Дека е девојка која обврнува многу внимание на себе. Сака да биде негувана и средена во секое време. Сака да готви. Ако не се лажам е од Битола и студира економски. (ама ова ако не се лажам) Сака да ја кажува вистината во лице, на некои на посуров, а на некои на поблаг тон.
знам дека има свој блог ...обожава мн чевли...да може нонстоп во шопинг би одела...и имаше нешто проблеми со мајка и ама се среди тоа...
Знам дека е од Велес. Многу е активна во форумскиве игри, а за жал не е толку активна во другите теми. Толку знам.
И го знам последниот љубовен проблем со кој ни се отвори тука и знам дека прифаќа секакви мислења, со почит и култура. Не се напнува ниту пак не се лути, токму така ја запамтив. Со самото тоа знам веќе доста за неа, знам дека е емотивна, кршлива девојка која не би сакала да ја ставам во групата неморални од чиста причина, што сите свесно или несвесно понекогаш во животот правиме грешки. Подоцна или порано. И девојка која знае да сфати грешка и да се покае за неа. Верувале или не, и тоа се цени
Знам дека е најуникатното суштество на планетава ни. Знам дека има огромна култура, вкус кој е навистина редок, но преубав. Вокабуларот и е како на никој друг, умее со истиот да напише текст од кој ќе ти се разубави денот, ќе си шлакнеш едно 10тина шамари и ќе си речеш на кој му е гајле за грди работи кога го имам она што го напишала Пирамиткава, нешто што сите го имаме но ретко кој го цени. Малите работи кои ги забораваме знае да не потсети дека и тоа како се важни. Емпатично водолијче е Биковиве не ја нервираме Ги сака OneRepublic, што автоматски ја поставува во листата на луѓе што најмногу ги почитувам. И Hurts ги сака и ме просветли за нив, оти ако не ги спомнеше ќе си останев поглупава музички И Колдплеј Абе знам многу работи ама да си го испратам мислењево дури никој не ме претркал
Прилепчанка е, студент, сака добра музика, журки и алкохол. Пред половина час забележав дека има многу малку мислења, но квалитетни.
Знам дека ми беше скоро комшика. Студентка е, мака мачеше со нејзиното љубовче у стилот држ-недај, сакам-нејќам ама... беше заљубена многу. Бај д веј типот не и беше од Скопје. Има сестра помала, на моменти има жолчни расправии со мамичка терајќи правдини. Слатка е ...фина мома е у кратки црти.
Знам дека е одлепентус откачентус на Н! Знам дека ме смее, знам дека знае како да те насмее онака без претензии, сосема спонтано, затоа што таа таква е. Мрази кичерај, шмизларии, изгазени патчиња, нафурани фаци и места каде што би одела само за да биде видена. Напротив. Знам дека имаше куче кое многу си го сакаше и сеуште си го сака. Знам дека е во еден град кој ми е слаба точка и кој многу си го сакам, дека е заљубена и дека некогаш ми конкурира со поместување на епицентарот на земјотресот. Кога не ве тресам јас, сигурно ве тресе Георгина И знам дека го имаше аватарот со најпознатата фотка од Национално-географското списание и се нервираше кога никој на форумов не ја знаеше фотката
Како што и видов од мислењата во последно време ја обожава играта со тимовите...и друго незнам ...ми се спие сега да ви кажувам ај друг пат...
Знам дека има 17 години и дека има многу добар вкус кога станува збор за облека. Друго ништо не знам.