Нема потреба од рушење на било што , бидејќи за се што е изградено веќе се потрошени пари, не гледам кое е задоволството да се руши нешто што веќе некој го изградил, а гледајќи дека за да се рушат пак ќе бидат потребни финансиски импликации. Посебно слушав дека доколку се рушат Галиите ќе биле потребни 5 мил. Евра замисли колку се потрошњни да се изградат а сега уште 5мил.€ за да се рушат. Гледајќи на фактот дека градот Скопје стопанисува со Галиите и од нив се полни буџетот на градот не гледам причина за нивно рушење.
Не требало ниту да се прават, наместо за тоа парите можеа да ги искористат финансиски да го рехабилитираат пензискиот фонд. Да отвореа добро платени работи места за да не си одат младите од земјата. Ама не секоја власт гледа да ги стави парите во нивен џеб и да си свиркаат.
Рушење и дислоцирање, за да си делат тендерчиња. Против. Нека стои така. Не дека имаат идеја што да прават со тој простор, а и нема да се разубави без споменици, напротив, порано беше погрд.
Ќосето во двор да му се постави на тој чија идеја беше да се отстрани. Хунтата наложила да се тргне споменикот, НОЌЕ. Нели беше скандалозно тоа кога се работеше ноќе, во тајност? И кои приоритети значи, бравос.
Кај нив едно се зборува во опозиција а сосем 1000 се прави кога се на власт. Онаа пу пу не важи.. А албанските ќе се бутаат или таму не смејат оти мил и е живото ?
Одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел тогашниот Совет на општина Центар на 28.12.2012 година и тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период. Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја (овде), настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата. Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.. Решението за поставување на спомен обележјето на Андон Јанев Ќосето е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14.07.2014 година, информираат од општина Центар.
Ајдее со лесно нека им е почнаа да ја рушат Македонија со првиот изваден споменик од синоќа "Ќосето" жалосно
Овој споменик баш се вклопуваше во амбиентот и го правеше поинтересен. Чисто сдсовски комплекси се причината што е отстранет прв. Не се наоѓаше ниту на плоштад каде е натрупаноста, да речеме.
Имаат време да рушат споменици а НЕМАТ време да санираат кровови кои протекуваат по болниците и анбулантите
Епа до сега правеа споменици, немаа пари за санирање. Еве ќе го санираат Архивот за кој лапнаа тешки пари претходните... Ако...некој нека зема пари од споменици, некој па да санира туѓи глупоштини
Мислев дека попаметно ќе игра оваа власт..но, на жалост и они во ноќни саати рушат, приоритети им се небитни работи...па, баш зорт до Ќосето дојде..ние се давиме во фекалии...но, пак народот го јаде стапот..јбг
Јас баш сакам да се срушат затоа што Скопје не личи на Скопје. Скопје е бледа копија на Европски градови, го нема неговиот дух и неговиот сјај. Каде и да се свртам згради од барок, не остана ниту една зграда од времето на старо Скопје. Но мислам дека владата има други полоши работи за средување.
Зошто луѓе што не живеат во Скопје кажуваат како споменикот се вклопуваат во амбиентот? Знаат ли тие кај беше поставен воопшто?
Се чудам што минатава влада не санираше ни еден објект,а сега сакате овие за за неполна година што се на влас чуда да направат
Оваа влада е толку неспособна за обична работа да направи а камоли па за ЧУДА..од каде ти е таа идеја душо моја дека некој бара во оваа држава чудни работи? Битно пари за афирмирање на сунет дава... ете го чудото
E a овие ем пари даваа ем провизии у чеб си ставаа. Кога реков ЧУДА мислев многу брзо сакате очекувања од владејачкава власт,доволно е што не ги избркаа вмрооовците од работните места ене ги уште работат по институциите.
Знаеш ли кога ќе ги избркаат од работа(макар да мене тоа не ми е никаква сатисфакција), КОГА платата ќе ми биде 500 евра.