1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рушење на спомениците

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Водолија, 19 ноември 2017.

?

Дали сте за или против рушење на спомениците?

  1. За

    54 глас(а)
    32,7%
  2. Против

    111 глас(а)
    67,3%
  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не е многу пари, малку пари се.
    Нема излез, или трошок за нивно одржување и санирање низ годините, или да ги тргнат. Не гледам како е подобро да се одржуваат тие грдосии и кичови.
    А за приоритети, не знам што и како, но одредена категорија граѓани мислеше дека бароци, галии во гомна и врби се врв на приоритетот 11 години...онаа главната архитектка на Ск-2014 доби 2,4 милиони евра награда за авторски труд:devil:
     
    Последна измена: 21 ноември 2017
    На Annath, DAngel, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Оваа влада нај прво нека си исполни тоа што вети, народот за кој курац ги гласаа!?
     
    На dedrade, zuto и TRANSPORTER086 им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.211
    Еве ме, ниту некој ме прелажал, ниту пак се чуствувам измамено.
    Досега имаше живот па сега го снема|(.
    Мене ми е супер, за вас како да ви кажам, сеедно.
    Демек битно ви беше досега како живееше народот.
    Одеднаш сите загрижени.
     
    На Annath, boomsleng, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.269
    Пол:
    Женски
    Гласав против:P
    Патриотка сум јас:party:
    Мајтапот настрана,си ја сакам и почитувам историјата,ама на времето кога ги поставуваа не се замарав со тоа,ама сега ќе си кажам дека претераа со толку многу споменици,едноставно пренатрупано и прекичесто делува,а за милионските суми и да не правам муабет...
    Ете,сум за да се расчисти малку,просторот да се отвори нека се дислоцира(не сруши) некој споменик,ама Аце Велики нека не го чепкаат само за да и го бакнат задникот на Грција,мене баш само тој ми е најдраг од сите споменици:D а и триумфална не е за фрлање исто.
    Цар Самуил,малку "боде очи" со местоположбата ама него нека им го пратат на мајка Бугарија,нели тој бил нивни цар:lol:
     
    На MikiTass, DiFlove, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    25.574
    Пол:
    Женски
    Дека се премногу , премногу се , и можеби добро би било да се рушат :?: но тоа е плус трошок и губење време , според мене . Најубаво е да се преместат на посоодветни места , па ако веќе треба да се рушат , нека се рушат постепено , не мора сите наеднаш . Во секој случај , плоштадот е пренатрупан моментално , и за тоа мора да се најде некое решение , а најбрзо и решение што не би чинело многу финансиски , мислам дека би било тоа да се преместат на посоодветни места :)
    Сепак , не живеам во Скопје и не сум многу компетентна за оваа тема , но како граѓанин на Република Македонија , мислам дека можам да дадам свое мислење :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Абе да, за влез во ЕУ треба да дозволиме да си играат со нашата историја, идентитет, обележја, сѐ што е важно за нас, сѐ што сме ние всушнот. Прво Бугарија па сега Грција. Загреота. Дојдовме до степен Македонците да си се свртат против македонското. Е затоа не нѐ бива како држава.
     
    Последна измена: 21 ноември 2017
    На PaLaVa, joy1, carangigia и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски

    Хахаха ај престани парите се само изговор на СДСМ нека конфискуват некој имот на криминалците од Вмро нака продадат некој автомобил немора да се чепкат за спомениците ако не беа они Скопскиот плоштат сеуште ќе ви личеше на фудбалско игралиште , а плус што се атракција за секој нема човек од страна што нејке да се слика со нив. Може да се дислоцираат некои од спомениците ама што му се запнале на Александар велики баш тој го разубавува цело Скопје
     
    На PaLaVa, Asistentkа, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Ауу а сега да не ти дојде животот .
     
    На dayla, PaLaVa, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.104
    Ќе си дадам за право многу малку да отидам во оф топик, но сепак да се надоврзам со проблематиката околу спомениците кои претежно се наоѓаат на плоштад.
    Како некој кој живеел од денот на своете раѓање на денешна улица Македонија (поранешна Маршал Тито) и израснал на таа улица и плоштадот на Скопје, можам да кажам дека трилијарда пати поубав и покорисен беше порано овој предел.

    1.jpg 2.jpg 3.jpg 4.jpg

    Кога некој ќе каже дека плоштадот порано бил игралиште/село/пустина, па уште ниту живеел ниту живее во Скопје. (facepalm) Не бе чоек, плоштадот беше плоштад! Имаше зеленило, имаше простор и за шетање и за одржување манифестации, изгледаше средено и урбано. И Вардар беше река!

    skopje 93.jpg плоштад kaldrmata.jpg

    А тек пак плоштадот во 90-тите. Преполн со зеленило! Убавата калдрма. Простор за шетање и диштење, простор кој како на втората фотографија во зимно време се искористуваше за Новогодишен пазар, тезги со новогодишни украси и подароци, елка поставена во средината на плоштадот како што треба.


    Се разбира дека секој град не може да опстане недопрен. Се разбира дека секогаш ќе се менуваат работи и ќе се додаваат и одземаат. Но, треба тоа добро да се умисли, да се знае што се прави, да се има и чувство на естетика и усул. Кој го негира фактот дека проектот Скопје2014 беше проект измислен за перење пари е во длабока заблуда.
    За крај да споменам дека историјата на градов беше променета/избришана токму со овој проект! Скопје имаше (и се уште има во одредени предели) уникатен изглед/архитектура/дух.
    Пример 1: дел од поштата беше огрдена со стиропор кој нема никаква вредност и со тоа и' беше одземен уникатниот бруталистички изглед на зградата кој ретко се наоѓа во целиот свет!
    Пример 2: истото беше сторено и со зградите кои се наоѓаат на Рекорд; згради кои го имаа вистинскиот скопски изглед и беа дел од ера која најреално го репрезентира овој град. И тука шлапнаа лажен барок и му убија дел од духот!
    Да не зборам што и' направија на улица Македонија.

    Кој ја познава историјата, не му се потребни споменици на 10 метра да го потсетуваат. Што е до странците, уште помалку. Како некој кој работи со туризам и странци, имам слушнато секакви мислења и впечатоци и верувај, не се секогаш прекрасни.
    Секако треба да се фокусира владата на поитни работи во државава, но веќе ако се решиле да го решаваат и овој проблем баш сега, треба да размислат за дислоцирање како за почеток.
     
    На Annath, dayla, oblace1 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    не се секирај баба Радо сите што си ја користеа Тамара за политички цели да си седнат на фотелји бетер се и од нинче и од сите. Кога ке им се врати на потомството или кога ке им се случи нешто лошо ке им текне на Тамара и на Мартин и на Тоше и на сите имиња што ги користеа за политички цели.

    За спомениците гласа против. Пренатрупано е да, ама па многу беше шут плоштадот пред тоа. Можеми цар Самоил треба да се дислоцира и уште некои такви ситни споменици, а да ја тргнуваш фонтаната за да се лижиш на Грците тоа не е во ред.
     
    На bijonse, Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    А кој зборува за убавина на спомениците?
    Нема сомнение дека воинот на коњ е баш убав и го разубавува Скопје, никој не негира.
    Проблемот е многу поголем од убавината.

    Тој споменик со воинот, на Грците им е трн во око и бараат да се тргне за да се подобрат односите.
    И оваа власт треба да биде малоумна и да тера инат за историјата?
    Не треба да превзема ништо туку само да тапка во место?

    Државава да тоне ама битно коњот е на плоштад.
    Уште не сфаќате дека не е ова за инат на грујо, туку е за добро државава?

    Убаво реков дека на ѕид застани да му објаснуваш па повеќе ќе сфати, отколку некои луѓе.
    Битно да се пише нешто.
     
    На PerfectDisaster и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.269
    Пол:
    Женски
    Сте се фатиле упорно со тоа дека ако се тргнел воинот на коњ(кој патем на многу личности им е полесно да го именуваат така наместо Александар Македонски) ќе сме влезеле во ЕУ,ќе попуштела Грција,исто и за името на Аеродромот.
    Ко божем во времето кога аеродромот се викаше Петровец,и во времето кога не постоеше "воинот на коњ" Грција цутеше од љубов и симпатии кон нас.
    Ете и знаме сменивме заради нив,и што? Демек тргнавме од мртва точка?!
    Ете и сега нека повелат,слободно нека срушат и споменици и аеродроми,и име нека сменат,баш да видам дали магично ќе одлетаме до ЕУ и ќе дојде конечно и за нас животот :D
     
    На kikikikirika, PaLaVa, joy1 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. DiFlove

    DiFlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Потпоно се согладувам,патриот сум ама не мора власта да нсправи се што ќе посакаат Грција и ЕУ и што ако влеземе во ЕУ без наша историја со променето име со променета историја и никакви знаменитости од историјата..Па мислам според мене не мора толку напори за влагање во ЕУ да беше толку добро Велика Британија немаше да излезе..
    Може малку избегав од темата ама се ми е некако поврзано и од тоа на тоа крај му нема
     
    На carangigia, ADOKI, Asistentkа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Се додека не се смени името Грција секогаш ќе не блокире. А како што тргнало или ќе не сменат или ќе не распрчат.
     
    На Rama и DiFlove им се допаѓа ова.
  15. MissAlena

    MissAlena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Тебе да не треба да те прашаат дали да ги изградат?
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Јас сум секако против рушењето на спомениците,од најголема причина што,колку пари беа потребни да се стават,ни малку ни повеќе,треба да се извадат или демонтират!
    Но никако неможам да се согласам со тебе,дека тоа било поради доброто за државата!?
    Зарем мислиш дека само воин на коњот им е трн во око на грците,и само со споменикот да се тргне,се ќе се среди со грците??
    Па грците имат еден мал милион барања од нас,и знак прашалник би бил да не признаат и тогаш кога би им ги исполниле сите нејзини барања!
    На крај ќе ја сакат цела наша држава,ниту тогаш нама да не признаат како народ,знаеш ли за тоа!?
    Да не збориме за барањата и од другите заедници,што следат!!
    Орото тек прва почнува...
     
    На PaLaVa, zuto, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DiFlove

    DiFlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Само што Грците и да сакаат неможат да ја имат македонија сега не прогласија за бугарски народ а и албански кај и да е ќе станеме така да за грците нема да остане ништо;)
     
    На zuto и Rama им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Пола милион евра годишно троши Град Скопје за одржување на спомениците.
    А воинот на коњ и двете фонтани во Вардар трошат 35000 евра годишно само за струја.
    Тука не влегуваат останатите фонтани, како оние на плоштадот Филип Втори, на пример.
    Обезбедувањето на спомениците чини околу 30000 евра, а вечниот оган гори за 7000 евра годишно.
     
    Последна измена: 21 ноември 2017
    На Annath, Gosh, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. DiFlove

    DiFlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Може потребни се пари за одржување да но како што предходната влада имала доволно средстваи оваа би требало да има.
     
    На carangigia, zuto и dedrade им се допаѓа ова.
  20. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    ...ами колку се троши за морски плодови 80 000 евра??? :rofl:
    ем кикирики семки и лижавчиња,бадеми ем фстаци за репрезентација на дотични личности? 5 000 еврича? ..прашање дали воопшто се купува или само појела маца... :D ова барем за што се троши струја- светииии и сите сте покрај нив со фотоапарати, а позади се плука ...навистина ај донт андрстенд :shake:
     
    На carangigia, zuto, dedrade и 1 друга личност им се допаѓа ова.