1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè е до нас самите...

Дискусија во 'Психологија' започната од doll, 15 декември 2009.

  1. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Во животот се е до нас самите.Што си правиме сами и сами си плаќаме за некои грешки неможеме да обвинуваме друг кога ние самите сме криви...
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека се е до нас самите. Се е во нашите глави, како ние гледаме на нештата, како ги прифаќаме, како сметаме дека треба да се постапи и што треба да се направи. Нашиот живот и тоа како зависи од нас.
     
    На NightBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Апсолутно . Се е во нашата глава. Но треба да знаеме дека нашите мисли не сме НИЕ, затоа треба да одбереме што ќе мислиме . Тоа не е предодредено дека каква мисла гоаѓа треба да се прифати и така да се размислува . Наше е да ги распознаеме мислите , и да одбереме што ќе мислиме . А што мислиме , како размислувате така и се донесуваме . Што милиме тоа и добиваме . Добивањето и имањето на нешта( не зборувам само за материјални) е производ на нашите мисли . Се е до нашите мисли, се е е до нас самите .
    Експлицитна е темава, ама ова на кратко
     
  4. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.339
    Пол:
    Женски
    мислам дека и судбината сами си ја пишуваме и зависи од нас....
    затоа кога се носат одлуки или кога се одлучува за нешто се размислува два пати како велат два пати мери еднаш сечи така е и со ова бидејќи можеме да направиме животна грешка за која подоцна ке се каеме и по некое време ке викаме дека сме погрешиле.
    да требаше да направиме вака ама поставивме обратно на сите ни се има ова случено,да си кажеме барем еднаш ако направев поинаку немаше да дојде до ова
    Судбината сами си ја пишуваме таа е во наши раце
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски

    Така е судбината сами си ја кроиме. А за ова со одлуките , потплно те сфаќам . Но затоа што секое време различно носи ( лични сфаќања, мислења , гледања било штоп за нештата околу нас спрема ние самтие) и несомнено е дека одлуката што сега ќе ја донесеме можно е да не штима во друго време , па да се каеме. Затоа јас сметам дека грешна одлука не постои , само треба да ја донесеме и да се ускладиме со неа . Нема двоумење . Ако сега донесеме одлука, а после 2 години, помалку или повеќе сметаме дека е неправилна .. тоа е сосем нормално ... Веќе поинаку размислуваме , ама не значи дека одлуката од пред 2 години е погрешна. Таа е правилна во времето во кое е донесена. Зарем ако имаме избор не ќе одберевме нешто друго ? Не ќе се одлучевме за друга личност , боја на коса или слично ? :)
    Сме ја донеле одлуката затоа што сме сметале дека таа е правилна .
     
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Точно дека се е до нас самите!
    Колку ние можеме да си наштетиме сами на себе, никој друг не може да ни наштети толку.
    Колку можеме ние самите да достигнеме, никој не може до толку да ни помогне за достигот.

    Никогаш не осудувајте дека некој друг ви е крив за вашите подеми и падови, бидејки на луѓето околу нас никој неможе да им ги затвори устите да не зборуваат и да им ги заврзе рацете да не прават, едноставно штом научете помалку и помалку да не се замарате и да ги игнорирате сите зборови и дела, да се отргнете и никогаш да не се зближувате толку подобро за вас, поставениот штит околу човекот, за заштита од останатите покрај него е најдобра работа за наша психичка и физичка стабилност.

    Да така за секоја работа ние самите сме си криви, ние самите се оцрнуваме и пропаѓаме надевајки се и очекувајки премногу, што ќе направиш за тебе ќе си направиш, тоа што си го дробел и вешто ќе си го сркаш!
     
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Да и јас верував во ваквиот став, и дури си ги гледам децата и бременоста и се трудам со сите сили околу бракот да најдам време за сопругот да излеземе да поминеме време заедно и секојдневно се молам за хармонија и убав живот и живеам со позитовни мисли, се радувам на нашите заеднички прошетки со децата и нашите вечери еднсш месечно насамо, се дурисватив дека тоа е маска за да си обезбеди мир и цела недела дс си пие кафе без да сум му се јавувала на раат да бил со некоја курва!!!! Јас сум крива сигурно!!!
     
    На zekzeki, vitamina и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Секој од нас е кројач на својата судбина во најголема мера.
    Позитивниот став и самодовербата имаат голема улога во животната адаптација. Донесувањето на правилни одлуки во вистинско време е полн погодок за успешно решение на многу прашања. Дозираниот оптимизам може да биде секогаш мерлив наспрема неконтролираната моќ на преценетост која е фатална за искрата наречена надеж.
    Можеби ќе постои некаква форма на посакуван живот доколку не се соочуваме со околностите кои дејствуваат надвор од нашата контрола и мораме да го вклучиме разумот на највисок степен за да се соочиме со помалку пријатните моменти. Тоа се тие непредвидливи ситуации кои не потклекнуваат колку и да сме цврсти и ни прават психо-емотивна тортура која не сме моќни да ја отфрлиме од себе, а мораме да ја пребродиме.
    Никој ги нема сите адути во свои раце, но последниот некогаш може да биде најважната карта за среќен животот.
     
    На eliesaab и vitamina им се допаѓа ова.
  9. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    не беше до мене..
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Се зависи од нас но само ако сме ние свои и сами одлучуваме кога и како ќе постапиме. Но има и луге кои се подводливи и многу често се потпираат на тугото мислење а не на своето е тоа се луге од кои ништо не зависи па ни самите они не зависат од себе туку од другите.
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Нашите околности ние си ги градиме.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не верувам во судбина ама често знам да кажам "судбина".
    Ништо не е случајно, што си правиш за себе си правиш, секој сака добро а добива лошо.
    Се е до нас самите ако направиме нешто за кое не сме знаеле, се е искуство плус.
    Се е до нас самите како тоа ќе го прифатиме и како ќе реагираме.
    Се е до нас самите колку се замараме.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    се што ни треба е во нашата глава само треба тоа да се искористи
     
    На bella.s и Ginger^ им се допаѓа ова.
  14. Feministkaa^

    Feministkaa^ Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    да до нас е но се зависи од тоа колку сме психички силни.. не се соочува секој исто, не ги прифаќа секој проблемите на ист начин..
     
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Точно.
    На крајот на денот останувате вие со себеси и се во вашиот живот
     
    На Animali и elimkd им се допаѓа ова.
  16. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Happiness is a state of mind.Да нашата среќа зависи од тоа како ние гледаме на нештата.Но,сепак не се согласувам дека апсолутно се ѐ до нас самите.Можеме да бидеме самите одговорни за некои работи,но апсолутно за сѐ,ама воопшто не се согласувам.Можеме да бидеме виновни што не сме учеле да не положиме,но не секогаш значи дека ако учиме ќе положиме.За жал.Ние во голема мера сме виновни за успехот на училиште,но исто има и професори со кои не се излегува на крај и покрај што знаеш за 5 ставаат 4.Доколку нешто не почнеме навреме,самите сме си виновни ако немаме време да го завршиме.Доколку не се обидеме и трудиме,самите сме си виновни ако ништо не сме постигнале.Доколку сме изгубиле некој поради нашето однесување самите сме си виновни.Но не е до нас дали ќе освоиме прво или второ место на натпревар.Може да се случат неочекувани грешки,грешки од трема...Или да има некој чиј максимум бил повеќе од нашиот.Не е до нас ако партнерот не напушти барајќи глупави изговори или не изневери.Едноставно не било љубов.Не може да биде до нас загубата на блиски личности.Ние сме си одговорни за нашето здравје,но некогаш колку и да живееме здраво пак се разболува е.Едноставно не сме семоќни.Но тоа не ѐ изговор се да препуштиме на судбината.Бидејќи во голема мера за многу работи сме одговорни самите
     
  17. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки
    Да,што се вели сам колку што можеш да си наштетиш друг не може да ти наштети.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Делумно зависи од нас. Пример еднаш на тв спомнуваат дека можеш да бидеш талентиран за свирење пијано, но ако живееш во некое зафрлено село, никогаш нема да одиш на часови, да го развиеш талентот и да станеш славен. Ако живееш во град, патот до таа цел ќе биде лесен.

    Во љубовта не зависи се од нас, треба таа љубов да биде возратена за да бидеме среќни. Во работата трудот треба да ни се цени. За роднини и пријатели исто треба да вложиме во тие врски, но тоа да се врати преку позитивни вибрации.
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не се, не секогаш и не кај секого. Зависи со колку јака волја и психа располагаш. Ама ниту тоа не зависело од тебе ако размислиш :D , ами од сплетови на околности дури и од спој на гени, што значи - НЕ (иако ДА по ова прашање е начин на размислување кој може да ти помогне автосугестивно да се чувствуваш подобро ако ништо друго)
    Прост пример, можеш ли да се родиш во Скандинавија, Америка или Монте Карло, кога веќе си роден/а во Скопје, па види дали е се до тебе сам/а.
     
    На Elenpelen, Tanjamm и AnnabelLee им се допаѓа ова.
  20. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    Според мене, (значи мој начин на размислување со кој живеам последните неколку години), сами си ја одредуваме судбината, не постои она ''така ми било пишано'' за мене. Ако сакам нешто, ќе го направам или добијам, доколку не сум успеал, значи дека не сум сакал доволно, затоа што човекот е моќен и може да направи буквално се. До нашиот ум е дали ќе бидеме среќни, тажни или слично, буквално се е до нас самите.
    Се што немаме и не сме постигнале, не сме го сакале доволно.
    И секако, многу луѓе нема да се согласат со мене и ќе кажат дека грешам, но ова е само мое размислување и гледање на работите, секој човек си е различен на некој начин :)
     
    На Animali, stetoskop и Pea им се допаѓа ова.