Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Машки
    Не е обмислено! Туку, Бог знае што ќе направиме. Ако беше обмислено, во смисла на судбина, ќе можевме да си лежеме и од небо храна да ни паѓа.
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Не викај! :):) Како напиша пред малку дека ги зема децата за да не направеле грев, а сега не било обмислено. Зошто не им дозволил на тие деца да пораснат и да учествуваат во грев, а на други да? Ццц....
     
    На Bezimenka90 и asdas им се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Што е правда? Што е среќа? Тоа се само термини за поими кои не можеме докрај да ги дефинираме, скоро како и секој поим, секој феномен низ историјата претрпел редефинирање и ќе се редефинира и во иднина. Ние немаме одговори, ни од религиски ни од научен аспект. Кога ќе дознаеме зошто постоиме, тогаш ќе знаеме што е среќа и правда. Ти праведна си? Врз основа на што ја донесуваш одлуката што е праведно, што не?

    За свештенството, се согласувам, но јас не ја дискутирам црквата, туку религијата.
     
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.958
    Зошто децата, а не родителите?
     
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Ама тие се мнозинството кај нас, не малцинството. Кој е твојот став по прашањето дали Црквата треба нешто да направи во врска со тоа?

    Umm..на пример во Библијата? Што правел Господ со Аврам? Не го тестирал?

    Веќе реков дека заклучоците ми се од она што јас имам приметено. Нагласив дека е од мое искуство. Немам анкета правено, па само од таму можам да вадам заклучоци.
    Што пак е поентата што ја почна темава. Ете и другата членка што ме цитираше црпи одговор од нејзино опкружување.

    Ја имам прочитано, без гајле. Иако не би требало тоа да е предуслов за дискусија.

    Ако веќе однапред знае што ќе се случи...

    ...тогаш зошто е потребна подготовка?

    Повторно ајде. Ова е извлечено од мое искуство. Според моето искуство вака се однесуваат. Не е генерализација туку е факт. Второ, не тврдам дека 90% од сите религиозни луѓе се такви. Реков дека 90% од тие што се заинтересирале за религијата од очај се такви. Пошто не ја следат од љубов и љубопитност.

    Навистина лош пример. Правилно би требало да го следи Божјиот заповед и да не убива.
    За другиот дел од постот, си утнала кои беа аргументите. Има 2 прашања. Имаме ли слободна волја и има ли судбина? За да докажеме дали сме добри или не, мора да имаме слободна волја. Еве нека не биде "докажување и тестирање". Нека биде за да може да се стремиме да бидеме добри. Тоа по автоматизам значи дека не ни е одредена судбината. Ако ни е одредена, која е поентата да учиме и се придржуваме кон религијата?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Вистина Господ, на најправедниот од сите , решава да ја покаже својата семоќ....се опкладува со ѓаволот притоа....не можам ни да замислам такво сценарио во сопствениот живот , но тоа е само доказ , колку е сеуште слаба мојата вера.
    Но, тоа не значи дека не треба да се восхитувам на верата на праведниот Јов, бидејќи се што ни е дадено низ светата книга, треба за наук да ни биде.
    Светот во кој живееме е ѓаволово царство, а тој иако " паднат " сепак е ангел, поблизок до Бога, нели ?
    И зар не е јасно , дека Јов , со самата појава Божја пред себе, паднал на колена од восхит што добил толкава милост , да сите прашања што му ги упатувал на Бога, иако неодговорени, во моментот небитни му станале.
    Бидејќи пред трошка од Бога ,се менува перцепцијата ,а оние што добиле повеќе од трошка ,се менуваат од корен.

    Притоа Јов е старозаветен лик...со појавата на Христа се менува и односот на Бога кон луѓето...Христос е нашиот искупител и спасител....Господ преку него ни дава одговори, а некои сеуште се тајна , бидејќи сме духовно слаби и неспремни за нив.
     
    На Peanut Butter, BlackNight, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека некои имат предодреденост за тежок жовот , тешка судбина, што би рекле.
    Но, тоа не го менува фактот дека постои слобода на избор, дали ќе се следи патот кон Бога или не.
    Некои порано,некои подоцна, некои никогаш.
    Јас познавам луѓе кои имаат тежок живот и смирение во срцето.
    Но,моето познавање и твоето непознавање ништо не значи.
    И најголем верник може да " падне" и грешник да се покае.
    Да се потпреме на големата милост Божија и придодадеме малку....па полека...
     
    На GirlLove, BlackNight, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Машки
    Не викам. :D Извичник за внимание се става не за викање. :)

    Одговор на прашањата: Затоа што така промислил Господ. Оти така е најдобро за сите. Зошто е така најдобро ќе ни се разјасни на Страшниот Суд.

    @Lella дали ќе може дискусијава да ја префрлиш во темата https://forum.femina.mk/threads/Дали-Господ-казнува.26268/ ? Благодарам однапред.
     
    На Elenpelen, BlackNight и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  9. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    @Bezimenka90 Точно е за Аврам, но тоа е дел од стариот Завет, со појавата на Христос се менува односот на Бог кон луѓето. Бог го жртвуваше сопствениот син Христос за да бидат простени гревовите на човештвото и со тоа ја покажа љубовта кон човекот. Судбината не е предодредена, ние сами одбираме што ќе правиме, тоа е слободната волја, Бог не ги контролира нашите постапки, ние не сме марионети.
     
    На IRBBB, KittyAgnes и Elenpelen им се допаѓа ова.
  10. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    На овие прашања имаш одговори во книгата "Разговори со Бога". Скоро се што се негира овде или што се наоѓа како лошо во Библијата е одговорено таму.

    Одговорот е: имаме слободна волја да правиме што сакаме и мн работи кои според христијанската религија се сметаат за грев, во таа книга се тврди дека не се никаков грев. Зошто би било лицемерно ако ни е дадена слободна волја само за да бидеме казнети од Бог за тоа што го правиме со неа.

    Но, оваа книга не е Библија, и е како што кажа некој погоре New Age "срање".

    Но, во голем дел и во мн точки тоа срање се поклопува со ставовите на неколку членови тука, кои па го сметаат за тешка глупост.

    А јас немам ништо ни против њу ејџ, ни религија. Имам читано за двете, а го извлекувам тоа што ми служи. И за стоицизам исто така. И мислам дека кога читаме меѓу редови поентата на сите е иста, само кажана на малку поинаков начин. Исто така и од психолозите мислењето, мн често се поклопува со некои од овие теории.

    Да, сметам дека најголем број од луѓето кога се во тежок период од животот, очај мн често, наоѓаат некакво прибежиште во религијата. Тоа е сосема нормално и не е нешто лошо како што повеќето сфатија, а и како што звучи. И да ти кажам подобро верата да им е прибежиште отколку нешто мн полошо од тоа. Затоа што кога човек е кршлив потребно му е чувство на припадност, за да му даде сила. А верата го нуди токму тоа.

    Исто така, голем дел од верниците не ја поистоветуваат црквата или свештеникот со својата вера.

    Некој друг ми имаше пишано за Божјите заповеди. Да, сама кажав ајде исклучете ги тие 2-3, останатите можат да послужат за некакви основни начела. Иако тој дел со "Јас сум ти единствен Бог и не треба да имаш други Богови" го сфаќам како дека не треба да идолизираш др луѓе, не треба нечија друга волја да ти е заповед, напротив треба да се потпираш на својата.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.663
    Допаѓања:
    39.541
    Пол:
    Женски
    Ти ги гледаш нештата исклучиво од аспект на тоа како се дефинира и одвива научниот метод и тоа е грешка.Вербата се базира на проста именка - верување, што не е секогаш базирано на логика, затоа и се вика верба или пак врз основа на лични случки што се косат со она што е општо прифатено како логично или разумно.Не можеш да бараш чист научен аргумент за нешто што не може да се стави во тој калап, (барем во моментот, бидејќи науката е динамична, не статична, секако).Значи да, сосема е глупаво да се бара од страна "доказ" зошто некој верува во казна и правда од Господ.Ама добро тука по темиве најчесто се пишува за цел што секако дека не е дискусија.

    А и плус, не можеш да викаш луѓето да се воздржуваат од верувања сѐ додека да добијат потврдени информации зашто природно функционираме на тој начин да бидеме љубопитни и да бараме одговори да размислуваме и надвор од тоа што ни е познато.Затоа стриктно атеистички поглед ми е многу ограничен, ја лимитира имагинацијата бидејќи однапред се ограничуваш дека нешто не може и не дозволува да се тестираат границите.

    Фактички многу е претенциозно поништувањето на туѓите искуства и чувства само затоа што ти не си ги доживеала и не ги разбираш наполно на начин како што ги разбрал/доживеал некој друг.




    Инаку добро што ме цитираше, баш сакав нешто да те прашам и ме потсети.:)
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Немам проблем со тоа некој да каже дека верува во повисок ред бидејќи така се осеќа помирно, исто како што немам проблем со тоа што некои веруваат во хороскоп бидејќи им се интересни класификации и им го прави светот поинтересен. Ама имам проблем кога се прават вистинитосни тврдења за тоа, а најчесто се прават тука на форумот. А за тврдења не е ништо чудно да се бараат докази. Како атеисти, не тврдиме дека дефинитивно нема ред, туку дека немаме основа да заклучиме дека има. Барем јас така го разбирам проблемот на тврдење против верување.

    Мене не ми е ограничен бидејќи не го гледам на тој начин. Има простор за имагинации и љубопитност во атеизмот. На пример, јас верувам дека постои живот надвор од Земјата. Ама јасно ми е дека немам никаква основа да го тврдам тоа со оглед на тоа што го знаеме досега. Исто така ми се интересни теориите за симулација, ама не можам да тврдам ништо во врска со тоа кога немам со што да го потврдам. И не ми пречи ништо од овие верувања само по себе, нема зошто. Она што ми пречи е overconfidence во верувања што се базираат на wishful thinking, а тоа го имам сретнато далеку далеку повеќе кај Господ екипата, и тоа кај Авраамски-Господ екипата, отколку кај кој било друг. Тоа доволно ни кажува дали позадината е љубопитност или едноставно индоктринација.
    Сè додека сме на чисто дека се субјективни искуства и чувства, океј е. А ако веќе навлегуваме во територија на инвалидизирање туѓи чувства во нашите мали човечки размери, нема нешто побезобѕирно од мајндсетот ,,сè се случува со причина, така требало да биде" и слично. Баш оваа група луѓе покажуваат најмалку емпатија кон туѓите искуства.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Со самото тоа што религиите сами си ги менувале своите правила, согласно современите текови на живеење, некој би рекол дека еволуирале. Но бидејќи тие самите не ја признаваат еволуцијата како реалност, доаѓаме до контрадикторност или не!?
     
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Горниот не те обдарил со осет за праведност и затоа цело време му се улизуваш да ти придаде :rofl: или како?
    Седат тука и ми рационализираат што било правда.
    На мене ми е потполно јасно дека македонсково население има сериозен морално-етички проблем и пречки во логичкото расудување, затоа државата му е последна дупка на континентов, и на пат тоа да стане и во светов.
    Ако не знаеш што е правда, да ти опишам што е неправда?
    Дете на политичар кое ужива привилегии произлезени од украдени пари, наспроти дете на родител обесправен и ограбен од горенаведениот политичар, на кое му се ускратени перспективите или кое во крајна линија се бори за живот чекајќи да се соберат средства од донации за лекување. Ако тука се ти е ОК, не препознаваш неправда кон тоа дете, или ти е дискутабилно колку се работи за неправда, не можам да ти помогнам, не верувам дека и Господ може (сака) да ти помогне.
    Значи ѓаволот е толкаво буцкало, што успева дури и севишниот да го наговори на нешто.... но кога човекот несвесно потклекнува под влијание на ѓаволот, за тоа треба да биде казнет? Хмм, "фер", нема што. Вие навистина верувате во ова и доколку е точно, дали мислите дека така треба?

    Каква разлика прави ако е старозаветен лик? Ден денес има луѓе кои живеат чесно, и баш затоа ги снаоѓа немаштија, па болест, прерана смрт на блиски итн. несреќи една по друга...
    Ова мислење му се допаѓа на @Orthophill, што значи се согласува и со тврдењево, но само неколку објави погоре, тој напиша дека ништо не е однапред обмислено?

    Христијанството прво учи дека Бог го создал светов, после дека ѓаволот владее со него. Тоа значи дека Бог му го подарил светов на ѓаволот да се изживува? А зошто не ни даде на владеење свет мене, тебе...? Ај ти може не сакаш, ама јас сакам... сакам но нема, па каде е тука моето право на избор, не постои нели = никој нема слободна волја пред Бог туку живее со Божјите одлуки. Исто @Orthophill кој напиша дека децата умирале за побрзо да стигнат до Царството Небесно, но не даде одговор зошто други деца растат за да станат грешници... Каде гледате тука слободна волја? Нели на првите деца им е ускратено правото на избор како возрасни?
    Ништо не мора да значи впечатокот од некого, луѓето не се какви што изгледаат, ниту сакаат да се претстават во вистинско светло пред другите. Некој делува смирен и тивок, а одвнатре оган го пустоши, друг ко што напишав демек ведар и дружељубив, а пакосен во суштина. Има разни примери.
    Верник во што? Јас верувам дека вашите пасивни филозофии на трпение-спасение, ќути-трај, што е твое, ќе си дојде ја уназадуваат колективната свест и ја ограничуваат нејзината моќ. И тоа не го мислам за целиот ваш систем на верување, само во делови. Во ваша одбрана, не е само кај религиите проблемот, ретроградноста е насекаде вкоренета. Особено во општества каде менталитетот е никаков. Баш и религијата е прилагодена на обичаите и наравот на народот, исто така, секој си толкува тоа што е запишано во света книга слободно, како си го сфаќа и како му чини.
     
    На Mikha4, asdas и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не те познавам, но веројатно не си живеела надвор од Македонија, па го идеализираш Западот, нигде не цутат цвеќиња, верувај. Секаде тој што е на функција го ограбува народот, на овој или оној начин. Македонците се еднакво глупави/паметни како и скоро секаде во светот. Ова офтопик, бидејќи често гледам дека плукаш по Македонија.

    Он топик: Ти мешаш правда и еднаквост. Како што не е праведно (според тебе) некое дете да е богато, друго сиромашно, не е праведно ни некој да умре на 80, а комшијата на 81. Ајде тогаш сите потполно исто да живееме за да има правда, утопија е, апсурдно е. Неправдите си ги врши човекот, еден на друг, не Бог. Бог не го стави ни Заев, ни Грујо на власт, а ни Господин Господин Стефан, Петар и другите колеги мафијаши. Јас се водам по тоа дека оној кој трпи лошо и сепак прави добро ќе биде награден. Ако размислува вака поголемиот дел од човештвото, веројатно ќе се оствари таа твоја правда. Сега за сега, поголемиот дел се води по она 'Тревата е секогаш позелена од другата страна на оградата', сите се споредуваме едни со други и секогаш сме незадоволни зашто секогаш има некој над нас и секогаш обвинуваме некој друг за нашата несреќа. Ако речеме, фала ти Боже за она што го имам, притоа да се трудиме да бидеме од корист, ќе сме ем позадоволни, ем попродуктивни.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Не планирам да се докажувам офтопик со тебе околу твоите тригернати патриотски чувства. Комотно врати се дома ако не ти чини надвор (чим тревата преку оградата не ти се виде позелена)
    скоро секаде е најјак дел од мислењено:rofl:
    Тоа што ти не можеш да го свариш, не го прави апсурд.
    Поназад им посочуваше на сите како не прочитале Библија,
    притоа поим немаш што пишува во Библијата:
    "Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога.
    Римјаните 13:1"

    Испрати се сама од темава или не ми се обраќај, немам време за твоето празно контрање.
    Да, секако. Нобелова ќе добиеш за методов.
     
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    На форумов се дискутира, си дошла на темава, можам и смеам до утре да те цитирам, тоа што ти немаш ниво, за тебе кажува. Ако немаш време, немој да пишуваш, не си обврзана. Нормално, немам ни јас намера да ја потхранувам твојата желба за плукање наместо дискусија, така што ќе ја почитувам твојата желба и нема веќе да ти се обраќам.
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе те фатат во небрано дека немаш аргументи во дискусијата, истото глумење увреѓена жртва пред конечно да избегаш. :D На темата ни збор. Стандардно, не ме изненадува.
     
    На Mikha4, asdas и Asparagus им се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Драго ми е што имам фанови на форумов кои го следат секој мој чекор. :*
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Машки
    @Аргентина * ако сум лајкнал нешто не значи дека целосно се сложувам со тоа.
    Ништо не е предодредено, но Бог знае што ќе стане, не затоа што Он така решил, туку затоа што Он знае што ќе се случи и што ќе решиме ние.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.