1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сабота...

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 29 јануари 2011.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Ах @EvAngelos што си направи сам, со цел да ме разубедиш мене од нешто шо пише у Библијата. :D И ти не почитуваш ко шо треба, те фатија сега :)
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    На никој од христијаните не му е наметната неделата како „одмор“. Како што ти пишав и погоре, христијаните во недела си готват и доручек и ручек и вечера, и патуваат, и спортуваат, и си прават се што душа им сака. Можат и две смени да работат тој ден, од 7 сабајле до полноќ :) Адвентистите не го прават тоа во сабота. Тие кутрите од петок си спремаат јадење за во сабота да не готват - бидејќи и тоа е работа за нив. Дали сега конечно сфаќаш дека неделата не е за христијаните она што саботата е за адвентистите?

    Ај сега имам време малку поубаво да ти објаснам, затоа читај ме внимателно ок?
    Во Стариот завет беше претскажано дека Бог ќе склучи Нов завет со луѓето:

    „Ќе им направам крај на сите нејзини веселби; прослави, млади месечини, саботи, и на сите нејзини празници.„ (Осија 2:11, Библијата)

    „Еве настапуваат денови, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет. Не онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од Египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.“ (Еремија 31:31, Библијата)

    И еве што е напишано во тој Нов Завет, како е исполнето пророштвото запишано во книгата на Осија:

    „..а тоа стана, кога Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот; и, откако ја одзеде силата на началствата и властите, Он ги изложи јавно на презир и ги победи на него. Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млада месечина или сабота; тоа е сенката на иднината, а стварноста е Христос.“ (Колошаните 2:14-17, Библијата)

    Првите христијани биле евреи. Но подоцна, кога почнале и неевреите масовно да стануваат христијани, евреите сакале на овие новите „нечисти народи“ да им го наметнуваат Мојсеевиот закон, да ги обрежуваат, да ги тераат да ја пазат Саботата (шабатот), да не јадат свинско итн. Целото послание до Галатјаните зборува за ова :) Заради оваа проблематика, сите апостоли се собрале во Ерусалим да видат што треба христијаните да пазат од стариот закон (Дела 15-та глава). И таму дошле до следниов заклучок:

    „Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите.“ (Дела 15:28-30, Библијата)

    Значи никакво друго бреме од Мојсеевиот закон. Значи христијаните не се обврзани да се обрежуваат, можат да јадат свинско (ова Исус експлицитно го потврди), можат и да работат во Сабота итн.

    Кој тоа ме фатил? ЛГБТ активистките? :) Остави ги нив, они не ни разбираат што ние дискутираме на темава. Тие не ни знаат што значат и кои се разликите на Авраамовиот завет, Давидовиот завет, Ноевиот завет, Мојсеевиот завет, Исусовиот завет и сите тие заповеди кои се во рамките на овие завети.
    Они само сакаат да ја користат оваа наша дискусија за да ме хејтаат бидејќи не ја подржувам ЛГБТ идеологијата. Фокусирај се на она што ти го пишувам. Еве ти уште еден цитат кој објаснува која беше суштината на Мојсеевиот закон:

    „А пред да дојде верата (во Исус), бевме под стражата на законот, затворени, до времето на верата која требаше да се открие. Така, Законот (Мојсеев) ни беше наш воспитач до Христос, за да се оправдаме преку верата. А сега дојде верата, и не сме повеќе под воспитувачот.“ (Галатјаните 3:23-25, Библијата)
     
  3. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Мене не ми смета да зготвам од петок за сабота. Патем знаеш колку жени има што готват од понеделни за вторник, вторник за среда... бидејќи немаат време. Што е битно кога ќе зготвам јадење. Јас не сакам да готвам во Сабота. А има адвентисти што си готват во Сабота знаеш?
    Сакаш свинско да си јадеш? Јади си бе Евангелос. За мене тоа со свинското е повеќе здравствен принцип отколку забрана и воопшто за месото.
    Не јадам свинско, па и месо многу ретко јадам. Ехее колку ги знам што не јадат свинско, а немат врска со религија. А тебе Евангелос ако не те осудува совеста бидејќи не си празнуваш сабота не ја празнувај. Држи се до тоа што го знаеш. А не ми наметнувај мене што да правам. Јас стихот знаеш како го гледам од Колосјаните 2, 16. Не ме осудувај и разубедувај Што си ја држам Саботата како ден посветен на Бога и благодарност за истиот што Бог му го дал на човекот за да се одмори. Бидејќи пишува: И им рече: Саботата е воспоставена за човекот, а не човекот заради саботата. Така, Човечкиот Син е Господар на саботата. Марко 2, 27 и 28 стих.
     
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Како што ти покажав во претходниот пост, Новиот завет вели НИКОЈ да не ве осудува што не празнувате Сабота. А тоа „НИКОЈ“ ја вклучува и мојата совест.
    И не ти наметнувам ништо. Слободно живеј си под Мојсеевиот закон. Само реагирав на твоето тврдење дека христијаните ја замениле саботата со недела и се надевам ти објаснив дека тоа не е така.
     
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    ЕВРЕИТЕ 4:9
    " Но, за народот Божји се уште останува саботната починка"

    Што ќе кажеш за овој стих?
    Јас веќе ти кажав ги почитувам 10те Божји заповеди кој го содржат ова
    А тој му рече: Љуби го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед. А втората е како и оваа: Љуби го твојот ближен како себеси! Матеј 22: 37 -39
    -ослободена сум преку Христа од Мојсеевиот закон. А ти што почитуваш од Библијата?
     
    Последна измена: 11 септември 2018
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во оригиналот тоа „саботна починка“ е само еден збор - шабат - што значи одмор.
    Прочитај ја целата 4-та глава да видиш за каква „починка“ т.е. за каков „шабат“ (одмор) се зборува таму. Не станува збор за одмор како ден-Сабота, туку станува збор за Божјиот Одмор кој Бог ќе го даде и го дал преку Христос. Оние што поверувале во Христос - тие влегле во Божјиот одмор и нашле одмор на своите души, а оние - евреите - кои не поверуваа во Исус, тие не влегоа во Божјиот шабат.
    За нив во истата глава се вели: „Така се заколнав во Мојот гнев и нема да влезат во Мојата починка” (Евреите 4:3, Библијата)

    Целата 4-та глава зборува за влегување во шабатот (одморот) - како свршен чин, а не како за одржавање еден 24 часовен ден. Читај таму како вели дека Исус Навин не можел да ги доведе евреите во Божјиот одмор и затоа Бог определил друг „ден“? А кој е тој друг „ден“? Епа тоа е Христос. Затоа после стихот кој го цитираш пишува вака:

    „Имено, кој влегол во Неговата починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите.
    И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност!“ (Евреите 4:10-11, Библијата)

    Како што ти кажав и погоре, Шабатот беше претслика на Исус и затоа Исус вели:

    „Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.”
    (Исус Христос, ев. Матеј 11:28-30, Библијата)


    Ја почитувам целата Библијата како Божјот откровение, но се водам според Исусовото учење во рамките на Новиот Исусов, а не Мојсеев завет.

    Промената од израелскиот во христијанскиот начин на служење на Бог може да се илустрира со следниов пример: Една држава може да го промени својот устав. Штом законски се воведе новиот устав, од луѓето повеќе не се бара да го почитуваат стариот. Иако некои од законите на новиот устав можеби се исти како оние во претходниот, други се различни. Затоа, човек мора внимателно да го проучи новиот устав за да види кои закони важат сега. Освен тоа, еден лојален граѓанин ќе се информира и за датумот кога стапува на сила новиот устав - а тоа е Велики Петок - денот кога заветувачот Исус ја пролеа Својата крв - го исполни она што го бараше Стариот завет и го воспостави Новиот завет.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Покајанието важи и за денеска така?
    Ај објасни ми за кои гревови ги учел Христос дека е покајанието? Само спрема луѓето може да постојат гревови или и према Бога? А се е од Бога, немаме ништо наше заслужено.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Прочитај го Новиот завет внимателно и ако видиш дека правиш нешто спротивно од заповедите таму - е за тоа треба да се покаеш. Во главно како резиме Исус ти го сумираше Божјиот закон во следново златно правило: Се што сакате луѓето да ви прават на вас, правете им го и вие на нив.

    Секако и кон Бог може да постојат гревови. Главната заповед сега на Бог е да веруваме во Исус и да го слушаме Него. Ако Бог вели дека воспоставил Нов завет во Исус и дека Исус е нашиот „шабат“ во тој Нов завет, а ние се уште си го држиме старозаветниот шабат - тогаш ние правиме грев спрема Бог, и Божјото заколнување „дека нема да влеземе во Неговата починка“ ќе се оствари и за нас.
     
  9. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Кои заповеди?
    Овие? Значи ние денес не треба ништо да правиме доволно е да веруваме и да го сакаме Бог. Ти ко сакаш некој човек ништо не му покажуваш , кажуваш - Како ќе знае дека го сакаш ако не правиш ништо за него?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.150
    Ау, не ми се верува што јас тука читам. Со какви сенешта се исповрзала темава, па тоа е страшно!

    Моето мислење е тоа дека, доколку си религиозен, односно, имаш смирен дух - тогаш си полн со љубов за сите. Јас тука, помеѓу многумина кои многу знаат за религија, воочувам и си потврдувам дека тоа да знаеш за религија и да си религиозен е голема разлика.
    Исто добив впечаток од одредени мислења (у стилот: „Они не ги разбираат (не знам кои) закони“ и слично)... Не, јас не можам да се изначудам!

    Дали сега јас, како верник, треба да се засрамам што не ги знам до најситните детали правилата или што не можам да ја цитирам Библијата? Дали ако одам секој ден во Црква, ќе бидам нешто посебно голем верник? Дали ако имам икони по дома јас сум нешто многу, као ептен нешто религиозен и пример совршен за останатите? Дали ако не одам на црква скеоја недела, автоматски не верувам во Господ? Дали? Тоа се тие „мистерии“ . Многу, ама многу лошо е коа ќе слушнам од, нели, религиозни ликови, колку некој Е или НЕ Е религиозен. Мислам... Ха.

    Религијата се ужива и промовира со љубов, драги мои. Љубовта е движечката сила. Христијанството не' учи да се сакаме и почитуваме, а ние сме тоооолку полни со предрасуди, што е страшно и тажно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    денот се вика сабат а не сабота. И не е од понеделник до петок 6 дена туку од недела до петок како што во многу календари недела е првиот ден во неделата.
     
    На turist му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Шабат или Сабат. Тоа е кај Адвентистите, за нив саботата е неработен ден.
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    кај нас па сабота е најработен ден плус пазар ден сите слободни прв викендашки ден се што може од обврски да се заврши.
     
  14. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    За тоа твое размислување што го изедначуваш со вистина дека некој (или некои) седнал и размислил и напишал треба да изложиш историски факти и докази. Во спротивно е само твое мислење, твоја приказна, без темели. Како што некој друг може да каже дека сме населени од друга планета.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  15. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Кога јас читав Свето Писмо и се соочив со Сабота или Недела, мораше едно да е точно. И религиски (боблиски) и историски ако се истражува факт е дека седмиот ден во неделата е Сабота. Тоа што малкумина го знаат тој податок е друга тема. И го повикав попот да разговараме околу ова. Тој беше искрен и призна дека Сабота е седми ден, и дека во црква за Сабота имаат посебни литургии, но дека ја прифаќаат Неделата зашто Исус воскреснал во Недела и во Новиот завед била Неделата. И за Недела имале посебни литургии. Но сето тоа беше устен разговот, без библиска или историска потврда. Но едно останува, пишано е дека Бог го освети и ги благослови седмиот ден, а кој може да го одземе благословот на тоа што од Бог е осветено и благословено?!
     
    На Аргентина * и marchi-cool им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Гледам колку што се може да одмарам во сабота, за секој случај.
     
  17. Artikel

    Artikel Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    ЧЕТВРТА БОЖЈА ЗАПОВЕД

    Прашањето за саботата, неделата и другите празници

    Најтешкото обвинување против Црквата сектантите го упатуваат во врска со празниците. Речиси сите сектанти ги отфрлаат сите христијански празници, освен неделата. Адвентистите и другите саботјански секти ја отфрлаат неделата, а на нејзино место ја празнуваат саботата, обвинувајќи ја Црквата дека го изменила и го нарушила Божјиот морален закон, особено четвртата Божја заповед славејќи ја неделата наместо саботата. А јеховистите ги отфрлаат сите празници, дури и неделата и саботата, бидејќи како што велат тие, Бог ги создаде сите денови, а не само еден. Така тие го објаснуваат тоа.

    Најнапред да слушнеме како гласи четвртата Божја заповед.

    “Помни си да го празнуваш саботниот ден! Шест дена работи и сврши ги сите свои работи! А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог. Тогаш немој да работиш никаква работа: ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето магаре, ниту придојдениот што ќе се најде во твојот дом! Зашто Господ за шест дена ги создаде небото, земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден“ (2. Мојсеева 20,8-11).

    Како што се гледа, Бог на Израилците строго им нареди да го празнуваат “денот од одморот”, во стариот завет наречен сабота, зашто зборот “шабат” значи одмор.



    Докази во полза на празнувањето на саботата

    Во наше време најактивна пропаганда во празнувањето на саботата врши верската заедница “адвентисти на седмиот ден” или како што се регистрирани “Христијанска адвентистичка црква”. Освен овие, има и други адвентистички групации што ја празнуваат саботата, а од поранешното излагање во историскиот преглед на сектите видовме дека ги имало уште од поранешни времиња. Но тоа беа поедини сектантски групи, кои не беа во никаква организациска врска со денешните адвентисти. Некои од тие сектанти исчезнаа претопувајќи се во еврејството.[1] Сите овие секти го имаат заедничкиот белегда бараат празнување на саботата, па бидејќи по тоа се позабележливи отколку по нешто друго, затоа народот ги нарекува саботјани.

    Да преминеме на причините и доказите што во полза и оправдување на нивниот став ги наведуваат почитувачите на саботата, или саботјаните.



    Неменливост на моралниот закон

    Моралниот закон потекнува од Бога. Како што е Бог по суштина неменлив, така е неменлив и по своите одлуки. Неговиот морален закон е израз на Неговата волја и Неговата света суштина, па и Он е неменлив. “Јас сум вашиот Бог и не се менувам” – говори Господ преку пророкот Малахија (Малах. 3, 6). Таа неменливост ја нагласува и апостол Павле кога зборува за Христос, Кој според природата е еднаков со Отецот (Јован 14, 10; 30, 20, 28). Тој шишува: “Исус Христос е ист вчера, денес и во веки” (Евр. 13,8).

    Бог е неменлив не само според својата суштина, туку и според плановите и одлуките. “Бог не е човек та да се поколеба ниту е син човечки па да се изменува. Што ќе каже па да него изврши и што ќе рече па да не биде така?” (4. Мој. 23, 19). “Зашто Бог нема да се покае за даровите свои и призовувањето” (Рим. 11, 29).

    Според тоа, Божјиот морален закон е неменлив. Него никој не може да го измени, ниту пак некој има право да го менува. Празнувањето на саботата е дел од тој Божји морален закон изразен во десетте Божји заповеди па според тоа саботата треба да се празнува според вечниот закон.

    Со распнувањето на Христа престанал да важи зтарозаветниот обреден закон, што го докажува кинењето на завесите во Ерусалимскиот храм кога Христос го испушта духот (Мат. 27, 51) За тој обреден закон заборува и Новозаветното Свето Писмо дека е укинат и дека важел само до Христа. Затоа, кога ќе прочитаме во Светото Писмо: “сите Пророци и Законот беа пророкувале (се`) до Јована” (Мат. 11, 13; Лука 16, 16); “Законот беше даден преку Мојсеја, а благодаттда и вистината произлегоа од Исуса Христа” (Јован 1, 17); ,,Така законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата” (Гал. 3, 24). “А пак одменувањето на поранешната заповед се изврши поради тоа, што таа беше слаба и безполезна, оти Законот ништо не доведува до совршенство, а се воведе подобра надеж преку коај се приближуваме до Бога” (Евр. 7, 18-19). “Оти ако првиот закон беше без недостаток тогаш немаше да се бара место за втор” (Евр. 8, 7). “го премавнува првото за да го постави второто” (Ерв. 10, 9).


    Значи, кога ќе ги прочитаме зборовите на Светото Писмо тогаш јасно станува збор за укинување на старозаветниот. Но кој закон? Дали моралниот или обредниот? Секако дека обредниот. А моралниот закон е неменлив и не се уништува. Како што видовме, саботата е дел од тој закон, па во нејзиното празнување е нешто што не се менува.[2]



    Бог ја благослови саботата уште во рајот

    Библијата вели: стих 2 И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите Свои дела, што ги направи.
    стих 3 И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи. (1. Мој. 2, 2-3).

    Од овие блиблиски зборови се гледа дека Бог отпочина во седмиот ден, го благослови тој ден, и дека го даде на Адам да го празнува. Според тоа, саботата не е “еврејски” празник туку сеопшт, бидејќи Адам е праотец на сите луѓе а не само на Евреите. А праотецот на Еврејскиот народ Авраам е роден многу подоцна[3], велат саботјаните.



    Старозаветните праоци ја празнуваа саботата

    Заповедта за саботата е стара колку и човештвото. Саботата ја празнувал Адам уште во рајот, како и сите негови потомци не само по добивањето на заповедите Божји туку пред Синајското законодавство. Тоа се гледа од текстот на четвртата заповед каде што се вели: “помни го денот саботен за да го празнуваш”. Изразот “помни го” значи дека е нешто старо, веќе познато, само треба да се памети и да не се заборава[4].

    Освен тоа, за Енох, Ное и Авраам е речено во Библијата дека живееле “според Божјата волја” идека “ги исполнуваа заповедите и наредбите Божји” а тоа значи дека знаеле за Божјите заповеди, меѓу кои е и четвртата за празнувањето на саботата”[5]. Исто така знаеја и за периодот од седум дена односно за седмицата како што се гледа од библискиот текст (1 Moj. 5, 22; 6, 9; 8, 10-12; 26, 5).


    [1] Јевсевије Поповиќ, Историја Цркве, II книга, стр. 288.

    [2] Мирко Голубиќ, Божји дан одмора кроз векове, стр. 19 и 33-36.

    [3] Истиот писател и дело, стр. 6 и 16; Лазар Сланкаменац “Верују” стр. 51.

    [4] Мирко Голубиќ, Божји дан одмора кроз векове, стр. 5.

    [5] Мирко Голубиќ, Божји дан одмора кроз векове, стр. 7.

    За да покажат пoјасно како празнувањето на саботата поминувало до колено на колено од Адама до Мојсеја, саботјаните наведуваат и список на генерациите тврдејќи дека е тоа “општо прифатена библиска хронологија”[1].

    Христос и апостолите

    Христос, мироносците и апостолите ја празнуваа саботата. Христос “според обичајот” влегувал во саботите во синагогите (Лука 4, 16). Значи ја празнувал саботата, па Неговиот пример треба да е задолжителен и за нас. Дотолку повеќе што Он вели: “не дојдов да го укинам законот и пророците туку да ги исполнам”[2] (Мат. 5, 1).

    Дека апостолите и по восксресението ја празнуваа саботата, се гледа и од сведоштвото на Светото Писмо кое известува дека апостол Павле во саботите одел во еврејските синагоги и таму го проповедал Евангелието (Дела 13, 14-16; 13, 42-44; 17, 1-4; 18, 1-11; 24, 14). Тој вели дека на народот Божји уште му е оставено саботувањето (Евр. 4, 9). На апостолскиот собор апостолите донесоа одлука за престанок на важноста на обрезанието, а ништо не рекоа за престанок на празнувањето на саботата.[3] Тоа значи дека го задржаа празнувањето на саботата како неменлива обврска.

    А дека мироносците ја празнуваа саботата дури и по Христовото воскресение, сведочи евангелистот Лука во своето евангелие напишано 60 години по Христа, а околу 30 години по Христовото воскресение[4] (Лука 23, 54-56).



    Нема заповеди за неделата

    Во целото Свето Писмо не постои ниту една заповед да се празнува неделата на местото на саботата. По воскресението Христос 40 дена им се јавувал на учениците и со нив зборувал за Божјото Царство, а ниту еднаш не им кажал дека треба да го празнуваат денот на Неговото воскресение. За неделата во Светото Писмо се зборува како за обичен ден.



    Неделата потекнува од многубоштвото

    Старите Римјани неделата ја нарекуваа Ден на Сонцето – Dies Solis. Старите Египќани го обожаваа Сонцето. Исто така и Вавилонците и Грците. Митраистите ја славеа неделата како ден на Сонцето. Под влијание на многубоштвото, христијаните ја напуштија саботата и го прифатија празнувањето на неделата. Особено за тоа придонел папата и посебно царот Константин, кој што издал закон и наредил да се празнува неделата.



    Вечното важење на саботата

    Според адвентистичкото тврдење саботата ќе се празнува задолжително дури и по општото воскресение. Саботата ќе се празнува на новото небо и на новата земја. На тоа ги наведуваат следните библиски докази.

    Спасителот зборувајќи за неволјите што ќе ги снајдат луѓето пред Неговото второ доаѓање, ги опоменува своите следбеници[5] (Мат. 24, 20). А пророкот Исаија зборувајќи за новото небо и новата земја, значи за времето по општиот суд и воскресение, вели:

    “20. и ќе ги претстават сите ваши браќа од сите народи како дар на Господа на коњи и коли, на носилки, на маски и на брзи камили, – на Мојата света гора, во Ерусалим, вели Господ, – исто како што синовите Израилеви принесуваат дар во домот Господов во чист сад.
    21. И од нив ќе земам свештеници и левити, вели Господ.
    22. Зашто, како што новото небо и новата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше.
    23. Тогаш од месец на месец, и од сабота во сабота ќе доаѓа секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Господ.” (Иса. 66, 20-23).



    Вонбиблиски доказ

    Иако адвентистите како и сите сектанти изјавуваат дека му веруваат “само на Светото Писмо”, сепак за задолжителното празнување на саботата наведуваат и еден вонбиблиски доказ. Тоа е сведоштвото на Елена Г. Вајт кое се состои во тврдењето дека таа имала “визијана небесната скинија” и дека таму ги видела двете камени плочи дадени на Мојсеј на Синај, та дека во таа пригода ѝ било објаснето дека треба да се празнува саботата. Според една верзија четвртата заповедбила темна а според друга, светла. За доказната вредност на таа визија ќе стане збор подоцна.

    Многумина кои поверуваа во објективноста на нејзината визија го прифатија празнувањето на саботата, и тоа многу повеќе поради таа визија отколку поради библиските докази.








    Вредноста на изнесените докази

    Да ги разгледаме изнесените адвентисички, односно саботјански докази со ред, точка по точка, како што се изнесени претходно.






    Неменливоста на моралниот закон

    Бог според својата суштина е неменлив, а според своите ветувања верен, па според тоа и во тој поглед е неменлив. Тоа е очигледна вистина. Таа вистина Црквата ја знаела и проповедала и без адвентистите.[6] Исто така таа знаела и проповедала секогаш па и денес дека Божјиот морален закон е исто неменлив. Tоа што е чесно отсекогаш било чесно а тоа што е грев и зло било и останува зло. Во тоа сите сме согласни.

    Меѓутоа, има една работа што адвентистите или не ја гледаат или пак не сакаат да ја видат иако ни е дадена преку разумот и преку Светото Писмо. Тоа е дека постои природен морален закон и пишан или откриен морален закон. Природниот закон е даден во душата на секој човек и се пројавува преку гласот на совеста. Дека е така гледаме од искуството а тоа го сведочи и Светото Писмо кога вели: Незнабошците немајќи Закон сами од себе вршат се` по законот, тогаш тие иако немаат Закон, самите во себе си се закон поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца та затоа се управува според Законот бидејќи нивната совест им сведочи за тоа и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат во оној ден кога според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето” (Рим. 2, 14-16). Тој сеопшто морален закон всаден во срцата и совеста на луѓето останува неменлив. Тој е во основа идентичен со десетте Божји заповеди.

    А дали во него има нешто за саботата? Нема! Кога би имало, тогаш сите народи самите би ја празнувале саботата без никакви позитивни Божји наредби.

    Но ако во тој закон на срцето и совеста не е кажано ништо за саботата, тогаш е кажано нешто друго. Тој природен закон ни зборува дека треба да го почитуваме Бога и дека е добро човекот да има извесни времиња одредени за молитва и надворешно изразување на богопочитувањето. Затоа сите народи макар да се и од многубожечката темнина, имаат понекои обреди со кои го изразуваат тоа богопочитување и некои празници или некои денови одредени за молитва.

    Но како, кога и кој ден треба да го посветиме на Бога и на богопочитувањето на посебен начин, тоа во природниот морален закон не го пишува. Оттаму разни народи имаат и различни денови посветени на нивните божества.

    Бој им се јавувал и на евресјките отци, па преку Мојсеј ни открива кои денови треба да се празнуваат. Како што гледаме од четвртата Божја заповед Бог бара од луѓето шест дена да посветат на своите работи и на секојдневните грижи а седмиот ден да го посветат на Бога, во молитва, духовно размислување, засилено правење на добри дела и засилена борба против гревот.

    Зошто токму секој седми ден а не секој трети, петти или дваесет и шести ден? Секако од две причини. Двете потекнуваат од Бога. Првата причина е таа што Бог го создаде човекот со таква природа која бара телесен одмор и духовно закрепнување. Кога човекот би се одморал секој ден, или секој трети, или секој петти ден, тогаш би завладеала голема сиромаштија бидејќи би се работело малку, недоволно за живот на човекот. Кога не би се работело секој десетти, петнаесетти или дваесет и шести ден, на човекот би му било многу тешко бидејќи неговата природа бара почест одмор. Седмицата одговара најмногу.

    Втората причина за установување на седмицата не се однесува на човековата природа туку е чисто божествена.Бог го создаде светот за шест творечки дена а седмиот ден отпочина затоа Бог го благослови и посвети седмиот ден а не третиот или десеттиот. Значи Бог установува седмица а не петада или декада. Таа Божја причина за установувањето на седмицата е цитирана во четвртата Божја заповед како образложение:“Оти за шест дена ги создаде Господ небото и земјата... а во седмиот ден отпочина” (2. Мој. 20, 11).

    Останува уште едно прашање: кој ден да се земе како седми? Понеделник, среда, петок, сабота? Бог одговори на тоа прашање: Сабота! Зошто токму сабота а не некој друг ден? Пак имаме одговор на Библијата.

    Десетте Божји заповеди Бог ги дава непосредно на синовите на Израилот што се гледа уште од првата заповед: “Јас сум Господ Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска”. (2. Moj. 20, 2). Toј настан исполнет со чудни Божји дејствувања има особено религиозно и историско значење на Израилците. А саботата како седмичен ден на празнувањето нека го потсетува тој настан. Затоа Бог, образложувајќи ја четвртата заповед, вели: “И запомни дека ти беше роб во Египетската земја но Господ твојот Бог те изведе оттаму со цврста рака и со висока мишка, затоа ти заповеда Господ твојот Бог да го почитуваш саботниот ден и да ти е свет” (5. Мој. 5, 15).


    [1] Истиот писател и дело, стр. 8.

    [2] Истиот писател и дело, стр. 25-27.

    [3] Истиот писател и дело, стр. 37.

    [4] Лазар Слакнкаменац “Верују” стр. 236.

    [5] В. А. Шпајзер, На прагу новога доба, книга 1, Нови Сад (без година), страна 63.

    [6] Др. Лазар Милин, Научно оправдање религије, книга 3, стр. 313.

    Според овие библиски зборови сосема е јасно кому и зошто е дадена саботата како ден за одмор. Седмицата му е дадена на целото човештво и тоа е неменливо. Во таа седмица за Евреите седмиот ден ќе биде саботата. Седмицата заради шестодневното создавање а саботата за спомен на излегувањето од Египет.

    Ако го отфрлиме ваквото објаснување тогаш доаѓаме во искушение дека писателот на Библијата па дури и самиот Бог заборавил како го образложил установувањето на денот на одморот при првото цитирање на заповед па сега во Петтата книга дава поинакво образложение. Значи седмичниот одмор им е наложен на сите луѓе а саботниот посебно на Евреите на Стариот завет.

    Дека е така, сведочи уште еден Божји збор искажан во Библијата: „Речи им на Израелците: ”Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам. (2. Мој. 31, 13). Значи саботата е знак помеѓу Бога и синовите Израилеви. Ете кому му е дадена саботата! “Тоа е знак меѓу Мене – вели Господ – и синовите Израилеви довека”. (2 Moj. 31, 17).

    Еве уште една причина поради која Бог ја даде саботата на Израилот: “4 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Ќе направам да ви паѓа како дожд леб од небото. Народот нека отиде и собира секој ден, колку што му треба за еден ден. Така ќе ги искушам и ќе видам дали ќе се придржуваат до Мојот закон или не.
    5 А на шестиот ден, кога ќе го сместат собраното, ќе има двапати онолку, колку собираа за секој ден.” (2. Мој. 16, 4-5).




    Дали постојат менливи Божји закони?

    Постојат! Во тоа сме согласни сите. Како што се согласуваме дека Божјата суштина е неменлива и како што констатиравме дека Божјите морални закони дадени на сите луѓе и всадени во нивните срца и совеста се неменливи, исто така се согласуваме врз основа на Библијата дека има Божји закони што се менливи дури и покрај тоа што во Стариот Завет се наречени вечни. Тоа се старозаветните закони и прописи што имаа подготвителен пророчки карактер кои според зборовите на апостол Павле ни беа воспитувач за Христа (Гал. 3, 24).

    Кој е тој закон? Тоа е старозаветниот обреден закон. Законот за принесување на жртвите, за храмот, за начинот на богослужението, за празниците. Сите тие прописи имаа само сликовито и педагошко значење беа само слика и сенка на новозаветните вистини. Тоа во Новиот завет престана да важи како што сосема правилно констатираа адвентистите,[1] наведувајќи соодветни библиски цитати иако Црквата тоа го знаела и без нив и многу порано од нив.

    Дали саботата е празник? Очигледно дека не е! Тоа го знаеме и го гледаме од Светото Писмо. А што е за нас и за саботјаните многу поважно, тоа го тврди и Светото Писмо, вбројувајќи ја саботата во празниците и изедначувајќи ја со сите други празници. Сите тие празници како и саботата се нарекуваат Господови. За овие празници е речено дека треба да се нарекуваат вечни празници – Пасха, Празникот на сениците, Педесетница, Празникот на очистувањето. Сите овие празници се наречени Господови празници а начинот на кој треба тие да се празнуваат е наречен закон вечен. (3. Мој. 23, 1-44; 1.Мој 17, 9-13).

    Ако обредниот закон престанал да важи во Новиот завет а саботјаните признаваат дека е така, и ако во тој обреден закон спаѓа и законот за празниците – адвентистите и тоа го признаваат, бидејќи не ги празнуваат Пасхата, Педесетницата и останатите еврејски празници, и ако саботата е празник, а Светото Писмо особено ја споменува во списокот на празниците, тогаш и нејзиното празнување престанало во Новио Завет.

    Ова е единствениот логичен заклучок од напред наведените факти. Зошто да се отфрла обрезанието, Пасхата и другите празници а да се држи саботата?! Истиот законодавец којшто заповедал да се празнува саботата во свое време го заповедал и обрезанието и празнувањето на сите останати празници. Според тоа нема причина да се издвојува од саботата. Ако законот е укинат, укинат е за сите празници, а ако е задржан, задржан е за сите, па тогаш сите да поминеме директно во еврејската вера. Саботјанството претставува застанување на половина пат.

    Но сепак да ги погледнеме во понатамошниот текст и останатите “докази”.






    Саботата во рајот – Божјиот одмор

    Библискиот извештај за создавањето на светот за шест дена и за Божјиот одмор во седмиот ден адвентистите го сфаќаат буквално.[2] Бог почнал да создава во недела, во петок завршил, а во саботата се одморил, па затоа саботата ја благословил и ја посветил и му заповедал на Адам и на целокупното негово потомство да ја празнува. Да го погледнеме ова тврдење сестрано.

    Дали Библијата не` обврзува деновите на создавањето да ги сфатиме буквално, календарски? Во Божјата семоќ ние воопшто не би требало да се сомневаме. На Бога не му се потребни милиони и милијарди години за да создаде нешто. Кога создава, Он тоа го прави за еден миг: Он рече и тие настанаа, Он заповеда и се создадоа (Псалм 32, 9). И навистина така било создавањето на светот од ништо. Во еден миг на зборот Божји од небитие се појавија безброј небесни ангели, вселенски тела, широчина со одредено количество материја и енергија и со физички и хемиски закони, според кои понатаму ќе се формира светот воден од премудриот Божји разум или да се изразиме Библиски: воден од “Духот Божји кој лебдееше над водата” (1. Мој. 1, 2).

    Натамошните развојни етапи Библијата ги нарекува “денови” и ги набројува шест. Колку било нивното траење, дали токму 24 часа или некој подолг за нас непознат период од време, за тоа Библијата не ни дава известување. Сепак, нешто знаеме сосема сигурно! Библијата вели дека ги создаде Сонцето, Месечината и ѕвездите дури во четвртиот ден од создавањето и ги постави на небесниот свод “да бидат знаци и за времињата и за деновите и за годините” (1. Мој. 1, 14). Значи за вистинскиот природен земски ден може да се зборува врз основа на Библијата дури од четвртиот ден од создавањето. Според тоа првите три дена од создавањето не можеле да бидат еднакви со природните земски календарски денови. Додуша, на Бога не му се потребни Сонцето, Месечината и ѕвездите за да го смета времето. Тие му се дадени на човекот како знаци врз кои тој ќе го мери времето а Бог можел и без нив да одмери еден временски период што трае колку земниот ден. Да, можел! Но, дали тоа му било потребно? Ако можел, тоа уште не значи дека го применил.

    Има уште еден податок што ни го дава Библијата во врска со деновите на создавањето. Секој библиски ден на создавањето претставува ограничен период на време на кое почетокот му е “вечерта” а завршниот дел “утрото”. “И би вечер, и би утро – ден еден”. Меѓутоа, за седмиот ден тоа ограничување не е поставено. Дали претходните денови ќе се сфатат буквално или пак некако поинаку, седмиот ден нема никакви ознаки на ограничување. Според тоа, навистина големо е прашањето: не дали можеме, туку дали смееме да го сфатиме буквално како седмичен ден, како прва буквална сабота? Тој може да биде само слика, праобраз од седмичниот ден – саботата, како што може да биде временска проекција на нашата календарска седмица заедно со претходните шест дена од создавањето. За да биде шестдневното создавање основа за установување на буквалната календарска седмица, деновите на создавањето значи, не мора да ги сфатиме буквално. Во тој случај календарската седмица не би била шестдневен дупликат туку негова временска слика. Таквото шестодневие може да послужи како оправдување за установување на седмицата и седмичниот одмор.

    Ако може да се говори за буквалното сфаќање на шестодневието на создавањето на светот, една работа е надвор од секоја дискусија: “Одморот Божји” не можеме да го сфатиме буквално, бидејќи тоа е спротивно на основната догма за Бога како совршено и семоќно битие а и Библијата вели: “Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив”. (Исаија 40, 28). Значи на Бога не му беа потребни 24 часа одмор и починка. Ако Божјата починка не можеме да ја сфатиме буквално, тогаш нема причини “седмиот ден” – Неговиот одмор да го сфатиме календарски. Тој седми ден претставува период кога Бог откако го создаде човекот, престанал да создава нови суштества а Неговиот благослов излеан во седмиот ден е блажената состојба

    [1] Мирко Голубиќ, Божји дан одмора, стр. 33-35.

    [2] Лазар Сланкаменац, наведеното дело, стр. 53.

    на целокупната творба која престојувала во Божјата благодат и блаженство се` до гревот на Адам, кога настанала дисхармонија во таа возвишена блажена хармонија.



    Дали Адам навистина ја празнувал саботата?

    Да! – одговараат адвентистите,[1] како да имаат в раце готови докази. Меѓутоа, таквото тврдење е многу смело, па дури и сомнително. Ние немаме ниту библиски ниту вонбиблиски докази за таквото тврдење. Библиската историја може да ни даде одредени податоци за Адам, но без одговор на прашањето што празнувал тој. Просто затоа што од тоа време не се зачувани никакви писмени извори ниту траги од нивните религиозни календари.

    Адвентистите не ги ни забележуваат резултатите од современата антропологија и палеонтологија. Таа наука, иако не знае точно колку време изминало од појавата на првиот човек на Земјата, сепак ни најмалку не е наклонета да ја прифати адвентистичката теза дека Адам живеел 2434 години пред Мојсеј.

    Ако адвентистите не сакаат да им веруваат на заклучоците од научните истражувања на ископините кои лежат во музеите како готови докази, тоа е нивна работа. Нека најдат начин да ги оспорат. Ние немаме ништо против тоа. Но, вистинска смелост е па дури и научна невнимателност а и неточност кога тие тврдат дека нивната пресметка е “општо прифатена хронологија”.

    Тоа е сосема неточно. Не постои општо прифатена библиска хронологија од причина што Библијата никаде не ги датира историските настани по некоја своја “библиска” хронологија, туку според годините на староста на праотците или пак според годините на владеењето на поедини владетели.[2]

    Да се тврди дека постои библиска хронологија, па уште и “општо прифатена”, тоа значи да се изложуваме ние самите а и Библијата на потсмев од страна на учениот свет.

    Но тоа што за нас е уште поважно е дека ни самата Библија не дава никакви податоци и докази за тоа дека некој ја празнувал саботата пред излегувањето на Евреите од Египет.

    Вистина е до душа дека Бог го благословил седмиот ден, но видовме дека тој одмор во седмиот ден не мораме, па дури и не можеме да го сфатиме буквално. Освен тоа, дури и да го сфатиме буквално – превидувајќи го сведоштвото на Библијата – ние сепак не знаеме речиси ништо за начинот на животот на Адам во рајот ниту колку тој таму останал (освен ако не им веруваме на Јеховините сведоци дека бил 2 години во рајот!), ниту дали ги делел деновите на работни и неработни. Библијата ни соопштува само за една заповед дадена на Адам: да не јаде од плодот на дрвото за познавање на доброто и злото. Освен тоа, ништо повеќе. За било какво празнување на Адам Библијата ништо не зборува. Дури и да имало такво нешто, ние врз основа на Библијата немаме никакви податоци за тоа.

    Освен тоа, треба да се знае дека животот на прародителите во рајот бил совршено поинаков отколку по истерувањето од рајот. Тие таму живееја во постојано славење на Бога и немаа потреба од некои посебни празнични денови ни во физичка смисла, бидејќи не се заморуваа, ниту пак во духовна смисла, оти за нив престојувањето во блажената рајска состојба беше постојан празник, постојан одмор, или ако сакаме да се изразиме по еврејски постојана сабота или постојан Шабат.

    Адвентистичкото тврдење дека заповедите му се дадени уште на Адам во рајот, особено четвртата заповед, не одговара на библискиот текст и на фактичката состојба.

    Пред се`, позитивно дадените Божји заповеди на надворешен начин а не преку совеста се споменуваат дури откако Израилците го напуштија Египет и пристигнаа под Синајската Гора. За тоа имаме извештај во 2. Мој. 20, 1-17. Пред тоа никаде во Библијата не се цитираат! Имало поединечни наредби на поединци. Но тие поединечни наредби никаде не ја споменуваат саботата.

    Второ: од текстот на првата заповед се гледа дека тие заповеди им се дадени на Израилците а не на Адам, оти Бог вели: “Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска” (2. Мој. 20, 2). Адам не бил ничиј роб во Египет!

    Четвртата заповед видовме споменува дека никој не смее да работи во сабота. Ниту Евреинот, ниту неговиот син или ќерка, ниту слугата, слугинката, ниту туѓинецот што е во неговата куќа, дури ни запрежниот добиток. А од сето тоа ништо не може да се примени на Адамовиот престој во рајот. Тој таму немал слуга или слугинка, ниту туѓинци.

    Според тоа, за некакво празнување на Адам, Библијата ништо не знае!

    Додуша, Библијата вели дека Бог го благословил седмиот ден. Адвентистите се повикуваат токму на тоа за да докажат дека Адам во рајот ја празнувал саботата како и самиот Бог. Но, пред се` треба да се има предвид фактот дека Библијата никаде не тврди дека Адам навистина ја празнувал саботата – благословот се` уште не е заповед за еден календарски ден – а освен тоа, овие зборови не се запишани во времето на Адам, туку долго по него, дури по синајското законодавство кога саботата навистина се празнувала и кога на писателот на шестодневието му дошла добра прилика да ја примени четвртата Божја заповед при опишувањето на создавањето на светот.

    Многу често се случува некој писател опишувајќи го минатото да уфрли некоја мисла од својата сегашност што не значи дека таа сегашност на писателот се практикувала во тоа минато време за кое тој пишува. Тоа го има токму во самото шестодневие. Така, кога Бој ја создаде жената, тогаш во Библијата е речено:“Затоа човекот ќе го остави таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја и двајцата ќе бидат едно тело” (1. Moj. 2, 24). Всушност, со овие зборови е кажана суштината на брачниот живот, но Адам и Ева немаа татко ниту мајка за да ги напуштат и да се прилепат еден кон друг.

    Уште појасен е вториот пример. Опишувајќи го Едем, рајот на земјата каде што престојуваа прародителите, писателот вели дека името на едната едемска река ѝбило Фисон, дека “таа тече околу целата земја Евилска а таму има злато. И златото на таа земја е многу добро. Таму има и бделиум и камен оникс” (1. Мој. 2, 10-12).

    Од овие библиски зборови никој никогаш не тврдел дека Адам во рајот се занимавал со минералогија и рударство. Очигледно е дека писателот тука ја наведува ситуацијата што била позната во негово време кога го пишувал шестодневието а не во времето додека Адам бил во рајот.[3]

    Таква е работата и со забелешката на писателот на шестодневието дека Бог го благослови седмиот ден. А уште ако се има предвид дека седмиот ден во рајот нема свои „вечер" и утро", како другите библиски денови на создавањето, тогаш уште помалку може

    да се тврди дека тој бил некој посебен календарски ден, календарска сабота, туку тој “ден“ ја претставувал блажената состојба во која сенаоѓала целата Божја творба пред гревот да влезе во светот.




    Од Адам до Мојсеј

    И Адамовите потомци, се до Мојсеј, не ја празнуваа саботата. За некакво празнување на саботата во тоа време нема никакво споменување не само во историските вонбиблиски документи или во археолошките остатоци туку што е уште поважно, за тоа нема никаквоспоменување во самата Библија. Во Библијата не е наведенниту еден единствен пример дека некој пред Мојсеј ја празнувалсаботата. Се зборува за молитви од поедини луѓе упатувани на Бога,се зборува за принесување на жртви, но ниту едното ниту другото нее доведено во некаква врска со празнувањето на саботата.Каин и Авел Му принесуваат жртва на Бога (1. Мој. 4, 3-4).Кога принесоа? Во кој ден? Во сабота? Не знаеме ниту ние нитуписателот на Библијата.

    [1] Истиот писател и дело, стр. 51.

    [2] Др. Лазар Милин, Научно оправдање религије, книга 2, Белград 1977, стр. 307.

    [3] Епископ Инокентије, Зашто хришчани празнују недељу а не суботу, Скопље 1940, стр. 67.
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2021
  18. Artikel

    Artikel Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Библијата вели: „По некое време Каин My приенесе на Господа дар од плодовите земни а и Авел исто така принесе од првината на своето стадо и од маста" (1. Mој. 4, 3-4).

    Тоа нивно принесување не било во сабота, ниту пак некој друг ден што се празнувал како седми ден од седмицата, туку жртвите ги принесоа тогаш кога почувствуваа потреба. Библијата не вели: “Една сабота принесо жртва”, туку: “По некое време се случи. Значи – се случи. Не бил одреден некој празничен ден којшто се празнувал според некое правило или заповед.

    По потопот и Ное принел жртва, но не поради тоа што тој ден беше сабота или некој празничен ден, туку во знак на благодарност на Бога (1. Мој. 8, 20).

    Библијата споменува дека Адам неколку пати на разни места правел жртвеник на Бога и го славел името Господово (Мој. 12, 7; 12, 8; 13, 18; 15, 8-18 ). А кога тоа би било во сабота, дури и Авраам редоmiѕ a (7; 12, 8; 13, 18, 15, 8-18). Ниту еден единствен пат не се споменувасаботата како седмчен ден, Мојсеј тоа не би го испуштилда го спомене, бидејќи тоа би му било силно доказно средство за да ги убеди тапоглавите Израилци дека треба и тие да ја празнуваат саботата, како што правел и праотецот Авраам.

    И за Јаков Библијата вели дека Му подигнал жртвеник наБога (1. Мој. 35, 1). Но, и тука не се споменува саботата.

    Адвентистите се повикуваат на зборовите наБиблијата која тврди дека Енох, Ное и Авраам живееја според Божјата волја. Бог наАвраам му ветува дека во неговото семе ќе ги благослови сите народи “затоа што го слушаше Мојот глас и ја чуваше Мојата наредбаМоите заповеди, Моите правила и Моите закони" (1. Мој. 26, 5). Апри потопот повеќе пати се споменуваат „седум дена", значи седмицата.[1]

    Се` е точно. Праведни беа и Енох и Ное и Авраам, го исполнуваа законот Божји, или Божјите наредби, но никаде и ништо не сезборува за празнувањето на саботата. Периодот од седум дена што сеспоменува додека Ное се уште бил во ковчегот за време на потопот

    (1.Мој, 8, 10–12), не мора да значи токму работна седмица, а дуриако означува седмица како период, тогаш уште повеќе би требалонешто да се рече за саботата и за нејзиното празнување. А Библијата за тоа молчи.

    Што се однесува на тврдењето дека овие тројца праведниживееја според волјата Божја и дека Авраам ги исполнувал Божјитенаредби, заповедите, правилата и законите,ниту тоа се` уште не содржи во себе тврдење дека Авраам ја празнувал саботата. Тој за Божјиот морален закон можел да знае според срцето и совеста. Ако тоа можат многубошците (Рим. 2, 14), дотолку порано и полесно тоа можел да го знае еден праведник каков што беше Авраам.

    Но, во тој природен морален закон ништне пишува за саботата.

    Кога зборува за потопот и за Ное, Библијата го споменува и еврејскиот календар, така што точно ги наведува деновите и месеците кога почнал потопот (1. Мој. 7, 11), кога за прв пат по потопот се покажаа врвовите од ттлнтните (8, 15), кога ковчегот на Ное застана на планината Арарат (8, 4), кога се исушила сета вода од земјата (1. Мој. 8, 13). Но, никаде во тие датуми не се споменува саботата. Дури и потопот почнал во „седмиот ден”, но не се вели дека тоа било седмиот ден од седмицата -саботата, туку седмиот ден откако Бог го опомена Ное да биде подготвен за потопот што ќе стане за седум дена (1. Мој. 7, 4—10). Дури и тука не се споменува саботата.





    Вавилонската „шабату”

    Многумина претпоставуваат дека Израилците знаеја за саботата и пред Мојсеј. Видовме дека саботјаните тоа го земаат не само како претпоставка, туку како нешто докажано.[2] Меѓутоа, оние што веруваат дека саботата била позната на Израилците и пред Мојсеј, тоа не го докажуваат врз основа на Библијата, туку врз основа на вонбиблиските документи, па се претпоставува дека тогаш саботата била некој вид Израилска имитација на вавилонските многубошци, иако таа претпоставка енеоснована. Но, без сомнение името „шабату“ (сабота) е познато во старите документи од Вавилон, уште од пред времето на Мојсеј. Тој израз „шабату” е употребуван за петнаесеттиот ден од лунарнит месец и означувал „уштап”, или полна месечина. Во тие документи тој е нарекуван „ден на умирање на сонцето“ (срцето на боговите) и тој ден не смеело ништо да се работи. Очигледно е дека денот“шабату” не е идентичен со библиската сабота. Идентичен е само називот и ништо повеќе. Исто така, во Вавилонскиот календар се споменунаат седмични денови во врска со мените во месеците елул и маршесван (за останатите месеци нема податоци), и тоа но 7., 14., 21. и 28. ден од овие два месеца. Но, тоа се денови на месечината и сметани се за баксузни денови а не свети. Во тие денови царот не смеел да почнува никаква работа. Значи и тааседмица не е идентична со еврејската сабота па не може да се земе дека библиската сабота е копија на тие седмици.

    Освен тоа, се знае дека Вавилонците покрај овие месечни седмици во обичниот живот имаа и период од пет дена. А од египетските документи се гледа дека тие месецот го делеа на три декади, три периоди од по десет дена.[3]

    Според тоа, за саботата како празничен ден пред излегувањето од Египет немаме никакви податоци во Библијаа и вонбиблиските извори. Кој сака да претпоставува дека таа постоела и пред Мојсеј, нека претпоставвуа. На човеко никој не може да му забрани разни претпоставки и комбинации. Но треба да се знае дека претпоставка не е исто што и доказ. А особено, претпоставката не е исто што и јасното тврдење на Библијата. Тоа посебно треба да го имаат на ум саботјаните кои постојано велат дека за нив е меродавно само тоа што пишува во Библијата.[4] А овој дел од Библијата не зборува ништо.




    Првото споменување на саботата

    Во Библијата саботата за прв пат се споменува ви пустината Син, која се наоѓа помеѓу Елим и Синај. Тоа било во “петнаесеттиот ден од вториот месец, откако синовите Израилеви излегоа од земјата Египетска” (2. Мој. 16, 1). Додуша, и пред тоа Библијата споменува дека Мојсеј и Арон излегоа пред фараонот и му рекоа: “вака вели Господ Бог Израилев – Пушти го народот Мој да празнува празник во Моја чест во пустињата” (2. Мој. 5, 1).

    Кој е и каков е тој празник никаде во Библијата не пишува. Секако дек ане била во прашање саботата оти Мојсеј би дал повеќе податоци за неа а освен тоа тука не се работи за некој седмичен ден кој би се повторувал по секои шест дена, туку само за еднодневен празник во кој Израилците треба да принесат жртва на својот Господ Бог та да не се испрати на нив смрт или убиство (2. Мој. 5, 3).

    Кога Израилците стигнаа во пустината Син, се побунија против Мојсеј и Арон, бидејки ги доведоа од богатиот Египет во пустината за да изумрат од глад. Кога им даде Господ мана за да се најадат, па да ги “испроба дали ќе одат по законот Божји, или не”, им даде заповед да собираат мана шест дена колкушто им е потребно, а шестиот ден да соберат двојно повеќе, бидејки утредента маната нема да паѓа. Дури тогаш Мојсеј на Израилците им објаснува кога е сабота ишто е таа.

    „Еве ја заповедта што ја кажа Господ — утре е саботен ден, свет одмор за Господа; што ќе печете — печете, и што треба да варите — варете денес; а што ќе преостане, соберете го и пазете го за утре! И оставија од него за утре, како што заповеда Мојсеј, и тоа не се смириса, ниту имаше црвја во него. И рече Мојсеј: Јадете го тоа денес, бидејќи денес е сабота посветена на Господа; денес нема да најдете мана на полето. Шест дена ќе собирате, а седмиот ден е сабота, тогашќе ја нема. И на седмиот ден излегоа некои од народот да собираат, но не најдоа.


    [1] Мирко Голубиќ, наведеното дело, стр. 8-9.

    [2] Истиот писател и дело, стр. 3.

    [3] Dictionnaire de la Bible, Publie sous la direction de Alexandre Westphal, Pasteur-Docteur en Theologie, Tome second, 1956, p. 592. L. A.

    [4] Мирко Голубиќ, наведеното дело, страна 3.

    А Господ му рече на Мојсеја: До кога ќе се противите на заповедите Мои и на законот Мој? Ете, Господ ви дал денес сабота, затоа во шестиот ден и ви дава леб за два дена. Останете сској на своето место, и во седмиот ден никој да не го напушта местото свое. И се одмораше народот седмиот ден”. (2. Мој. 16, 23—30).

    Од приложениот библиски текст се гледа дека е тоа прво споменување на саботата. Пред тоа Библијата никаде не ја споменува саботата. Понатаму се гледа дека пред тоа на Израилците им е непознат саботниот одмор, како и маната што ја собираа во пустината, па Мојсеј морал да им објаснува што е мана и што е сабота и зошто е дадена саботата. Па дури ни тоа не им било доволно на Израилците, та некои лично отидоа да се уверат и да собираат мана во пустината. На крајот, од приложениот текст може да се заклучи дека првата сабота, како ден за одмор, е празнувана во седмиот ден по доаѓањето на Израилците во пустината Син, односно во седмиот ден по Божјото ветување дека ќе им испрати мана. Или поточно, во седмиот ден откако почнала да naѓa маната. Тоа е првата календарска сабота за која знае Библијата, оти вели дека народот во тој ден отпочина (2. Мој. 6, 30). А и потоа Мојсеј сё уште мораше да им објаснува на Израилците за саботата (2. Мој. 35, 1-3).

    Шесте дена на создавање и седмиот благословен ден, тоа е само временска праслика на седмицата и саботата што ќе им ја даде Бог на Израилците кога ќе им го определи Мојсеј за водан. Тоа законски и свечено ќе се исполни кога ќс им ги даде заповедите.





    Саботата кај старозаветните пророци

    Старозаветните пророци многу ревносно ги чуваа заповедите за саботата и го опоменуваа народот да ја пазат и празнуваат саботата, заканувајќи се со тешки казни од Бога ако се наруши оваа заповед. Оттаму и не е чудно што во пророчките книги од Стариот завет многу често се споменува саботата, и се повторува Божјата опомена и наредба: „пазете ги саботите Мои, зошто тоа е знак Meѓy Мене и вас” (2. Мој. 31, 13). Оваа опомена, запишана уште во книгите на Мојсеј, се споменува и кај останатите старозаветни пророци на разни начини (Језек. 203 12; 20, 13; 22, 8; 22, 26; 44, 24; 45, 17; 46, З; Исаија 56, 2). Пророците немаа причина, потреба и право за саботата да пишуваат поинаку од Мојсеј .

    Но, сепак, има примери кога пророците тврдат дека Господ се згрозува од еврејските жртви, од младата месечина, саботите и празниците (Исаија 1, 11—14). Кога правилно ќе се сфатат овие зборови, не значи дека Бог ги ослободува Израилците од принесување жртви, празнување на саботата и другите празници, туку дека бара празнувањето да биде во согласност со целокупниот морален закон. Израилците нека не мислат дека со празнувањето на саботите, младата месечина и останатите празници ќе ги надоместат и ќе ги покријат сите други гревови. Саботата не треба да се прогласи за идол.

    Meѓутоа, иако во Стариот завет е заповедано саботата да се празнува вечно, сепак има едно пророштво кое зборува дека Господ ќе ја укине саботата и сите други старозаветни празници. Додуша, тоа укинување ќе дојде како казна за гревовите на Израилците, но сепак — Бог ќе ја укине саботата! Тоа го пишува во книгата на пророкот Осија.

    Пророкот го согледувал тешкото морално паѓање на израилскиот наред или на старозаветната Црква. Преку пророкот Осија Бог го споредува својот сојуз со Израилот како некој вид брак. Израипската заедница, во секакви гревови, кон Бога стана како некоја неверна жена што го измамува својот маж. Таа слика ја употребуваат и другите пророци, на пример пророкот Језекиил (16, 1—63), па Исаија (Иса. 1, 1—6). За казна, Бог зборува преку пророкот Осија за старозаветната заедница:

    „И ќе укинам при неа секаква веселба, празниците и новомесечјата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави” (Ос. 2, 11).

    Во Библијата има повеќе такви пророштва во вид на Божји опомени или закани, и повеќепати се исполнуваа, Се исполнуваа толку пати колку што израилскиот народ со своите гревови ја навлекуваше врз себе Божјата казна од тој вид.





    Бањата Витезда

    Настанот што беше кај бањата Витезда во Ерусалим ни дава уште една посебна поука за односот на Христа кон саботата. Имено, во сабота било забрането да се носи секакво бреме. Таа забрана не потекнувала од фарисеите туку токму од Бога. “Вака вели Господ: пазете се во сабота да не носите бреме и да не го внесувате во вратата Ерусалимска” (Јерем. 17, 21).

    Тоа е старозаветната заповед за саботата, што Бог им ја упатува на Евреите преку пророкот Јеремија. Не е можно Спасителсуг да не знаел за оваа заповед. Пред се, ако бил Бог — како што ние веруваме тврдо — таа заповед потекнува од Него и не можел да не ја знае. А токму и ако би било точно еретичкото учење дека Христос е само човек, и во тој случај тој секако знаел за таа заповед, бидејКи таа им била позната на сите Евреи, а особено на добрите познавачи на старозаветното Свето Писмо, каков што беше Исус. Значи, без сомнение, таа заповед во секој случај му била позната на Спасителот. А ете, во една прилика Он постапи како да не ја знае, или пак како да ја смета укината во Своето новозаветно царство. Крај бањата Витезда лежеше еден болен човек, фатен преку триесет години. Спасителот чудно го исцелува, откако му рече: „стани, земи ја постелката твоја и оди си. И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одетжше. А тој ден беше сабота” (Јован 5, 1—10).

    Евангелистот Јован, којшто го опишува овој настан, понатаму извесува дека Eвреите сакаа да го убијат Христа Исуса, „оти не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Отец, ”правејќи се еднаков со Бога” (Јов 5, 18).

    На тој начин евангелистот Јован признава две работи: а) дека Спасителот се нарекува Син Божји и б) дека со Своите зборови упатени на болниот ,ја нарушува саботата”. Овој пат судот за Христос не донесуваат само фарисеите, туку и самиот евангелист Јован, констатирајќи ги овие два факта.

    Што сакаше да ни каже Спасителот со заповедта што му ја даде на исцелениот болен човек, да ја земе својата постела на која дотогаш лежеше?

    Првиот можен одговор на ова прашанње е тој дека Христос сакаше да му покаже на болниот и на сите присутни дека човекот стана здрав, за да може не само плашливо да оди, туку и да ја носи сопствената постела. Можеби тоа беше и најголемата причина за дадената заповед.

    Но, кога се знае за онаа строга старозаветна заповед дека во сабота не смее да се носи никаков товар, тогаш таквото објаснување не е доволно. Бидејќи, болниот своето оздравување можел да го покаже и со самото одење, а постелата можел некому да ја подари, ако имала некаква вредност, или пак да ја однесе дома дури утредента.Дали можеби Спасителот заборавил за таа заповед во тој миг, или пак не ја познавал? Порано видовме дека таа мжност е исклучена. За неа не може да стане збор. Тоа објаснување отпаѓа кога станува збор за Богочовекот Христос.

    Ако Он и покрај сето тоа наредува на болниот да ја земе постелата, што значи без оглед на заповедта што потекнува ол Него, Богот на Израилот, тоа очигледно го прави со цел да му покаже на болниот, а и на Евреите и на сите генерации што ќе го читаат описот на тој настан, дека Он е Син Божји, вистипски Бог, кој има власт и над саботата и над сите прописи што се однесуваат на саботата, па според тоа ја има и власта во своето ново царство, во Новиот завет, кога саботата и сите други старозаветни празници ќе дотраат, да ја изедначи со останатите денови и да каже дека во сабота, како и во четврток, вторник, понеделник и во секој друг ден може и да се носи товар и да се прави секое добро дело. А лошите дела не се дозволепи ни во еден ден. Според тоа, саботата се изедначува со останатите денови.

    Саботјанско објаснување на овој настан

    Саботјаните даваат едно објаснување за овој настан, кое на прв поглед изгледа многу едноставно и логично. Секако, не смее да се признае дека Христос со таа заповед нё разреши од обврската кон саботата. На исцелениот болен човек Он му заповеда да ја носи постелата од причина што таа не престставувала некаков товар што не смее да се носи.

    Ова објаснување изгледа духовито, но не е во согласност со текстот од Евангелието. Кога би било така, тоа би го увиделе и самите фарисеи, па не би го укорувале човекот кој носи товар во сабота. А ако некој добро знаел колкава тежина смеело да се носи во сабота, тоа секако го знаеле фарисеите. Освен тоа, излекуваниот човек пред Евреите не се оправдува со саботјанското објаснување. Тој не ги оспорува обвинувањата на Евреите, т.е. дека тоа што го носи не е никаков товар, туку се повикува на авторитетот на Исцелителот.

    А тоа што најтешко го поразува саботјанското објаснување се зборовите на Самиот Спасител. Кога Евреите за тоа дело Му се заканија дека Ке го убијат, Тој не се оправдува пред нив со тврдењето што го сугерираат саботјаните — дека товарот бил лесен, па според тоа можел да се носи — туку им одговара: „Мојот Отец досега работи, јас работам” (Јован 5. 17). Не може Да се најде попоразен збор за саботата!







    Што следува од настанот кај бањата Витезда?

    Целиот настан кај бањата Витезда не` поставува пред дилемата: или е Христос обичен човек кој посегна да ја оспори Божјата наредба за саботата, па затоа мора да биде осуден според законот, или е Бог – како што самиот сведочи – па според тоа има право да не` разреши од старозаветните обврски кон саботата.

    Евреите се определија за првото објаснување и Христа го предадоа на смрт, уверени дека со тоа го исполнуваат старозаветниот закон.

    Христијаните се определија за второто објаснување, длабоко уверени од Христовите зборови и дела дека Он е вистинскиот Месија, Синот Божји, вистинскиот Бог и вистински Човек, всушност Богочовек чија смрт и воскресение не` ослободува од старозаветните обврски. Настанот со носењето на постелата од страна на исцелениот човек ни служи само како пророчки предзнак дека луѓето во царството на Месијата ќе бидат ослободено до старозаветните обредни прописи, па и од прописите за празнувањето на саботата која, како што веќе видовме е само сенка на новозаветната реалност како што тоа беа и старозаветните празници и обредни прописи (Кол. 2, 16).

    Саботјаните од сите видови некако би сакале да ги соединат тие две крајности – Христос и саботата. Според нив, Христос не` разреши од целиот старозаветен закон, од сите празници, само не од саботата. Така останаа на средината од патот помеѓу старозаветната заповед дека постелата не смее да се носи во сабота и заповедта на Спасителот постелата да се носи. Би било интересно да се знае како би постапил денешениот саботјанин ако беше на местото на болниот крај бањата Витезда. Дали би ја прифатил Христовата заповед и исцелението, или би ги отфрлил и двете работи за љубов на саботата, или пак би го прифатил исцелението а носењето на постелата би го отфрлил, опоменувајќи го Христа за редот и должностите кон саботата?




    Во библијата не постои заповед да се празнува неделата

    Меѓу саботјаниските “докази” за празнување на саботата, а не неделата, постoи и тврдењето дкеа во целото Свето Писмо нема ниту една заповед дека наместо саботата треба да се празнува неделата. Тоа е сосема точно! Светото Писмо не заповеда наместо саботата да се празнува неделата. Таква заповед формално не постои. А не е ни потребна. Таква заповед била потребна само за саботата бидејќи Израилците до појавата на маната (пустинската храна) во пустината не знаеја ниту кога е сабота ниту што е сабота. Поради тоја Мојсеј мораше се` да ми објаснува, а Бог да ги уверува со тоа што во сабота не ми даваше храна.

    Сосема поинаква е работата со неделата. Неделата е ден на Христовото воскресение. Тоа сосема сигурно го знаеме од Светото Писмо (Мат. 28, 1; Марко 16, 1; Лука 24, 1; Јован 20, 1). Пред воскресението неделата била обичен ден . Според редот тоа е првиот ден во еврејската седмица. Немало никаква потреба ниту причина во Стариот или во Новиот завет да се зборува за овој ден. По воскресението работите стојат сосема поинаку. Тоа подобро ќе го согледаме ако го појасниме значењето на Христовото воскресение, макар и накусо.