Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакав снег а не дожд!!!!!!!!!!! :@ :@
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.468
    Сдк дека го добив својот подарок за нова година,божиќ,дипломска,5 наредни родендени!!! Не можам да си ја опишам среќата,морав да споделам. Мојата мила родителка ми го знае пулсот како уште да ме носи под срцето,а родителов машки само рекол гласно ДА! на нејзината сугестија!
    Снег ќе ве молам,за да ми ја дополни среќата што ми го зави срцето! И топло чоколадо и џинџер бредс за сите!
    Се сеќавам како ми беше кога се разделивме,плачев,ама тоа беше,немаше поента повеќе и своеволно се откажав! И никогаш не преболив и сега...ни во писмото на дедо мраз немаше да ми текне да посакам,иако често спомнувам и се извинувам на себе,на чудото,на половичните желби и сакатоста на реализацијата која остана сроната и глупа!
    Ме шашардисаа од убавина!!! Леле колку ќе го гушкам и ќе носам панделка во косата!!!
    Па и дуњите на баба ми почнаа да мирисат! Мириса бре на детство!


    А и друго,сега да ме праша зошто прекина,ќе му кажам затоа што сега планирам да продолжам!!! А не како пред 3-4 години кога му реков,па немав време,не знам...и гледав празно!

    Еј и да,мазeл тоф! Хауинка е денес! Ви реков пред некој ден дека ја славам,зошто евреите почнаа да слават крисмас! :D
     
    На crazylady, Buttterfly, caroline.costa и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
  4. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Сдк ... моментално другарка ми чита по форумо така да еден голем поздрав до неа :D <3 hug ^_^
     
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Одете на гугл и напишете let it snow :)
     
    На Lepaaa и LaChiquita им се допаѓа ова.
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    6.744
    Не треба да се обидуваш да убедиш некого колку вредиш, доволно е малку да почекаш да се појави некој кој веќе го знае тоа!
    Кога ќе размислам подобро и вистина е ова . Што ако се спремаш цела вечер за излегување , го ставаш најубавиот фустан на тебе , се спремаш 3 сати за еден единствен негов поглед. Додека на некој ќе му се допаѓаш и со најшироките тренерки што ги имаш ..
     
    На crazylady, Rock-a-Fella, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.909
    СДК незнам за каков снег сите зборуваат... или јас неубаво гледам или снегов е невидлив... Едно од нив мора да е... :fubar: до мене ке да е...
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Уморна сум од личности што мислат дека знаат се... дека секогаш се во право без исклучок. Дека тоа што е нивно е најдобро, најубаво, најценето. Не престануваат да те убедуваат дека ништо освен нивното не вреди. Преку глава ми е од таквите. Одвратно е, нешто посилно и од нарцисоидност, незнам како да го наречам.
    Но уште полошо е ако човек си дозволи да го обесхрабрат таквите личности и нивните коментари. Се што треба е да верувате во себе. Не е толку комплицирано. :)
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.048
    Допаѓања:
    123.937
    Се трудам да ме фати Новогодишната еуфорија,ама не сака бе! Не и не,џабе купив украси,сијалички,сеедно ми е........
    До кај залутав за да не се радувам на вакви празници?Ми беа омилени.Топлата хармонија дома.Откако ни фали нашиот најмил,ги замразив ваквите празници.Ме враќаат на убаво,носталгично време,ама ете не ги сакам без него.Мразам кога на Бадник ми капнуваат солзи на чаршафот,кога ја гледам неа како со полни солзи очи и насмевка која не и оди ,се труди да направи убава атмосфера,ко претходните години,ама јас сакам од него благослов.Ете мене место еуфорија,ме фаќа депресија.Не сакам да ја гледам сама за Нова година,кога со него си поминуваа лудо и незаборавно.И да ќе кажам,едвај чекам да поминат.Овие и сите други.Ги доживувам многу тешко.
    Ама ете,ми направи радост мајка ми,која како мало дете ја кити елката со многу радост.Китејќи,случајно и се скрши еден лампион,леле утепа кукајќи како и бил омилениот! Направи прекрасни аранжмани со гранчињата елки од нашиот двор,негувани со многу љубов од мојот најсакан тато.Стави убави свеќички и убави украси,и ги нареди на новогодишни чаршавчиња.Мерак ми е кога ја гледам радосна.Се радува на мали нешта,па не останав должна по пошта да и испратам честитка.Секоја година и праќам честитка по пошта,зошто ја радува многу.Веднаш си ја става до елката :) Ко детенце е .Цела опфатена од еуфоријата.
    По незнам кој пат,ќе ви кажам дека ми фали мојот татко.Незнам,може ќе превртите очи,може сум досадна,сите знаете колку ми фали,сум си кажала безброј пати,многу ми пратиле пораки со утешни убави зборови кои многу ми значиле,но ете чувството е многу големо па и премногу....и тешко се носам со него....
    Минатата недела бев да ја закажам свадбата.Тој термин што го сакав ,не беше слободен.А јас цело време бев со солзи во очите.Ми рекоа-абе ти будала си ,плачеш зошто не е слободен тој термин?Единствено мајка ми која беше со мене,знаеше зошто.Кога се вративме ме гушна силно,а јас како мало дете плачев и викав на глас -тато сакам да си со мене на тој ден!Сакам да ми кажеш да не се нервирам,сакам да се појавиш од некаде ,од било каде,те сакам до мене...........И сега ми доаѓа да викам...........тешки моменти,знам знам дека треба да се радувам,се радувам ,но него го сакав најмногу ;(
     
    На CIA, ines.h, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.830
    Допаѓања:
    25.614
    Пол:
    Женски
    Се',баш се' околу мене е некако нелогично и контрадикторно,насекаде неблагодарни луѓе,кои те прават себичен поради нивна грешка,но бесот на некој мора да се истресе...
    И секојдневната класика со која се среќавам, најпатетични и 'најнесреќни' се оние на кои животот им е блиску до совршен и што никогаш во живот не виделе што е тежина,бол...

    Ништо ново..
     
    На julie77 и eli25 им се допаѓа ова.
  11. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ќебето стуткано во дланки,не ми се пушта. Сакам да се протнам под него, и да одморам глава од се на светов. Потоа ќе започнам да дишам полека. Имам чувство дека во еден здив правам безброј работи. Сакам да се издишам и да ми олесни на срцето. Да ги впијам сите убавини околу мене.
    [​IMG]
    Ќе биде. Утре е нов ден, не се знае што не чека :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    97
    ^eli25, единствено ако за во Скопје си барала термин во Матичното што се наоѓа во Општина Центар можам да ти помогнам за термин. м? :^)
     
  13. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Конечно и мојот стан ја осети новогодишната атмосфера.Веќе жал за него почна да ми паѓа.Незнам зошто по дифолот пред нова година имам најмалку планови,а најмногу обврски...
    Да се немало време за китење.Епа не отидов на факс,ама ја накитив сабајлево.Они мене нема елка :^) :D
    И да ви се пофалам ,одма добив поклонче под елката.Ви пишувам од нов лап топ.Ветувам дека од овој попаметни постови ќе ви пишувам :rofl:
    И како да не си ги сакам после моиве а?а?
    Или како да не сакам да ја гушнам Љубам после постот за мрчењето?Абе ги сакам позитивните луѓе,али уште поише ги сакам оние што се за анти-негативност.
    На! :hug:
     
    На irenna, belieber и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Од денеска пак почнав со часовите за возење . Мислев дека не ме интересира ништо околу возење и автомобили , но сега сфаќам дека не е така , всушност интересно било . Единствено ми сметаше сивилото кое преовладуваше денес , знам дека сите се радуваат на снегот но јас не сум едната од нив . Никогаш не сум ни била , уште како мало дете мразев кога ќе има снег , не ме интересираше ни Снешко ни лизгање иако сите деца беа надвор јас си седев во соба , на мало столче кое стоеше до термото , стои и ден денеска , па така се потсетив на прекрасното и безгрижно детство кое го имав . Го сакам назад , сакам пак да го проживеам иако знам дека не е можно . Не сакам да пораснам. Страв ми е ! Страв ми е кога ќе погледнам околу себе во какво време живееме , несакам да се соочам со сите лоши работи кои ги носи иднината , тешко ми е сама да направам некои одлуки во врска со мојот живот , што ако не се правилни , што ако се погрешни ? Избегнувам и да размислувам на оваа тема , но сепак е секојдневно присутна во моите мисли , единствено што сакам е вистински да созреам и да ги прифатам и добрите и лошите работи што ги носи животот.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.468
    Да?!
    И јас не сакам кога некој е ...неконзистентен во ставовите.


    Зошто гледам повеќе пати никој не се дрзна да ме посочи или да НЕ посочи,зошто јас вчера мрчев,ќе се прозвам на повиков. Прво,не знам како тоа сте засегнати,ако вие лично не сте повикани?! Второ, ако вас не ви е во интерес да бидете заштитени од секакви,ок,јас немам проблем со тоа,АМА да ви кажам дека на крајот тие што сега мрчат на мрчот,најмногу плачат и трето,поим си немате за што се работи и за кого се работи,само нагаѓате. Јас не се бавам со радио Милева информации,работата беше сериозна,а некој посреден ако се препозна,негов проблем. Со никого не беше договорено,а ниту некој знае за што се работи,освен една форумџика,како тоа сте вие видовити?! Јас мислев ќе ви одговара на сите со цел да се спречи она што се случува,дека ќе се свестите,ама изгледа сум погрешила.
    И како за крај,нареден пат кој и да слушнам дека објавил или ширел нечиј профил,фотографии и информации без дозвола,оди кај администраторите и добива санкција,па мислете му ја,а до тогаш бунете се на мрчењето се додека не станете нечија жртва на подсмев,размена на информации од секаков тип.

    Благодарам.

    Сешто значи.
     
    На Offspring, Nevermore и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    СДК не сум зачленета тука да лажам, па и да ставам слики од интернет спуштани.

    Така покажува, што да правам, имам и други слики каде што се гледа, го сликав и апаратот во огледало, да се види како се сликани...многу си ги сакам ноктите, и сакав да ги споделам.. Ама тоа е тоа, веќе нема ниту да пишувам, ниту да ставам слики.
    Се каам, барем тука можам да сум искрена, ама ете не треба да сум.
    Чао од мене! Ова е мој последен пост! :)
     
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Лилит не знам како се пронајде у моиве излагања,ама право да ти кажам ТИ нe ми беше ни на крај памет.И делот што е за некој од форумов,е за некој определен и он точно си знае,си се имаме разбрано по ЛП,да беше ти веруј ќе ти кажев директно.
    Као прво нели.
    Као второ,у тој вчерашниот пост пишував и ЗА МРЧЕЊЕТО,мада и тоа е еден вид на мрчење нели.
    И да...се однесува на луѓе кои нон-стоп се наелектризирани,и исто така нон-стоп мрчат.А не за оние кои чат-мат имаат лев ден па одлучуваат да промрчат. ;)
    Ја не гледам ама баш никаква контрадикторност.

    Шалом :)
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Оти мене ме ставате у средина моето беше глобално за овде, за твитер, за фејсбук.. не ме ставајте измеѓу, немам против никој ништо конкретно и не ми треба кавга без причина, заобиколете ме.. јас само си кажав мое мислење..
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Најтешко ми е во вакви моменти. Кога прекривката ми е единственото нешто што ме чека в кревет и само таа сака да ја помине ноќта со мене.
    Најтешко ми е кога сакам да ги затворам очите и да се нурнам во светот на фантазиите...
    Најтешко ми е кога сакам да ја земам книгата в раце и да ја читам до сабајле...
    Најтешко ми е зашто наместо да и се придружам на прекривката, наместо да одлетам низ фантазиите, насместо да ја прочитам книгата, јас морам да учам! :@
    Мразам кога во 12 на полноќ мене ми текнува дека имам за учење и притоа морам да научам!
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    СДК нека одат сите у П.М , не не небев јас, моето пиемесче беше
    Грипот ми чукна на врата, непоканет гостин, па ќе се потрудам да го избркам, нели непоканетиот стои зад врата, епа грипот ќе го избркам од задна страна на влезнана врата .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.