Знам дека е од Канкун и дека често паѓа пред мене на игриве но тоа воопшто не ми пречи, боље ќе ја запознаам И знам дека никот нејзин ми ствара слика за гламурозна, посебна девојка...
Мојата нова друшка на форумот. Не знам нешто посебно за неа, можеби бројот на мислењата не даваат простор за тоа. Само знам дека и двете ќе уживаме некој ден во убавините на Милано, некогаш. Љуби да го гледа вампирот од Твајлајт и то.
Мислам дека е од Скопје Навива за Реал Мадрид. Во последно време е се поактивна, често ја забележувам низ темите и според мене има многу добри размислувања Знам дека често ја нервираат случките во ЈСП Доста е
Знам дека ми е колешка само со положен правосуден испит. Знам дека е многу згодна. Знам дека има 9 год. врска и сега за сега не сака да се мажи. Знам дека сака да игра Симс. Знам дека е исклучително паметна, интелегентна, знае да ги одбрани своите ставови кои секогаш и се поткрепени со добро засновани факти, не е фан на моменталнава политичка т.е. владина гарнитура исто како мене, знам дека не дозволува да биде манипулирана и партиски обоена. Доста е
Знам дека неодамна стана...како да се изразам..... како мене ете ај... не можам да најдам соодветен збор, се извинувам
Знам како изгледа. Знам дека е од Велес. Знам дека има долга врска. Знам дека е истакната купохоличарка. Знам многу работи за Марамка, а не знам како се вика.