1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рушење на спомениците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Водолија, 19 ноември 2017.

?

Дали сте за или против рушење на спомениците?

  1. За

    54 глас(а)
    32,9%
  2. Против

    110 глас(а)
    67,1%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ха, е сега ме изнасмеа. :D

    Народот не одлучи ни за поставување на спомениците, а како што гледам од сегашнава власт, ќе нема право на збор ни во одлуката за нивната судбина.

    Ја нешто не се сеќавам дека некој ме прашал за мислење дали сакам споменик од „херој“ како Ќосето да биде поставен, па уште пред Основен суд, дали сакам Триумфална капија, која е споменик на не знам точно кој триумф, дали сакам милиони евра да бидат потрошени за метал, гипс, стиропор и авторски хонорари за вајари-анонимуси.

    Ако спомениците ја претставуваат македонската историја и гордост, зошто тогаш беа поставувани ноќе, под полициско обезбедување, на најкукавички можен начин? - наместо да бидат поставени на значајни празници од македонската историја, со свечености, со народни собири, со медиумско покривање и, пред се', дење?
     
    На Novecento, Victorian, Rama и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Пишав пред неколку месеци нешто слично, сега само ќе се надополнам.
    Досегашните иницијативи на Владата како склопувањето добрососедски односи, менување учебници по историја и дислокација/рушење на спомениците, по ниту еден основ не контрибуираат за она што нам ни е суштински најнеопходно - зајакнување на економијата.

    Ваквите дејствувања единствено може да бидат гледани како алатка за дистракција од реалните проблеми со кои се соочуваме веќе 20 години наназад, за одмазда, надмоќ, компетиција.

    Гледам горе коментирате дека едвај чекате да бидат срушени спомениците кои вам како врвни критичари по архитектура ви пречат, а заборавате дека за да дадете мислење дали одреден стил или правец во уметноста чини или не, (без оглед дали тој бил барок, готика или нешто сосем трето), треба објективно да го познавате.
    Апсолутно не велам дека се квалитетни во однос на текстурата, но велам дека половина и повеќе од судовите не се донесени според евалуација на целината на проектот, туку по пат на субјективно размислување.

    Лично, не сум за репетитивно трошење милионски суми, нека останат. Она што е реален проблем е урбанистичката џунгла, а не центарот на градот. Тоа првенствено треба да се поправи, зошто немаме доток на кислород, како и секундарно - зеленилата. Повеќе зеленило, кое не треба да се сади само за денот на дрвото туку секој ден, етапно да се работи на проблемот.

    Ќе одам уште малку оф топик, ама кога веќе почнав ќе се доизјаснам. Она што најмногу ми се допадна од програмата прикажана во проспектите на сегашнава Влада и од уметнички и од практичен аспект е токму зеленилото на фасадите од зградите. Такво нешто за сите нас би било од корист, наспроти промената на имињата на аеродромите или решавање на судбината на спомениците со сомнителна историска вредност.
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На faye, Victorian, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Споменици се граделе и се градат во центарите на сите светски метрополи така да и кај нас.А што се однесува до споменикот на Александар 3 ти Македонски мислам дека е ок и во многу други европски земји го има како позната историска личност не гледам ништо лошо тука.
    И крај на крај Македонија има многу поважни работи отколку да се урива нешти што е направено и за што се платени огромни пари.Мислам дека треба да се занимаваат со економијата а посебно со градежништвото како двигател на економскиот раст во светов, без кое ниедна земја неможе да напредува, така да ако направиме нешто на економско поле па после тоа може да се тури и некој споменик а до тогаш НЕКА НЕ ЧЕПКААТ НИШТОООО!!!!
     
    На Rama, Lianna Anna, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Гласав ЗА.

    За да заличи Скопје на тоа што си беше, а не копија на Европски градови.
     
    На cresa-jagoda и fina erika им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Е ај да си бидеме искрени душо, па не дека Скопје личеше на нешто поубаво...јес да има десетина споменици вишок ама има и нови улуци, жичара, паркови..не е битно...НО, ние Скопјаните се угушивме од долгогодишно градење, мака ни е веќе, инфаркт ќе не стрефи ако почне пак со кревање прашини, мотори на багери камиони, булдожери...аууу, не, неееее;(;(
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Епа ако тебе те штрефува инфаркт од прашини, јас секој ден дишам прашини зашто кај мене нема жива куќа и згради колку сакаш.
    Сакаш да се смениме?
    Не за градби, доста е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас воздух од Алпи да не дишам, па тоа ти велам, не сакам градење, не сакам рушење....
     
    На MissAlena, Victorian, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.341
    Пол:
    Женски

    Треба да ја знаеш причината зошто е поставен Ќосето пред судот. Ќосето имал основна задача да извршува дадени наредби за ликвидација. Такви задачи има добивано и од Гоце Делчев и од Даме Груев.
    Знам зошто се плашите од Ќосето. Знаете како он се справувал со предавниците.
    Еве ти линк за едукација иако знам дека нема да ги промени твоите погледи
    http://infomax.mk/wp/%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B1%D0%B8%D0%BB-%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%BD-%D1%9C%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D1%98-
    %D0%B3%D0%BE-%D0%BB%D0%B8%D0%BA/


    На Триумфалната порта се насликани децата од Егејска Македонија (тоа требало досега да го знаеш)
    Спомениците не беа поставени на кукавички начин, сите однапред беа запознаени дека ќе се постават споменици и се знаеше точната нивна локација. Требало тогаш да се побуните, а не да молчите и да се сликате пред тие споменици. Па после неколку години да се сетите дека не сакате споменици па фрлавте боја, ама да беше Ќосето жив немаше да можете да се приближите до ниеден споменик.
    Не знам од каде тоа дека спомениците се поставувани навечер. Еве ти неколку слики, за кои очекувам да кажеш дека се монтирани и сечени.
    Немој да мислиш дека народот ќе молчи доколку некој се обиде да ги руши спомениците, моќта е во народот

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ноќе а???? Кукавичи се поставени а???
     
    На PaLaVa, Rama, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Нема да се руши со бомби не се секирајте.
    На прав начин ќе се руши.
     
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кој е тој прав начин!?
     
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @carangigia, све е тоа супер, фала за лекцијата по историја за „херојот“ Ќосето, но не ми одговори дали народот одлучуваше кога се ставаа спомениците?

    Ете, ти можда си сакала споменик од Ќосето, ја сум нејќел, ама факт е дека ни тебе ни мене никој не не' праша.

    А иначе, народот не се побуни ни кога ги ставаа спомениците, нема ни да се побуни кога (ако) ќе ги тргаат. Тоа ти е тажната вистина за нашиов народ.

    Патем, ноќе беа поставени спомениците на Христо Узунов, Павел Шатев, Христо Татарчев и Пјетер Богдани.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.109
    Па искрено, едино да се сруши Триумфална оти ептен го нагрдува просторот, а не може да се дислоцира...

    Другово низ плоштад, освен нали син му на Филип, да си се дислоцира низ Скопјево, во Парк, по школи. Да си се отвори просторот. И од Жена парк исто...
    Толку пари поебаа на стиропор и гипс, па сеа уште од уста да двојам и да го рушат...

    Е, едино тоа врбите да се вадат од Вардар, и тоа Галиите МОРА да се рушат...Кај се грди, па кај ни река не остана од нив.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Галиите, врбите и земјата што се наоѓа во коритото на Вардар под најбрза постапка да се отстранат! Кај го прекинуваат текот на реката, па и го грдат за сите пари. Кај се видело бре на сред река да се поставуваат врби, споменици... па после еден дожд цели подруми во МНТ се поплавени. Да знаете само колку гардероба им е уништена а колку пари се дадени за истата... Ама тоа никој нема да ви го каже.
    Да се дислоцираат и во другите градови, не е само Скопјево Македонија. Крај краева што сакаат нека им прават само Скопје да добие малце лик, да може на плоштад да се организираат концерти, манифестации, прослави... Како и во секој нормален европски град.
     
    На Victorian, Rama, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  14. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.341
    Пол:
    Женски
    Тоа што ти го пратив треба да го прочиташ, да видиш дали ќе ти се променат погледите. Ќосето добивал наредби како да се справи со предавниците. На Коте од Руља му беа давани повеќе шанси иако беше предавник, македонците не сакаа да го ликвидираат и како он им се одолжи? Што му направи Коте од Руља на Лазар Поп Трајков? Лазар Поп Трајков бил погоден со куршум во јазикот, отишол на лечење кај Коте од Руља, а Коте му ја исекол главата и ја дал на Каравангелис за 50 фунти. Но, Коте не беше ликвидиран од Ќосето туку од грците бидејќи не бил повеќе употреблив. Никој не сака предавници.

    Сакам споменик од секој кој се борел и кој го дал животот за Македонија. Сега сакаат да ги тргаат спомениците само да ги исполнат барањата на грците. Тоа е толку патетично нема да се поправи стандардот само ќе останеме без име, идентитет, јазик и држава.

    Инаку ти пратив неколку слики дека спомениците се поставувани денски. Инаку можеби некој споменик бил поставен зимно време, пример во 16:00 или 17:00 па би изгледаало дека е поставен ноќе, а е ден, споменик не се поставува за 5 минути туку со саати.
    Сте имале можност да се побуните кога се поставуваа спомениците, но молчевте, а знаевте и на која локација ќе бидат. Народот нема да молчи ако се рушат спомениците.
    Жалосно се ќе прифатат заради спорот со Грција
    [​IMG]

    [​IMG]

    http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=54133#.WhHPJ9KnHIU
     
    На PaLaVa, Rama и ADOKI им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.109
    @carangigia е добро де, еве ќе покренеме петиција Ќосето у двор да ти го стават...:wasntme:
     
    На cresa-jagoda, Novecento, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.341
    Пол:
    Женски
    Договорено, за тебе ќе направиме споменик од Коте од Руља
     
    На ADOKI и Petra777 им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.109
    Не мора да се троши државава за мене, не сум до толку битна...:nod:
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На Novecento, daylight, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    “Требаше да се побуните.”
    Требаше.

    Да ве потсетам дека се бунеа студенти од архитектонски. И беа нападнати.
     
    На cresa-jagoda, Novecento, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    ...Или било кој друг. Нека си бира кои ги сака најмногу, па во секоја соба по еден. :rofl:
     
    На daylight и Gosh им се допаѓа ова.
  20. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Еј па вие, битно се договоривте да имате споменици во двор, за деталите накнадно ќе се договорите.
    Ај препукувајте се на друго место.
     
    На Victorian, ADOKI, daylight и 4 други им се допаѓа ова.