1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да избегам од сѐ

Дискусија во 'Психологија' започната од TheeQueen, 30 јуни 2016.

  1. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Фала на сите за советите еве почнав да ве слушам, излегов-добро ми дојде.:$ А за бегањето може да се собериме сите да заминиме некаде на 1 недела, добро ќе ни дојде :D
     
    На Tanjamm, Crna Dama и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  2. Miss Linda

    Miss Linda Нов член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Мила, престани да се самосожалуваш пред се. Светот не пропаднал. Тешко е, знам, сум поминала низ истото, меѓутоа пиење апчиња не треба да ти падне на памет, а не пак да посегнеш по нив. Често преоѓа во зависност. Сега е моментот да си покажеш на самата себе дека можеш без него, да излегуваш, да си поминуваш убаво. Болката како болка ќе исчезне, сигурно. Пробај да се пронајдеш во работи кои ќе го извадат максимумот од тебе, кои ќе те исполнат. Соновите се рушат и ќе се рушат. Биди среќна што поред себе си имала личност која те научила дека такви како него не ти требаат во животот. Претпоставувам млада си, а животот е пред тебе и тоа многу. Најди некој што ќе те чува како капка вода наместо да го трошиш времето во плачење. Извади си ги тие негативни мисли од главата и продолжи понатаму, само ќе те замолам ако сакаш да ме послушаш, немој да му се враќаш. Ако на него си му била важна немало да си дозволи да те изгуби. Стисни заби и крени глава. Во твојот свет ТИ си на прво место и ТИ си си најважна сама на себе. Како што спомена една членка претходно: сами доаѓаме на овој свет и сами си одиме од него. Главата горе и храбро напред.
     
    На agios, presiosaP, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  3. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    I feel your pain :)
    Патем, многу скоро раскинав врска. Дознав гадости што ни во сон не би ги замислила, а сум делела кревет со таков човек, кој се претставувал во сосема друго светло. Згора на се', па уште лут зашто сум "роварела" и изигравала инспектор.(facepalm) Тоа што имам доза на сомнеж, недоверба за се', ми се исплатеше, и во време и во живци. И некако не ме боли за него, туку помислата дали воопшто ќе најдам личност која што сметам дека ме заслужува во целост.
    Времето ќе покаже... ама не се окупирам со тоа сега, други работи си течат, и ми се свиѓа како оди сето тоа. Битно е дека не сум во врска што не ме исполнува и со човек во којшто немам доверба, само зашто не можам да ставам крај. Напротив, се' што не вреди, лесно се лечи и прекинувам. Подобро сама него во нефункционална врска што не ме усреќува во целост и личност што не знае да цени што има покрај себе. :) :angel: :*
     
    Последна измена: 30 јуни 2016
    На rose60, agios, presiosaP и 10 други им се допаѓа ова.
  4. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Некои личности навистина незнаат што имаат покрај себе и кого губат. Во право сте не ме заслужува, како што ни тебе @blueberry93 гадот не те заслужува. И во прево сте дека и соништата се рушат и тоа како се рушат. Навистина боли, боли повеќе од секоја рана. Срцето е распарчено на ситни делчиња. Секоја желба, секоја надеж е уништена и ти самата си уништена. Но не треба да потклекнеме.Решив дека ќе се борам и ќе продолжам понатаму колку и да го сакам, колку и да ми недостига, колку и да ми е потребен, колку и да ме боли. Мора да се исправам, да стојам на нозе и цврсто да се фатам за животот. Вашите совети многу ми помогнаа да сфатам дека не вреди. Фала на сите. Ве сакам :*
     
    На blueberry93, Rama, anakonda88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.499
    Пол:
    Женски
    слична е и кај мене оваа состојба .... :(
    Еден ден ке биде подобро ...се надевам!
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Девојки, мал допринос од мене. Мене оваа песна ме праи најголема феминистка у свет.. Чујте
    Баш пее за ова што зборувате вие. Ве гушкам:sun:
     
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    И јас го чекам тој ден ама како што гледам и мислам не е баш блиску... Напротив, многу далеку ми изгледа, а мене ми се при крај силите
     
  8. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Нема откажување! Ајде, заедно сме посилни. Ќе пребродиме се. Ќе мислиме само на добро, ќе излегуваме, ќе се забавуваме и се ќе биде добро. А за планината ќе се договориме нахнадно. :lol:
     
    На rose60, Crna Dama и JollyGirl им се допаѓа ова.
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Дечкото те познава подобро дури и од себе си и од дома.Те има научено, проучено и ќе си прави што сака со тебе, пошто ти ги знае маните, ти ги знае слабите точки. Знае кога да исчезне, што да напраи ти пак по него идеш.
     
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Не знам веќе едноставно се ми е преку глава. Знае на моменти да ми биде подобро ама после се враќам пак на исто. Не сакам со негативности да ве полнам, држете се вие :) не на планина туку од земјава сакам да заминам...
    @Bokchee точно е така. Порано кога гледав дека некој вака се понаша ко мене заради некој идиот ми беше дури смешно, и нормално ги карав да не се глупираат ама сега кога осетив на своја кожа не било така лесно да се заборави. Емотивен човек е еднакво на глупав човек.
     
  11. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Негативноста на страна. И мене се ми е преку глава, сакам да заспијам и кога ќе се разбудам ништо од ова да нема, се да завршило. Не е лесно, не е воопшто лесно. Но мора да издржиме најмногу за нас самите. Ме боли, го проколнувам него, се проколнувам себеси, го проколнувам денот кога се родив, го проколнувам денот кога го запознав, на момент се откажав од животот, посакав да заврши, посакав да завршам јас, да ме нема. Сега се срамам поради тоа. Животот е еден, не треба да го трошиме на тагување, плачење и патење за личности кои доколку вределе ќе биле тука, со нас и место да ни го кршат срцето би не тешеле во тешките моменти. Нека оди по ѓаволите, и тој и она нашето. Доста е патење! Животот продолжува. Не смееме да се откажеме. Ќе се бориме до крај.(highfive)
    Кога добро размислив знам за многу трагедии. Деца кои ги изгубиле своите родители (Татко и на една другарка ја уби мајка и и тој се самоуби, девојчето уште вториот ден беше во парк со другарки со високо крената глава. Изгледаше како да не и се случило ништо. Мајката на поранешен најдобар другар умрела кога тој имал само 8 години, на денот на неговиот роденден, никогаш не го имав видено тажен иако постојано зборуваше за неа и не го славеше својот роденден.) , родители кои ги изгубиле своите деца (имам роднина чиј син се удави во езеро, или еден друг чија ќерка кога била мала ја удрил камион и умрела.) сопруги кои го изгубиле сопругот (Еден комшија одеше со девојка му 9 години, таа остана трудна, направија свадба, по 2 месеци загина во сообраќајка, жената беше уништена, сега има дете, му го даде неговото име и се изгледа најнормално.), луѓе кои ги изгубиле најблиските пријатели (пред 2 години во сообраќајка загина најдобриот пријател на татко ми, никогаш не сум го видела таков, но по 2 дена продолжи со својот живот. Секогаш е насмеан, се шегува, тој е најдоброто друштво, иако скоро секој ден оди на неговиот гроб и му го раскажува секој ден.) и уште ред други примери. Нив срцето не им се кине!? Тие секој ден се соочуваат со смртта, а сепак издржале, ја подигнале главата и продолжиле напред. А што правиме ние!? Плачеме за некој кој не вреди ништо. Плачеме за луѓе кои не повредувале и сеуште не повредуваат. Ќе им го свртиме грбот и нема вртење назад. Доста е плачење. Не останаа солзи повеќе.
    Не ми се верува хахаха од најдепресивната личност последниве неколку недели станав борец за човекови права :lol: Ви благодарам девојки. Ми ја вративте довербата, ми ги отворивте очите. Повторно ми ја вративте желбата за живот. Најдобри сте! Време е да се врати старата јас! :muscle::makeup:(hollest):d::dance::rofl: Ве сакам сите, ги сакам забавите, го сакам дружењето, сакам се, си го сакам животот каков и да е!
     
    На presiosaP, Ane-Goki1 и JollyGirl им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    @TheeQueen ти ја отвори темава за совет, ама излезе мене да ме тешиш :) фала за убавите мисли и зборови, може некогаш ќе бидам добро ама во моментов освен грутка во грлото и тежина на градите, ништо друго позитивно не осеќам...сабајле вежбав, трчав, се обидував да ја исфрлам негативната енергија ама некако тешко ми оди.
    Животот е многу суров и неправеден спрема некои, може нашево е глупост што се жалиме ама јас сум многу емотивна и се при срце си земам, затоа си патам.
     
    На rose60 и TheeQueen им се допаѓа ова.
  13. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Се ќе помине еден ден ќе се смееме на ова. Само напред. Знам дека нема никогаш да заборавиме колку сме биле повредени и колку не болело но кога после неколку години ќе видиме дека сме добро и дека сме продолжиле напред, сме станале подобри, помудри, попаметни, поискусни ќе бидеме горди на себе и ќе му заблагодариме на човекот кој ни го направи ова за се што не научил во животот. Секој човек влегува и излегува од нашиот живот со причина. Од се треба да учиме по нешто. Еве ова да го сфатиме како една грешка од минатото. А нели од грешките се учи? Сме згрешиле сме ја научиле лекцијата, сега сме помудри, поискусни и нема да дозволиме некој друг да не повреди. Сега знаеме како. Минатото завршило и таму нека остане, до нас е сегашноста во која треба да се ужива и пред нас е иднината, цел живот е пред нас. Да се фокусираме на тоа и да одлучиме што ќе правиме цел свој живот. Сигурно нема да патиме до бесконечност. ;)
     
    На rose60 и JollyGirl им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за тебе што си подобро, не знам дали сама си успеала да ги контролираш своите мисли и чувства или тука ти помогнаа некои совети, битно стварно ми е премногу мило за тебе :hug:
    Треба да живееме во сегашноста, а не заглавени во минатото. Треба да ги прифатиме сите предизвици и да одиме со крената глава. Ама сепак си треба и време да поплачеш малку, да се пожалиш, па после неколку дена ќе се собереш и ќе продолжиш ко ништо да не било. Знам, ова не е филм туку реалност и потешко ќе оди да се биде пак нормален, ама вреди да се проба :)
    Во право си за тоа дека нема ваљда до бесконечност да се жалиме и да кукаме по нешто што поминало, и некој што не заслужува толкаво внимание.
     
    На TheeQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheDeSiRe12

    TheDeSiRe12 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Веќе подолг период незнам што ми се случува одсекогаш бев личност со мала самодоверба и затворена во себе но сега е уште полошо незнам што се случува со мене не ми се излегува никаде не дека не излевам воопште ама многу ретко излегувам поубаво ми е дома кога некој ќе ме викне еве некој пат на кафе ке отидам ама за шетање или за излегување не одам и за жал често и смислувам нешто дека треба да одам на друго место или незнам што и плус притисокот од дома од мајка ми и татко ми зошто не излегуваш се си дома зошто вака зошто така секој ден и тоа по другите кога ќе почне да зборува мајка ми не излегува се е дома затворена уште толку ме нервира и неможам повеќе сакам некаде да заминам и да не се вратам да избегам од се тука.Ве молам за совет.
     
  16. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Мене доста ми беше плачење. 2-3 недели плачев доста е. Незнам тебе колку време ти е вака ако е повеќе од 1 месец доста ти е. Побарај добра журка, побарај си го друштвото, отвори гардероберот, најди ја омилената комбинација, штикли, шминка, насмевка на лицето и излегувај, пиј, танцувај, смеј се. Се што било поминало, се што е во моментов ќе помине и се што ќе биде и тоа ќе помине добро или лошо. Само напред.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Не си ни прва ни последна. На секого му се случева. И ако си била повлечена во себе што сакаш, како сакаш да ти биде. Нормално дека ќе се собира, ќе се собира и еден ден ќе пукнеш. Но еве со сила натерај се да излезеш неколку пати. Нека не ти се излегува, излези со сила. Можеби ќе ти се допадне. Запознај нови луге, биди отворена, разговарај, смеј се, шегувај се, пробај да му раскажеш што те мачи на некој во кого имаш доверба. Отвори си ја душата олесни се. Можеш и да одиш со некоја блиска личност некаде на одмор неколку дена. Немора да биде ни некаде каде има многу луѓе ако тоа те вознемирува. Сама подготви се за тоа, стави си во глава дека треба да го живееш животот додека можеш. Од петни жили што се вели, зграпчи го животот. А твоите треба да ги разбереш тие се грижат за тебе. Сигурно мислат дека имаш некои проблеми штом не излегуваш. Кој млад човек на светов не сака да излезе и да си помине убаво. Сепак седни и разговарај со нив кажи им дека ти пречи нивното однесување, кажи им дека не сакаш да ти зборуваат за тоа и дека треба да те остават сама да одлучиш кога ќе одлучиш да излезеш. Се надевам дека барем малку помогнав иако јас не сум многу за зборување во последно време.:)

    П.С. (Треба темава да ја преименувам во @TheeQueen дели совети). :lol:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheDeSiRe12

    TheDeSiRe12 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @TheeQueen Ти благодарам за советите баш ме расположи а само што ми се случи пак притискање од дома и неможев веќе почнав да плачам го собирам одамна ама твоите совети добро ми дојдоа.
     
  19. TheeQueen

    TheeQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Неможе така, неможе твоите да те притискаат. Сигурно мислат за твое добро, кој родител не мисли ама можеби и не се свесни дека те повредуваат со тоа. Или разговарај со нив и објасни има дека тоа е само период и дека не си баш расположена во последно време. Објасни им дека на секој му се случува. Нека не се грижат и тие. Или едноставно излегувај макар и да не ти се излегува ќе видиш кога ќе излезеш 1-2 пати ќе се промени се, ќе ти се допадне па тогаш ќе те напнуваат за тоа дека дома не се прибираш. Се најдобро (highfive):*
     
  20. TheDeSiRe12

    TheDeSiRe12 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @TheeQueen Абе имаме зборувано за тоа и демек разбираат и тоа трае една ден и пак се по старо и јас ги разбирам нив ама ова е премногу за мене и уште повеќе ме нервира кога пред други ќе почне да зборува за тоа .Сепак фала ти.