Какви правдини нити имало нити ќе има правда во Македонија јас тамам помислив ЗАјко ќе донесе правда и мир и оп се сопна. Затвара луѓе кои мирно протестираа во знак за негодување на платформа напишана во туѓа земја.Мислам дека има разлика меѓу шарените кои тепаа полицајци, ја запалија канцеларијата на претседателот, ги фарбаа собранието, владата, судовите , министерства, споменици и уште што не.Ама за нив немаше апсење, притворање, судење.Што направи Владо, Богдан,Друловски, и мн други да добијат 30 дена притвор. Зарем не е селективна правда. Па ти како дежурна по темиве ги познаваш сите ситуации во државава па можеш да дедеш некој одговор...?
Ме изнасмеа дечко Темава е рушење споменици а ти отиде во оф топик . Еве ти повторно во прилог каков споменик сакам :
Со релокација ем ќе диши натрупаниот дел од градот, ем ќе се разубави одреден празен дел. Да, споменикот е украс, ако е со добро најдено место, каде припаѓа, а не на куп.
... се сложувам Спојлер ...би можело наместо тркалото Скопје 2014 во градба да се постави другата опција што ја кажуваш, демек од една страна на Вардар се преминува на друга страна и демек како порака споменикот ,, Исти ку_рац е ! ,,
...се прашувам дали Милениумскиот Крст спаѓа во ,,тие споменици,, што треба да се рушат т.е. проект на Скопје 2014 ? или пак жичарата од Средно Водно до врвот?
Зачудувачки е фактот кој би се фотографирал до него,вистина и јас се чудам! Можеби ќе се фотографира раја од меката замена,па би се форографирале токму на врвот на дршката седнати на него и длабоко замислени! Не ти е лош предлогот. Со овој споменик и повеќе место ќе се отвори за форографирање!
Милениумскиот крст не е дел од СК2014, граден е 2000-та година повод 2 милениума христијанство. Се прашувам што би рекол Исус за таквото расфрлање со пари кога тој проповедал љубов и мирољубивост кон сите луѓе а не градење крстови. Жичарата е пуштена во употреба 2011 година но не знам дали беше директен дел од проектот СК2014. Ако е, тогаш тоа е еден од ретките паметни и корисни елементи на тој проект. Не може секој да пешачи до врв, а од продажбата на картите се остварува добар приход за градот и ЈСП. Инаку за прашањето од темата, мое мислење: во некоја подобра иднина (сега има побитни работи за средување) делумно дислоцирање да, рушење не.
Еве го тој познат квалитет на фамозното Скопје 2014... Не ни мора да рушат, уште малце дождец и толку му е доволно на фејк барокот
Жичарата со вип кабините со кожни седишта? И да, како што некој рече, ова не е дел од проектот Скопје 2014, само не ја сфаќам потребата за кожени кабини. Сакале и во таа 4-5 минутна вожња во фотеља да им биде задникот?
Порта Македонија... нели, спаѓа во спомениците Скопје 2014 , што сакаат, требало да се руши да не постои... се прашувам дали некој воопшто влегол внатре и знае што се случува во тие простори?? да не објаснувам за надворешните орнаменти што укажува во етапи историјата на Македонскиот народ, туку внатрешноста каде се одржуваат разни едукативни, културни настани ? на кого тоа му пречи да во центарот постои такви катче необично покрај тие кафани и ресторани и грдосијата од градбата и предградбата на ЕВН ? со површина од 120 м2 и 76 м2, се одржуваа разни конференции, семинари, билатерални и мултилатерални средби, прес конференции промоции на книги, камерни концерти, изложби, коктели, модни ревии, венчавки и разни прослави, а на располагање вклучува и најсовремена аудио и видео опрема, опрема за симултан превод како и внатрешно обезбедување... а? на кого ова му пречи и сака да го руши? јас бев присутна на неколку семинари и се чувствував како да сум лоцирана на семинар во други европски метрополи, а не овде? и сега ? рушииииии
Убаво кажа една форумџика од тука, ова сè ќе се сруши за десет години најмногу поради неквалитетот. Џабе ќе троши само град Скопје пари на работна рака. Така да, сум против тоа да се рушат спомениците.
... богами никој нема да пати ако се срушат за десет години спомениците, ама што ќе се распаднат ново изградените стамбени згради со давање дозвола за доградби надградби еееее тука нема мрдање, и нема што тука да градот гратис да им ја дотерува и обновува фасадата...јок! против тоа сум, нека се руши дополнителниот малтер на обновените фасади на старите стамбени згради...па и тоа се направени во овој период на 2014 год ...
Komumu preci silna makedonia? dokoga sorosoidite kene sramat? maka imje oti sne najaki i mie imame najak parket od 7000 evra kvadrato i vrbi ot 250000 evra oti nikoj nema takvi na sveto ete zosto!!!
... јас влегов во Порта Македонија, го кажувам и пишувам тоа од моја гледна точка што гледам со мои очи, питанце до тебе дали ти го виде со свои очи паркетот? и уплатницата од толку и толку евра? паушал рекла казала муабет, бејби што ќе ти речат тоа го пишуваш... али твое право, но овде не зборуваме за паркет, ниту како беше за едно евро за Вице, едно за базено ... базен во дневна соба во сопствена куќа кај Вице од секое едно евро, но не сум го видела и не коментирам од рекла казала муабет, нели? ...јас зборувам за нормалното расудување без разлика од која страна- ама сопствено свое, дарлинг!
Црква Св.Елена и Константин, црква во проектот на Скопје 2014, како споменик или како Скопје 2014? ...уникатната фасада на православниот храм која е изработена од резбан травертин и е украсена со мозаици на светители што имаат личен култ и значење за православниот живот во Македонија, меѓу нив се патронот на МПЦ свети Kлимент, свети Наум, свети Ѓорѓи Победоносец, свети Димитриј Солунски, свети Никола и свети Василиј Велики... ...црквата во форма на крст, висока 30 метри и има една централна и четири помали куполи всушност се работи за обновување на стариот храм „Свети Kонстантин и Елена“, кој се наоѓал во близина на плоштадот Македонија, ...првобитниот храм бил осветен во 1926 година, но во земјотресот 1963 година црквата имала оштетувања кои не биле толку сериозни за да биде урната, но во почетокот на 70-тите бил миниран за на негово место да се изгради денешниот Градски трговски центар... ...фрескописот се работи во византиски стил и е според македонската школа, проучуван е фрескописот во византискиот период преку нашите најрепрезентативни споменици, како што се храмовите „Свети Пантелејмон“ во Нерези, „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричино На камбанаријата на „Свети Kонстантин и Елена“ се поставени 12 ѕвона како најголем спој на камбани забележани во Македонија (освен во Бигорскиот манастир),истите изработени во Австрија и ќе продуцираат тонови во три октави, централното ѕвоно е тешко 8,3 тони и е најголемото ѕвоно на Балканот, второто по големина е тешко 3,5 тони, а третото 2,3 тона, сите 12 ѕвона ќе бидат наместени да произведуваат различни мелодии, една мелодија ќе се произведува за големите празници, а друга ќе биде за во неделите. ... и сега? треба да се руши? онака заради некои паркет? ајдеее де, нека се руши, да видам кој има смелост со Господ да си игра, верувал во него или не, било христијанин или муслиман !
@bijonse јас чисто се сомневам дека ако се одлучат за рушење дека се ќе рушат. Никој не спори квалитет на некои градби, туку на оние дур одиш и се шуткаш па не знаеш дали во човек или во споменик си се чукнал. Не верувам човек на здрав разум да уништи убава градба туку само да се намали кичот. Сепак јас сум строго против рушење на споменици зошто тоа би било трошење на нахнадни пари кои ги немаме, но има празни училишни дворови, помали градови на кои им недостигаат споменици кои одговараат на историјата на градот или некое училиште. Така по еден на место е украс, по десет нафрлани е кичесто.
Пола и повеќе треба да се рушат и тоа под итно.Накај Рекорд и тој дел натаму одам само по потреба мрско ми е да гледам циркус.
Мене спомениците ми се ту мач, ама од објективе имам влезено и ручано во едната галија и ми беше пријатно искуство. Можеби несоодветна локација, но објектот ми е океј. Имам влезено во портата, и таа ми се допаѓа. Театарот - тумбс ап. Воин на коњ - може. Останати околу наоколу споменици мислам дека има доволно да поделиме по сите села и градови и на нас да ни остане Аце како фонтана, а и од спроти Филип и таа фонтаната со мајките. Се' останато ми е вишак и не, не треба да се уништи, туку да се дислоцира.