1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Deni87, 14 јануари 2019.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Преку ИПА фондовите(Од ЕУ) најдобро се перат и крадат пари. Пола од нив се "проекти" кои се без значајни и некорисни,само да исперат пари(дневници,тендери..) преку нив.
     
    На sjdgo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ама прават аудитин странците бе. Не даваат така пари, да си играш со нив, како што ќе ти п*дне.
    Прашај некој што работел со странски фонд, како си поминал.. ќе ти каже.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас имам учествувано(семинар) пред 2-2.5 год на еден таков проект. Ништо корисно.Ни држеа предавања 5-6 часа, не сликаа како учествуваме во семинарот(дебата,мини проект.) На слајдери ни објаснуваа глупости(кои не можат да се применат во работата)....
    Имам и на уште еден друг семинар сличен учествувано пред 4-5 год. Случно нешто беше. Воопшто не продуктивен и корисен беше. Само ни дадоа сертификати и толку.
    А обучувачите земаа дебели пари
     
    На sjdgo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Па што си одела ако не ти бил корисен и продуктивен?
    Не одам јас на семинари кои не ме интересираат и не ми се потребни.
     
    На cresa-jagoda и Sandrin4 им се допаѓа ова.
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Не праќаа од работа,нас помладите повеќе ќе ни требало во иднина за работата.
     
    На sjdgo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Па значи ти не си научила ништо, а ти била нужна обука.
    Доста ти плаќаат, па уште се буниш.
    Шо да напрат поќе предавачите? Со инка да ви турат?
     
    На cresa-jagoda, Yowannty и Sandrin4 им се допаѓа ова.
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Нејсе,капаче на се ќе најдеш.
    Ама дебели пари се перат преку фондови верувала ти или не.
     
    На sjdgo, Deni87 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    Додека не отидеш да видиш како ќе знаеш дали е продуктивен и корисен семинарот?
    Била и кажува ете.
     
    На sjdgo и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Абе ги гледам за што одат повеќето.. Посебно ако е со преспивање... За учење ретко кој...
    Остај ти шо кажва.
    Пред секој семинар/трибина/обука, имаш инфо, колку трае, за што е, кои се предавачи, кои се темите, агенда...
     
    На cresa-jagoda, lovestoneddd и Yowannty им се допаѓа ова.
  10. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Сигурно ни С од семинар нит си била,нит си учествувала па затоа така збориш.
    Нејсе нема со тебе да дискутирам за оваа работа бидејќи немаш искуство,и не ги знаеш работите како одат. Важно парите ќе се исперат преку проектите,а ти барај и понатаму мониторинг од ЕУ.
     
    На sjdgo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не бе.. ти само си била... :D
    Нема јас што да им барам на ЕУ да прават мониторинг, си прават.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    не е исто..има лајно што смрди, нездраво е!

    ...ај сега докажи дека СЕГА има демократија излези надвор и викни ЗЗ педер! имаш храброст демократски да ни докажеш? :D ... Шугар бејби да ја истегнеш малку од косичката, онака демократско другарско задирање! 8)
     
    На zuto и iki26 им се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Па се гледа по тебе дека не си била. Да си била некогаш нема да збориш рекла-казала за фондовите :P
    Ееее "наивни" има многу што мислат дека мониторингот е правична опција за спречување на перење на пари.
     
    На sjdgo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    И јас се чудам за кого да гласам, избор нема, ама сепак ќе гласам. Ако се оформи Интегра, сега е движење, ако биде партија, може да гласам за нив.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Bo право си Ики за семинарите. Одам доста преку работа. Освен јадење, пиење, на туѓа сметка, предавањата се боза. Ние имавме тапа предавачка која беше дојдена од Англија. Зборуваше работи кои овде не се применливи воопшто, ама да помине редот. Таа доаѓа за дебели пари, не доаѓа за џабе. Бенефит никаков, освен што ќе прошеташ и ќе запознаеш нови луѓе. Она Вилд што вика па што одиш, глупост е да се каже зошто одиш, па запознаваш луѓе, но апла се гледа дека се перат пари.
     
    На iki26 и Deni87 им се допаѓа ова.
  16. Кавалер

    Кавалер Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Машки
    СДС упеа да направи слика кај народот предходниве 4 години кога конечно почна бутањето на ВМРО,
    жално е тоа што во таа борба не настапија искрено и не кажаа што им е целта, туки го збореа она што народот сакаше да го слушне, им го ветија тоа што го бараа луѓето.
    сега по 2 годни власт испаднаа најголеми лажговци и неспособни, нема ден да не разочарат, нема ден без скандал, да не докажат колку се неспособни да направат барем еден успешен проект.
    Се што кажа Заев дека нема да направи се направи, рече нема промена на име го смени, рече нема двојазичност воведе,... многу пати си го погази зборот.
    но сеуште се обедуваат да задржат слика кај народот дека нема друг избор. ,,епа ако не ајде ВМРО да го вратиме,
    Не знам како ке биде на претседателски избори , каков кандидат ќе извадат, дали Албанците ке ги поддржат или не.
    Ама на наредни избори народот со сугурност ке ги казне
     
    На ocicka2014, iki26 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Моментално најголеми далавери се прават со задгранични соработки во форма на семинари, обуки и предавања. Како доказ дека се одржал одреден семинар се доставуваат групни слики, фискални сметки, фактури итн. Пример, организираат еден семинар а пријавуваат дека организирале 4, од кои 3 се фиктивни.
    Исто така сликите од некој семинар што се одржал во 2-3 дена потоа се доставуваат повеќе пати преку различни фондови и организации.
    *Некој дебело заработува од сето тоа.

    Токму заради тоа не даваат предвремени парламентарни избори.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Кавалер

    Кавалер Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Машки
    од секогаш таквите семинари се или пералница на пари за тие што имаат, или пак шанса за заработувачка за они што увиделе дека има многу пари во таа работа, а и во целиот НВО сектор сето тоа е една голема машина за заработувачка без труд.
     
    На iki26, Tanjamm и Deni87 им се допаѓа ова.
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.986
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Машки
    СДСМ не ме разочараа со последните настани и менување на името, тоа го поддржувам. Ме разочараа со празните ветувања. Цела предизборна кампања и беше против криминалци, затвор за криминалци, си го присвоија нема правда нема мир и дојдоа на власт заради желба за правда, и изречија па околу 1% од ветеното. Најголемите криминалци си шетаат слободно, Грујо им избега пред очи.. и така.
    Проблем е што и да паднат сдсм, дпмне ќе дојде, а дпмне дефинитивно не е помало зло.
     
    На Tanjamm, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Да се вратиме уште на почеток кога и да била сдс на власт само штета правела,името Фиром тие го прифатија,тат штедилницата,државјанство на 150.000 Косовари ова зборувам од времето на Бранко Црвенковски,потоа сите фабрики ги затворија,ниту денес ситуацијата не е променета за разлика од порано сега се дрзнаа да ја прекрстаат државата,двојазичност воведоа,дојдоа со сила на власт го прекршија уставот,судство е нивно,правда никаква е тоа е СДС.
    СДС НАЈГОЛЕМО ЗЛО ШТО ПОСТОИ.
     
    На sjdgo, zuto, hunter26 и 5 други им се допаѓа ова.