Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Навечер месечината ја осветлува земјата. Дали таа може да ни даде светлост ако не ја одбие светлината, која доаѓа од сонцето? Исто е и со Пресвета Богородица! Ако Бог не ги услишува Нејзините молитви, ни Она не ќе може да твори чудеса.
    Жално е што протестантите не можат да го сфатат тоа. Мислат, дека мразејќи Ја Пресветата, ќе бидат Богу помили, ама напротив, мразејќи Ја Богородица, тие стануваат и богомрсци.
     
    На IRBBB, INNERBEAUTY и kuc им се допаѓа ова.
  2. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Машки
    Пишано е многу јасно дека еден е Посредникот меѓу Бог и луѓето. И никаде не е пишано дека се упатуваат молитви на светци (луѓе) освен на Бог. На небото има хиерархија, тоа е многу едноставно.
     
    На light <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Отсекогаш ме интересирало каков став има верата кон медитацијата и разните техники на дишење? Дали истото доколку е проследено со некоја молитва би се сметало за исправно? Неодамна влегов во ваква дебата и баш ме интересираат и други мислења. Поздрав!
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Разни вери би дале различни одговори на твоето прашање, но зависи и за каква медитација станува збор - источна или прахристијанска и тн.
    Има слична тема тука каде го соопштив моето гледиште, тука го пренесувам копирано повторно:

    За мене како некој што го прифаќа Христос како единствен спасител, а не е православен, не е проблемот што станува збор за друга религија. Имено во сите религии има делови од вечната вистина, туку дека при одредени практики човек се поврзува со енергетски полиња кои не се во хармонија со божествените струи. Долгорочно гледано тоа може да доведе до душевни или телесни последици било во текот на овој или некој друг живот. Тоа не е некаква казна, туку едноставно последица од погрешното разбирање и несоодветно работење со невидливите сили.

    Христос, спасителот на сите луѓе и души, во повеќе наврати има предупредувано за тоа во божествените објави преку Неговата денешна пророчица - Габриеле (од Германија). Врз основа на тие објави настана книжето „Опасност од источните “учители“„ (на македонски издадена како „За источните учители„).
    Онлајн ја наоѓам само на англиски, кој сака може да го прочита и да се информира околу проблемот со источните спиритуални практики: Dangers of Eastern Masters
     
  5. light <3

    light <3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Машки
    Bibilija i religija totalno razlicni raboti kratko i jasno .
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.558
    Пол:
    Женски
    Што е разликата?
     
  7. light <3

    light <3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Машки
    Procitaj ke vidis nemora ni mnogu da procitas
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    И? Што е твоето прашање?
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.558
    Пол:
    Женски
    Прочитано. И не се согласувам со тебе.
    На форум сме и ме интересира образложение за тоа што си пишал. Но, ако мислиш дека со една реченица си кажал се', добро.
     
    На light <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Жива ли е уште Фрау Габриеле?
     
  11. light <3

    light <3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Машки
    “Religion shames people for having dirty feet; Jesus. kneels down to wash them.
     
    На Mina-aniM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Да, жива е.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Има ли некое правило и редослед за читање на Библијата?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.558
    Пол:
    Женски
    Почни со Нов завет, јас само тој совет го добив. Се чита без брзање, полека и со разбирање, колку глави ќе прочиташ одеднаш, тоа од тебе зависи како ти одговара.
     
    На Wideperpetual, Orthophill и SkBoy20 им се допаѓа ова.
  15. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Сестри, дали почнавте да се спремате за рамазанскиот пост и како?
     
    На MyMala му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Мартинка Не !

    Секој што на својата рака ќе стави (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) со некаква вера дека тоа ќе му донесе здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната вера и Црква.

    Не може истовремено да веруваме и во Бог и во
    мартинка. Верата и суеверието немаат ништо заедничко. А на двајца господари не можеме да им служиме:
    или ќе Му служиме на Бог
    или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи.
    Носењето мартинка е суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сѐ до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сѐ додека не расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си посакаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат.

    Вадењето на мартинката пред време се смета за несреќа, и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување и ритуал нема никаква врска со Православната вера, туку е обично суеверие.

    Ние Православните Христијани треба да носиме на рака или во рака бројаница, украсена со крст, која ни служи за молитва.

    Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

    Мартинка подобро – не !
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Детска радост - ДА! Суеверие - НЕ!
    Да не го бараме ѓаволот таму каде што не е, а натемаго сигурно не е во мартинките! Мартинката не носи ни среќа, ни радост ни бериќет, ни долен веш. Таа е само еден симбол на пролетта.
    ПС: Тој што ја демонизира мартинката, пред години пишуваше и против славењето на слава и особено против вртењето на славски погачи. Годинава видовме, како и сам тој со својот викар вртеа погачи. Така што и не би ме чудело да почне и на бројаниците да си врзува мартинки, ако од тоа има корист. ;)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Или живееш според правилата на православната црква или не, неможе да биде детска среќа мартинките, да не бидеме како фарисејот во параболата за митарот и фарисејот
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Да бидеме честни и достојни како фарисејот, ама со скрушено срце како митарот.
    За жал некои ем ги имаат делата на митарот, ем фарисејот (праведникот) го осудуваат.

    Мартинките се дел од нашата култура уште од античко време. Ако 20 векови, ниеден собор ниту свет отец не се замарал со мартинките, зошто да се замараме и ние? Нормално, треба да имаме на ум дека мартинката нема да ни донесе ни среќа, ни бериќет, ни напредие. Ама ако можат децата да веруваат во дедо Мраз, кој го донесе атеистичкиот режим, зошто да не се радуваат на мартинките и на доаѓањето на пролетта?
    Од друга страна карневалите (особено кога возрасни се маскираат) се осудени, ми се чини, дека и нашите свети Охридски Архиепископи ги осудувале. Зошто никој не се буни против нив и не бара да се укинат? Или зошто дотичниов мартинкоборец, во чиј град има карневал не повикува да се одлачат од Светата Причесна оние кои учествуваат во тие баханалии? Нормално мислам на возрасните, а не на дечињата што ставиле маска и си ја развиваат својата креативност и барем еден ден/миг се нешто различно, или нешто за што копнееле да бидат.

    Еве утре е неделата на блудниот син, Апостолот ќе ни каже кој грев е најстрашен и најопасен. Зошто никој не повикал тој грев да не се прави? Ама битно мартинките, та мартинките! И да, за брзо време ќе почниме со другата македонска песна, денеска масло, утре без масло. Ко не баре Христос дојде и висеше на Крстот за да не носиме мартинки!
     
  20. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Не треба да бидеме како фарисеот да имаме таква чесност и достојност, најстрашен и најопасен грев е самоубиството а утре нема да се спомне самоубиството во параболата на блудниот син, а за масло или не тоа си има свештеници кои кажуваат што и како