Оваа проклета партија Сдс ја уништи Македонија уште од времето на Транзицијата кога ги остави луѓето на улица ги затвори сите фабрики и сега почна по најсветото Името и Јазикот Арам да им е веков!!!
Сдс тоа не е партија тоа се насилници владетели како во робовладетелското општество,све распродадоа,како прво со сила дојдоа на власт,економија колапс,сменија име,устав,двојазичност и да не редам понатака. Време е да стави крај на оваа неуставна влада.
Вмро се бетер. Сите знаеме како ги добиваа изборите, за еден сендвич еден глас, истото се деси и за Иванов, воопшто не е легитимен. Пропаѓање на економија, криминал до немајкаде, партизација ,заплашувања и иселувања започнаа во нивно време.Сега во време на Сдсм само се продолжи. Реков јас и во еден друг пост, Амди Бајрам за претседател најмногу одговара на оваа банана држава.
Не знам колку ќе беше паметно, ВМРО да го смени името. Имаа таква опција, можеа ако сакаа.. На толку национализам што посеаа, да речеа тие дека имаме ново име, дел од нивните имаше да ги запалат на клада.
Ќе паднат и никогаш веќе нема да се вратат. Коментарот од шипотоп кој ја правда Миликије Халими што си купувала со општински пари приватни работи, одразува каков соживот ни донесе СДСМ. Поука извлечете сите.
Не се сложувам. Напротив мислам дека доколку договоров беше сторен од Груевски на времето, ќе го опеваа во учебници и читанки. Умеше он да си ја контролира рајата, не сум ни видела ни чула за еден критички настроен вмровец кон својата партија.
Шо знам.. има националисти кои се и насилници ... А може и ти во право си... Како и да е, помина то, испадна овие да сменат.. и то е то.
Леле бе ми се плаче не можам веќе.. И јас бев за сдс некогаш, си викав ај боље се од другиве. Кои боље бре човече. Едниве земјава ја пеплосаа, све шо моеше украдоа, другиве име и уништија, двојазичност воведоа, среќа на гласачки список ме немаше, бар да не си го пцујам и мојот глас. Да моеше земјава да плаче, ќе ги потопеше континентиве од ронење солзи. Па и зголемени придонеси па па ајде сеа газди намалувајте плати уште толку! А сценариово е топ - сеа именцево, па иванов нема да потпише, па држ- не дај.Нека се измисли некоја трета партија со луѓе од надвор-е за нив ќе гласам.
Кај нас партиите се од две гомна одбери го тоа што помалце смрди. После 10 годишна тортура од ВМРО, си викаш доаѓа нова надеж може нешто ќе се смени, кој гледаш исто срање. Уште кој видов дека директори станаа на моја возраст, а не знаат две реченици да сврзат ( ипак ги знам лично) што ми останува освен да се прекрстим и да чекам некое чудо да се деси. Не се криви политичарите, ние народот сме криви. Затоа што за политика меѓусебе се изедовме, место нив да ги изедеме. Ги боли нив овде што се караме, они си ги полнат џебовите додека меѓу нас се ствара омраза.
Имам впечаток дека кој да дојде на власт исто ќе биде: да се вработат свои, да се украде тендер, да се протне некое Законче во нивна корист.... Иначе СДСМ долго ќе остане. Сега кон крајот на 2019 ке се влезе во НАТО, ке влезе некоа пара во земјава, па ќе искористат прилика кога народот ќе биде малку под импресија на паричките да спроведат предвремени, за да има гласачи. Стара политика, нови будали, ист народ.
Тоа е она што највеќе ме иритира, затоа 20 години ќе седиме на едно место. Нема никакви квалификации за вработување. Џабе што си вложил во себе, секојдневно се надоградуваш ако не го знаеш и не ти е другар кучето на премиерот ќе седиш дома или евентуално во некоја продавница. Тој што трчал да лепи плакати е богами тој ќе си седне на столче ако може не знае да се потпише ама што е битно тоа, зар треба и тоа да знае? Тотално си во право. Многу лесно се лажеме, а долго време после не возат. Дур има овци ќе има и волна. На партиско војниче колку и да му објаснуваш дека магарето не лета, ќе те убедува дека лета. Тогаш боље ќути си. Треба да се биде дел од толпата што размислува исто, ако не размислуваш исто тогаш мисли му ја.
Штета што не признаваат луѓето. Сеуште се како ,,слеп за стап,, врзани за партија @Cka незнам каде прочита дека НАТО дава пари Со влезот во НАТО ќе се подобри деловната клима, воедно и се отвара пат за пристапни преговори во ЕУ.Прв чекор е НАТО. Членките на ЕУ имаат подеднакво пристап до фондови за регионален развој.
Не се согласувам со тебе дека Вмро се бетер,кога реално ке направиш споредба таа ти е неспоредлива,навреда е Вмро да го споредиш со сдс хунтата. Вмро градеа,еконски бевме во пораст,пензиите растеа,платите исто,имаше демократијај тогаш,сега овие од сдс све насилно направија,распродадоа,името го сменија,двојазичност,нема плати повисоки,ниту пензии,тотални фијаско во секој поглед. Да се надеваме дека ке има и предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и да видиме тогаш кој ке освои повеке гласа од народот.
Не сум политички определена, најпрво тоа да нагласам. А потоа морам да прашам: Дали јас и ти живееме во иста Македонија? Затоа што ова што го кажуваш е светлосни години далеку од она што навистина сме.