Во последно време се осеќам дека животот ми се сведува на рутина, работа - дома - на кафе со пријатели и така. Некако порано имав повеќе желби, повеќе цели што сакав да си ги остварам, а сега ми станува сеедно бидејќи сфаќам дека само дел од мојот труд е битен, атука е многу поважен фактор среќа. Се ми е еднолично, па кажете лек?
се е еднолично... Лекот е во тебе, ти треба добар поттик,желба...тоа е тоа. Никој не може наместо тебе да заврши одредена работа.
се е еднолично... Епааа амбициите каде се, каде отиде амбициозноста?!?! Животот е полн со предизвици, зграби ги
се е еднолично... Ќе се потрудам да се вратам во нормала. Ми фали разонода, планирам да прошетам негде викендов. ПОсле секое патување мака до соседен град се осеќам многу поубаво. Таков тип на човек сум, ако сум ан едно место ми здосадува.
се е еднолично... Па мислам дека и годините си го прават своето, стануваме пореални. Можеби треба да пробаш да си поставуваш мали достижни цели на патот до некоjа голема цел!!!
Не е дека сум имала голема цел,ама некако народот многу се смени, нема доверба, нема тополина во меѓучовечките односи. Тоа ми фали искрен муабет, и си викам некогаш што ќе му се пари на човека чесно заработени ако иамш лош бфрак, лоши роднини, немаш искрени пријатели. Сега малку филофозирам, ама така е, си треба од се по нешто, а јас едно ќе средам, на едно поле е ок, другото нула, и обртано, никогаш не ми се наредиле коцките.
Пробај да смениш нешто за себе,пример ако си имала некоја рутина наутро смени ја со нешто друго.Ако не секој,тогаш секој втор викенд оди некаде со пријателите,еден ден оди на театар,еден направи нешто што никогаш до сега не си го направила.Имаме толку многу нешта кои што можеме да ги направиме,но за жал брзиот начин на живот си го зема својот данок.Монотонијата убива,знам но затоа како што кажав еден ден направи нешто различно од претходниот,следниот друго и така ќе се смени тоа чувство кај тебе.Биди креативна,малку треба за да направиш многу за себе.
procitaj nekoja psiholoska kniga, ima mn dobra pricina zosto toa im se slucuva na lugeto vo odredena faza od zivotot, najgolemoto postignuvanje na covekot e da go zivee momentot pod uslov da ne se zalazuva, odnosno realno da gleda na rabotite...
Досаден живот значи дека ги немаме вистинските личности во него кои секојдневно нѐ инспирираат, размрдуваат, прават да се чувствуваме живи. Од друга страна, зависи од нас самите, како ги гледаме и прифаќаме нештата со кои е исполнето нашето секојдневие или што ние самите правиме и како го исполнуваме. Добро е одвреме навреме да се разбива рутина за да се почувствуваме подобро.
Животната монотонија се случува по континуирано правење на исти нешта кои стануваат секојдневни навики. За да се избегне чувството на здодевност потребно е да пронајдеме нешто што не исполнува. Слободното време кое се помалку го имаме е најчестото оправдување за лошо расположение.
Јас на 23 години имам ваков проблем. Се ми е изнаживеано, се ми е досадно. Депресивна сум. Немам желба за ништо. Имам мал круг на пријатели,понекогаш помислувам дека е во нив проблемот, но не е. Во мене е. Сите мои другарки се весели, расположени. Јас излегувам кафич/кафана и дремам,нерасположена. Немам желба за да си поминам убаво, освен ако не испијам некоја чашка повеќе алкохол, па тогаш ми станува малку поинтересно-што тоа не е решение. Дечко немам од кога раскинав со бившиот со кој бев 2 години во врска,а исто толку поминаа како не сме заедно. Со него се ми беше интересно.Бев среќна и активна 24/7. Имав желба за живот. После него сум имала обиди со други, но едноставно не успеало. Муабетов ми е дека фали љубов. Млада сум, ама досадно е сама, без љубов. Секој ден ми е ист, досаден,депресивен. Одев дури и на психолог,но ништо не се смени.. А кога ќе ми текне, имам САМО 23 години..
Јас мислам дека сите ние очекуваме промената во нашиот живот да ја донесе некоја личност односно некој друг. Но според мене промената може да биде поттикната само од нас. Сите се стремиме кон големи промени,но понекогаш и ситниците може да влијаат на нашето расположение. Вистина е дека животот на моменти станува монотон,но ако пристапуваме со негативна енергија,неативна енергија и ќе добиеме. Мислам дека е битно одвреме навреме да правиме мали промени во животот како на пр. одење на викенд во друг град,мала промена во стилот на облекување,експериментирање со храна,излегување во друг кафич од вообичаениот или пак промена во фризурата. Малите нешта знаат да променат големи работи.Сепак кога ќе приметиме дека животот ни станува досаден треба да сме свесни дека ние сме тие што треба да ја внесеме промената,не друга личност.
Никогаш не е сè еднолично, колку што ние не ги забележуваме различностите. Ниеден ден не може да е ист, сакале или не. И баш тоа е убавото, само треба повеќе да обратиме внимание на нештата кои нè исполнуваат.
Ова е правец во психологија ако влезеш во тој зачаран круг конфорна зона, иначе не е вака, има милијарда идеи на светот хоби, да работеш да себе, да патуваш за да не ти биде досадно, нема шанси се да си проживеал..