1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè е до нас самите...

Дискусија во 'Психологија' започната од doll, 15 декември 2009.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    човек неможе да има позитивен став доколку работите му се надвор од контрола,неможе да се смее ако душата го боли,не се согласувам дека се зависи од самите нас.. зарем не ни требаат другите ?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    апсолутно да колку ние сме способни или неспосбни спремни или неспремни да пребродиме некоја ситуација или да се носиме со истата тоа се од нас зависи ]:) нели
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Се зависи од нас и како ќе реагираме во некоја ситуација. Ако очекуваме премногу и тоа не се исполни ќе се разочараме, можеби ќе изрониме некоја солза, но ако не сме се надевале премногу ништо од тоа нема да се случи. Ако бурно изреагираме и навредиме некоја личност можеби ќе се покаеме и ќе треба да се извиниме. Затоа треба да умееме добро да се поставиме во секоја ситуација и да не реагираме детски и незрело. Ако немаш нешто добро да кажеш, подобро не вели ништо. Помолчи си за некои работи.
    Ете јас еднаш бев многу нервозна и бурно изреагирав. Многу се испокарав со едно дете. Си реков јас сум крива јас треба да се извинам. Ако не се извинев, можеи немаше денес да си бидам се уште во контакт со него. И од нас зависи ама и од другите, како се подготвени да го прифатат нашето извинување :)
     
  4. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Се согласувам со тебе.Ете и јас можам пред друг да се смеам,да се преправам,да глумам дека сум среќна,ама да беше до мене јас без глумење ке бев срекна,затоа ни треба и некој друг. :)
     
  5. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    "што ќе си посееш тоа ќе жнееш"
    постарите биле во право..!
    се зависи исклучиво од нас самите!!!!!
     
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Уф како ме нервира оваа реченица ]:) Ако беше се до нас сите ќе бевме среќни.Зарем ние имаме сила да бидеме среќни а не ја искористуваме?How yes no!Само под претпоставка да земеме дека е така и дека е точно,па зарем ние би имале проблеми воопшто.Се ќе ни беше супер 8) Не е до нас самите,до околината и до условите е :!:
    Порано и јас ги читав книгите ала Моќта на потсвеста но сега многу ме нервираат бидејќи сватив дека и тие се лажливи и еден вид бизнис измама т.е.некои луѓе веруваат во Господ а некои во Моќта на потсвеста.И ова ти е некој вид измама само рано и е уште е модерно,после некое време ќе се дознае.
     
  7. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    а што мислиш со тоа дека околината или условите влијаат врз нашата среќа?
    прочитај си го потписот долу. DO MORE OF WHAT MAKES YOU HAPPY
    поздрав
     
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Мислам дека ако се беше до нас самите ние сите ќе бевме среќни и успешни до сега.Ама не е така бидејќи за се во животот примаме влијание од она што не опкружува.На пример ти сакаш да се вработиш на некое место ама условите не го дозволуваат тоа,да речеме требаат врски за тоа.Е сега ти можеш да бидеш оптимист и се тоа,да не се разочаруваш АМА работата пак нема да ја добиеш.И потоа ќе бараш ново работно место и пак истата приказна.Прави повеќе од она што те прави среќна,значи ако сакаш да гледаш филмови-гледај,или ако обожаваш да читаш книги-читај,таквите работи не зависат од другите како да гледаш филм или да читаш нешто и сл.Тоа е како хоби.Ама за побитни работи ние немаме голема моќ
     
    На Tanjamm и E...V...I...L им се допаѓа ова.
  9. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    секој има право на свое мислење, и јас не сакам да се мешам во твоето размислување, ама мислам дека доколку си компетентен и вредиш за тоа работно место, никој не сака да испушти таков кадар. јас сум свесна дека денес сите се убедени дека се оди преку врски, но имам многу примери од мои блиски луѓе, кои немале врски, ама бидејќи цврсто биле решени ја добиле посакуваната работа. со труд и работа мислам дека се постигнува се. поздрав
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    За некои работи,многу е битно да се свестиш на време и да имаш волја,желба да ги смениш.Т.е. да го смениш твојот поглед кон нив.Некои чувства колку и да сакам ,не можам да ги контролирам,иако многу пати сум решила дека не се битни и дека веќе за нив нема да чувствувам ништо.
    Ама ете,не е можно секогаш. :doh:
    За некои работи,пак горда сум на себе што ги сменив.

    Ама,се не е до нас.
    Сепак- малку,или малку повеќе,можеме да влијаеме на психата,за подобри и среќни мисли :) Така,се' е малку полесно...
     
  11. Strawberry.Girl

    Strawberry.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Се е до нас самите- се согласувам со тоа. Вистина е дека не можеме да ги контролираме другите и нивните постапки, ама среќата не е што ни се случува туку што мислиме за тоа што ни се случува. Затоа мислам дека се е до нас.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    убаво кажано!!! треба да промени начинот на разбирање на нештата и начинот на прифаќање или одбивање на истите!
     
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Многу точно.
    Јас овој начин на функционирање го запознав во најтешкиот дел од мојот живот,
    кога загина мојата сестра, два дена по мојот роденден, а всушност на денот на кој јас требаше да правам голема забава зашто станав полнолетна.
    Тогаш не постоеше за мене лесен начин да се помирам со фактот дека мојата сестра која беше покрај мене откако знам за себе повеќе ја нема, и она што никој не го знаеше , е дека додека одев со моите родители на нејзиниот гроб, јас се исклучував со мислите ( можеби звучи сурово)
    но тоа ми беше начин да преживеам.
    Кога веќе осетив храброст и решив дека морам да се помирам со вистината, тогаш почнав да си дозволувам да размислувам за тоа што се случи.
    Нормално дека за ова не постои позитивен начин на кој би се гледало.
    Но, инаку , од тогаш се друго во животот со поголема леснотија прифаќам.

    И за се друго, освен за ваквите загуби, според мене важи правилото
    Не е важно како стојат работите, туку како вие гледате на нив.

    Некој друг можеби на моето место, со се што преживеав би се мрднал,
    ама јас знам да си се исклучам, и да најдам нешто розово , нешто позитивно
    секогаш кога не постои друг начин.
    Знаете, има една паметна мисла
    Ако сакаш да бидеш среќен, смени го мислењето. :D

    Се трудам и на тие околу мене да влијаам на тој начин.
    Зашто апсурдно е да се нервираме за нешто што некој друг направил , или прави,
    можеме само да се помириме со тој факт, и да продолжиме ,
    и да се трудиме да го извлечеме најдоброто во секоја ситуација.
    А многу пати , ако сите се научиме на поинаков начин да реагираме на дневните проблемчиња,
    постепено, еден по еден, дури и тие сеуште да постојат, нема да влијаат на нас.
    А тоа е тое што е важно.

    Сакам насмевки, среќни луѓе. Сакам оптимисти, сакам секогаш да наоѓаме сите нешто позитивно ,
    а ако нема во тоа, тогаш да се фатиме за нешто друго.
    Едноставно да се обидеме да бидеме сите малку пооптимисти ,
    да си поживееме убаво, да се почитуваме секој ден, малите работи да не ги правиме големи,
    зашто се се прави и враќа само човекот ( животот) не.
     
    На La.Reina.Del.Sur и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  14. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    Се согласувам :)
    И во најтешките денови сум имала насмевка на лицето...
    Татко ми одсекогаш ми бил пример за однесување,секогаш сум имала некоја приврзаност кон него,секогаш сум го почитувала и сакала,секако дека ја сакам мајка ми,и браќата,ама тато посебно...
    Тој бил кошаркар,на него го наследив тоа,а ми велат дека и во карактерот многу личам на него,на што се гордеам,дека татко ми беше еден стварно прекрасен човек и прекрасен татко.
    Почина пред 5 ипол години,кога јас имав 10,11 години :)
    Неможев да го прифатам тоа,но сега знам дека каде и да е,се гордее со мене.
    Те сакам тато :l: :l:
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    сè е до нас самите....точно....потсвест,психа.....цврстина,карактер.....НО некогаш има нешто што е посилно и од нас. Силината треба тогаш да ја црпиме,иако нема тоа да биде апсолутно,но да се потрудиме барем делумно.
     
    На sleepingbeauty и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  16. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Го видов животот пред мојте очи,го видов Бог,и сватив дека јас сум креаторот на тоа што го гледам,чувствувам,и правам,со мислите правиш се,си наштетуваме себеси,се оддалечуваме од себеси не сакаме да се видиме себеси,одбиваш да видиш кој е тој/аа што стои секогаш до тебе,одбиваш да го видиш светото одбиваш да се видиш ТИ.Одбиваш да го видиш животот.Peace will always be in my holly spirit,so i could love everyone and everything! :inlove: So love ur enemy(for me devil thats the only way he can die) ;)
     
  17. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Се е до нас самите... Таа реченица јас ја користам кога сакам да се смирам, велам: -Другите не се криви, велам тие се само обични кретени, кои се обидуваат да ме повредат, нека се разочараат дека не им успеало тоа, се е до мене, не се нервирам, ААААААААА! :@ Во ред подобро сум, осмев на лице, се е океј! :) - :
     
  18. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Јас мислам дека е точно тоа дека се од нас зависи како ќе живееме. Бог му дал на човекот слободна волја да одлучува како да живее, со него или не. Има два пата еден широк и лесен кој води до провалија и еден тенок и трнлив кои води до вечен живот и малкумина го врват. И како што вели една поговорка Што ќе си посееш тоа ќе си жнееш. А што се однесува до влијанието на луѓето од околината тоа зависи од карактерот и особините на личноста, некои се послаби а некои се појаки и не подлегнуваат на лошите намери на другите. Тоа мислам дека е најдобро да не се прифаќа многу сериозно и да му се оддава многу внимание ако е со лоша намера упатено. Како што велат: Лонците тропат, а караванот оди не стои. Или кучињата лаат, караванот тера, животот си тече. поздрав
     
  19. edjipsan

    edjipsan Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    DA I POSLE MNOGU NESTA PO SE STO KE POMINES U ZIVOT MNOGU LUGE SE PRASUVAAT SAMITE SEBE KAKO IMALE SNAGA I SILA DA POMINAT SE...
     
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Го виде Бог? :|
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.