1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè е до нас самите...

Дискусија во 'Психологија' започната од doll, 15 декември 2009.

  1. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    После многуте непријатни ситуации и мигови ќе кажам дека сум супер.
    Мислам сè е до нас самите и како ќе реагираме на тие ситуации. :)
    Решив да не се замарам со ништо и со сите сум денеска добро ,расположена сум и супер.
    Што мислите вие за ова дали се согласувате дека сè е до нас самите?
    Продискутирајте за некоја ситуација каде што сте согледале дека се работело до вас до тоа како вие ја гледате ситуацијата, а не до другите.
    Повелете ;)
     
  2. tigrica

    tigrica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    4
    pa ubavo e ka si raspolozena jas sum raspolozena sekoja den pa zatoa imam poubav zivot :) samo opusteno i uzivajte site
     
  3. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Не е СЕ до нас самите,некогаш и другите се виновни |(
     
    На Dashing:), IamSexyAndIKnowIt, tamche995 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Сигурно е сменет насловот од страна на администраторите, но воведниот пост е слабо разбирлив. Па затоа ќе пишувам на темата ‘‘се‘ е до нас самите‘‘. Темава, според постот на девојката ја сфатив дека девојката сака да каже дека ако самите немаме воља за подобро утре, ќе си останеме тажни, намуртени итн, итн. Сфатила дека, никој друг нема да и ги реши проблемите и да ја извади од непријатните ситуации, како што самата се искажа, ако самата таа не си го подобри расположението и ги реши истите. Сфатила дека со кукањето и жалењето ништо не се постигнува, туку треба да се превземат нештата во свои раце...Ако е ова тоа што сакала дол да го каже со својот пост, тогаш, не е секогаш до нас иако најчесто е така, некогаш можеме да потпаднеме под влијание на надворешните фактори, пријатели...Па тоа да влијае над нашата расположеност. Ама и пак е до нас самите, зошто да дозволиме да потпаднеме под нечие влијание? Самите одлучуваме, дали ќе потпаднеме под влијанието или не. Значи, се е до нас самите.
    А администраторките и модераторките, не ја заклучиле темава затоа што веројатно мислеле дека ќе има добра дискусија :)
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Добра претпоставака ,решено ;)
    Во врска со темава со сите мислења погоре се согласувам не потполно ама 90 % да, меѓутоа сите ситуации не зависат баш и од нас.
    Еве ќе земам еден пример доколку сум супер расположена и одеднаш почне да ме боли стомак одма ќе ми се промени расположението и од :) ќе бидам :( , на пример ако во моментот сум сакала да учам или да шетам немам да имам можност затоа што стомакот ме кине, не би требало баш тоа да влијае на расположението ама кажувам конкретно за тоа бидејќи моето здравје и те како ми влијае на расположението, што значи дека не е до мене да одлучам кога ќе ми дојде тетката или кога ќе ме боли стомак или не.
    Значи релативно е , во некои ситуации и те како “нештото“ е до нас самите и можеме да влијаеме дали на нашето расположение или на ситуацијата , а во некои така треба да биде од самата природа.
    Не е до мене ни до никого кога ќе има земјотрес , туку е до природата.
    Имаме уште многу да дискутираме тука и за други работи конкретно јас дадов пример за расположението.
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Околината има големо влијание над нас, а пак некои рекации се должат на ситуациите.

    Да, поголем процент се сложувам дека се зависи од нас, нашата рекција, изговорени зборови, докажувања и сл, ама ете некогаш и не можеш против самиот себе.
    Некои работи на пр. кога ке загубиш личност што ти значи, смртен случај, овде не можеш да се воздржуваш во никој случај.
    Значи чувствата се посилни, па колку сакаш криј ги, излегуваат на виделина :| .

    Еве и ти долл, викаш денес ке бидам среќна, не се замарам.
    Да, можеш да бидеш среќна и да не се замараш, ако животот ти го наложува тоа.
    Не може некој што е скршен да биде среќен, значи да разграничиме.
    Може да се преправа дека е среќен, ама не може да ја излаже душата дека така се чувствува.

    Така да во потполност не се согласувам со оваа изрека.
     
    На Tanjamm, IamSexyAndIKnowIt и tamche995 им се допаѓа ова.
  7. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Можеби не се, но најголем дел од работите зависат од нас и од нашиот став. Ако ти гледаш негативно на се и си незадоволен од се што ти се случува нормално дека нема да си среќен и расположен.
    Доколку го прифатиш она што ти се случува, било да е добро или лошо, многу поубаво ќе се чувствуваш. Никој не може за тебе да ги реши работите, никој нема на послужавник да ти го донесе тоа што го сакаш. Нормално, некои работи за жал не се во наша моќ, но тоа не треба да не обесхрабрува. Ништо не се добива со постојано жалење и плачење.

    И покрај се животот продолжува, а позитивниот став и надежта помагаат што побрзо да ги заборавиме лошите работи и да привлечеме убави работи кон нас! ;)
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не е баш се до нас самите, но сепак ние си решаваме за поголемиот број работи во животот. Позитивниот став е многу важен, исто како и самодовербата. Човек треба да си ги знае своите можности, максимално да го искористи своето знаење и своите способности, да даде се од себе кога сака да постигне нешто, а не да чека се на готово. Така до никаде не се стиггнува. Ако сама не се потрудам да го добијам тоа што го сакам и да ги решам проблемите, никој нема наместо мене да го направи тоа. Сепак, и околината има влијание врз нас, но најчесто секој сам е кројач на својата судбина.
     
  9. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Не е се до нас самите, неможеме на се да влијаеме и покрај сите одлуки кои самите ги носиме.
    Убаво е да се превземат работите во свои раце и сам одлучуваш колку ќе дозволиш колку и како ќе влијае нешто на нас ама пак тоа не е СЕ. Но не е убаво нон стоп да се тешиш со работата не беше до мене, така требало да биде бла бла...
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Темава е за моќта на позитивната автосугестија, во ред е да ја поседуваш и таа е делотоврна во многу ситуации и во општото ниво на расположение игра значајна улога, меѓутоа се‘ не е до нас самите.
    И ние самите како индивидуи често имаме ограничена моќ во многу животни ситуации пр.не може поединечен човек со просечни телесни карактеристики со помош на автосугестија да крене товар од 200 кг. или да влече камион со помош на ланец или да проголта оган или да седи на шилци и многу др. нешта да не набројувам. Понатаму постојат многу ситуации каде другите луѓе одлучуваат во врска со нас и немаме голема моќ да ја промениме нивната одлука пр.на работното место,во образовниот процес итн. А не се занемарува и постоењето на виша сила и сите паранормални ситуации и појави кои се тотално надвор од наша контрола,а сепак постојат.

    Позитивната автосугестија е добра и корисна за секој поединец, во голема мера придонесува за тоа тој да е поприфатлив во сопствените и во очите на другите луѓе. Меѓутоа нејзината моќ е ограничена т.е. е далеку од семоќна и сеопфатна. Не треба ни да се потценува, но и да не се преценува, бидејќи овие исклучителни зборчиња од типот се‘ или секогаш или никогаш и сличните на нив тежат неколку тони и треба добро да се размисли каде ќе се вметнат и колку ќе се придржуваме навистина до нив, бидејќи ветувањата се најевтини, ама реализацијата не прави луѓе со помала или поголема вредност и значење, така да јас многу пати премислувам пред да употребам некој ваков збор или фраза бидејќи внимавам на доследноста и сакам моите зборови да имаат значење, а не да бидат еквивалентни на ветер во магла.
     
    На Tanjamm, eli25 и Noemi им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како што ми кажа и др.Миодраг-психологот дека КЛУЧОТ Е ДО НАС САМИТЕ
    ОД НАС ЗАВИСИ КАКО ке реагираме на ситуациите во кои се наогаме
    затоа и почнав да вежбам пилатес и зумба, за да се ослободам од негативната енергија
    (некако работава ме кочи ама ке се снајдам јас некако)
    инаку добив совет да ги правам оние работи кои ме исцрпуваат позитивно
    затоа и одам веке со години наназад на Конверзација, на презентации
    и кога се дружиме со тие другарки кој највеке си ги сакам, сум најсрекна :$
     
  12. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    точно, но многу поважно е како ТИ ќе реагираш на однесувањето и постапките на другите. Е сега, зависи за какви постапки станува збор, но во голема мера, се зависи од нас самите..
     
  13. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    баш така се е до нас самите...ние имаме ножици и со нив си ја кроиме нашата судбина :D
     
  14. RainHunter

    RainHunter Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Мислам дека нема поубаво да бидеш она.. Раат од умот, ама во целосна смисла на зборот :) убаво е да се чувствуваш убаво и одвнатре и однадвор, тоа ми се чини настанува кога конечно ќе се соочиш со некој проблем што те измачувал подолго време, се случува кога ќе прифатиш некој пораз, и од нигде никаде најдуваш сила за да продолжиш понатаму. Тоа е како кога си црташ цветчина во тетратка, мислам дека тоа го правиме кога се ни е рамно и кога сме стасале ете така да си нацртаме по некое цветче. Се надевам дека ме разбирате. Јас искрено се уште се немам помирено со некои работи, ама едвај го чекам овој степен. Кога баш и нeма да ми биди гајле за ништо... Единствено тогаш знаеме дека се ќе биди ок.. :)
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    До нас самите е.

    Ако некој го толерирам и повеќе од што треба на своја штета, до мене е проблемот - заборави го
    Ако имам проблем на работа или на факултет...до мене е дали ќе го решам и како ќе се справам со проблемот.
    Ако ме боли стомак можам да лелекам и да непреземам ништо или да се напијам апче и да ми помине.
    Па дури и природните катастрофи иако можеби независат од нас (макар што човекот е виновен за нарушување на природната средина), пак до нас самите е како ќе се снајдеме , во недај боже таква ситуација.

    И старите рекле:
    Што си дробел, тоа ќе јадеш.
    Со свој камен по глава.
     
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Се е до нас самите, се согласувам
    Сами решаваме што ќе кажеме, како ќе изреагираме во ситуација
    Влијанието од другите може да влијае на нас, но нема целосна контрола.
     
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Навистина е точно, јас тоа секому му кажувам-It's all in your head!
    Има некои луѓе што претеруваат за се и сешто, ама јас стојам подалеку од луѓето кои не ги сакам, и тие што ми значат-се обидувам да имам што подобри односи.
    А ако некој мисли на одмазда, и така нешто, постојано мисли на лошите работи што им кажале луѓето, и постојано е во лошо расположение, се разбира дека тој човек ќе биде мизерен, и од една страна-тој самиот себе не си дозволува да биде среќен! Let go, and be Happy... :)
     
  18. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Се е до нас самите.Ние одлучуваме како ке израгеариме во одредена ситуација или што ке кажеме.Самите одлувуваме дали ке се бориме и понатаму или ке оставиме сите да не газат.Но мислам дека тука се е до тоа дали ке бидеме позитивни.Позитивноста е една од најдобрите особини на човекот.Ако не си позитивен и не се бориш за да бидеш срекен ке станеш мизерен и тажен.Само стај ја насмевката на своето лице и уживај. :)
     
  19. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Се е до нас самите, сум го согледала ова во многу ситуации.
    Ако ние во главата си мислиме глупости и замислуваме ситуации коишто реално би не повредиле, има шанса таквите работи и да се случат.
    Али,ако место замарања со глупости, си мислиме на убави работи и од секоја работа се обидеме да го извлечеме позитивното тогаш животот ќе ни биде многу поубав.
    Затоа само со убава мисла во глава од сега :)
     
  20. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    ...постоиме само ние и нашата претстава за се околу нас.