[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    и тоа е една од причините што ја ставив сликата ....
     
  2. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Точно е дека понекогаш треба да кренеме раце од се'. Понекогаш е судено некои луѓе да бидат или да не бидат дел од нашиот живот. Без наша воља и желба. Луѓето доаѓаат и си заминуваат. Дали времето ќе покаже дека тие луѓе сакаат да биде дел од мојот живот? Дали да верувам? Дали постои надеж?
    Чекав, чекам, а дали сеуште ќе чекам - незнам! Сурова вистина е дека понекогаш времето не ги лечи раните... Понекогаш ставаме крај иако тоа не го сакаме. Веруваме дека најдобро е да се остави...
    Од каде толкава депресија? Од каде толку темнина?
    Вајлд, во право си.. Не ми мириса на добра нова година.. Почетоков sucks!
    Еден поздрав со Coldplay.
    http://www.youtube.com/watch?v=RB-RcX5D ... ure=relmfu
     
    На eli25 и Wild.Child им се допаѓа ова.
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    6.769
    Од кога се зачленив на форумов не мислев дека некои мислења од корен ќе ги променам за некои работи во животот . Толку различни карактери , различни ликови, девојки ...собрани на едно место .

    Колку ми е мило да ми започне денот со шолја зелен чај и читање токму на оваа страна ... Не мора мене некој да ме чита , мене ми е мило кога некој сака да ме чита но вашата енергичност , духовитост и харизма што е пренесена во постовите ме остава без здив .
    Немам омилени форуџики . Мал милион пати ми се има случено да се пронајдам скоро во секоја од вас . Некогаш го имам читано токму она што сум сакала јас да го напишам .

    Носам некои тежини во мене , ме мачат многу работи . Немате појма колку сакам да има некој и да ме слушне во вистинска смисла на зборот. Да рече :Ejj aбе јас сум тука , што се мислиш толку , ова ли те нервира ,пх , што е ова за тебе бе друже (дури и да не е така) Едноставно да почувствувам туѓа рака на мое рамено , да знам дека некој има тука за мене. Што ако излегувам на кафиња , одам на презентации и 300 чуда ...За хаха хихи тука се сите , а кога излегува нешто за кое треба бодрење , совет не барам бидејќи го знам решението , само треба да има некој да ме турне малце да ми го осветли патот по кој одам , тогаш сите имаат некоја работа .
    Прееска баш и реков на една другарка ако сака да отидеме на кафе во центар со која патем се немаме видено од пред Нова Година и ми рече дека неможе да излезе оти косата и е мрсна . Јас на пример за неа би излегла и со мрсна коса , ќе ставам некоја плетена капа ..
    На друга другарка и реков да излеземе на кафенце и онака требаше да ми кажува за бифшиот , не , не била јадена цел ден а после немало да има време за да се спрема за вечер.
    Незнам зошто сеуште се изненадувам од вакви постапки во денешно време - изгледа дека уште верувам дека работите ќе бидат како порано . Некои срца се ладни како снег.
    Останете такви какви што се за форумов да биде пријатно место за дружење. :*
     
    На esperanca, aquarius34, kate21 и 26 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Хаос сум. Буквално ... целата сум хаос, се ми е хаос, се се руши ...

    Не можам да ги соберам мислите.
    Не можам да се соберам себеси.
    Ништо не се деси, и се се деси.

    Кажав премногу непотребни работи и што е уште потрагично не ги повлекувам, ги мислам, не за џабе ги изговорив ... иако на малку лош начин, ама кога се соочувате со некој кој го сакате повеќе од се, не можете да одредите кој е прав начин за кажување. Едноставно и да правите лице додека тоа го кажувате колку за да биде пофино скоцкано тој ќе знае. А нема да знае колку боли што можеби допринесовте да го изгубите, иако тоа е вашиот најголем страв во животот...

    Помеѓу солзиве за него, за нас, помешани со солзите од тажниот филм, и ова лошо чувство во градите јас не знам што е полошо.

    Суровата реалност е дека фантазијата што ја посакувам никогаш нема да се исполни. Невозможно е.

    И чудно е колку понекогаш боли пустото.

    И секој пат кога со истото се соочувам покрај мене, и некој што го сакам е повреден. Значи дупла загуба а виновникот еден, т.е јас ... т.е поравилно стравот и мојата проклета несигурност.

    Кратко и јасно, тој е голем идиот, јас сум поголем идиот од него, а за да биде уште потрагично и подраматично ... истите двајца идиоти се сакаат до болка.

    Болка која што двајцата ја чувствуваат вечерва ... на одвоени страни, во одвоени кревети ... каде пред неколку саати лежеа заедно гушнати и се смееа ...

    FUCK.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Подобро е денеска,навистина.
    Ама затоа вчера се почувствував многу лошо како одамна не сум се почувствувала.А најстрашно е што тоа чувство ми е и те како познато и го знам.А и пострашно е што не го сакам тоа чувство,не го сакааам!
    Не ми годи кога ке ми го презеде срцето и паметот истото тоа чувство кое го плукам и колнам до коски!
    Во момент не се препознав.Си легнав и си се чудам.Почнав да ги анализирам сите денови,сите моменти со него и знаете што? Не пронајдов ни еден ден,ни еден момент,ни една секунда лошо помината со него.Сите се убави,сите се за паметење,сите ми предизвикуваат насмевка на лицето.А всушност бев толку тажна и скршена внатре во душата,во телото,а немав причина за тага.
    Тој не е виновен!Тој прави се за да ни биде убаво заедно!Тој е најголемиот позитивец на земјава што гази!Тој е..
    Ке замолчам и ке се обидам да го отфрлам фактот дека...дека...дека.....БОЖЕ..дали го засакав?!?! :|
    Ако е така.....ми нема спас.Пропаднав.Ние пропаднавме.На почеток знаевме дека не треба да дозволиме да се појават чувства.А јас го прекршив нашето заедничко златно правило.
    Или можеби не?! Незнам,почувствував нешто..ама еве сеуште се тешам дека тоа не е...не е..љубов! НЕ Е !
    И да прекинам со него,неможам.Нешто не ми дава.Се е добро во врска со него.Тој е добар.Убаво ми е.
    А тоа УБАВО..ми прави јас да се чувствувам..изгубено!

    kill love before it kills you !
    Ahh,да беше лесно :x
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека колку и да сум добра со лугето,и колку и да сакам да им помогнам се со лошо ми се врака
    ПА НЕ Е ФЕР :sweat: :worried:
    и трите желби што ги имам
    како што ми тргнала годинава нема да ми се остварат :x , ДАЈ БОЖЕ да сум грешка
    ке си пукнам од мака ;(
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... мислев дека најмногу мразам кога утрото ќе ми започне со главоболка, ама денеска сфатив дека уште повеќе мразам кога ќе станам сосема океј, па некои луѓе околу мене ќе ми ја создадат таа главоболка. :devil:

    I F*CKING HATE SUNDAYS!
     
  8. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    После вчерашната горка вечер, го пијам денешното прво благо кафе и за вкусот да биде уште по совршен го отворив големото Дорина чоколадо со бисквити.

    Секоја нова голтка ме скокотка и нежно се лизга по грлово, ми причинува среќа. Малите работи се оние кои ме релаксираат и ме принудуваат целосно да се опуштам. Вчера се смиривме со мачорот, но остануваат уште цел куп работи на листата кои бараат да бидат средени, завршени, поправени, па и создадени. Но, не брзам, уживам во мирисот на кафето и по незнам кој пат го читам писмото кое тој ми го даде. Пет испишани страни, напред и назад, јас ни во толку страни не би можела да ја ставам неговата енергија, додека пак мојата љубов не ја собира во ничии реченици, ниту ќе ја собере во десет такви писма. Па затоа, ја држам само за себе.
    Можеби животот не ми е розев, секојдневието премногу напорно би рекол некој за мои години... Сфатив дека животот е премногу краток за да го поминувам така. Им се насмевнав само како мало детенце и се повлеков во соба, од тогаш ниту тие се немаат скарано, ниту мене ми викнале.
    Одамна не сум била волку смирена од внатре, додека надвор е прилично намуртено, ладно, еднолично.. Сиво.

    Уживајте во секој нареден ден, сакајте како никогаш досега.
    Делете ја среќата.. Делете ја со другите, осаменоста не е онаа која ни треба, нели? :)
    Имајте убав ден, ве гушка Синтија :hug:
     
    На Elennaa, starbucks, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563

    moonlight-girl.55 уште синоќа го прочитав оваа што го напиша само немав време да прекоментирам.Те читав и во љубовни проблеми но не знаев како да ти помогнам и ништо не пишав но по оваа не можам да се воздржам.
    Баш ми е жал вака што се наеднаш ти се случува...но кога ти последен пат си излегла со другарките во овиее 6 месеци?Душо ако излегуваше во 2та месеци еднаш со нив верувај оваа намерно ти го сториле :) Ако работата е таква тогаш оваа од авион се гледа.Најчесто заљубените понекогаш забораваат на друштвото и откако ќе им се случи нешто со љубениот тогаш повторно ѓи бараат.А тогаш другарките знаеш што си помислуваат, еве на нашки што си велиме: дека беше до сега а, сеа ти текна да излевиш со нас?
    Се надевам дека јас грешам и дека не се работи за оваа.Ти стискам палци :hug:
    Извини во случај ако те навредив немав таква намера :)
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк сакам пак да имам 5 години и да си играм во маало а не да дремам пред пц и да куцкам семинарски и да читам лектири :|
     
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Одбегнување на учењето и забегување во решавање на животни мистерии и филозофии. Моето хоби. Некој скратено го вика бегање од реалноста, ама јас изгледа обожавам да ги комплицирам работите. Длабоко во себе тоа, зошто инаку ќе пукнам по едноставноста на животот. Или преувеличувам, што не би било ново и необично за мене, да речам и во голем процент сум сигурна дека е тоа, или животов навистина ми е комплициран т.е јас сама си го компликувам. Тешко е да си дежурен режисер.

    И така јас се замислив колку е најглупава и бесмислена особина кај луѓенцава ситни и незабележни - дволичноста. Кај некој не ти чини, па и упорно се дружиш со него, па и имаш време и да збориш за тоа колку тој истиот не чинел. Убаво викаат Охриѓани- ак не ви чинит не идајте. Па така си е де. Апсурдно е да останеш во друштво на будала. Прво, не го удостојувам со мое друштво, второ, не го удостојувам со можноста и мене да ме прави будала, и трето, не го удостојувам со време бре. Зошто би ги силувала своите уши (и очи и нерви) со некој што не ми одговара, кога можам да го напуштам бродот и да си пловам во кајче (е ова не беше намерно Охриѓани, да ми простите) и ќе си уживам во погледот.
    А не ќе стојам тука ко будала, ќе се нервирам во себе а од надвор ќе изгледам ко да бликам од задоволство, и на крај како шлаг на сето тоа, да зборам за тоа со други луѓе. Логика на нивоу, да.
    Не за друго, анализирам една другарка во последно време, интересен феномен ми е, движечко лицемерие.

    И доста е веќе од живи мртовци, робови на секојдневието. Не сакам само да егзистирам, сакам да живеам, барем да почувствувам дека е така. Никој веќе не застанува да ги помириса розите. Ако не почнеш да живееш не ни можеш да ја најдеш смислата на животот.
    Додека гледаш како животот ти тоне, можеш за тоа време да научиш да пливаш. Поента-нема, ама па денеска, се изгубило од смислата.
     
    На eli25, mims-89, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.005
    Пол:
    Женски
    Денес заедно со купот книги, тетратки, скрипти и закони што ги земав од шкафот, се најде и мојот син дневник со убави, дебели корици. Не беше ставен во кутијата со спомени, затоа што чека да биде допишан. Отпрвин се зачудив како стигнал меѓу сите тие книги, а откако убаво го разгледав, видов дека во него немам пишувано повеќе од една година. Порано практикував секој ден да запишувам белешки, ама еве повеќе од една година, од некоја непозната причина немав ништо напишано. Па, наместо да се дружам со книгите, го отворив и почнав да читам некои стари забелешки и да се потсетувам на случки кои веќе сум ги заборавила. Сфатив колку многу сум се променила. Сум пораснала.
    Додека читав и ги листав шарените страници, од дневникот испаднаа некои стари слики кои ми вратија многу убави спомени. Се вратив во некоја друга временска димензија читајќи ги моите ракописи, а од друга страна ми беше жал што последната година ја немам ставено во мојата вечна меморија. Стои празнина од долг период, а имав толку многу да пишувам за она што ми се случило.
    Извадив пенкало, ја запишав денешната дата и почнав да пишувам. Забележав некои позначајни случки од изминатава година, ги запишав целите кои сакам да ги остварам во следната, и залепив некои понови интересни фотографии.
    Си ветив дека отсега па натаму почесто ќе пишувам, за еден ден да имам на што да се потсетам.
    Моите дневници ми се поинтересни за читање од било кој роман.
    [​IMG]
     
    На Bright, BeYourself, CharmedGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Моментот кога го собираш стомакот пред женска
    во мојов случај пред дечко :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Јас умрев,се простив од вас :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    [​IMG]

    Трололо :rofl:
     
    На crazyinlove19, dancing.queen, LittleDevil и 4 други им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    3.272
    Хај, во никој случај не ме навреди :) и фала за подршката. Другаркиве секако намерно не го сторија тоа, не знам, или заборавиле оти немам кредит, па чекале јас да титнам не ми е јасно тоа, а искрено не ме ни интересира во моментов. Со едната зборев вчера, знаеше дека сум цела скисната, па самата ми рече дека не е во ред да седам дома и да мислам што понатака. Едната ми е цимерка, другата колешка на факултет, и нема некој што поарно ја знае мојата ситуација од нив две. Али ете, изгледа мозокот им испарил. Сабајле пак ми стигна порака - Ако не сум планирала да излегувам, да сум им се јавела, оти ни они не знаеле што се случило. Немам намера да им враќам ни на фб, ни никаде.

    А, ако има такви што можат така да заебат некоја, оти повеќе време поминувала со дечко и, отколку со нив, јас немам коментар за нив. Еднава другарка откога има дечко, јас мислам оти на почеток, иако живеам со неа, он повеќе ја гледаше отколку јас. И сега, што треба да правам? Да и кажам ако не дај боже раскинат - Седи си дома, цело време со дечко ти си беше, или да ја зафркнам на некој сличен начин. Тоа ако е другарка, не знам што е непријател.

    Мало гратче сме Хај, али расипаноста очигледно ни е голема :)

    П.С ... Розич, ме изнасмеа бре .... :rofl: :rofl: :lol:
     
    На Rozich, creshicka и Hiii им се допаѓа ова.
  15. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    СДК... си дремам на работа во овој сив јануарски ден кога скоро сите се или по дома или некаде на гости (нели недела после Божиќ)... и по некое правило, во таква ситуација треба да си ваков... :( ама јас не сум... јас си седам пред компјутеров ваков... :)

    Си седам и си читкам по фемина... и ми текна... си викам дај и јас да напишам нешто... ме немаше да пишам одреден период, па викам ај нека тргне работава...

    Него муабетот ми беше, како тоа јас сум ваков :) на ваков ден...

    Пааааа.... сум заради мојата срцка... :inlove: што да праам кога си ја сакам и кога ме прави среќен...

    А да... ја читав и онаа тема, Што ако блиските дознаат дека сте на форумов... ееее... јас го немам тој проблем... затоа што мојата женичка знае... не за друго, него се запознавме случајно преку форумов, па и таа си е член тука и редовно си читаме(некогаш и заедно).... ;)

    И не... не сум офф топик, бидејќи ова е нели Сакам да кажам, а јас еве си кажувам што ми дојде на ум...

    П.С. Ако некој случајно се заинтересира...Не, не кажувам која феминка ми е женичката... тоа си е наша мала тајна... :lol:

    П.С.2 А бидејќи женичката сигурно ќе ме прочита, еве да и кажам : Многу те сакам срцко... :*
    (Океј, ова можеби требаше да оди во темата Специјален поздрав до... , ама се надевам ќе ми простат админите и нема да ме избришат... :wasntme: )

    П.С.3 Само чуствувам дека ќе добијам ЛП од админите дека треба да им купам чевли бидејќи нели така е редот за стројниците... а во овој случај, фемина би му дошла како стројник...
     
    На glow и INSIDIOUS им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Нервоза бе!
    Нервозна сум. Прашај ме зашто. Поима немам...
    Се спремам за шетање и уште низ глава ми пројде „Што ако ги видам заедно?“
    И то му доџе исто како да сум ги видела.

    Недела, глуп ден.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.599
    Допаѓања:
    161.138
    Сдк ... тајмлајн - зошто не е доволно да видиш нечија грда фаца еднаш,па сега имаш поволност на екстра голем транспарнет да ја видиш уште еднаш.
    Сериозно луѓе,шо ви е?! Имаш профил пикчр,имаш кавр пикчр. Зошто мислите дека ако ја ставите својата глупава фаца на едното од двете нема да биде забележана?! Или замислете ги како форева алоун, се двоумат која од двете фотографии и ги ставаат двете и се чувствуваат екстра среќно...депресивно е!
    Со која креативност располагаат некои луѓе,тоа е страшно бре!
    Кавр пикчр не е екстра голем профил пикчр,а вашата атрактивност е под сериозен прашалник,џаст сеинг. Сите атеншн хорс воскликнале од радост кога виделе огромно пано за самопромоција! Јеј! Животна радост!
    И кај бре мамата,се некои грди фаци се дуплираат!



    (се извинувам ако некого повредив,таква од форумов сеуште не сретнав или ја немам за пријателка на фб зошто внимателно си ги бирам,фала!!!)
     
    На Neytiri, kate21, BeYourself и 14 други им се допаѓа ова.
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    5.048
    СДК цело сабајле повраќам и многу ми се лоши а треба да учам за колоквиум за утре :(
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е.
    Чудна ми е цела 2012. Всушоност само од делот што измина.
    Се чувствувам како препородено. Како прво, незнам дали приметивте, ама се поретко ме има во темава. Како второ.. па можеби и нема второ, но мислам дека е сосем доволно ова првово, сепак и тоа нешто значи. :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.