1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    12.391
    Пол:
    Женски
    Затоа и беше материјално прашањето.
    Мила ми е белегзијата.
    Од почеток не ми беше сеедно, и си реков доаѓа од свето место, ама потоа се сетив дека е сосема материјална работа.
    Да, знам да сум некогаш исплашен верник, со доза суеверие, ама не му се препуштам.
    Ти благодарам!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Машки
    Не сакав ни да Ве осудам, ни да Ви биде непријатно. Едноставно го слушав деновиве владикава и кога го прочитав Вашето мислење одма ми текна на поукава. :)
    Слободно нанижете си ја бројаницата.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    2.083
    Пол:
    Женски
    Дали е точно дека на некои празнци не се работело, не се бањало, не се перело? А ако се прекрши нешто од ова ќе се запалено нешто, ќе имало невреме, нешто лошо ќе ти се случело...
    Искрено јас во ова не верувам ама реков да прашам.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Машки
    Ај оди некоја порака погоре и види што кажува владиката Григориј Германски.

    https://forum.femina.mk/threads/Сè-...-врска-со-религија.6828/page-264#post-7497202
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Гуру православие.

    Секако дека е потребно врзување за правила , исполнетоста со Бога се јавува на моменти само.

    Да не ги негираме сведоштвата на верните , на светителите , на нивната постојана борба.

    Инаку се согласувам со советите кои им ги даде на членките, само сакав да го искоментирам владикава.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.808
    Допаѓања:
    14.351
    Дали луѓето што се занимаваат со гатање треба да се откажат од тоа? Што ако не се откажат? Читав статус кај Драчке, пишуваше дека е болна, тоест и претходно пред 31 година возраст, имала 4 операции поради канцер и пишуваше дека се откажала од гледањето во меѓувреме. Дали со гледање се навлекува некакво зло? Има ли врска класично баење, астрологија и тарот? Дали астрологијата е грев? Дали тарот картите се грев?
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Машки
    Гатањето, баењето, ѕвездочитањето (астрологијата), верувањето, дека ѕвездите, планетите и месечините влијаат на животот се грев.
    Со соништата треба да се биде внимателен. Ретко кога носат вистинска порака, почесто се демонска замка.

    Не само што оние кои се занимаваат со гатање и баење треба да се откажат, ами и оние што одат кај нив треба да се покајат. Одењето кај бајачи и гатачи е откажување од Бога.

    Не сакам да ја коментирам Дракче (и' ја прочитав објавата на фејсбук), ама колку што беше гатачка, толку и' е покајанието. Значи вистинско покајание е да признаеме, дека грешиме, да ни биде криво и да се мразиме себеси затоа што сме паднале во гревот, да појдеме кај свештеното лице да се исповедаме и никогаш повеќе да не го направиме истото, а не да бараме оправдување за грешките. Пример за покајание е Мирјана (Мина) Даниловска. А Дракче, Господ нека и' даде прво покајание, а потоа и исцеление, за жал мене ми личи на човек, кој си тера бизниси и сака да си собира пари со лесно и без мака. Преку "толкуваење" соништа, организирање на патувања по светињи, сега со готвење на храна за која треба да стои предупредување - не пробувајте дома, претходно и по фб зчоупотребуваше групи за самопромоција итн.

    Ај сега ќе напишам и еден пример, кој ми остана длабоко врежан во сеќавањето. Пред дваесетина години во пожар во Скопје загина една студентка. И видете ја мизеријата (тогашна) на Дракче. Пред да загини девојчето и' се јавило на Дракче (имаше емисија на А1) да и' го протолкува сон во кој се причестила. И потоа Дракче, саморекламирајќи се, тврдеше, оти не и' кажала, дека (само според Дракче) причестување на сон значи смрт. Ама знаела...

    Ај сега јас да пишам вака јавно, во врска со истово, многупати сум сонувал, како се причестувам, па Богу фала ништо не ми е!
    Патем Дракче се фалеше, како завршила нумерологија на Ломоносов во Москва. :D Мизерно. Господ да и' даде вистинско покајание, да и' го продолжи земниот живот и да се удостои и за вечен живот.

    И уште ова, никој кој се занимава со гатање и баење аир и бериќет не гледа! Зошто, затоа што Семилостивиот преку земните несреќи сака да приведе кон покајание. Им умираат децата, им оди се' назад, ама сето е за поттик на покајание и преумување.
     
    На Thirlwall<3, Tanjamm и kuc им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.808
    Допаѓања:
    14.351
    А таротот? Знам жена што се занимава со ова, баш брзи и лесни пари, ќе каже 3-4 реченици кои испаѓа дека немаат врска со реалноста, и имаше отидено во манастир и пишала дека не го заборава Бог за се што и дал. Демек и дал шанса да заработи пари и плус фалби како е успешна. Во суштина најлесно е да најдеш некои опседнати со иднината и да им кажеш, ќе запознаеш некој на плажа или пред банка или на некое друго јавно место.
     
  9. -♡-

    -♡- Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    146
    Забранети се сите тие пракси во христијанството.
    И да, влијаат негативно во животот затоа што влегуваш во директен контакт/пакт со ѓаволот.
    Screenshot_20250803_103927.jpg
    Screenshot_20250803_104628.jpg
     
    На Mumoftwo30, Orthophill и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Машки
    И тарот и читање на дланка и гледање на кафе, грав, топено олово и не знам што уште не. Искрено не знам, зашто сум немал такви искуства.
    Тоа што одат по манастири им е за самопромоција и ништо повеќе. Реклама. Како што се рекламира за се` и сешто.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.335
    Допаѓања:
    33.685
    Пол:
    Женски
    што е со Мина?
    можда мојата љубопитност изгледа како трач муабет, ама многу ја почитувам и баш ме заинтересира.
     
  12. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    235
    Може некој да објасни за проклетствата како се толкуваат во христијанството? Се пренесуваат на поколенија? И кое е објаснувањето.

    Знам дека Бог е праведен и сезнаен, сигурно има причина само сакам појаснување зашто е така.

    @Orthophill
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Машки
    Таа е пример за вистинско покајание, како од слугинка на ѓаволот може да се стане вистинска Божја ќерка.

    Мислам дека имам пишувано, но ќе пишам пак.

    Проклетствата (клетвите) се фаќаат само кога оној врз кого се фрлаат сам ги прифаќа. А, како може да прифатиме проклетство? Ако живееме неевангелски живот. Што значи тоа? Нема да спомнувам убиства, обесчестувања и силувања, осакатувања и слично, ќе се задржам на грабежите, нешто што секојдневно го гледаме и тоа најчесто не се ни смета за прекршување на законот, но може да доведи до грев и проклетство и тоа наследно. Еве на пример, кога некој држи монопол со трговија и неправедно се богати. Пример купува некојси производ од производителите за 1 денар, а потоа го препродава за 15 денари. Таквиот човек ги искористува и злоупотребува и производителите и потрошувачите. Тогаш си навлекува проклетство и како може тоа да се продолжи на потомците? Така што тие ќе ги користат наследените богатства. Како да се излечат наследниците од тоа проклетство? Да се сетиме како митникот Закхеј, се избави од проклетството? Така што вети, дека се` што неправедно зел четворократно ќе го врати. Така и тие треба да вратат и потоа да си продолжат со животот. Господ ќе им прости и ништо не ќе им можат дури ни клетвите.

    Ако не грешиме, или ако за нашите гревови направиме дела спротивни од гревот, тогаш проклетството не ни може ништо.
     
    На TrueToMyself, Mumoftwo30, lorenn и 2 други им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.624
    Допаѓања:
    17.380
    Каде во Соборна или др црква во Ск, има икона на св. Злата Мегленска?

    И бдв знам особа што пее во црковен хор и према мене е себична, сакам да кажам тешко е да се биде христијанин, сите грешиме.

    Ама упорно сака се да знае, сум помогнала и јас кога ќе дојде да прашам за помош, само нафрлени инфо добивам, и заобиколени и општи.

    Така да не ми значи ако некој пее во црковен хор е нз што.
     
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Машки
    Што подразбираш под тоа тешко е да се биде христијанин? Сите грешат и поповите на крајот сите сме луѓе без разлика кој колку пати влегол во црква.

    Како мислиш спрема тебе е себична?
    Може ти кажува онолку колку што знае.

    Незнам што очекувате од луѓето што се верници, што треба да прави?
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.624
    Допаѓања:
    17.380
    А бе знае работи, само не кажва. Сака да знае нешто, те прашува, и кажуваш , а не дава инфо ко ќе ја прашаш нешто.

    Очекуваме да си помагаме помеѓу себе.

    Тешко е во смисла дека не сме перфектни, грешиме со мисла, збор, кавга и сл.
     
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Машки
    Ако она не знае или не сака да каже прашај некој друг.

    Треба да си помагаме да, ама ако некој не сака да помогне нема потреба да му се суди може има и причина за тоа.

    Секако дека не сме перфектни и христијанството не бара да бидеме перфектни, бара пред се да веруваме во Исусовата жртва, и да се покаеме ако сватиме дека сме грешеле. Далеку од тоа дека некој може да живее според законот.
     
    На Elenpelen и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.624
    Допаѓања:
    17.380
    Може не сака, ама пак не ја прави христијанин, ниту мене ме прави што и судам.

    Муабетот е мене, стално ме прашва, почнав на мутава да се правам пошто не заслужва ништо
     
    На Mr.Limonko и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    4.364
    „И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко„
    - Евангелие според Матеј, гл.5 стих 48
    „И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен„
    - Ев. според Матеј, глава 7 стих 24
     
    На GirlLove и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  20. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Машки
    Ама никој не е совршен, освен исус.