Рушење на објектот Космос

Discussion in 'Политика и настани' started by esperanca, Aug 2, 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,017
    Гази Баба му препушта на Цановски да го урива „Космос“ до крај
    сабота, 20 август 2011, 19:11
    [Гази Баба му препушта на Цановски да го урива „Космос“ до крај] Општина Гази Баба го прекина уривањето на зградата на Фијат Цановски на и му даде рок од 60 дена остатоците од Космос да ги отстрани со своите фирми. Објаснувањето од општината е дека сакаат да му излезат во пресрет на Цановски кој уште од почетокот неколкупати бараше да му дозволат сам да го урне Космос,наместо фирми ангажирани од општината.

    Откако на објектот пред неколку дена неколкупати беа извршени минирања оптината побарала и добила стручно мислење за состојбата на објектот од Градежниот факултет, според кое-тоа што останало од Космос е трајно онеспособено за секакво понатамошно користење или евентуално доградување. Сега Цановски за два месеци треба да ја отстрани градбата од локацијата,ако не-од општината објаснуваат дека ќе продолжи присилното решение за остранување на објектот „Космос“.

    Цановски во неколку наврати тврдеше дека од Гази Баба сакаат само да го оштетат објектот за да не може материјалот да се користи понатаму во друга градба,а не можат да го урнат поради тоа што е квалитетно граден.Со минирањето-градбата не е урната,туку е оштетена.

    Од инвеститорот,компанијата на Цановски „Фине“ денеска рекоа дека не го имаат добиено известувањето од општината дека сами треба да го продолжат уривањето на Космос и оти од понеделник ќе излезат со коментар.

    Цановски пред неколку дена најави дека повторно ќе го гради станбено деловниот комплекс и до 31.12.2012 тој ќе биде готов. Како причина за уривањето освен политички реваншизам, не ја исклучи и конкуренцијата зашто становите кои тој ги нудел биле квалитетни ,а со пониски цени од останатите.

    Извор - Алфа.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,413
    Likes Received:
    28,470
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,291
    Мене не ми е јасно како може да си дозволат да "згрешат" во еден таков неколку милионски проект.
    И после сакаат странски инвестиции, проекти и изградба на нови фабрики. Како кога не знаат да измерат добро една зграда дали е по стандарди или не.
    Од месечината се гледа која беше скриената намера за овој проект, но Фиат е доволно паметен и знае со кој си има работа и дека му треба секоја папирологија зашто власта секогаш сака да ги скине оние кои им застанале на патот или во случајов оние кои од коалиција со нив отидоа во опозициска коалиција.
    Сме живееле во демократија пииииих, како да не. Ова е класична анархија!

    Едно тужбиче треба да им даде Фиат поради нивните грешки и поради средствата кои ги губел периодов додека власта мерела и рачунала на неисправно дигитронче.
     
    Offspring likes this.