Слободно време за мене додека си седам дома на топло ми се доволни за добро расположение во овие студени денови.
Годинава првпат ќе спремам новогодишни подароци и повозбудена не сум била. Посакувам и јас да добијам нешто, барем потајно се надевам.
СДК дека денес не можам да се концентрирам на работата, мозочево ми лета и не можам да се симнам на земја. А си ветив дека ќе бидам попродуктивна и порационална
Си ги заборавив слушалките денеска и никогаш не ми било подосадно во автобус. Се изнаслушав муабети за свекрви, одвратни колешки и шефови на работа.
Често слушаме дека некој го избрал “потешкиот пат”, но зошто тогаш не е задоволен животот? Нели се бира потешкиот пат за да живееш живот каков што сакаш и да си задоволен од истиот? Или имаме погрешна перцепција за “потежок пат” можеби… Неретко тие кои се тупаат во гради дека сами се борат ја прифатиле првата понудена работа зашто била сигурна наместо навистина да се борат за да го работат она што го сакаат. Избрале партнер зашто е “тешко” сам. Живеат со некој кој не им одговара, го нарекуваат дембел, купосан на кревет, дека не можат да го гледаат како не е иницијативен за ништо, но не го оставаат зашто кај ќе најдат друг сега по толку години, што ќе прават сами… Раѓаат деца под притисок на општеството за потоа бабите да ги гледаат. Платата не им стига од први до први ама не ни покушаваат да сменат работа зашто “нигде не е поарно”. Нивниот “потежок пат” е уствари преживување на она што им го сервирал животот, а тие само седнале и го изеле. И јес да не е ничива работа нечиј туѓ живот ама кога само слушаш кукања, а никој не презема ништо за го промени тоа, едноставно иритира.
Пратив на другарка честитка и внатре две филтер ќесички чај преку пошта. Денеска и стигнало отворено плико, а од чајот ни трага ни глас. Па, сакам да испратам вака еден јавен поздрав до Македонски пошти и да им кажам нека им е сладок чајот што кошта 10 денари. Ваљда ќе се обогатат од две ќесички чај П.С. Ако сте толку жедни контактирајте ме и ќе ви пратам цел пакет чаеви.
Ми го откажаа летот, локдаун. Не можам да се помирам,плачам и ме боли глава. Сакав со моите да бидам и да го поминам Божиќ со нив. Преку к*р ми е од пандемијава,од несовесни луѓе, од сѐ. Ништо не ми се прави, сакам да ги видам и гушнам моите. Сите имате браќа и сестри,јас сум единка и ги имам само нив.
Мрзлувоста денес доминира кај мене. Не знам дали да плачам или да се радувам. Си велам со лежење в кревет не се постигнува ништо корисно, а веднаш потоа си се правдам со тоа дека еднаш се живее и дека ако сега, на оваа возраст, не си го допушта тоа - кога?
Случајност или карма не знам, ама за џабе не се рекло „Тоа што ќе посееш, тоа ќе жнееш“ Затоа внимавајте на своите постапки и правете добро луѓенца
Ја читам темата за номинации па случајно ми влета во око и темава успат https://forum.femina.mk/threads/Образложение-за-„Инста-блогерки“-и-„Македонски-јавни-фаци“.32373/ Кој блам. Доаѓа крај на година, се појавуваат администраторчињата или штагод на форумов ќе и тупнат на некоја форумџика некое парфемче и сите среќни и весели. Кое труло место стана тука, полно фрустрации, кланови, чуда и бесови. Сите се борат за слобода на говор, а чим се спомне нешто спротивно на нивното почнуваат вреѓања до бескрај. Оваа година беше најмизерна од сите. Почнувајќи со тужба и тоа како сите главни фаци на форумот се јавија веднаш магично, па како не смируваа, па до тоа колку идентитети се открија, дупло повеќе вреѓања итн., на човек да му се одмили. Форумов стана како дете кога нема да го воспиташ и потоа е бесна глиста на која и нема крај, ете тоа. И скроз ги разбирам оние кои не сакаат да се номинирани. Ќе се јави некоја безгласна членка или лажен профил на некоја која тука е фина и добра, а богзнае какви намери има и ќе вреѓа до бескрај од пуста мака што не е номинирана за парфем или саат. Ниедно поклонче не е вредно за теророт кој потоа ќе го минат затоа и многу си одат после победа. И место да имаме напредок во феминизам и слично, се отвараат теми која жената ја враќаат во Турско ропство. Од тоа да е невина на прва брачна ноќ, па до некакви си дешавки со свекрви и магии и слично, па како на трета колешката добила унапредување и СИГУРНО спиела со шефот.... листата нема крај. Нека е со среќа и номинациите и се, секако ќе победи некој член што дали со сила го имам сретнато во три теми, ваљда денес тоа е поим за квалитетен член кој треба да е форумџија на годината.
Нормалните луѓе ова време си легнуваат. Јас ова време сум полна енергија, ми доаѓа желба да денсам, да јадам, да учам, само не ми се приспива. Посакувам да бев утрински човек, наместо ноќен... Подобро ќе ми беше така.
Официјално на форумот ни започна новогодишниот, пубертетски, хормони до плафон период. Не дека не траеше цела година ама периодов со екстра интензитет. Да ја завршиме и оваа година со препукувања, како и претходните.
Драги форумџии, би ве замолила доколку сте во можност да донирате или барем да ја споделите сликава на вашите социјални мрежи. се работи за момче од 24 години кое поради карцином на б.дроб е во Систина на лекување. Ви благодарам
Онај момент кога за да се извадиш од непријатна ситуација на прашање одговараш со лага, па најверојатно си станал сомнителен па се продлабочува муабетот па станува уште понепријатно па кажуваш друга лагааа …. И така сега не знам како да излезам без да приметат дека се што кажав е уствари лага.