Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    На kravce, Cacy, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Моментот кога сакаш да постираш нешто во темава а пред тоа ги читаш останатите текстови.
    Како преживуваат семејства со 6000,10000..
    Како народот во Македонија преживува,а не живее.
    Како си ја олеснуваме душата плачејќи на филмови...
    Во секој споменат текст,се пронајдов.

    И што да напишам јас? Од каде да почнам? Каде да завршам?
    Ах животе.
     
    На Adi888, zarah, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Бре, ама побожен ни е народов.
    Убаво, правевте крштевка за малата, убаво...
    ...ами тоа во хотелот што беше? Свадба ли? Па бонбонче за секој гостин, па украсување главна маса ,абе чиниш во истиот ден зборот го дадовте за девојчето!
    :puke:
     
    На Peppermint, Trendafilka, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Има некој стан да ми даде од кирија :wasntme:
    Ако продолжам вака мајка ми ќе ме исели, секоја вечер т.е. сабајле ко станува за на работа ме заварува како гледам телевизија :D :D

    Сеа сериозно еве го скоро 6 а ја абер немам да легнам, пробав се стуткав во креветот, се покрив преку глава, изгасив телевизор, светло и ништо по 5 мин станав и пак го вклучив телевизорот вртев низ тоа каналите и ништо посебно, уште еден обид да заспијам беше неуспешен, па решив да си станам да си направам едно нес и да си седнам тука, да гледам како денот полека се раѓа....
     
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И како после да не ја сакаш бре, како :D иде сонлива у мојот кревет, ме гушка, ме бакнува и за минута е пак успана, ми промрмори сакала за појадок тост и варено јајце и продолжи да си сонува :D
    И да со многуу љубов и го напрајв тостот :!:
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    А-хој!
    Мх, ништо поубаво од спиење до пладне после напорен ден.

    Мрзливо си листам низ интернетов. Слики, импресии, вести...
    Налетувам и на трагично-морбидни приказни.
    Се фрлила од мост поради дечкото што имал друга, а мајчиниов ја снимал со мобилен, за ако го гони полицијата, да докаже дека не е тој крив. Мозок види му бе. :fubar:

    Деновиве сум и самата во неугодна ситуација. Навистина неочекувана.
    Гледам колку било лесно, а пак не сфаќам како би можела да си дозволам јас да сум причината да растурам нечија врска?!
    Е, како бе? Таа до него си го сака, умира по него, знам дека ќе пати и ќе ме/не проколнува, а јас да си го ладам газот само затоа што нему му текнало дека наводно “ме сака“, па? Да ми ласка?
    Не, не и не. И како би можела да се полажам, да речеме и кога би ми се допаѓал, пази допаѓал, што не е случајот, ама да речеме. И јас поради мое допаѓање, да се залетам да растурам Љубов?
    А, да не се лажеме, можам јас да изигравам и да се чукам ко 15 годишна демек сум толку заљубена, ама моето не би можело да биде љубов, не можеш да сакаш некого ако не си бил со него, симпатии да, но тој платонизам останал во класичните периоди.
    А, денеска, освоениот плен веднаш станува неинтересен, па, зошто така бираат да се валкаат?
    И зашто јас би се трескала по некој што ми покажал некаква емоција, па ко мува без глава да се залетувам, без да мислам на последиците?
    Не, првенствено срам да му е на тој прв што приоѓа! А, после и на другиот, ако падне така ниско.
    Оди види го и овде мозокот. Да си ставам белег на нешто чисто, поради некаква си желба за размена на плунки со личност поразлична од партнерот?
    Не би се осудила ни под разно, зошто знам колку боли да патиш од зеленост и инаетливост на некој кој сака да се докаже дека е подобар од моменталниот дечко/девојка, а уште повеќе боли кога после сѐ што си направил и низ сѐ што си минал, другиов се одлучува за полесната опција и те остава така избезумено, на цедило, ко да си најнебитен партал, само затоа што ете “и даље ме желе“, подобро е да си го тргнеш газот, отколку да расправаш. На чест нека е.
    И се чувствувам ниско , ко некаква си втора опција, шупелка.
    Кога ќе размислам па дека дури и во сопствена врска дојдов до дереџе да бидам втора опција за двоумење и одново да се борам за место во нечие срце и да се докажувам зошто јас би била правилниот избор, а не новопеченото, па и полесно ми е вака. :D

    И сега? Треба да изгубам другар или да изгубам на морали и вредности.
    Ќе простиш другар, ама си ме разочарал.

    У материну.
    Пазете на постапките, сериозно.
    Убав неделен ден.
     
    На marama, malechkata, caroline.costa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Од утре понеделник стартува со работа новата телевизија А3. Целта ке биде да се продолжи таму каде што застанаа со А1 и А2.Новата телевизија А3 ке понудат нешто поразлично а не веке поминатите турски серии. Исто така околу 80 % од стариот персонал ке се вратат така да ова би била новата А1 телевизија !

    Ајде да видиме! :D
     
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Петок и Сабота најубави денови од мојот живот. :D Лудување, пеење, заебанции.. Ма све најбоље. Во петокот едвај дома си тргнав. Од толку шо ми беше забавно не ми се идеше дома. :rofl:
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ах...музиката каков лек е за душа, подобар, здравје.Секогаш ќе постои нешто кое ќе направи човек да се почувствува убаво, подобро и ќе направи човек да подзаборави на суровата реалност.

    Очи ме болат,глава ме боли, ми се спие...ама нема врска, ќутам и продолзувам ко ништо да не ми е...

    Луѓето бараат искрени луѓе, а кога човек им говори искрено, се лутат.Зошто бараат нешто за кое и самите знаат предвреме дека нема да го прифатат? Мислам општо.

    Тоа е зивотот, некогаш врне, а некогаш сонце грее.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Секоја недела станувам со главоболка :( толку мие нај мизерен ден го мразам :devil:
     
  11. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Утрово се разбудив мислејки на тебе ,со денови веќе не сум те сонувала нит сум се будела со мислата кај тебе ,незнам зошто е тоа така .Веројатно сватив дека само потешко си правам на себе со тоа што тажам по тебе .Помина година веќе ,на никој не му се верува ...како вчера да беше ,тој топол септемвриски ден кога седев до тебе и ти го галев безживотното тело , во бунило не сваќајки дека те испраќаме и последен пат те гледам .Болно ни фалиш на сите ,иако јас сега помалку го покажувам тоа ...уморна сум веќе од плачење ,болката си ја чувам љубоморно во себе .Но не сум те заборавила знаеш и ти ,знам дека ме слушаш секоја вечер кога ти зборувам.Секој миг плаче онаа на која и беше чедо и ја разбирам сосема ,јасно ми е дека ке плаче до последниот здив па зар има поголема болка од тоа да го изгубиш сопственото дете?!Не.Плачат и твоите сестрички ,најмалку 10 пати во денот ке те спомнат едноставно неможат да се помират дека го изгубиле помалото братче .А јас ? Јас мислев дека оној ден заедно со тебе ,ја закопаа и мојата душа .Но не било така и знам дека си горд на мене ,барем заради тоа .Чуствувам вина за многу работи што ги направив ,пред се додека беше жив ,но и за некои што се случија откако си отиде таму од каде што нема враќање.Но луѓе сме грешиме и ќе грешиме се додека сме живи ,барем со тоа се тешам . Јас сум сега возрасна личност ,научив да се борам со препреките во животот .Жално е што мораше да те изгубам тебе за да созреам и да се опаметам но тоа е одлука на горнион ,и со тоа се тешам ...Поретко и те посетувам ,никој не ми ни кажува дека ке оди на гробишта од таа глупава причина јас да не се растревожам - какви луѓе ејјј ,можно ли е да ме здоболи нешто повеќе од тоа што те изгубив .Но јас те чуствувам ,го чувствувам понекогаш твоето присуство...Ти фалиме знам ,колку ти на нас уште повеќе ние на тебе .Не замина спокојно ,замина ненадејно ,не стигна да се поздравиш со оние кои ти беа најважни .Знам дека ги отвори очите од таа пуста желба да си ги видиш дечињата ,но нив ги немаше за последен пат да се поздрават со тебе .Малата појде во школо ,расте и многу е паметна сваќа дека нешто не е во ред но незнае каде да го најде објаснувањето .Зошто одеднаш те снема ,а до вчера и беше се ,и татко и мајка ...?!А малиот... он те спомнува ,уште не разбира ништо и невино верува дека ке се вратиш од "Америка"...кога и да види твоја слика прашува за тебе ...а нас срцето ни се крши од болка,како да им се објасни на тие невини души дека судбината била толку неправедна кон нив ?!Можеби не сум секој ден со нив ,но си ветив и себе и на тебе дека ке ги чувам се додека сум жива .Знаеш и сам зошто не сум таму секој ден ,неможам да ја гледам неа...едноставно неможам да поднесам толку нечовечност во само една личност .Можеби сум себична ,но јас сум убедена дека сум во право.Јас те изгубив тебе па сега ке се замарам да правам лице на некој што не ми е ништо ,а и зошто да и правам лице не сум таква личност јас .Несакам да ја гледам освен кога морам,само заради тие две ангелчиња можам да пројдам низ се и да се правам дека не постои .Незнам ни зошто воопшто ја спомнав ...прости ми ако грешам ама ме знаеш каква сум не сакам НЕ-ЛУЃЕ во моја близина и тоа е тоа .
    Ехх колку работи се сменија ,да беше тука само да беше тука бар на еден ден да можам да ти ги кажам сите овие работи НО НАЈМНОГУ ОД СЕ САКАМ ДА ТЕ ГУШНАМ СИЛНО (така како што ме гушкаше ти,во еден сон) да те гушнам и да ти кажам колку те сакав и ми значеше .Никогаш нема да си простам за некои работи што ги направив ,иако можеби ти ми прости јас неможам никогаш .Зошто не сватив порано дека се што правеше правеше за мене ,се бореше да станам подобра личност а јас тоа никако не го сваќав ,си мислев зошто упорно ми се мешаш во животот ...ццц кој живот, јас сум била недораснато детиште а ти само се бореше да станам добра личност .Камо да останев тоа несозрено детиште а ти да беше со НАС .НО...тоа е што е .Нема назад .Тебе те нема а животот си тече .А ЈАС СЕ ТРУДАМ ,растам и учам да ги ценам убавините на животот .Порано бегав од моите а сега гледам секоја слободна минута да ја поминам со нив ,и само се молам семејството и најблиските да ми бидат живи и здрави ,се друго само од себе ке си дојде .ФАЛИШ ,НИ ФАЛИШ ДО БОЛКА ...кад тад ке се сретнеме таму горе и ке ја имам можноста да те видам пак а до тогаш ке давам се од себе да не те разочарам и да те направам горд на мене ...!!! А ти чувај ме од горе биди мојот ангел,зошто тоа беше на земјата а сигурно и таму горе фалело еден па затоа Гопод те зема толку рано,толку млад и жеден за живот .

    (Можеби ова не е соодветното место за да ти ги кажам овие работи ,но морав некаде да се испразнам)
     
    На marama, cinderella5, Sara123 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Темава... Каша-попара. Има тема за концертот од вчера, muzika/koncertot-na-garo-i-brakata-tavitijan-na-08-09-2012-t14196/160.html#p1300370
    има тема за честитање kafe-muabeti/cestitki-t2206/
    тема за независноста, kafe-muabeti/republika-makedonija-20-godini-nezavisnost-t8278/
    за честитање родендени, kafe-muabeti/sreken-rodenden-t998/
    Ве молам да постирате во соодветната тема.
     
    На cinderella5, Glossy-girl, sunfemina и 4 други им се допаѓа ова.
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Тоа ти е народот злобен и пролет и само гледа да те пецка каде што боли, ти доага и вели:
    - Еј знаш што разбрав? Горан си фатил женска некоја мала и бушава.
    - Е арно де со среќа нека му е... иако тоа не го милсам

    Релано ми се пресекоа нозете за што за после да дознам дека не било вистина.
    Зошто ширите информации за кои што не сте сигурни? Е мили мои тоа се луѓето секогаш наоѓаат начин како да те погодат каде што ве боли, за да го видат оној грч од болка на вашето лице, но вие никогаш не покажувајте дека таа информација допрела до вас!
    Јас добро сум, еве полека полека си го средувам животот почнав да работам, работата не е којзнае што, но битно ќе си земам некоја паричка и барем ќе можам да си додадам работно искуство во CV - то.
    Повторно почнав да се радувам и уживам во животот, ја затворив онаа книга која ја пишував седум години за жал заврши со тажен крај, но јеби ја тоа е животот. И на крај овој пост ќе го завршам со потписот на нашата Ивана :
    Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!
     
    На MacaLove, zarah, marama и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто во се можам да се контролирам а кога љубовта е во прашање како хипнотизирана правам работи кои не се својствени за мене?
    Страв, ме совладува. Па повеќе размислувам за иднината со него отколку за факултетот и другите работи кои подоцна ќе ми го "даваат" лебот.
    Борбата на срцето и умот е вечна, и искрено повеќе сум на страната на умот, срцето само се глупира нешто цело време.
     
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Јас сум ти баце, стар хејтер.

    Хејтам што лугето го гледат мојот факултет како шега, и го зеле она здраво за готово дадено од предходната генерација дека секој завршува,
    затоа уште се влечат со испити.
    и дека не е ни факултет туку бил некој курс. :headbang: Чекајте да си ја треснам главата од ѕид уште еднаш бидејки до толку се глупи и незаинтерисирани да се распрашат па еднаш ис нот инаф. :headbang:

    Хејтам што кога ке одам во Ск. И кога си зборувам на дијалект ме гледаат као демек -Лилаааа која сељанка чоек. Ај мрш там ма кукошко искубана. И намерно сеа и тука ке си лафум как шо мее кејф. И хејтум и шо са диге голема фама и тука на форумут на тема провинцијалки и са генирализире тоа оти сите са испаднани од нива, имат црно под ноктите, дојдани са там да са мжат оти само Скопјајне имат нели мшки за мжувајне. И им пречело шо ного гужва правила. Шо ма пи**а ти мајчина дома да не ти седат? :headbang:

    Хејтам и што фризурата не ми е убава кога ми е свежо направена туку одкога ке преспијам еве на пример сега, неисчешлана. Хејтам и што толку млада фатив дечко за озбилна врска и ке излажам ако кажам дека не ми е мака што бевме толку големо друштво и се распаднавме. Секој фати по свој пат и сега кога како ке седнеме на едно кафе... Хејтам баце, и што немам 70 евра вишок за палтенцето од Зара што е толку перфектно што глава боли. А хејтам и што опозицијата не е на власт, па да искусам и јас колку слатко е партиското вработување. Хејтам хејтери, спонзоруши и 4 кила шминка. Го хејтам и либето што ме нервира, и хејтам што нема намера да се смени. Ја хејтам и лажната патриотска настроеност на народов, маседонија тајмлес, јеа рајт. Не сум патриот, искрено не ми е гајле за ништо што се случува во државава бидејки не им е гајле на оние на кои треба да им биде. И не лажам дека ми е гајле, оти јас сум стар хејтер :!: И после се, ние сме сеуште една мала посрана државичка од дво милионски искомплексиран народ, многу сеирџии, куродржачи, и хејтери.

    И заборавив да ви кажам дека хејтам и менструација а со тоа попратно и ПМС, што го оправдува овој хејтерски долг пост, на какви коментари и да наиде. Ај чао :hai:
     
    На marama, anabel-a, MSkorpionka и 8 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.587
    Допаѓања:
    43.112
    Пол:
    Женски
    E Дузи :bow: за муабетот.Тоа јас цело време сакам да го кажам.Која држава, која независност, мајката.И по незнам кој пат ќе кажам, патриотизам, ма се мочам на него.Што направила државава за мене и тие околу мене па да и славам празник?!ЕДНО ГОЛЕМО, ДЕБЕЛО НИШТО!!!
    Преживувам тука оти морам, оти ни за да се иселам немам пари.И така не славам празник јас, да бидам искрена и заборавив што беше 8ми септември, вчера дури се освестив и не, не се срамам ради тоа.

    Него друго ми беше муабетот.Бев на гроздобер, врти, сучи, тегли, кастри, го спастривме некако.Тоа ни е традиција, секоја година со баба,дедо, моите, тетка ми и братучедите, си бериме, се препотуваме, се караме зошто ни ја земал некој ножицата за сечење, а таа била одлична, па нареден момент се смееме и така.
    Уморна сум како да ме прегазил воз, ама и исполнета некако.
    Сега ќе си наполнам чинија грозје и ќе си седнам со книгата на тараса.
    Така женчиња, да ви кажам дека блискоста со пошироката фамилија го прави човек многу побогат, јас сум богата со љубов од нив.
    Сакајте се и почитувајте се.
     
    На bittersweet, MSkorpionka, Juicy03 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Предупредување: ова ќе е долг пост, но морав некаде да ги исфрлам токсините кои ги собрав вчера.

    Знаете ли што е врвот на манијачењето?
    Перверзен старец од 75 години кој секоја сабота седи на клупите по кејот на Дрим гледајќи млади девојки по купаќи, со надеж дека ќе 'фати' некоја. :emo:

    Не ми се веруваше кога го слушнав ова за еден старец кој живее по мојата улица. Не знаев дали да се смеам или да плачам - луѓе! Знаете ли дека можеби ме манијачел и мене или сестра ми или кое било друго девојче од улицава?
    Страшно! До кое дереџе оди народов во денешно време - дали желбата за да се подмладуваат или стравот од скората смрт им ги спржило мозоците? Не знам.
    Ама едно знам: процентот на нормални старци во нашава земја е мнооогу мал!

    Ова не го велам само заради тоа што за се поголем дел од нив слушам и гледам дека се перверзни манијачишта над 70, туку и поради други работи.
    Толку се склони кон оговарање, растурање бракови и пријателства што не можам да поминам покрај кое било старче и да не ми се згади од нивното присуство.
    Да почнам од еден личен пример.

    Велат дека сите единци се разгалени, себични и не знаат да делат ништо со никого. Не сите. Татко ми е единец, но не поседува ниту една од тие карактеристики.
    Знаете ли зошто? Затоа што неговите родители се едни антисоцијални, измамници, создавачи на интриги и оговарачи - луѓе кои имаат само основно образование, а се самопрогласени доктори на науки, со два факултети. :emo:
    Да, тоа се моите баба и дедо, со чии постапки не се гордеам воопшто.
    Мене воопшто не ми е јасно како една мајка може да има повеќе љубов за личности кои не излегле од неа отколку за сопственото дете?
    Или еден татко кој страда од толку многу комплекси што ниту еднаш, НИТУ ЕДНАШ не му рекол 'Те Сакам' на единствениот син или 'Се гордеам со тебе'.
    Срам ми е да ги наречам баба и дедо. Се срамам!
    Татко ми е најдобриот човек на планетава, се што постигнал во животот го направил без нивна поддршка, без трошка љубов или пофалба - се гордеам што имам таков татко, кој без трошка родителска љубов е сега најдобриот родител на светот.
    Никогаш не страдал од комплекси поради тоа што тие двајца секогаш му забранувале да се дружи со овој или оној, да го учи факултетот кој го сакал, па дури и поради тоа што цел живот ја мразат мајка ми.
    Какви се тоа родители кои ОЧАЈНО И УПОРНО се обидуваат да ти го растурат бракот и секое пријателство кое го имаш, само затоа што тие се вечни саможивници?!
    Фала му на Бога што татко ми има свој ум и не прифаќа ничие мислење, фала му на Бога што не е типичен единец или мамино синче - иначе, Бог знае каде ќе бевме ако животот ни зависеше од нив двајца.
    Старците кои живеат во мојот дом се врвот на ненормалното - не му помагаат на сопствениот син за ништо, никогаш не му помогнале, а кога и да се случело 'да му помогнат' секогаш истото 'помагање' му го ваделе низ нос; ги сакаат туѓите внуци (читај: внуките од ќерка од брат на баба) отколку сопствените, продаваат ниви на село кои никој не ги работи со децении без знаење од синот само за да не му ги дадата парите него за нешто корисно!!! :puke: :puke: :puke:
    Бесрамници, тоа се тие! Се срамам што сум некако поврзана со нив. Се срамам од сите нивни постапки, лаги, интриги, оговарања, ширење невистини низ цел град и фамилија за работи кои никогаш не излегле од устата на татко ми само за да го скараат со негови пријатели и блиски луѓе - само за нема со кого.
    Нив ги мразам, а жал ми е за татко ми што има такви родители. Човек добар колку него не заслужил да има толку скапани и расипани родители.

    Уште ова: старци се, не им останува уште многу време, а тие упорно и упорно се караат со сопствената фамилија, а и сите останати - наместо да уживаат и да се радуваат со внуците.
    Па, да ви кажам, не очекувам ништо повеќе од човек кој 50 години е скаран со целата негова фамилија, браќа и сестри, човек кој дури не отиде ни на погребот од сестра си ...

    Доста туфкам, доволно ми се раскинаа нервите вчера - одам да се дружам со Венко Андоновски.
    А, вие кажете ми, вистина направиле и страна за пријавување на манијаци како таа за педофилите или лошо слушнав? :)
     
    На cinderella5 и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.582
    Гледај за сопствен гз моуд,активиран.
    Ве молам во наредната година да не ме чепкајте имам попаметни планови и муабети од муабетите за вашиот живот, *најбитните* проблеми во целиот свет и вашето помочано его. И јас сум егоист еднаш дневно, како и сите, тоа со сигурност, ама моето его нема потреба да биде ставено во центар пажња и да се избербатува само со хедонистички срања и комплименти. Сериозно,она е тоа нешто кое ве оддалечува од тие што можеби ќе ви се допаднат,пошто делувате како страчка што си испозалепила паунови перја.

    Кафе,смол токс, смеење, лежење на подот во дневна, глава до глава,биг токс, сврти се малку, ќе му го почувствуваш мирисот што го чини него и дава смисла,рамномерно дише,ме погледува,ќе ми се насмее, ќе ме дополни,ќе ми го фати рачето и кога...сме заспале...Убајна.

    Туку деновиве се денови на големите ега. Нема ништо убаво во сето тоа и се некако е напнато. Ај нека помине. И што е најсмешно,сите збориме за тоа,никој не сеќава дека му виси неговото над глава. Барем моето его не е болно по внимание какво што не заслужило,сериозно. И ете МОЕТО ЕГО Е ВАКВО, и ете ти пак его,моето его боледува што сака постојано да ги расправа луѓето и да ги убедува дека треба да се добри по негови критериуми и смета дека најлош тип на его е она кое сака внимание, зошто таквото е спремно да згази, убие, заборави, наштети... премногу страст му се има насобрано. Грдичко тро.
     
    На Dvolicen, caroline.costa и Gea им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... очајно ми требаше вечер како вчерашната, мислам дека скиселев како лоша туршија со целиот тој песимизам и негативна енергија која ме труе. :(
    А не дека така сакам, кој сака да е намќор, емоционален вампир, лошотија?
    Човекот не е скроен да е лош и сам. Јас барем така сакам да верувам.

    Мислам дека после мостот, воздухот мора да е поинаков. Или ставаат нешто во пијалокот, или водата, ама штом преминавме во Чаршијата, грдото Скопје стана магично и привлечно.
    Се изнапеавме, се изнаигравме, изигравав стројник на моите другарки со некои рандом шупаци околу нас.
    Работава - си имам дечко, па и да се изрезилам многу ми е гајле.
    Боже какви створови ја газат земјата... |( кој рекол дека е убаво да си сингл на овие наши години во Скопје, уста да му се исуши за таа грда лага.
    Одвратно е.

    Сфаќам дека има напувани и арогантни смрдли низ градов, ама ние си бевме расположени, комуникативни, дотеранки, намирисани... што би рекла другарка ми - се начукувам од 2 пива, жива евтинија сум, можеш да ме имаш за 200 ден. :D
    Мислам дека зборот кој најубаво би не' опишал е дека - сме скромни. И фини и пријатни (биднаа 3 зборчиња, првиот по автоматизам се поништува). :D

    Ама зборот ми е, машкиве бреј! Каква напаст, какви некултурни глупави створови.
    Седеа на истата маса од другата страна, се ѕвереа како ненормални, ние 5, они 4, никој бре да не кажеше едно здраво... на крајот ми прекисна, аман бре викам, маса делиме, едно здраво не можеме да си кажеме.
    Џабе, со масата ќе имав побогата конверзација.
    |(
    Трупојни, се џари и ѕвери, трепка со очите, а уште по погледот сфаќаш дека е глупчо.

    Друг па еден, многу бил убав, отидов и го довлечкав да се запознае со другарките.
    Викам - не си ласкај сега пак ти, оти рековме дека си убав, не станувај вообразен и некултурен.
    - Ама женска имам јас, еве ќе ти ја покажам на мобилен!
    :rofl:
    - Убава е?

    Ма прекрасна. Ајде гони се. :D
    Добро, барем искрен беше човекот. Каква реткост денеска. И малку повеќе збунет од нападот.
    Веројатно имал кошмари ноќеска од банда жени.

    А во Галерија8 збирштина од невкус, запотени мишки, прекуси здолништа и напалени типци.
    Оф сингл животу, не ми фалиш ама ич!

    Синоќешното искуство ме натера по којзнае којпат да сакам да го гушнам дечко ми и никогаш да не го испуштам од рацете.
    Да сум благодарна на фактот што постои како таков и да го ценам уште повеќе.
    Сум му спремила и пакетче од омилените работички - киндер јајце, животинско царство, гумени бонбони, чоколадно млеко.
    Ќе го поткупувам, што да се прави. Во спротивно, ќе се изгубам низ тунелчињата околу Галерија и ќе завршам со некој ропак што "случајно" ми се удира во цицки.

    И така, сите грижливо и трпеливо заштедени парички отидоа во неповрат.
    Ако, за убаво.
     
    На anuskaNESTLE, Monna.Monna, Shelea и 31 други им се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам дека баба ми е многу болна.
    Сега ќе тргаме кај неа во село, а немам сила да се мрднам од креветот.
    Немам, стравот ме заробил.
    Не знам дали вака мириса крајот или ќе се случи чудо?
    Немој сега да ми ја земеш Господе... немој.

    Сакам да кажам, животот е срање.
     
    На Monna.Monna, zarah, anabel-a и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.