Ова не го знаев и искрено се изненадив со оглед на тоа што сите знаеме дека митрополитот Петар понекогаш има скандалозни изјави, ставови и размислувања за одредени теми. Но нејсе, да не испадне дека го осудувам човекот, далеку од тоа. Со таа цел и отидов и дури самиот гинеколог ми ја препорача таа опција. Само се чека мојата одлука да се почнат останатите испитувања и тестови за понатамошна реализација на процедурата па затоа се одлучив да пишам на форумот и да прочитам за "другата страна на проблемот" која ми е поважна од одлуката за процесот. Ти благодарам за овој совет. Да бидам искрена размислував да отидам да се консултирам со монах ама откако го прочитав твојот совет и размислив малку подлабоко сфатив зошто би било подобро да се консултирам со поп. Благодарам на разбирањето и поддршката затоа што мислев дека луѓето (поготово оние "воцрковени верници" кои сè повеќе ги има) имаат предрасуди кон оваа тема (поготово кон жените кои сакаат да ја направат оваа процедура иако се во мал број) од причини кои се за жал секојдневие кај нас и кои нормално, сите ги знаеме.
Ако те интересира можеш да го прочиташ вовдениот дел и моето мислење во темата: Вонтелесно оплодување и сурогат мајчинство од духовна точка на гледиште но во која насока ти ќе решиш понатака да размислуваш и постапуваш е твој слободен избор.
Го прочитав и ти благодарам што сподели свое мислење на темава ама заборавив да напоменам, без да навредам никого секако, не ми е тоа целта. Сакам да чујам мислења претежно од православни христијани. Уште еднаш ти благодарам и се надевам не те навредив.
Здраво. Ајде една дискусија. Во оваа тема ќе го ставам прашањето, да не отворам нова. Што мислите, во колкава мера треба да им се дозира религијата на децата? Дали и од кога да се почне да им се воведува религиозниот концепт на животот? Дали е во ред уште од мали да им се ставаат крстиња на вратот пример и дали лесно може да се премине границата и мерката па од позитивен пристап да навлеземе во фанатизам?
На децата не треба ништо насилно да им се наметнува. Ако сакаат да доаѓаат в црква, родителите треба да ги носат. Единствено да се потрудат родителите барем еднаш годишно да ги причестат. Верата, барем православната се живее. Доколку родителите се добри христијани, тоа преку својот живот треба да им го покажат на децата, но без наметнување и без присила. И не е точно дека ќе направат фанатици. Поверојатно е дека ќе им стане одбивна верата и штом се осамостојат ќе заборават на се`.
Зошто да им стане одбивна верата, не те разбрав тука. Ако живеат во таква средина, веројатно не би го заборавиле сето вложување и оддаденост на родителите кон христијански живот со сите пропратни ритуали. Сигурно би се сеќавале кога ќе се возрасни како правеле мама и тато за празници.
Најубаво би било во недела на Литургија , да биде семеен ден, кој ќе започне во Црква....Причест ако сакаат,ништо на сила, никакви условувања или поврзување на Господ со награда и казна. Просто да им се објасни дека дедо Боже се грижи за нас,да имаме се што ни е потребно,а во недела одиме да му се заблагодариме. Можеби ќе им биде здодевно,а можеби интересно...во секој случај со благост треба да пристапиме на нивните реакции. И со верба дека Бог не води и во нивниот раст....и најважно дека ги штити и сака. За мене лично,нема ништо поубаво од среќни лица на мали дечиња во Црква.
Практикување православно родителствување, запознавање на децата со животот на светците, носење на причесна, постење, присуство на литургии, читање Библија. Во која мера, од која возраст, дали мали дечиња да се запознаваат со православието од мала возраст...
Убаво ти е пишано, сепак со мерка и јас се согласувам. Убаво е да си има такви навики и ритуали да речам. Дечињата да си ја запознаат верата од одредена возраст, а потоа секако подоцна ќе одлучат во која насока ќе оди нивната вера.
Се зависи дали родителите се верници, или само традиционално наклонети кон верата. Ако родителите се баш верници, не верувам дека децата имаат опција да се воспитуваат поинаку. И обратно. Родители верници нормално е да ги носат децата со нив во црква, да имаат икони низ дома, да зборуваат за религијата. Додека оние кои се “верници” затоа што така се родиле и слават Велигден и Божиќ повеќе од традиционачни причини одколку од религиозни, нормално е дека така ќе ги воспитуваат и децата. Најважно е да знаат што е религија, да ги знаат “најбитните” светци, да знаат дека постојат повеќе вери, и дека секоја треба да ја почитуваат без разлика дали веруваат. И да знаат дека имаат избор. Дека НЕ МОРААТ да се верници(или атеисти). Јас сум израсната со родители од вториот тип, сме славеле најбитни празници ради реда што се вика. Крстена сум, меѓутоа не се сметам себеси за верник. Според мене, некако природно си се местат работите, што знам..
Растена сум во православно семејство каде што се почитувале празници и традиции, имаме две куќни слави, ама моите не беа некои големи верници во смисла да постат, да одат често во црква и слично. Немаа ни свој духовник, ни бројаница не носеа. Јас како што растев почнав да се интересирам многу за верата, од основно почнав да одам почесто во црква, да се молам, да носам бројаници, на 15 години избрав свој духовник, постев поредовно, бев многу блиску до верата... Како што почнав да 'стареам', не е дека се тргнав од сето тоа, сеуште имам преголема вера во Бог, но ретко постам, одамна не сум се исповедала, а гледам да одам почесто во црква. Немам свои деца, но внуците ги носев во црква од малечки, внук ми сега е поголем и не изразува желба да оди во црква, додека внука ми често се моли на дедо Боже, сака да носи бројаница и ме тера да ја носам често во црква, дури повеќе од мене сака да оди, на брат и ништо не му наметнувам(немам ни право на тоа), сметам дека еден ден ќе се пројави сама желбата и копнежот кон верата во него, до тогаш нека ни биде здрав и жив.
Кога ќе почне да прашува за религија, треба да им го објасниш општо концептот за истата и дека има илјадници различни религии во светот. ... исто ко за било која друга тема
Децата од религиозни семејства се помалку љубезни и повеќе склони кон насилство од оние од нерелигиозни домаќинства, според една нова студија. Академици од седум универзитети ширум светот ги проучувале христијанските, муслиманските и нерелигиозните деца за да ја тестираат врската помеѓу религијата и моралот. Тие откриле дека религиозното верување има негативно влијание врз алтруизмот на децата. „Генерално, нашите наоди ... се во спротивност со здравиот разум и популарната претпоставка дека децата од религиозните домаќинства се поалтруистички и пољубезни кон другите“, велат авторите на Негативната асоцијација помеѓу религијата и детскиот алтруизам низ светот, објавена оваа недела во Current Biology. . „Поопшто, тие го доведуваат во прашање дали религијата е од витално значење за моралниот развој, поддржувајќи ја идејата дека секуларизацијата на моралниот дискурс нема да ја намали човечката добрина - всушност, ќе го направи токму спротивното. https://www.theguardian.com/world/2015/nov/06/religious-children-less-altruistic-secular-kids-study
Како е можно ова? Ако секоја религија во својата основа го има алтруизмот и добрината кон другиот, што е погрешно тогаш? Единствен одговор кој ми се наметнува е дека луѓето се само декларативно религиозни и дека паднатата човекова природа преку мимикрија секогаш се обидува да се сокрие позади нешто или некого. Според мене, укинувањето на религискиот концепт е невозможен...поточно тој нов секуларен морален принцип на воспитување кој би бил еднаков за сите, многу брзо би ја заменил религијата. Инаку од мое скромно искуство, децата се слика на родителите воглавном и преку нивното однесување многу лесно може да се утврди дали семејството е религиозно или само декларативно или не е воопшто. Притоа секако и не се ни зборува за религија. Но,бидејќи искуството ми е скромно и опфаќа мал број деца, ништо не значи ако кажам дека е сосема спротивно од истражувањево. Секако би се сложила дека дете на добри атеисти,е многу подобро и повеќе сочувствува од дете на декларативни верници кои притоа се лоши луѓе. Обемна е оваа тема, но едно сум сигурна....луѓе кои го носат Бога во своето срце и сите свои постапки ги мерат по негова мерка, тешко дека ќе воспитаат насилно дете....тоа можеби во некој период животен ќе биде бунтовно, но насилно секако не.
Ова мислам дека и од искуство може да се потврди. Пример, најнасилни мажи што ги имам сретнато се тие што се декларираат како религиозни или пораснале во религиозни семејства, ништо ново, на секој чекор се гледа појавава во нашава околина. Ама па на тоа веројатно влијае и фактот што таа религиозност им е наметната како идентитет што служи само за тоа, да се сликаат со крстови.
Религијата им е штит...што не значи дека лошиот човек ако не постои тој штит,нема друг да пронајде...
Денес бев во манастир. И кажав на сестрата таму што проблем имам. Искрено, почнав да плачам.. Не добив некој конкретен одговор, ми рече сите така се бориме, верувај. И само ме допре за рака. Искрено, очекував дека барем малку ќе ме тргни на страна и ќе зборниме и една прегратка барем. Не добив ни совет, пример за кадење на домот, за свето масло.... Дали претерав со очекувањата?
Помоли си се искрено на Бога, само тој ги знае нашите срца и нашите проблеми. Спас нема од човек, само од Бога. Искрено помоли му се. И секогаш пред да појдеш да бараш помош од човек, па макар и монах да е, помоли си се првин на Господ да ти го управи патот и да го пронајдеш вистинскиот и да го добиеш вистинскиот одговор што тебе ти треба. Некогаш кога ќе се помолиш на Бога за помош, помош може да ти стигне и од најобичниот човек, од кој најмалку си се надевала, а пораката да допре до тебе и да си го решиш проблемот, да те охрабри. Чудни се патиштата Господови. Само молитва и трпение.
Искрено да ти кажам, немам зборувано насамо со некој со монашки чин, ама имам зборувано со жена која изгради и одржува манастир и многу ми помогна, а за духовникот и да не зборувам колку ме има ислушано кога ми било потребно. Според мене, требало да ти обрне повеќе внимание, сепак тие таму се за наша помош, работа им е да се молат за нас, да не ислушуваат, и слично, но од друга страна и тие имаат многу работа. Не знам во кој манастир си била, ама во повеќето манастири зафатени се со работа на нивните ниви, произведуваат млечни производи за продажба, прават бројаници и разни црковни работи за продажба... Не се разочарувај, моли се на Бог секогаш кога ти е тешко, исплачи се пред него, тој ни е најдобар слушател.