1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рушење на спомениците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Водолија, 19 ноември 2017.

?

Дали сте за или против рушење на спомениците?

  1. За

    54 глас(а)
    32,9%
  2. Против

    110 глас(а)
    67,1%
  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Да беа од права бронза може нешто ќе излезеше од рециклажа, вака од пола милиметар слој на ефтин лим не бидува ништо.:devil:
    Подобро е да се уништат пошто за 5-10 години некои од нив ќе бидат физичка опасност за граѓаните, имаше случај делови од фасада да паѓаат на улица (пошто квалитет) тоа треба цело време да се прати во каква состојба е, да се лепи, да се санира, да се поправа, да се доградува, да се осветлува, трошоци беспотребни.

    Она што фали е урбано зеленило и на место на споменици да се засадат или пресадат веќе порастени дрва, имаше некаде на запад некоја механизација каде го вадеа дрвото од корен во некоја шума без да го оштетат, копаа дупка во градот и го ставаа таму...then again...this is kinda utopian here, јас се извинувам често оптимизмот знае да ме занесе :worried:
     
    На daylight и Sesil им се допаѓа ова.
  2. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Што не ви е јасно за новава власт? Па исполнува етапно се негативно што вети дека ќе спроведува. Чистка-бркање на директори, колење и бесење со полиција за јавен рекет на сите локали-таму каде што тече паричката бидејќи веќе фабрики немаме и на крај уништување на спомениците да не ги потсеќа на овие пред нив. Позитивното ќе го дочекаме кога ќе влеземе во ЕУ.:|
     
    На PaLaVa, Rama, Zaljubena26 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.939
    Пол:
    Женски
    Значи во Македонија отсекогаш едни граделе, а другите по нив уривале затоа и само тапкаме во место цел живот. Има 1000 недостатоци во државава, како на пример нашето здравство. Има дечиња и луѓе кои секој ден молат за помош за операции од обичниот народ, а власта се замара за едни споменици. Кога луѓето овде ќе се среќни никој нема ни да обрнува внимание на споменици ниту пак кој е министер :nod: Имаат пари за рушење и безвезе работи, а нема пари за едно девојче за операција од 10.000 евра или колку и да се???
    Дали тоа е човечки? Дали на надлежните скалата на приоритети им е поставена погрешно? Овде луѓе умираат, родилки, новороденчиња, деца...само од негрижата, вие зборувате за споменици. Никој не го тангира дали еден споменик ќе биде на тоа место или на друго, ама кога ќе ти умре некој близок те боли.
     
    На PaLaVa, Victorian, Rama и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Mädel

    Mädel Нов член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    а овој ќе се руши?
     

    Прикачени фајлови:

    На PaLaVa, Victorian, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.987
    Допаѓања:
    166.674
    Пол:
    Женски
    Ја па не знам што се префркнавте толку жими се.
    Ќе си ги поделиме спомениците сите и никој да не се лути.
    Еве ние во Гостивар ќе си го зееме Скендерчо, Тетово да не се лути ќе им напраиме и нив уште еден или ќе се договориме по една година да го имаат тие, потем ние.
    Филип го имаат веќе во Битола, Скопскиов да се упати во Прилеп, и онака таму ја открија Стибера. Самуил го имаат во Охрид, скопскиот ќе го испратиме во Берово. Што па да не? Пффф
    Ќосето земете си го кој сака во двор, ја Посејдон ќе си го земам и ќе си го намонтирам во Вруток на извори, на Вардар де, кај што го личи. :rain: И Гоце ќе го зеам за на југ, успат ми е Баница. Е Ацика не го мрдаме! Нек пукнат душманите, најлепши ни е. :makeup:
    Олимпија не ќе ја делиме од Филип, и неа во пакет заедно.
    И ја не можам да се жртвувам за сите. Да си се организирате за останатите.

    Шала на страна, секој споменик си има свое значење и како такво треба да си има соодветно место. Не може Аце и Гоце и Самуил да се на исто место зошто живееле и преставувале различна доба од историјата. Милион пати сум рекла, како да се отворила историјата и повратила во центарот на Скопје. :envy:

    Ја па сакам триумфална да остане. Мене триумфална ми е споменик на победа над еден режим. И да и се стаи фамозниот бројчаник што толку долго го ветуваа.

    Против рушење сум од економски причини и поради што веќе наши пари се дадени за истите. Ама, соодветно да се дислоцираат сум и на местото на секој од нив да се засади дрво. Вардар да се исчисти од глупостите и тие пари не ги жалам ич.
    Или да се отвори посебен парк за нив. Франција си го има Дизниленд, Романија си ја има Трансилванија, Македонија ќе си има парк на кичот и човечката глупост. Ќе се наплаќа карта и бар ќар ќе имаме. :muscle: :handshake:
     
    На PerfectDisaster, Victorian, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
  6. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    ПРОТИВ!
     
    На Rama, Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Морам да признаам дека ми се допаѓа идејата за забавниот парк на @Yowannty
     
    На theowndemon, Yowannty и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Ја мисли Да све се рушиТ, освен споменикот на Ќосето. Да се сепнува малку Зеко koseto.jpg наш...
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Дојде ред историја да учиме од фејк њуз портали како инфомакс.
    До тоа дереџе падна државата.
    Ме интересира, кога веќе цела википадија пишува дека сите наши херои се Бугари, и кога веќе сте толку јаки и со познавање на историјата, зошто не се обидете барем тоа да го промените.
    Еве, јас сум пробала, многу пати, ама еден чове нишо не прави.
    Дали со тоа што барем се потрудив да ја "обелам" нашата историја станав поголем патриот од вас?
    Не сум за беспотребно трошење на пари за рушење на спомениците, ама ете, сум за да се тргнат некаде на куп, надвор од центарот на градот, па да идат луѓето и да ги прошетаат сите по ред. Плус да се наплаќа и влезници и сликање со секој.
     
    На Victorian, referentka, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Апсурдно е да се рушат тие споменици кога веќе се изградени иако според мене се претера.

    Сето ова не е ништо ново, ако се вратиме назад и погледнеме во минатото, од памтивека така си функционира кај нас, толку многу народи низ историјата не покориле, оставиле свој белег, за секој нареден што ќе стапне на ова парче се да руши и повторно нешто да изгради и се така истото. Сите тие бележја кога би останале би имало толку многу разноликост и разиграност.
     
    На Victorian, Rama, Zaljubena26 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... ако веќе сакаат да ги рушат, поарно нека ги остранат и да ги однесаат во другите градови каде тие споменици значат нешто и онака Скопје не поседува како град ниедно минато од истите :!:
     
    На PaLaVa, dedrade, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... и жичарата до Водно и Милениумскиот Крст и црквата на плоштад нели? и јас сум да се рушат :D и театарот такоџе :devil: мостовите над Вардар мислам 4 беа? а? долеееее рушиииии :rofl:
    и не само спомениците туку и сите закони за време на режимот, како месечен паричен износ за трето дете, денационализацијата, легализирање на дивоградбите, надградбите доградбите, простувањето на долговите, безплатните автобуси субвенции сите брееее кинииии ...и не можам да се сетам што уште ? :@
     
    На PaLaVa, dedrade, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MdKeDu

    MdKeDu Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    Каде е транспарентната влада која обеќаше дека за битни одлуку ќе одлучува секој еден граганин. СДСМ е свесна за одлуката која би ја донеле граѓаните па затоа оди по друг пат за да ги оствари зацратаните цели, а тоа е влез во ЕУ. Ако ова се случи со ваков тек има друго сценарио кое доправа следи а тоа е влевање слаткоречиви мисли и ширење на идеологија. Со уништување на споменикот Александар Македонски, менување името на аеродромот, кои се од големо значење за Грција, реклами за вредностите на човекот, филмови кои содржат слични тези ќе ни биде наметната мисла и самите ние ќе размислуваме дека името на нашата држава треба да се смени за да влеземе во ЕУ.

    Како опозиција направија добар стратешки план и навистина успеаа да пртнат режим.Сега кога буквално се е во нивни раце не верувам дека ќе потфрлат.
     
    На PaLaVa и Rama им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Пола од ова што наброи веќе е срушено/укинато. Крстот на Водно не свети, укинати дисперзирани студии, проекти за вонредни студенти, запрени еден куп градежни работи, автопати и слично... Не пратам толку многу за да сум информирана за се, ова е што случајно сум разбрала. За мене оваа влада е уништувачка и нема капацитет да создаде и креира било што.
     
    На Victorian, Rama, Asistentkа и 4 други им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Се нема пари, тие споменици ќе рушат!!!
     
    На Rama, Lianna Anna и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Гласав против, иако ништо не зависи од мене, пред се заради огромна финансиска тежина. Народот, доволно ги плати, доволно ги преплати. Штетата е непоправлива. Зарем треба да направат поголема? И се тоа, поради јавно и тајно додворување на милиот сосед т.н Грција.

    Комичноста е во тоа, што после овој акт, ние нема да имаме никаква гаранција за влез во ЕУ. Ама ќе имаме гаранција за нови барања.

    Кај нас, културата расте со рушење споменици и музеи. Кај останатите, со градење.

    Од историски аспект, која држава беше поделена во 1913 со Букурешкиот договор? Оти нели, нашата не постоела. :^) Сега, повторно е отворено македонското прашање. Само не знаеме дали води кон интеграција, или сосема спротивното. :^)

    Варвари. Ништо друго освен рушење и укинување. Ама рано е, да им дадеме време. Време да не докрајчат.
     
    На PaLaVa, Victorian, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    362
    Истото го мислам и јас. Да се руши нешто и да се трошат пари за безпотребни работи и сето тоа за само неколку луѓе да си лечат комплекси е болна работа.

    Точно е дека луѓе секојдневно молат за помош и донации, а тоа што ме иритира посебно е што и двете партии тие случаи ги преискористуваат за партиски цели и собирање поени.
    И наместо да се сфати грешката од случаите како Тамара, овие сега прават многу повеќе пакост од тоа што било , па во иднина ако продолжи вака безпотребното фрлање на народните пари наместо да спречиме ќе имаме се повеќе случаи како Тамара.

    Неможам да разберам само како владата има пари да дава на лежачи по кафичи од унии на млади сили, и да дава милиони,а нема за некој на кој навистина му е потребно.

    Само да се затворат овие унии на млади сили во партииве ќе има доволно пари и за здравството и за покривање на трошоци на хитните случаи.
     
    На Victorian, Rama и Jane.Birkin им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Подобро би било да осмислат добар план со кој во тек од повеќе години, полека и со паметни решенија би го подобриле изгледот на градот.
    Што е подобрување е индивидуално мислење. Но, има најмалку 2 работи кои може да се направат, а тоа се: менување на локација на неколку споменици од плоштадот со цел да се ослободи простор (што не значи рушење и уништување) и враќање на текот на Вардар во нормална состојба.
    Факт е дека голем дел од работите кои се направија, се тотално непотребни и за џабе беа потрошени толку пари. Исто така, факт е дека голем дел се од многу лош квалитет. Квалитет кој веќе некое време покажува дека е лесно распадлив, што значи и да не се чепкаат одредени проекти, тие нема да го издржат тестот на времето и се минливи. Така да, сакале или не, со тек на време самите ќе се уништат.
     
    На Novecento, Rama, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    А бидејќи нема тема посебно, па мора тука да прашам?
    Зошто да се менува името на аеродромот?
    Годинини наназад како аеродромот не е државен, туку е турска инвестиција
    Која е логиката може некој да ми објасни?
     
    На Victorian, Rama и ADOKI им се допаѓа ова.
  20. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Може да рушат,ама дома кај нив.Нашето културно богатство и нашата држава не смее да бидат играчки во рацете на неколку кучиња.
     
    На Rama, baba Rada, zuto и 5 други им се допаѓа ова.