Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Многу тежок период. Многу тешка година.
    Ве удавив со кукање на форумов деновиве. Ко издувен вентил ми е!

    Се изгубив себе, очајно се барам. Очајно ми треба старата јас. Ја нема.
    Каде се изгубив? По патот кон него? Или по патот кон самата себе?
    Не може да ме поднесе ни он, а ни јас. Дури него и подобро му иде.

    Веќе не правам ништо. Ви ветувам вас. Одамна се прегазив кога почнав да си ги кршам сопствените ветувања. Затоа ќе ви ветам на вас, за да се обидам да не ве разочарам!
     
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Хах...
    Освојуваме 4то место во Европска кошарка - цела Македонија квази патриоти, слави, урла, квичи.
    Освојуваме златен медал на светско првенство во кик-бокс - nobody gives a fuck.

    Македонштина... |(
     
    На Monna.Monna, Divinebutterfly, JoxyTheFreak и 14 други им се допаѓа ова.
  3. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Денот е прекрасен,јас се чуствувам прекрасно немам потреба од ништо друго,околу мене се само луѓе кои ги сакам кои ме сакаат,едно нешто го чекам со нетрапение гушкањето со моето најмило во неговите прегратки сум толку опуштена едноставно немам страв од ништо.Утрото ми започна со насмевка па знаев дека денот ќе ми биде уште подобар едноставно еден убав семеен ручек кога сите твои најблиски се до тебе те полни само со позитивна енергија,јас си ги наполнив батериите и да спремна сум за нови предизвици,да не заборавам да кажам дека денес бев толку многу работна што едноставно моите беа изненадени :* до вас мили феминки имајте прекрасни моменти со оние кои ви значат и ги сакате :)
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Ехо, обратете внимание и на другите теми, феминките прашуваат и чекаат одговори.
    Сакав конкретно за мене да кажам де :angel: .
    Фала на вниманието, чаопријатно.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СД се [​IMG]
    Омилена фраза што сакам да ја кажам е „ ти реков :wasntme:
    Омразена фраза што кога ја слушам ми ствара нагон за убивање е „ти реков ]:) :geek: “
    Денес, ден...пффффффф...
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Новата фризура ми придонесе да се чувствувам поженствено и ми ја подигна самодовербата,промена на фризурата е она што би и требало на секоја девојка :)
    На запад ништо ново,два дена пред да започне колоквиумската недела а јас ич не се замарам,учев ќе учам пак,ама фактот дека прв пат ќе го започнам ова полагање не ми носи многу стресови,ич не сум потресена а првиот пат би требало да боли зар не ? :D
    Вчера интересно,убаво,мили фацки пак околку мене,тој до мене и ништо повеќе не ми е ни потребно,ме разнежни многу,душа ми е :)
    Чистите вотки ми направија експлозија од љубовни состојки,фала богу што овој пат не беше Вотка са утехом :P
    Сабајлево се пробудив со голема главоболка (ако ми е) со кафето до мене и книгата во раце го дочекувам понеделник ;)
    Вечер.. Па да,ќе се пие црно винце и ќе се ужива во муабети со драги особи,зошто да не,имам време јас за се,ама затоа утре ќе се затворам и се туто-комплето ќе набубам.
    Тоа е тоа,имајте убаво попладне и убава ноќ :)
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Значи!

    Нема подобро од:
    - шетање на Водно со драги луѓе, пиво и сонце
    - разговори по улички покриени со жолти лисја
    - доаѓање дома, празен стан, наместени кревети, и домашен хамбургер што ме чека на маса!

    Има подобро.
    Да си жив и среќен поради тоа, намигнувајќи му на светот! ;)
     
    На kate21, TeddyGrey и Neytiri им се допаѓа ова.
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Е тогаш ќе сме нереални, и ќе мислиме дека би простиле...
     
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...се разочарав од моето најмило Скопје-ми требаа 4 саата за да најдам саглам фармерки...Како да ја барав најневозможната работа на свет, а не најпрости, едноставни тексас фармерчиња :tmi: :devil:
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    За сетила да почнат да ти попримаат божествени емоции, во вака небожествено време (читај, време на колоквиуми и стресови и нервози), треба да си направиш сам на себе божествени работи. :D

    Пример, да си направиш какао.
    Не било какво какао, ами со малку румче. :wasntme:
    И да си го ставиш во чаша од половина литар, и да си ставиш цевче, и чадорче, и да си го пиеш како да си на плажа, а ти се сунчаш, мириса на море и на млеко за сончање. А гајле да ти е дали надвор е ,,гомносмрзнувачки,, ладно, дали имаш или немаш врска германски и дали ,финден, оди со акузатив. Ма нека оди по ѓаволите, така најмногу ми одговара кога склопувам реченици. :D

    Или да си пуштиш песни од Арета Френклин.
    Ми иде да ја земам четката за фенирање и да пеам, иако грчам повеќе. :D

    На огромна жалост, морам да си ги заживувам сетилата за убаво со вакви работи, да ги залажувам троа од троа. Одвреме навреме, да ми дојде топличко на душичката. Па да посакаш да се одвиткаш од зимското ќебенце, да си ги соблечеш калците и да си го потргнеш газот од пред греалката (за стилски ефект, читајте каминот :rofl:), и да отидеш скокајќи, и рипајќи и фул со енергија.....

    А, бе, кај ќе одам, ладно е. :D
    Седи си мадро Дузи, после ќе киваш. :fubar:

    п.с. Why is the rum always gone ?! :^)

    [​IMG]
     
    На vitomir, Monna.Monna, SexyLady и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Немам нешто инспиративно да кажам во моменти кога во наредниот период ме очекува првата колоквиумска недела. Ништо посебно. Учи, малце излези, пак врати се, пак седни учи. И така.

    СДК нешто друго. Човекот кој најмногу ми згреши во животот, кој сум го проколнувала, сум молела некој да му врати на начин како што заслужува, човекот за кого сум каам да признаам дека сум била некогаш во врска, дознав дека го претепале. Нека ми прости Господ, ако се ситам на туѓата несреќа, но тој човек и те како заслужи да му се стори тоа. Ако не јас, некој друг. И онака ќотекот е единствената болка која може да му се зададе на таков ладен, бесчуствителен монструм.

    Поздрав, феминки. :hug:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    СДК...
    [​IMG]
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Дузи аватарот :inlove:

    Јас, шо да ви кажам... вчера шетав, се релаксирав, муабетев, играв, пеев, љубев преку телефон, чистев... и во ниедно време заспав.

    Денес учам. т о л к у.
     
    На vitomir и Doozy им се допаѓа ова.
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Ама убаво и хармонично ми помина денот. Конечно некој да го разбие сивилото на секој единствен ден.
    Утрото ме разбуди гласно зборување. Иако долго време не го бев слушнала знаев дека тоа е гласот на дедо ми. Баба ми скоро почина :( , сега е сам па ни дојде на гости. Уште од мала ме вика и сеуште ме вика џивџан или џиџван а што му значи не знам, важно ми фалеше овој збор :) .
    Од порано не сум го слушала што муабет прави ама денес слушав колку само е паметен. Ми се чини некој друг да го слушаше, ќе беше само површно. Јас ги впивав сите негови зборови. Ми изнакажа еден куп прости совети а да ги паметиш за навек. А ќе речеш старче, излитен, паметот му забегал ама не, тој и баба ми беа најмладите старци (во душа) што ги познавав. Баба ми до последен момент се чуствуваше како млада мома. Сега сфатив колку ми фали :( .
    Досега немав почувствувано дедовска љубов, денес сфатив колкава празнина е да немаш дедо дома или во близина. Ќе ги терам моите почесто да го посетуваме.
     
    На vitomir, Miss-Independent, Sparks и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    На vitomir, Divinebutterfly, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    СДК само неколку збора. Го сакам. Него. И него. И тато и бате и мамичка и бабичка и дедичко. Ја сакам нејзе, нив двајца... Сакам уште неколку. Ги сакам нив. Сите и до пола. Така сакам да сакам. И за крај. Ве сакам сите вас. Ај гитла сеа. 8)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    На vitomir, baguf4e, trendafil1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На vitomir, Divinebutterfly, beached и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ооо магично попладне :sun: со Сестра ми.
    Улица Македонија - Илинденска - Ленинова - Партизанска - па некој непознат булевар - Иво Лола Рибар - па онаа нашата добропозната пред Њуејџ - Св. Климент - Соборна - Каст‘м - Ацко на плоштадот..... Може ли круг да се нарече ова? Повеќе како испреплеткана осмица му доаѓа. Како било де, битно се изнашетавме, не‘ болеа нозете, па сега ги одмарам во новите папучки.

    И да, ми мрзнат прстите од сета вода и од ладноќава во собава, ама срцето ми е топло од гостите кои допрва доаѓаат :l:
     
    На vitomir, mims-89, Bright и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.