Ако имаш смарт часовник на тебе, тој ти мери пулс и треба да е поврзан со блутут со телефонот и соодветната апликација да речеме Strava. И според посебни алгоритми од измерен пулс и ако правиш кардио со трчање или возење или пешачење тоа ќе мери со гпс дистанца и времетрање и ќе пресмета од прилика.
Здраво. Сакам да ослабам 5кг. но не знам од да почнам. Дали ќе може да добијам некои совети во врска со вежби, исхрана? Ви благодарам
Почни прво со вежби за цело тело. Има на јутјуб FullBodyWorkout at Home, тоа се одлични вежби за почеток и го опфаќаат цело тело. Доволно е трипати неделно да ги правиш. Во врска со исхраната имам пишувано на темава можеш да разгледаш, доста детално и убаво е опишано. https://forum.femina.mk/threads/Исхрана-прв-фактор-за-атлетско-тело.30672/
Ако има некој искусен да ми даде совет. Веќе 4дена ги правам вежбите од видеото. Имам добра големина на задникот, ама сакам да го подигнам и зацврстам, прашањето ми е дали вежбите се добри и дали после месец-два би имало видливи резултати со секојдневно вежбање? Фала ви
Би имало резултат и побрзо за 3 недели негде, јас ќе ти речам секој ден можеш да ги правиш овие вежби не се тешки, и малку време траат така да мускулот не го оптоваруваш многу. Јас идам во теретана веќе 4 години имам многу добри резултати и сега правам и јас такви вежби секој ден. Имам маса изгубено малку ама формата е тука.
Нема такво нешто шо топи сало само на одреден дел. Кога вежбаш кардио се потиш губиш калории нели, за стомакот најбитна е храната.
Вежбам редовно веќе еден месец и ми треба совет. Досега вежбав без тежини, но со поголем интензитет. За време на тренингот ме болат мускулите нормално. Е ама последниве десетина дена после тренинг не ме болат воопшто. Дали тоа значи дека треба да ставам тежина или пак да зголемам интензитет можеби? Кога всушност знам дека треба повеќе тежина? Инаку има веќе видливи резултати. Да напоменам дека се фокусирам првично на слабеење, не толку на градење мускул сега засега. @DiCaprio @AAKG ?
Ти се навикнале мускулите на вежбање, не значи дека нема ефект ако не те боли. Сепак, би било добро да ставиш тежина, или прави повеќе серии, смени малку.
No pain mo gain. Без болка нема добивка. Незначи дека мускулот ако неболи дека нерасти али сепак два дена после тренинг нормално е да се има блага болка на вежбаниот мускул. Без соодветно стимулирање на мускулот нема мускулен раст. Мора мускулот да се исцепи за време на тренинг а после да се опорави. Од тренинзите без тежина брзо се стагнирва и мускулот бара промена. Интезитет ти е тежината а волумен е бројот на серии и повторувања. Зголемија тежината и волуменот и секоја мускулна партија тренираја мах 2 пати неделно.
No pain no gain се мисли на болката и тешкотијата што ја чувствуваш за време на вежбањето. Не мора да имаш болки нареден ден после тренинг. Јас вежбам повеќе години и веќе сум навикната и осеќам болка кога правам вежба што не сум ја правела подолго време, или сум правела пауза од теретана па после првиот тренинг ме болат мускулите наредните 2 дена.
Ако накачиш тежина и те како се осеќа болка после два дена треба да се предизвикува телото со нагли зголемувања и нагли намалувања на тежините. Болката нема да биде како таа што ја осеќаме после долга пауза, ама ќе биде доволен знак за тоа дека сме напраиле добар тренинг.
2 дена немам вежбано и се осеќам безвезе некако и ми фали,ама не сум дома па затоа. Вежбајте упорно,ова ми е прв пат да не се откажам и стварно многу вредеше,го добив тоа што го сакав од секогаш. Вежбам 3-4 пати неделно веќе 6 месеци.
Сум го достигнала максимумот изгледа, гледам само да менувам рутина на секои 6-8 недели, supersets, drop sets и сл. Исто и бројот на повторувања и серии, ама како што кажав погоре, не мора да значи дека после добар тренинг треба да те болат мускулите 2-3 дена. Бцаа-та помага за soreness
Не се сомневам во твоите способности за добар тренинг Пример да напраиш hip thrust со 30kg плус од претходната тежина и те како ќе осетиш болка следниот ден Можеби кај мене повеќе се изразувало поради тоа што не сум внесувала БЦАА, ама во глобала при 'шокови' на мускулот би требало да има блага болка.
Сама си го даде одговорот. Се навикнува мускулот на еден ист режим и стагнирва. Додај тренинг за сила и експлозивност и тренингот за хипертрофија измениго, зголеми интезитет а волуменот нека остани ист. Следни три дена ито како боли мускул. Исто така и од претренираност неболи мускул, исто како да не сме го вежбале. Болката е најдобар знак за добар тренинг. ВЦАА само ја враќаат енергијата после тренинг и го намалуват заморот. За време на тренинг никаква придобивка од нив едино ако има кофеин вонив тогаш можи да се осети издржливост. Л глутаминот е добар за намалување на болките во мускулите. Сепак секој има цел, некој да додава мускулна маса цело време, некој да одржува а некој да тренира за обликовање и да си држи режим на исхрана,некој за слабеење.
Ти дадоа доста солидни совети, особено ми се допаѓа на @thequeen95 мислењето , а воедно и на @Kimberly11 мотивацијата да не се откажуваш.
Не знаев каде точно да го поставам прашањево, па одлучив да пишам тука. Со оглед на тоа што теретаните не работат, сакам да си набавам некои реквизити за вежбање, за дома. Ме интересира дали со шипките за вежбање доаѓаат и навои/опруги за прицврстување на теговите, или тие дополнително се купуваат? Ако се купуваат дополнително, дали некому му е познато каде би можела да најдам навои за шипка со f28, како оваа на сликата? http://www.gladijatori.com/gr-pro-sport-шипка-со-навој-ø28-mm.-120-cm.-hos-l-3,-gr-pro_p294.html Зборувам за вакви опруги, или од оние на вртење (како шрафови): https://ae01.alicdn.com/kf/HTB1tSha...-Clamp-Spring-Collar-Clips-Safety.jpg_q50.jpg
Нахнадно се купуваат али несе многу скапи. Само гладијатори поќе не работи продавницата. Затворена е 8 години.