1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да го вратам во мојот живот

Дискусија во 'Разделби' започната од poizon, 27 април 2011.

  1. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Долго време не сум пишала нешто на сајтов...
    Како што имам напишан и во предходните текстови излегував со еден дечко 3 месеци се беше најубо.Имаше почит разбирање,можеби имаше и љубов.Но јас како и секогаш се заебав.
    Последната наша вечер ја памтам како сношти да беше.Сами,гледавме филмчиња,гушнати,разговаравме на многу теми како и за неговото заминување.Јас го убедував да не замини а тој ме убедуваше да го разберам.Следните дена си замислив некој филмови..како демек не ме бара ме игнорират се однесуват ладно..а не беше ништо од ова туку една моја замисла..А таа замисла ме однесе до крајот.Му пишав ако продолжи со неговото однесување ќе сакам да е крај.Комунициравме следните денови но сосем малку и тоа само ако јас го побарав.Се видовме викендот (тој е од друг град) го побарав да разговаравме насамо а тој сакаше да го прашам преку мобилен па и така направив.Го прашав за неговото наводно ладно однесување а тој ме убедуваше дека ништо не е сменато и тој е истиот но сама знаев дека не беше така.Еден ден дознав дека се замешал со мојата "другарка" и без да размислувам му се јавив и му се изнавикав.Му кажав се и сешто,а тој ми кажа дека не е вистина дека немат ништо со нејзе.Ама јас не му верував..Подоцна дознав дека ми ја кажувал вистината.Толку ми беше криво,толку се кааев, но попусто.Му се извинував но ни трага ни глас од него.Завршив со една порака во која пишуваше колку многу ме повредува со тоа што ми докажува дека ме избришал од неговиот живот.Месец дена не се имавме видено.Викендот се сретнавме во една дискотека.Помина покрај мене како да не ме познава и да не ме гледа.Ниту еднаш не ме погледна.Ниту беше "тажен или разочаран за нешто" .Премногу ме болит премногу го сакам.Толку силно го сакам што неможам да опишам колку многу сум несреќна.Некогаш се запрашувам и дали воопшто ме сакал.Многу згрешив многу !! Сега само сакам да ја поправам таа грешка,сакам да го вратам во мојот живот,а најмногу жалам што немам време.За две недели заминува во Германија а јас неможам да го гушнам за последен пат. Девојкии ве молам за совет ,ве молам очајна сум..душата ме болит .. :(
     
  2. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Душата ме боли

    Ако навистина го сакаш немој да го пуштиш да си оди без да му го ставиш на знаење тоа. Сето тоа што си го правела е резултат на љубомората што работела во тебе.Но, немој да мислиш дека самоти имаш згрешено. Тој требало да те ислуша и да те разбере, а не да те игнорира. Заради љубов секогаш правиме глупости, но акои тој гочувствува истото за тебе треба да те разбере.
    А за друг пат, не се верува на секого, и несмееш да имаш испади пред него. Најголемите грешки ги праиме затоа што незнаеме да се контролираме во некои ситуации, и после исето каење на светот ни е џабе.
     
    На bejbi.91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Душата ме боли

    со љубомората, и постојаната потреба за внимание од негова страна си успеала да му се качиш на глава! Веројатно затоа и не сака да прави муабет со тебе! А немате ли заеднички другари, па преку нив да дознаеш кога и од каде ќе тргне за Германија?? Ако успееш да стигнеш до таа информација, потруди се да се појавиш на местото од кај ќе замине, застани пред него и посакај му среќен пат во лице. Нема да остане рамнодушен на тоа, па не е ваљда од камен!
    А коа се враќа он од тамо? Предпоставувам по работа оди! Ќе имаш доволно време да размислиш за вас!
    Се надевам дека се добро ќе се заврши, и за друг пат памет, контролирај се и без филмови во глава ;)
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Душата ме боли

    луѓето се злобни ете го осети тоа, ако мислеше дека животот е роза си се зае*ала ќе се боцнеш и на некое трнче. Колку и да изгледа мојот совет не прифатлив за тебе сепак ќе бидам реална, сметам дека по твоето објаснување што и како се случило помеѓу вас и по тоа како се однесувал кога ете те приметил во дисокотека дечкото целосно те избришал. Не се согласувам со горе кажаното да се појавиш на местото на тргање, што тој ќе си се качи како ништо да не било и може ќе те игнорира а ти ќе плачеш. Врска од 3 месеци бар јас неможам да ја наречам врска извини ама ете тоа сум јас што можеш и колку можеш да засакаш, сватиш, разбереш за 3 месеци (мислам дека тие со подолги врски ќе се сложат со мене) така да типот те има преболено море може и не се сеќава на тебе а ти главата горе и малку реално гледај на работите и при следниот дечко биди малку по толерантна и работите решавај ги во четри очи. Сметам дека ова што го живееш и за што бараш совет е завршена приказна
     
  5. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Душата ме боли

    Крак и реков да се појави заради тоа што, од нејзиниот пост се глеа дека и на дечкото не му било сеедно, сепак се обидувал да ја разубеди дека не е така како она што мисли!
    Значи сепак има нешто, затоа и предложив така. Не е битна толку должината на врската ако има љубов. А тоа што поминал во дискотека покрај неа и се напраил на 3 ипол може да е само од чист инает, или пак можеби чекал она да му пријде прва, за да испадне "фраер"- како еве она дојде да се поздрави, не јас! Се е можно. Не те напаѓам, го почитувам твоето мислење,но сепак и да отиде, ништо повеќе не може да изгуби!
     
  6. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Душата ме боли

    значи по телефон и со викање ништо не се решава поготово ако не си видела со свои очи треба да сватиш дека денес лугето се толку злобни што ако видат дека малку ти е убаво ке пробаат на секој можен начин да го уништат тоа пробај со советот на пеперутка нема ништо да изгубиш ти посакувам среќа :)
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Душата ме боли

    да во ред е и јас се сложувам со тебе дека ако се појави најложата варијанта е да си го повреди егото а егото во споредба со љубовта . оф па не се споредува за љубов правиме се. Но сметам дека со тоа само можат да расчистат некој работи, а и колку би расчистиле пред тргање???? подобро ете ајде да се видат ден два пред да иде да му се јави? но што тој во германија таа тука за евентуална врска дури после враќање девојчево немала доверба додека е тој тука, па ќе збесне од љубомора додека е таму.... меѓутоа како викаат за проба пари не земаат па нека проба љубов и се е можно се разбира јас и ја пуштам најголемата среќа но некако се ми изгледа нереално нивното смирување и само реално и ги отворам картите
     
  8. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Душата ме боли

    Peperutka90 .. да ,имаме заеднички пријатели незнам точно кога ќе си замине но можам да дознаам..али како ќе се појавам пред него?После се што згрешив и неговото игнорирање во дискотеката ... Незнам ;( Од една страна неможам ништо да сторам а од друга знам дека ќе се каам ако не направам нешто..Ох толку ми е тешко ;(
     
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Душата ме боли

    Мислам дека дечкото свртел нов лист во животот или поточно те заборавил, мислам дека и треба истото да го направиш, може ќе речеш што ми пишува оваа па јас го сакам премногу, но времето ќе покаже обратно и времето е лек за сите рани.
     

    Прикачени фајлови:

  10. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Душата ме боли

    Незнам,можеби..можеби и не...Сеуште се надевам на него..Точно тоа дека времето е лек за сите рани,поминаа 2 месеци од нашата разделба а јас болката ја чуствувам како вчера да било.Немам сила ни желба за ништо,едвај одам и научилиште,знам дека не треба така да правам ама ете..неможам неможам да се приберам.Ги одбегнувам местата кај што сме оделе,бегам кога ќе слушнам наша песна..Се правам за да не заплачам но џабе..Мислам дека никој не ме разбират. .... . .. .
     
  11. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Душата ме боли

    Јас мислам дека сепак треба да се потрудиш да ти даде шанса да се видите и да разговарате. Ако навистина и тој те сака колку и ти него, жално е да се разделите заради глупости што луѓето ги зборуваат...
     
  12. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Душата ме боли

    писмо, старото обично писмо!
    само гледај препорачано да биде!
    да стигне!
     
  13. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Душата ме боли

    Srculence--91 ..Незнам ни како да се потрудам незнам ни како да постапам повеќе.Со секој изминат ден се помалку и помалку останува до неговото заминување а тоа повеќе ме растажува.Да бев сигурна во неговата љубов би сторила се,СЕ..но со неговово однесување мислам дека воопшто не ме сака.Бидејќи да ме сакаше немаше да се лути кога и тој знае дека се глупости... :(
    brazilia ...Извини ?! ..не ти го разбирам коментарот... :$
     
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    Душата ме боли

    Сака да ти каже да му пуштиш писмо на човекот!!!
     
  15. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Душата ме боли

    Ти благодарам за советот но мислам дека со писмото ништо нема да постигнам..Можеби ќе го прочита а можеби и не... :worried:
     
  16. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Душата ме боли

    Многу добро си разбрана, кога некој што вистински сака ќе го изгуби тоа што го сака ќе те разбере, може да поминат и две години па повторно све да ти биде како вчера, сите луѓе не се исти, така и сите љубови не се исти и со ист интензитет, кога разбираш колку силни се тие чуства што ги носиш во себе пробај и избори се за таа љубов, но немој многу да очекуваш дури и да успееш да ја вратиш, немаш што да изгубиш повеќе освен него, или ќе го вратиш или ќе ти биде сеуште тешко дур не почне да ја снемува таа болка
     
    На poizon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Душата ме боли

    Откако помина месец дена каде што тој не слушна ни глас ни трага од мене неколку дена пред да замине решив да му пишам се што чуствувам и да му кажам дека многу се каам што така постапив.Бидејќи се надевав дека нема да ми врати на пишаното пишав се !! А тој ми врати.Ми призна дека му беше супер додека бевме заедно дека и покрај тоа што луѓето му го зборуваа тој беше со мене и дека крај краева мора да замине...Мислев дека со ова напишаново ќе ми олесни барем малце и побарав пак да се видиме пред да замине,но на ова не добив одговор.Очигледно не сака да се сретнеме.Можеби полошо ќе беше...Сепак bejbi.91 ,ти благодарам за советов :*
     
  18. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Душата ме боли

    Јас мислам дека имаш две опции. Да бидеш и ти ладна, да не му пишуваш и да оставш да помине време. Знам како е да те боли телото од љубов, ама проаѓа. Тешко, и долго е, ама проаѓа. Втората опција е, да отидеп кај него пред куќа и детски да му пишеш дека не се тргаш додека не излезе да го видиш пред да си оди. Е ако не дојде тогаш печатот и чао пријатно.

    Не е еден крив, и двајцата сте, од моја гледна точк,а ама како било само вие си знаете..
     
  19. Miro

    Miro Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Душата ме боли

    Се гледав со неа околу месец ипол и таа ми рече дека несака веке да се гледаме бидејќи се плашела дека многу ќе се заљуби и дека ке патела многу ....па помагајте некако што да правам ?
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Душата ме боли

    тоа ми личи на девојка која не наоѓа начин како да те отргне па се вади со таа реченица, те сакам но .... во љубовта нема НО ...
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.