Слободата 2026-та - колоризирано: Али далеку повеќе народ од концерт на Бојана Скендеровски у Филхармонија.
Во животот: Тој не ми дојде на роденден, нема ни јас да одам кај него. На социјални мрежи: Тој не ми лајкува, нема да го лајкувам ни јас него.
Некои личности веројатно ќе ја сфатат твојата вредност откако ќе те снема. Празнината и тишината ќе ги оставиме да зборуваат наместо нас.
Културен, одмерен и пред сѐ човек во вистинска смисла на зборот! Цел ден ми е во мисли, на кого ли му пречеше.. Нека почива во мир.
Не можам да сфатам луѓе кои ја немаат таа природна љубопитност за работите. Зошто нешто функционира така, која е логиката, зошто е нешто претставено на одреден начин, што значи одреден симбол, зошто некои работи се случиле така, која е физиката или хемијата зад некоја појава.. Не знам како не ги копка да сакаат да научат нешто, дури велат дека не сакаат, се однесуваат небаре ќе им наштети ако знаат. Една од одликите која многу ја ценам кај другите е баш љупобитноста за работите и желбата да се научи нешто ново, наместо сѐ да ти е рамна линија.
Кога ќе прочитам Израхел наместо Израел и си го спомнувам во себе така и ми е исто ко да ми залетнало нешто во грло, незгодно некое чувство, неприродно, мачно, ме копка, ме дупи во грклан, ова Х-то. Оти вака прајте?
Самоуверената просечност ми е најдосадна. Најинтересни ми се оние што не личат на никого, што ќе кажат нешто несмасно, неочекувано, нешто што никогаш немаше да ми текне. Скурчено ми е од клише кое го има у секоја пора, животни мудрости (,,Биди своја најдобра верзија" срања), филозофирање на социјални мрежи, исти фрази, ист хумор што сите го повторуваат. Можда и затоа никогаш не ми помогнаа оние коуч срања и филозофски книги за самопомош.
Време е да се исклучам од интернет, телевизија, меил, радио редукција, лоши меѓусебни човечки реакции, подбуцнување, навреди и рушење на мирот и стабилноста преку сè што наведов, доволно издржав имам, факти и докази што и да ги споделам би излегол будала време е за одмор и процесирање и чистење од сè полека но сигурно ако бог да позз скопље
Сакам Македонија да влези во ЕУ само за да порачувам работи од одредени страни, кои се оригинални и не можиш истото да го најдиш на Тему и Али Експрес, не барем по таа цена, жими сѐ. Еден производ (фигура) што буквално ми стана сон да го имам, што е редок и квалитетен, конечно го најдов за pre-order на една страна (бидејќи разземаат ко луди), и кога им пишав за Македонија да проверат да знам што да очекувам, како би била со трошоци.. ми бапнаа цена за шипинг само колку и самиот производ. И тука не се рачуна царина и ДДВ, сосе тоа цело богатство би ме коштало. А за САД, ЕУ, Канада, Австралија и не знам уште кои, нула трошоци такви. Но и општо било што да сакаш да порачаш од многу страни кои не се "нискобуџетни" Тему и Али. Фала ѝ премногу на другарка ми во Германија што можев да порачам на нејзината адреса па таа да ми ја донеси, инаку ќе требаше повеќе од пола плата да ми оди (најверојатно и немаше во тој случај да порачам но сепак). Дупка сме, дно, подолу од дното.
Соседите се воспалија оти нашите премногу им идат и им створаат гужви. Србите мрчат за гужвите во Белград, Врање и Ниш. Грците си побараа калибрирање на нивните камери за поуспешен лов на туристи (особено нашите будали) кои прават сообраќајни прекршоци, вадејќи се на грешките во системот предизвикани од ВИ. Е, сега нашата влада после долго натегање реши да им врати мило за драго со мрчење за гужви и санкционирање на нивните прекршоци. Овие одма почнаа со „кви, кви, кви, нефер Северњаци“. Аферим, бе. Волкот може да се справи со волк, не овцата.
Низ теков на животов имав многу подеми и падови, ама конечно сум среќен, мојата вереница е душа чоек, плус две мачки имаме и комплетнп ни е семејството . Многу сум среќен, само да ме држи здравјето и силата, се ќе постигниме.
Сладолед не се јаде директно од кутија. Се ваѓа во тањирче. Ем имаш контрола колку ќе изедеш, ем не јадеш само ти од сладоледот па да дупиш со лажица (освен ако не живееш сам).
..целосна поддршка за дечкото што пишуваше стихови кај Железничка. Неписмена, тешка багра што впрочем и најпознатата песна не ја знае, поточно не го познава великанот на македонската поезија. Камо ваквите „шкртаници“ да ги има низ цело Скопје и градот веќе еднаш да почне да живее. Место мочки, стихови! Место досадни бели ѕидови, извезени букви. Патем, кога сум на темава, моја омилена од него ми е „Тоа таму“. Уште еднаш, поддршка за модерниот „вандализам“. Многу сакам од ова да се роди една група и сите да си шкртнеме. Сѐ до првата казна.
Десет години од Шарената револуција. Тогаш бев при крај со студии, идеолошки секогаш определен, партиски не, пошто идеологија со партија, веза немаат кај нас. Наивен и глупичок, верував дека тогашна ФИРОМ, денешна СРМ, има капацитет за промени. Дадов поддршка на комуњарата и покрај нивното скандалозно, транзициско минато, а и вмраната башка никогаш не ми биле опција пошто ми се проста раја. Десет години подоцна, Груевски е егзилантски инфлуенсер, замара луѓе у Будимпешта да го сликаат по улици, објавува полуписмени статуси со негови слики, а фиромска сиротиња свршава под истите. Им ,,избега" на оние кои искористија незадоволна маса народ за да се дошлепаат на власт, ги фрлија како употребен кондом, а на крај изменија КЗ, ги амнестираа сите против кои ,,креваа револуции" и со тоа го закуцаа последниот ексер. Се радувам што се полумртви денес како партија и се надевам дека никогаш нема да се дошлепаат до власт. Денес имаме некаков трет ешалон од некогашната вмрана, некакви Дафини, Браниња и слични, кои смрделе по штабови додека комуњарата владееше, а тука е и камелеонот Антонио или Антониа кој(а) умешно се вгнездува у секоја власт, вечен пратеник. Од чешма ни течат гомна, ама затоа ќе градиме дата-центри. А јас што научив? Научив дека у СРМ промените не се случуваат, само се менуваат имињата, дресовите и приказните со кои ни ги продаваат истате срања. Затоа никогаш повеќе нема да излезам на протест/гласање, никогаш у живот не сум бил поаполитичен. Не верувам дека народ кој од самиот зачеток започнува со корупција има реален потенцијал за промени. Веќе одамна не обвинувам никакви државни непријатели/соседи, корупцијата е дел од традицијата овде, со 200гр. кафе како едно ,,фала" се почнува. Овакви амеби никад не требало да имаат своја држава.