This Трошоците за отстранување се далеку помали него овие суми, и тоа ова е трошок само за дел од нив и само за една година, настрана што со тек на време тие ќе пропаѓаат, ќе позеленуваат, ќе рѓаат, па трошоците за нивно одржување ќе растат. Милионче годишно за одржување на кичерајот. Барем се гради сега се сведе барем се троши. Мислам дека одржувањето на кичот треба да го плаќаат оние на кои им се допаѓа. Фино, ќе си оформат едно здружение, ќе си собираат пари, членарина, па ако треба ќе зачистат одвреме навреме лично - и со тоа ќе покажат дека сиот тој стиропор, кнауф и лим навистина го љубат, како да е дел од нив, како најблизок во породица, дека ќосето нешто им значи (а до пред пар години немале абер кој е тој) дека врбите иако пластични се јака ствар... Замислете пост ЊЊ-2 во Германија да ги оставеле сите тие кичераји од Третиот Рајх, орли, свастики, нордиски божанства, ариевски ерекции и остали окултни гомнарии со рационализација - абе трошок е да се отстрани тоа, шо, тие гајле, и тоа е историја...
Пренатрупано,Кич без везе илјада споменици се наакани на плоштадот и кој треба и кој нетреба ама пак за тоа некој земал дебела провизија.И добро ја направија жичарницата на водно на која што не сум се возела и ми е прескапо да плаТАМ КАРТА ЗА ТРОЈЦА НИТУ ВО ТЕАТАР СУМ БИЛА ДА ГЛЕДАМ ПРЕДСТАВА а што значи тоа дека 11 годишната диктатура не соголе до гола кожа.Само незнам еве некој паметен тука да ми каже Споменикот на Јустинијан каква улога има во Македонската историја.Цар самоил нека го однесат во Охрид таму му е местото,Гоце Делчев,Питу Гули,Никола Карев во Крушево,Ченто може да остане во Скопје а триумфалната порта да ја дислоцираат во Париз.
Сериозно?????? Тие пари сите ние ги даваме, како што сме ги дале за градење на спомениците, сега милионски суми се даваат за одржување, и не, нема пари ни оваа влада, ни претходната, не само за одржување на спомениците, туку и за други побитни работи, затоа државата е со кредити, во долгови до гуша!
Како и да е тоа било во некоја друга Македонија и воопшто не ми се допаѓа што е таму кога сме држава без име и идентитет Грците не сакаат да не признаат бидејќи мислат дека припаѓаме под нив
Едни ке градат други ке рушат, ова само кај нас во македонија го има.... Уште што нема да им текне да направат, срамота и жалосно... А многу убаво ни го красеа плоштадот спомениците а поготово фонтаната беше преубава, барем таа можеа да ја остават. Немам коментар више
Па, па, па.. како успеаа да замачкаат очи на народ со споменициве, свака им част! Прав медиумски трик. Туку... дај побрзо Зајко да не испродаде на комшииве, да изрушиме се и да влеземе у ЕУ конечно. Не ми се чека за бугарски пасош (а и малку така патриот сум) па ќе си причекам уше малце да ми важи мојот пасош надвор и да му ја киднам од оваа Балкански Долно Дупена Екс-репупблика Македонија. Позз.
За да се сфати целата поента на проектов СК 2014, треба да се биде одличен познавач на историјата без грам пристрасност. Треба да се знае што значи самиот процес - поставување на споменик, чие дело би претставувал, која е неговата симболика, што би претставувал тој, неговата прегледност и симетричност со околината. Претпоставувате на каде го водам муабетот, нели? За жал, проектот 2014 уште од своите зацрти (кога преку ноќ кружеше шпица по телевизиите) нема никаква културна и естетска вредност. Симболиката е само негативна - симболизира еден вид на насилство врз одредена парцела квадратни километри централно градско подрачје, со утешителни споменичиња тук-таму по одредени вонцентарски општини. А има и примери каде одредена толпа која им се спротиставувала била казнувана (каде со ќотек, каде со узурпација). На крај можеме да дојдеме до заклучок дека проектов има и симболика на тоталитаризам. Во никој случак на нешто естетско вредно за прикажување надвор од нашите граници на земјата. Пошто, уметноста и културата не смее да бидат силувани и со претензии на брзо ширење. Бидејќи тогаш тоа не е уметност, а уште помалку култура. Малку сум оф-топик, но на прашањето дали би требало да се направи целосен ремонт за проектов, би рекол дека со време и доволно економски средства, можно е да се постигне се`. Во моментов имаме други поважни приоритети.
Ја викам најевтино ќе биде земјотрес да не стрефи, па да продужиме по на Танге концептот. И така со светски донации Скопје пак ќе никне. Сите среќни и задоволни, и плус на Грујо споменик да му дигнеме... Али најарно метеор...Уствари не, астероид најевтино.
A не никако после тој под рушевините не го вадете овој од ВМРО-ДПМНЕ Е ЧОВЕКОТ a Не овој никако од СДСМ е нема да му помогнеме. Градот убав пак ќе никне Друже тито ми ти се кунемо ми те се кунемо Заврши донација за Скопје Прва држава Грција ќе донира,па Бугарија,Србија,Косово
Имам нешто читкано за некромантија, само треба да го лоцираме гробот на Пиколомини, ваљда е во Австрија некаде...
не смее да се рушат спомениците ако рушат барем еден споменик одма ќе почнат да паѓаат од власт, за ова не ги гласавме
исто ко да ги рушат, цело време не убедуваа дека живот ќе дошол поубо да живееме, а сега гледаме распродавање на нација, идентитет итн. Од едни се спасивме ама овие се уште побетер.
Ако Александар не бил Македонец тогаш сигурно не е нит грк... Еве погледнете колку пари изгуби овој брачен пар на квиз одговарајќи на прашање од која националност бил Александар Велики. А беа понудени два одговори а) Македонец б) Грк А точниот одговор беше под а) МАКЕДОНЕЦ! https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=841855195975509&id=100004531085348
Се надевам на местото на александар , ке ми се постави споменик Се надевам дека ке стават тука споменик на Јустициа (божица на правдата) во знак дека конечно правдата ке почне да се спроведува во оваа држава ! Во прилог како би изгледало тоа :
Во знак и чест на правдата која ке почне да се спроведува . Нели македонците се борат за своите правдини .
...јас мислам дека наместо споменикот ,,Воин на коњ,, симболично се мисли на Александар Велики, што дел од македонски народ не му ја знае причината на негово поставување на главното место на плоштад да се постави споменик на машкоста, па да секој го протолкува на свој начин ... а кој ќе се фотографира најчесто пред или до него навистина не знам ??