во предвидениот рок на крајот на идната година, истакна Цаноски. - Убеден сум дека во рок од еден месец ќе можеме да почнеме со изградбата на „Космос“. Не верувам дека ќе се осудат пак да уриваат. Ние ќе градиме, тие нека уриваат, а штетата ќе ја плати овој народ и оваа држава. Објектот „Космос“ почна да се урива на први август. Цаноски попладнево ги повика надлежните од општината Гази Баба што е можно побрзо да завршат со уривањето за да може да продолжи да го гради објектот. Не се откажува од најавите дека правдата ќе ја бара пред домашните и меѓународните судови.
И сега гарант поубо спијат Грујо и неговите...неписмени ОВЦИ кој што си ги тера како сака...... Бог да не чува!
Греота па . Не сериозно не го зборам ова во иронија мене срцево ми се цепкаше кога гледав како рушуваат можам да замислам него како му било .Инаку ако е прав како што тврди ќе си докаже и ќе си земе отштета и тоа дебела . Имаше понуда да доплати нешто за да продолжи со градба , ама нејќеше штом до толку се сили веројатно во право си е Цане ... Крај краева дури и да е нешто нелегитимно земи доврши ја давај ги како социјални станови ама ...
Не да земе отштета ако излезе прав... Како што читав мислам дека назад и постирав, ако падне случајов на меѓународен суд, Македонија ќе банкротира
Абе каков банкрот ... Како си ги тресат иформацииве Ние имаме мноооогу пари ... Кога имаат пари да ставаат споменик на секој чекор ехеее Пола Скопје се обновува се чудат со нас на сред економска криза ние рушиме и градиме ... Од Чичко Велија еве нека бидат 30 што не се толку и Фијат 15-20 лупам сумиве ама да биде најлошо сценарио ете 50 милиончиња. Ако сака Грујо ќе ги најде дур трепне . Нема да дозволи државава да банкротира заради него пошо после треба клада на центар да ставиме . Ова за мене од скај е Лажна Паника ...
Македонија и без ова е на прагот на банкрот, а ова е капка во чашата која во скоро време ќе се прелее.
Еј, имаме земено кредит од таму ммф или од каде и да беше. Затоа се гради. Од 2015та ќе почнеме да го исплаќаме тој кредит сите ние граѓаните, нема Грујо да си извади од џеб и да плаќа. Затоа се има пари за градење, а не затоа што Македонија е богата земја.
Знам Офи ама БАНКРОТ е тежок збор богами да стигнеш до таму ќе треба да се помачиш . Направена е математика и тоа поприлично добра инаку со ова трошење одамна ќе пропадневме . Грујо или како што милуваат да го наречат Хитлер пошо не планира да си напушти фотелја има некој скриен ас во џеб . И да се задолжува не може секој
Леле живти се, кога Америка беше пред банкрот па што останува за нас. Ај ќе правиме муабет, памти ми ги зборовиве Ќе завршиме бетер од Грчка, само нас ќе нема кој да не вади од лајната. И не сум иронична.
Остана поговорката -Дужен си ко Грчка Е ај баш ќе видиме пошто ние со овоа дебативе се размуабетивме . Праиме кладба ако испаднеш во право мењам партија . Јас велувам во Никова Гвуески и неговите економски капацитети
хахаха мењаш партија а? Лудо си. Рано е да зборуваме ама од она што јас го следам дојдов до таков заклучок, и не гледам само опозициски настроени телевизии и весници. Канал 5 еднаш во денот вести гледам задолжително, Сител неможам, појавата нивна ме иритира Зашто на неколку теми досега се има случено да ми речат, аха само на А1 гледаш вести, нема врска тоа. Знаеш што останува сега да речеме - живи били па видели. Првата рата од кредитот почнува да се исплаќа од 2015та година. Според моето мислење ќе лупнат многу големи даноци и казни за да можат да го исплатат, зашто од други извори ние неможеме да исплатиме. Немаме индустрија, и таму увоз-извоз незнам како одат тие работи. Мислам дека тогаш ќе има намалување на плати и пензии и казни и даноци покачени.
Ненене....баш си знајш како треба. Точно така. Убаво си знаеш....не се секирај- ќе намалат пензии плати, ќе зголемат даноци ќе воведат казни и тоа за глупости пример: ако прднеш на јавно место 500 еура , овие досегашните што ги имаме ќе рипнат за 3 пати ќе има инфлација и девалвација....а бе Грција ќе ни биди Кина.....и да Македонија е пред банкрот и без да паднат овие случаи на Меѓународен суд ( а тврдам дека ќе паднат пошо таму судиите не им се роднини на Грујо и Сашко.... за разлика од тука таму законите важат и судството е независно) а Македонија...па нишо чудно и да иаме банкнотирано па овој ете почна да минира се и сешто само тоа да го заташка.... а па колкави се каматите за кредитите шо ги земааа...пази за финансирање кампања и споменици градење мислам хелоу со тие пари се праве МНОГУ ДИРЕКТНИ инвестиции нови работни места, подобар стандард.....ама како ќе владеат ако ни даат пари? Еееееееее....затоа не одраа па сега сме зависни од нив па уценуванје па шо ти па да не.....Све е болно се...срамота. Уште ова не било.
Сакам само да прашам нели се осеќаат колку се очигледни со ова „збриши се што не е со нас„? Добро светот нели гледа што се случува во ова наша кутра државичка? Не ми е јасно, како само во опозиција се сите „расипници„ и „крадци„?
Пф, тоа дека рушат се што не е нивно, секако. Не сум за ниедна политичка партија, но овие се диктатори. Демек, Космос не бил по закони, по стандарди, како така неправилно се гради, бла бла, мора да се сруши. Тој објект поминал низ комисии, нивни комисии, ова е чиста злоба да се сруши ваков објект во оваа фаза. Да ги виделе тие неправилности што се набројуваа поголема висина д дозволена за140 и кусур сантима, можеле уште на почетокот да не добијат дозвола за градба, како што и оди секоја проектантска и постапка за дозвола за градба. И башка, можеле да ги вратат затоа, па да се намали висината, еден кат на тоа и не значи нешто многу. особено за ваков објект. Но, зошто тоа, кога може да се срамни со земја. Тие изградија еден куп нелегални градби, непредвидени ни по урбанистички ни по никаков план, ни за Скопје, ни за локација, легализираа дивоградби, и сега плаќаме за тоа. А допрва ќе лижеме г*мна, простете на изразот, за да се прехраниме.
Ај наједноставно... Кога една држава НЕМА пари а сака тогаш нормално за потребите кои би требало да се од корист на граѓаните и републиката позајмува. Кредитите по некое непишано правило треба да се искористат за продуктивни цели/планови (проекти кои со тек на времето ќе ги враќаат парите) или во најлош случај заради некоја кризна ситуација. Е сега ај било што било тука, да речеме и се зеле пари за склуптуроманијата а дали се повеќе од потребното што може да си го дозволи државната каса јас не сум надлежна да коментирам. Но она што би требало да следува е нормално "некаков" план за прилив на средства кои би биле од помош не само за државните трошоци туку и исплата на кредити со се камати. Ако не нормално би следело стеснување на давачките спрема граѓаните: плати, пензии итн. Со вакво темпо, без никакви проекти пр. за производство, извоз, нови работни места, странски инвестиции, трошења кои "не се исплаќаат", и кредити кои мора да се вратат-е вака се прогласува банкрот Туку работата е веќе направена, треба да се мисли за понатака а од 2015 може некому и ќе му здосади да е на власт посебно не за да седи ви фотелја и да потпишува почеток на стечајна постапка (државна). Долговите секако ни остануваат