Знам дека е битолчанка и дека упорно си пишува по една реченичка во модни критики, иако си постои копчето ми се допаѓа што, морам да признаам, ме нервира.
Дека е средношколка 1ва год. и дека обожава да си ги лакира и шара ноктите, мислам дека е опседната со нив
Знам дека еднаш е заљубена, нареден пат не, а нареден пат нервозна . Знам дека сака да им помага на луѓето околу љубовните проблеми. Знам дека има црвена коса. И дека е од Виница.
Знам како се вика, знам што студира и во која населба живее знам. Знам дека е амбициозен и многу се труди да успее. Знам дека има неколку неуспешни врски и дека е во потрага по љубов А и телефонскиот број му го знам
Па дека е родена у 89 год највероватно е студентка и тоа згодна се гледа по сликите што ги постира и знае за Шетачот повеке него јас
Те начекав Знам дека е секси Битолчанка. Студира на економски ама не го сака многу факултетот исто како и мене Фина девојка Утре ќе дознам повеќе за нејзе и ќе ви кажам.
Ц ц ц ќе ме уништиш Црвенокоса, слатка Прилепчанка, многу ме малтретира како што можите да забележите ама ако пак си ја сакам
Сака културолошки собири и настани. Љубопитна по карактер. Вицкасто суштество. Не сака персирање. Не е од Скопје.
Знам дека греши за мене, и не му е прв пат . Знам како се вика, презива од каде е и која година е. Знам како изгледа. И многу знам, ама не кажувам повеќе .