Како се постигнува ова , претежно со какви вежби? Скоро сите се со иста тежина а фигурата на телото после вежбање драстична промена а килажа иста.. Ако добро си едуциран во таа област те молам помош се гледа дека имаш разбирање.
https://forum.femina.mk/threads/Ваши-постигнати-резултати-слики.17204/page-27 иам и ја пишувано.Врти и на наредната страна
@Caramell на претходната страна и дадов совет на @swwetyyy што и како треба да прави за да ги добие посакуваните резултати. Најголем удел има исхраната. Освен тоа, важна е физичката активност. Убаво би било да комбинирате кардио и кревање тегови. Побарајте споредби како изгледале луѓе кога вежбале кардио, а како кога кревале тегови. Не се плашете од теговите. Жените на сликите изгледаат толку различно при иста телесна маса затоа што мускулот има поголема густина од мастите. Тоа значи дека иста маса на мускул и масти зафаќаат различен волумен (мускулот има помал волумен). Затоа ако почнете да вежбате не се ослонувајте само на вагата за следење на напредок, туку и на шнајдерско метро.
Фала ти но јас не сакам телото да се ,,стесни" мислам уште послабо така би изгледало..само цврстина некоја минимална. Најверојатно само тежина за ова без кардио за да не се губи на масти.
А за задник правиш некои вежби , ако да тогаш може да ми пратиш линк од кои навистина има ефекти и резултати , од февруари сакам да почнам ќе биде напорно но мора да се вложи и многу труд и време за посакуваната цел. П.с за стомак видов што си праќала од Јутуб , тие најмногу ти дадоа резултати?
Дап.Тие шо ги постирав Иначе исто од Тина има две видеа Booty pump workout у темни лила хеланки е Тоа видео Не можам линк дапратам затоа
@Aztec се гледа дека имаш навистина познавање и сигурно вежбаш долг период , дали имаш фотографии пред/потоа ако не е проблем да пратиш и некако ми дава мотивација кога вложувате труд и време во себе и на крај позитивен резултат и потоа станувате инспирација за многу други кои тек почнуваат како јас на пример, благодарам
Веќе некој период не вежбам. Не знам кога ќе почнам пак. А слики пред/потоа немам. За почеток не мораш да се форсираш ниту со исхрана, ниту со долг и интензивен тренинг. Чекор по чекор додека создадеш навика. Ако почнеш така интензивно одеднаш и направиш некаква грешка многу полесно ќе се откажеш. Во однос на исхраната потруди се прво процесирана и пржена храна да исфрлиш.
Сподели ако може и поинаку јас тоа знам. Конкретно како до поцврсто тело но визуелно да не изгледа послабо од претходно.
Најголема фитнес заблуда е дека ако женските фатат тег и го дигнат ќе станат бодибилдери. 1. За да изгледате мускулесто треба да поминат години и години вежбање без никакви вештачки стимуланси на мускулите. 2. За женски е уште потешко бидејќи немате големи количини на тестостерон во телото. Значи не, не може да се набилдате ако дигате тегови. Може само да се затегнете, и тоа многу многу многу побрзо отколку само со вежби со сопствена тежина. Освен тоа, дигањето тежина ќе го забрза процесот на слабеење на мастите. Сликите од жени погоре, сите тие изгубиле масти, односно ослабеле, иако тежината е иста. Не им е распределбата на мастите поинаква, туку мастите се малку или скроз намалени, а од друга страна имаат многу поголема мускулна маса од претходно, сигурно со вежбање бидејќи изгледаат тонирано. Значи да, меките делови може да се подзатегнат, но самите масти не може да се прераспределат во телото со вежбање, ниту пак на некој друг природен начин. А зошто имаат иста тежина иако не изгледаат исто, еве слика за полесно да се сфати што сакам да кажам. Лево е волумен на едно кило масти, десно волумен на едно кило мускули Едит: извини јас сфатив дека не сакаш да вежбаш со тежини за случајно да не се набилдаш многу Изгледа погрешно прочитав.
За вежби ќе ти предложам некои видеа на Јутјуб со кои сигурно ќе забележиш резултати. Лани многу од девојките овде на форумов имаа позитивни резултати. Спојлер: Вежби
Нема проблем, ти благодарам за објаснувањето Не се теговите проблем, само прашањето беше како да се избегне барем колку може тој дел на топење масти за визуелно телото иако позацврстено да не изгледа послабо отколку што претходно било како што е кај некои од девојките на сликите.. Па за таа цел дали е подобро тегови или обични вежби без тегови. Се надевам ме разбираш.
Повеќето од овие вежби ги вежбам ама ќе си искомбинирам уште некоја што е сконцентрирана на тој дел. Фала ви.
Ако сакаш трансформации како на сликиве минимум неколку месеци, една година, две во теретана, зависи на кое ниво си сега, со регулирана исхрана.Само со јутуб вежби дома не.
Второво видео е мн полесно од се што сум вежбала на јутуб, а може стварно дава резултати, зошто имав периодот кога во правев. Ама паралелно вежбав и други работи, така да се се собрало заедно изгледа.