Ве молам помагајте. Во последниов период ми се случија многу работи кои ме доведоа на раб на нервен слом. Сакам да заминам некаде каде никој не ме познава и да бидам сама, да избегам од се. Раскинав 5 годишна врска (ми рече дека никогаш не ме ни сакал и не сакал да продолжи оваа „ГЛУПОСТ“ а јас цел живот си го замислив со него. Премногу го сакав, сеуште премногу го сакам), најдобрата пријателка е во странство на подолг период (толку ми е потребна), ситуацијата дома и не е баш сјајна, караници, проблеми, ни материјалната состојба не е како што треба. Живеам блиску до кафичи каде секоја вечер има забави, порано не пропуштав ни една, а сега ме нервира музиката која се слуша во собата. Наеднаш се затворив во себе. Од најпозитивната личност на светот се претворив во депресивна будала која мрази се, се и смета, и скришно пие таблети за постојано да спие, а порано спиев само 4-5 часа убедувајки ги сите дека животот е 1 и не треба да го поминеме во спиење. До пред 2-3 недели сите ми велеа дека сум секогаш насмеана, дека животот ми е розев и никогаш не ме виделе тажна или изнервирана, а сега по цел ден в соба затворена и плачам. Друштвото не ни помислуваше да оди некаде без мене, обожавав музика, дискотеки, алкохол, танцување, бев срцето на забавата, а сега мразам се на светов. Ги обожавав утринските кафиња и оговарањата со другарките, а сега и скусот на кафето го мразам. Ве молам помагајте!
Ми ''мириса '' на лесен облик на депресија. Обрати се на психолог, посоодветен е со оглед дека минуваш низ неочекувано/непланирано тежок период добро ќе ти дојдат совети од стручно лице. И се ќе си дојде на место со тек на време иако дека ќе ти биде се пак најрозево нема да ти биде ама барем да не си толку дотепана. Фаза е,ќе помине. Ама мораш и сама да си помогнеш за да побрзо помине тоа глупо чувство.
Прифати. Мора да сфатите дека не сте камења туку луѓе со чувства и комплексни емоции. Си раскинала 5 годишна врска со човек што си го сакала и те повредил. Што сакаш да правиш? Како сакаш да се чувствуваш? Не разбирам. Тотално е нормално, понормално не може да биде. Прифати си го фактот дека во моментот животот е кон дното, и дека е океј некое време макар и неколку месеци да тагуваш и да си депресивна и тажна, но дека нема да дозволиш ова да те дефинира и да те остави на дното засекогаш. Кажи си сама на себе океј сега е лошо и ќе биди вака некое време ама после тоа јас пак ќе бидам таа што сум само помудра, повозрасна, променета од ова искуство. Ако ти прија мир, оди во парк, шетај низ блиска планина, ридче, ливада. Земи книги и оди таму на тишина и читај си. Ако ти треба друштво викни ги побарај ги. Ако немаш никој пиши ми ќе разговараме секој ден. И на крај краева запамти- ова е нешто што сакам често да го кажувам и на другите и себеси- дека секој без секој може!!!! И крај. Времето ќе си го направи своето и бурата ќе помине.
Јасно е дека си повредена и си во блага депесија и се е тоа ок на сите во некои ситуации од животот ни се дешавало истото па сме преболеле сме се издигнале над тоа и сме продолжиле со крената глава напред Кога ке се осекате неубаво гнасно и депресивно помислете дека има мајки кои ги изгубиле своите еца па продолжиле напред,сопруги кои ги загубиле своите мажи па пак продолжиле напред Ке продолжите и вие иако сега ви изгледа тоа невозможно а една ден ке се смеете на постот Ајде некој перод жали ,тагувај плачи,се е тоа ок ама после тоа крени глава и гледај само напред
Преубаво напишано, и преубав совет си дала. Само што и јас се наоѓам (не во иста, туку во слична состојба) и не знам зошто ама за мене како да не важи правилото дека без секого се може. Јас еве не можам без една личност. Ме повредуви, ме изманипулира, сега си игра со мене и јас пак не можам без таа личност. Колку повеќе се расправаме и ме игнорира, јас толку повеќе се "лепам" за него. Не можам, а да не помислам на него. Станувам сабајле одма гледам дали ме барал или ми пишал. Цел ебан ден сум со тел во рака и чекам да ми пиши. Сега пак го нема 5-6 дена и мислам полудев, ама буквално. Ќе излезам со другари, ќе се смејам со сила, ќе пишувам и ќе флертувам свесно со други машки ама не не и не...секоја вечер плачам, секоја вечер со солзи заспивам. Кога сум во пмс да не зборувам колку ми е лошо. Мислам дека само јас сум во таква состојба и никој не може да ме сфати како ми е. Толку моменти, толку случки заедно поминати како да ги заборавам? Се мразам што сум чувствителна и што живеам во минатото. Се тешам со побетер случки од мене, ама не можам бре да бидам нормална. Ми иде сама да земам и да се истепам. Можно ли е за некого да не важи тоа -Без секого се може- ?
Важи баш за секого. Баш. И јас тоа го научив на потешкиот начин. Мајка ми почина кога имав 7 години, и имам проста логика. Кога 7 годишно девојче успеало да преживее без мајка, секој може без секого. На луѓето му умираат мајки, татковци, браќа, сестри, сопрузи, девојки, дечковци... Ги губиме на еден или друг начин. И не велам дека не е тешко и најболно и дека не остава траг врз нас. Ама можеме едни без други. На крај краева сама си дошла на светот, и сама ќе си заминеш. Единствената личност со која што МОРАШ да живееш се дури постоиш си самата ти.
Може и тоа како може да не важи. Ја со него бев скоро 5 години и иако ова не е од сега последниве 2-3 месеци беше истото што го кажа и ти ме избегнува, ме повредува, не ме бара, не ми обрнува воопшто внимание цело време ќутев кога решив да прозборам и да го прашам што се случува ми го рече тоа што го спомнав погоре- „Ми сметаш, не те сакам, никогаш не сум те сакал, сакам да заврши оваа глупост.“ Секако најтешко ми падна што сите мои соништа, оној предлог за брак, онаа свадба, оној среќен брак, оние 3 деца, 3 мали ангелчиња кои дури и имиња имаа, оние моменти кога си замислував како двајцата стари и збрчкани седиме гушнати со шоља чај в раце и се сеќаваме на животот, од првиот ден кога се сретнавме, првото флертување, првиот дејт, првиот бакнеж и тн. и тн. Тој сето тоа го нарече глупост. Мојата љубов ја нарече глупост. Тоа што јас бев и сеуште сум не велам не спремна да му го дадам и срцево да му го пресадат ако недајбоже еден ден му треба, тоа за него е глупост. А јас невидена глупача сеуште го сакам, плачам, патам. Станав дух, жив мртовец од девојка која лебдеше место да оди, од девојка која на се ја гледаше позитивната страна и ништо неможеше да ја уништи. Ете тој ја уништи. Сега таа истата девојка се распаѓа. Добро тука се и другите фактори кои ги наведов. Како што вели народот кога едно ќе тргне на долу се оди надолу. Туку јас и ти да си се фатиме под рака, патот под нозе и на планина.
Јас имав еден професор во средно и кога соученичка ќе беше деконцентрирана на час овој прашуваше што и е и нормално во хор одговараа другиве раскина со дечкото и неможе без него. И професорот викаше а како можеше да живееш сосем нормално пред да го запознаеш? Финтата е дека навистина секој може без другиот.
Жал ми е што си поминала низ сето тоа. Ова нашево е глупост во споредба за тоа ти што си поминала, ама ете животот за некого е мајка за некого маќеа. Фала за утешителните зборови. Знам дека проблемот е до мене, што не сакам да се потрудам, што не сакам да му дадам шанса на друг. И да флертуам сепак ќе се повлечам на крај и пак ќе плачам по него. А тој со други може растур прави, не викам не...Треба да се цениме самите повеќе. Имав јас и гордост и се, ама со него си ја погазив. @VIK-KIV нормално живеела пред дечкото, ама после тој влегол во нејзиниот живот, оставил трага и после како да живее пак нормално? да ги избрише сеќавањата со него? како да не постоел... @TheeQueen освен планина, друго не ни преостанува изгледа
@JollyGirl тоа е навистина тешко(барем јас сум од поосетливите и да тешко сум минувала низ раскинувања-развод),ама мора да се најде мотив/надеж за продолжување понатаму. Одма не поминува, дури и по долго време нема да е се како порано,ама човекот и учи и се бори да опстане до последен здив. П.С.некогаш мора да се скрши нештото и да не здоболи за да остави простор за нешто ново што ќе не израдува!
Уште потешко е ако без причина почне се да се распаѓа, или ако без да ти каже нешто си оди од тебе. Знам, и јас сум многу чувствителна и тешко поднесувам, се осеќам заробена во минатото, во сите тие случки и моменти ама нема што да се прави друго. Ко што викаше една другарка, кога раскина, ќе си легнам сега во кревет и ќе си ја чекам смртта (добро, не мора до толку депресии ама така и мене некогаш ме мава во глава)
Ќе дојдат времиња кога ќе се насмеееме на се ова. Не дека ќе ја ззборавиме болката, но ќе се насмееме зошто уште ќе подболнува горчината во душа од ИЗИГРАНИТЕ НАДЕЖИ И УНИШТЕНИТЕ СНИ.Ама живот е тоа. И нема да легнам да ја чекам смртта. Сакале несакале еден ден сите ќе не земе ама дотогаш ќе го давам максимумот од себе во согласност во внатрешните и надворешните околности/можности.
Камо среќа побрзо да се смееме за ова. Да биде тотална глупост ова за што сме се нервирале Туку ние се распишувавме, а девојката отвори тема за совет @TheeQueen мила дојди да си се тешиме. Има од бетер побетер случки....
Верувај дека се ова ми е поминато. Раскинав 5 годишна врска. Бевме буквално ко во брак,за на крај идиотот да ми рече имам друга и во рок од 5 месеци да се ожени со неА згора на се ,бремена. Јас во агонија,не спиев,не јадев,имав кошмари,бев само на кафе и цигари,ослабев ,се направив за никаде. Другарката моја која го гледаше сето тоа,еден ден ми рече,пакувај се идеме у охрид,ја не сакав да помислам на ништо не пак на Охрид. НО таа ме натера и заминавме,ми беше тешко многу .но таму запознав нови друштва и полека полека почнаа раните да заздравуваат. Сег ,после 3 години од тогаш,фала му на бога,заборавив се,кога го гледам низд град си се чудам како сум била со него. Верувај драга од таа болка не се умира,знам дека е тешко до умирање ,јас бев на дното ама станав и животот ме награди .ми ги отвори очите ,и сега гледам и дишам слободно ,и секако ги правам сите работи кои сум сакала а не сум можела ради него . те бАкнувам и ветувам ке помине
Ти треба ново друштво, т.е. да си продолжиш со животот ама со нови луѓе. Ваков период од животот е депресија, макар што и јас сум била во депресија па не сум пиела таблети за спиење. Пробај без нив не ти требаат, за дечковци не се секирај, секогаш ќе има некој што ќе те сака и цени таква каква што си. Колку и да ти е тешко мораш да излезеш од дома, колку и да не ти се излегува. Излези, пиј кафе, прошетај, оди на забави, колку и да ти е тешко мораш.
Тоа е само период. Разочарана си, тоа е многу нормално, а и твојата реакција исто. Дај си време, не мора да одиш во провод само да заборавиш на моменталната ситуација, но гледај да бидеш со пријатели кои се позитивни и гледај да се ангажираш повеќе, мислам да шравиш нешто- некоја активност.
Убави совети ти дале сите.Послушај ги.И јас мислам така најважно е да не се затвараш во себе. Гледај да си во позитивно друштво,искачај колку што можеш повеќе.Најди си некоја занимација. Се ќе помине ќе видиш.Еден ден кога ќе помислиш на ова ќе се смееш и ќе видиш дека не вредело да се нервираш. Животот оди понатаму,гледај на светлата страна,те чекаат уште многу убави моменти Ти посакувам да помине овој период што е можно побрзо и да се пофалиш дека си подобра Главата горе и само позитивно