Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Имелда играјте не лути се човече. ;)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Единствено нешто во кое уживам деновиве е излежувањето.
    Толку сум уморна, што ми се чини дека цел месец не би можела да се одморам и опоравам.
    И физички и психички.

    Ме мачат некои недовршени работи, некажани зборови...
    И повторно си го поставувам истото прашање, што би било ако постапев поинаку...?!?
    Главата ми е блокирана со мисли.
    На моменти сум одлично, а веќе во другиот момент катастрофално.
    Се прашувам дали ние сме виновни за ова што ни се случува или пак така требало да биде.
    Ме боли тоа што сме толку блиску, а сепак далеку.
    Ме боли тоа што се однесуваме ладно еден спрема друг, а и двајцата копнееме еден по друг.
    И најмногу ме боли тоа што ниту еден од нас не превзема ништо за да се решат сите проблеми и недоразбирања.

    Најголема маана ми е што премногу избрзувам. Како во донесување на некои одлуки, така и во кажување некои работи.
    Брзам и не чекам да се разјасни проблемот, туку веднаш се фрлам на расправање. Избувлива сум.
    Голем број на драги личности сум изгубила токму поради ова.
    И уште ги губам.
    А не сум свесна...
     
    На ana-girl, iloveyou29, kala21 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Се сеќавам на нашето последно заедничко возење.
    Повеќе би сакала да не се сеќавам. Но, сепак се сеќавам.
    Изгледа дека лошите моменти добро се паметат.
    Што се однесува до мене, тие сеќавања остануваат врежани во мене под рубриката „грди моменти“ и не успевам да почувствувам никаква носталгија по нив.
    Би сакала да бидам реинкарнирана во VHS рекордер, за можам да ги избришам сите тие слики кои ме опседнуваат.

    Долго, моја единствена цел во животот беше самоуништувањето.
    Потоа, еднаш, ми дојде желба за среќа.
    Грозно е тоа, се срамам, простете ми: еден ден ме спопадна таа приземна напаст да бидам среќна.

    Подоцна научив дека тоа беше најдобриот начин да се уништам.
     
    На iloveyou29, lunicka, Heleny и 8 други им се допаѓа ова.
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Колку само еден единствен,непромислен потег,може да те растревожи.
    Избрзувањето во донесувањето на одлуки е лоша работа.Притоа тоа се одлуки кои се од големо значење.Да не речам,клучни.
    Некогашното мото,дека човек без достоинство според мене не е човек,ме предаде.
    Ме изгори..
    Иии?Јас си го избрав моето достоинство..
    Дали се кајам?
    О да,и тоа премногу на моменти.
    Го имам достоинството,но се изгубив себе си.Не сум таа што бев.Не сум среќна..
    Понекогаш се прашувам вреде ли поради достоинство,да изгубеме драги личности.
    Вреде ли да се погази тоа достоинство,за да кажеме убав збор,на луѓе кои ни го топлат срцето?
    И колку повеќе размислувам,се повеќе одговарам-не.А не е така.
     
    На lunicka, SparkyAngel и Barbie20 им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.639
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум единствена, ама... :wasntme:
    Јас едноставно не сум јас, ако барем еднаш не сонувам дека сум на некое чудно испрашување или тест вака на неколку дена пред крај на распуст. :rofl: И тоа по дифолт мора да биде некој хорор филм, некој тест на којшто ништо не знам, како да ми е на кинески напишано. :D
    17 годишна магарица, бреееј, а ко мало дете сум за некои глупости, сама на себе си се смеам. :D

    Иначе, многу ме радува вакво убаво временце, плус во друштво на драги, позитивни луѓенца со заразна насмевка... навистина е добитна комбинација. :sun:
     
    На iloveyou29, lunicka, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 3 други им се допаѓа ова.
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Еден од големите парадокси од богатата ризница на животот е тоа што кога немаш некој конкретен проблем што би ти создавал грижи,одеднаш почнува апсолутно се` да те загрижува.Се фаќаш како размислуваш за некои непотребни ситници,како мислите ти се распрснуваат по непознати орбити,забегуваш во далечна иднина,креираш сценарија...и тогаш се сеќаваш дека треба да спиеш,уствари.

    Морам да признам дека сум жесток противник на теоријата дека среќата се крие во ситните нешта.Не,не и не! :!: Луѓето морат да научат да направат дистинкција меѓу моменталното задоволство,наслада,ако сакате,и она што се мисли кога велиме среќа.Среќата за мене е тежок камен за кој се фаќаш во часови на меланхолија и разочарување.Тоа што би ти дало утеха во такви мигови е среќа.Едноставно,стануваш свесен дека имаш некој,нешто,било што,кое е во состојба да направи да не ти се важни тие падови(барем моментално).Значи,мора да имаш дебела причина за среќа која би превагнала на вагата на која од другата страна е причинителот на тагата.Мислам дека не за секого поимот за среќа е различен,и тоа е сосема нормално,се разбира.Според мене,среќата е исполнетост,ама целосна,во некој сегмент од животот,било личен или професионален.

    Е сега,сакам да го истакнам притисокот што го создаваат општествените очекувања дека човек за да биде среќен треба да биде исполнет во секое поле од животот,во секој миг.Јас мислам дека тоа не е фер и немам такви ограничени и површни стандарди.Не сакам да ја прифатам матрицата на идеалниот живот прикажана на реклами на телевизија,по списанија итн.

    Зарем треба да имаш се` за да бидеш среќен?Ако одговорот е потврден,тогаш е крајно демотивирачки.
    Дека е состојба на духот се согласувам,али мора да постои некаква основа за таква состојба.Не си среќен по определба,туку по сплет на околности.Нешто имаш,нешто ти фали.Нешто добиваш,нешто губиш.Треба да научиш да го прифатиш тоа.И малку да олабавиш. ;)
     
    На Sexybaby86, lunicka, Purrinn и 2 други им се допаѓа ова.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Блазесиму на ученициве му го продолжија зимсккиот распуст уште 10 дена какоод министерството не се сеќаваат на стидентите па да ни пуштат стипендии некој (ДЕН) месец порано.... :@ :@
     
  8. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    официјално е ова кажано?
     
  9. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Вистина е ова?
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Не си единствена. Исто, исто, исто! Скроз исто! :D
    Сонував како сум го отворила електронскиот дневник. Историја сум имала седмица, двојка и нула. И сум се трескала дали ќе ми ја остави седмицата! :D Латински сум имала ќец. Сонував како наставникот од основно по географија, предавал физичко и во сала сме имале базен. :D

    Можам да замислам како ќе ми биде, кога ќе бидам на факултет. Ќе почнам да ги сонувам истите, плус декани, асистенти, професори и триста чуда. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Да од министерството кажаја поради грипот што владее
     
  12. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Имам за учење еден тон. Ама не, ѓаволот ме тераше да пуштам летна музика и да гледам слики од сончеви плажи. Ми се плаче еј! ;(
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски

    Вистина е ова или да не се радувам џабе?
    Ај некој од сигурни извори нека каже.
     
    На sweet-cherry и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Седам и се гледам со Орбитреков. Одамна не ми бил гостин во собите во кои се движев, редно беше да се споиме повторно на исто место. И така малку тој ме гледа, малку јас, па некако ми иде лицемерно толку гледање, па ќе го покријам со алишта, бањарки, де одозгора, де од рачките да висат, ехее, многу е практичен. А па пред него, стојат едни чоколатца, и со нив се гледаме некако, ама џвркнав веќе од благо јадење, толку многу, што ми иде да се налијам со чаша оцет измешана со сол, да разбие шеќерот троа. ]:)

    Така ви викам, седиме и се гледаме, од сабајле. Може и ќе го удостојам до после да се подружиме, не дека ќе спијам или како и да е. :D

    Чудно е колку сум станала неодлучна. Пример, имам едно купче со пари на сметка, со назнака прај-шо-сакаш, курчи се, пизди се, опивај се, троши ги, што сакаш прави им. Кога немаш, си викаш, еххх да имам, одма ќе им го најдам крајот. Е, па, кога ми требаа, ги немаше, си се снајдов како што си се снајдов, и стасаа баш тогаш кога апсолутно не знам што сакам. Едната опција ми е да си купам нешто попаметно, поубаво, поквалитетно. Одам прееска, не можам ни да си најдам нешто што ми се бендисува. Чизми убави, нема број. Меркам таблети, ама некако... нааах. Доообро. Втората опција, најди си повеќе мали работички, и радувај си се со тек на време. Бидејќи често ја практикувам ваквата опција, знам дека ќе ги спичкам на глупости, на алишта и козметика, и решив да се воздигнам овој пат од тоа, па земав само мал дел за тоа. И третата опција, земи и испиј ги. Не да ги јадеш, ами да ги пиеш. Како што тргнала работата, ќе да одиме на третата опција.

    А да, неодлучна. Седам, а пред мене мапа. И на мапата барем 30 места. Сакам да гледам на тоа како 30 различни приказни, 30 различни иднини. ПОИМА СИ НЕМАМ кај да одам. :o Знам што сакам, дефинитивно оваа година не 4, ами 20 пара очи има на мене, ама страв ми е дека сум премногу сумњичава и дека ќе завршам на крај со тоа што е понудено, не со најдоброто. Од друга страна па, не сакам да се задоволам со просек и потпросек, па по цена и да не го изберам најдоброто. Ви викам, отвори едно, убаво, фино. Океан од една страна, плажа, рај, ама не ми е тоа тоа.... Мислам дека најмногу ќе се усреќам во некое градиште, не град, ами градиште, да се губам во гужвата и во галамата, да одам на работа како човек, да бидам дотерана, можеби нема да заврши работниот ден во најдотерано издание, ама барем како човек да пристигнам дотаму.

    Некогаш, човек треба да знае кога да бара нешто друго, а кога да се задоволи и со помалку. Во мојов случај, решив да барам нешто повеќе и повеќе и повеќе. Ехеее, толку повеќе, што би стасала до тоа што го заслужувам. Или квалитетно ќе се зафркнам, или пред мене има една огромна, уанс-ин-а-лајфтам прилика. :D

    Времето ќе покаже. Ама овојпат, одам на опцијата ризикувај.
    И баш сум исполнета овие неколку денови поради тоа!
    :sun:

    Животот ми станува подобар, затоа што кога ќе го допреш дното, нема кај да одиш, освен во нагорна линија. Можеби па стварно така треба да биде за да си сфати човек некои работи, да се подобри, да му дојде паметот, тоа сега сфаќам. И без да сакаш, и без да се трудиш, во човековата природа е да се бори, и да плива нагоре. Барем во мојата природа е така, не знам сега за другите. Ако речеме дека веќе три недели, еден столб не ме потпира, и морав одново да си играм во песокот за да си ги наредам сите столбови, па и не сум толку ужасно потоната во песокот како што си мислев.

    Чирс фор дет. Чирс фор ју. Чирс фор ми. :dance:
     
    На Trnche, L-enna, kate21 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.991
    Допаѓања:
    133.767
    Ме изненадува културата и однесувањето на денешните млади. Не знам дали самите сакаат да се некултурни, дали општеството е криво, дали родителите не се способни да ги воспитаат. Жал ми е за тие души. Врв на некултурата е следната ЛП од една членка која нема да ја именувам, и која за жал ме потсети дека што и да правиш, не можеш со сила да му дадеш на човек.

    „да одиш да прошетш малку, и не се прави ти паметна а си глупача тотална......немој ти да судиш кој каков е и што е прво од тебе видисе каква си...ај ишшш кокошке и да не си ми пишара ретардирана една на тебе ли остана да делис памет и политика да средуваш....ај шетајјјјјјјјј не се осудува да ме замараш повеке.испод ниво ми е со тебе црву да разговарам на било која тема.“

    И се разбира, бидејќи оној кој нема основно ниво на култура, нема ниту срам, па сама ке се јави да се расправа за своите изнесени зборови. И нормално со навреди. Но она што слушаш, тоа и го правиш.

    Благодарна сум на моите двајца родители, кои не ме научија на вакво ниско однесување. Децата се огледало на родителите, а моите не ја направиле ваквата грешка со мене. Се надевам дека и јас нема да ја направам.
    А сега една убава тема. Смислив подарок за мајка ми. Она е најдбриот човек на светот и за нејзиниот роденден ке направам една мала донација во нејзино име. Оти таа се радува кога другите се среќни. Оти срцето и е преполно со добрини. А таков човек има се, и со подарок кој се купува можам само да ја навредам.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Ова ако е вистина имаш... како го викаа... мужде од мене :D .
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Кога,каде кажале,за цела Македонија ли важи?
    Кажувајте,бе луѓе,да не гледам вести сега. :rofl:
    П.С гледам вести,на најава нема тоа,значи дезинформација е,не туку се радувајте! :|
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    така прочитав така ви кажувам
     
  19. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Убаво би било да е вистина... :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Дај ни линк од каде прочита,ова е too good to be true. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.