Најмлад машки член на форумов. Духовит. Има свој стил, баш ко што си пишал дека е во свој филм. Некад сака да се прави паметен, али кога ќе ја оплеска знае да се извини.
Сомнително лице е, неговата локација е Liberty Island, многу е активен во форумските игри и е доста интересна и духовита личност
има плава коса, сака да гледа многу серии и филмови, посебно гледа добри серии, и мислам дека е од Скопје.
^ Имав плава коса до скоро време, ја затемнив сега. И не сум од Скопје. За другото си во право.. Апсолвент е на правен факултет. Љубителка е на серии, филмови и мода. Има нови Адидас тренерки - со здравје да си ги носи, многу се убави..
Охриѓанка е. Згодна, ем убава е. Студира во „изоземство“. :geek: Среќно заљубена. Многу конзервативна во некои ставови. Сака да се смее. Кревко здравје има, душичка. Преферира кежуал стил.
Дека не е форумџика, а тоа е многу битно. И дека е од Скопје. Сега за сега знам само толку, во наредна прилика се надевам дека подобро ќе го реферирам.
Знам дека го откри мојот мистериозен пол, ХА! И дека е малце така постаричка од мене. И активна е во форумскиве ни игри.
Знам дека е така малку подиректна,нема влакна на јазикот.Ја сака онаа Џеј Ло и ја среќавам така почесто низ темите ама не знам многу за неа.
Ова дознав вчера, дека ниту пуши ниту пие, дека не ја бива ич за спорт и дека не сака баш до готви,друго имам кажано во 3-4 поста порано...
Знам дека студира на Електро и дека за некое време ќе дипломира. актерка која го иритира му е Џенифер Лопез, филм кој никогаш нема да му здосади е Рамбо. Има добра смисла за хумор