Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека животов е убав!
    Многу нови личности, нови познатства во мојов живот. Иван Шопов толку едноставен и енергичен. Браво за него. Морам да му го купам делото. Ако успеа со натписот за Скопје да ме воодушеви со останатото се надевам на уште повеќе. А Сандро= преплет. Ваков или онаков присутен.. Мил е он. Знае како да плени. Ах шарм!
    Не знам од кај ја вадам енергијава, ама ме опива. Менада вчера мх! Добиени комплиметни, инспиративни пораки, не направив ништо само бев јас. А оди за Алабама. Нека зграби се..
    Се околу мене живот е...
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    Дека отекоа,ОТЕКОА,со тој филмот три метра над или под небо,што го знам како е! |(
    Значи и да е убав филмот,за секунда ти ја убиваат сите тие вошки желбата да го гледаш од тоа што само тој мажот им е ПРЕУБАВВВВВВВВВВВВВВВ, И МНОГУУУУУ ГО СААААААКААААААААААААТТТТ!!

    :headbang:

    Ќе се отрујам со пиштол. И на крајот,се се сведува на тоа колку бил убав типот,па колку убава насмевка имал,па не ти стомачни,не ти грбни,а никој не забележува некоја порака ако има филмот. Јас го немам гледано и ако сите околу мене покакаат уште малку за филмот,секако дека нема да го изгледам.

    Мразам такви ствари. Може и да нешто убаво,било песна филм,било што,ама кога ќе го искомерцијализираат и го сечат одма ако поседува нешто добро.

    :^) |(

    Едит: И таман кога помислив дека луѓево во нашево Неготино се оправиле и преминале од 18 во 21 век,секогаш има некој таков шо ми го докажува спротивното.

    И ова сакам да кажам. Аман бе луѓе,знам дека сум поправена,цел живот се обидувам да се поправами цел живот сите ми бамкаат поправи се,костур не ти е рамен,и сега кога конечно се деси тоа,одма реакции као,леле ќе ти кажам нешто ама не ми се лути,поправена си ми,бла бла бла. |(

    И пак превраќам со очите,шо да праам.

    А јас пак,колку задоволни само им кажувам,можеби,али на правите места.

    ;)
     
    На Srekicka, LilBaby и julie77 им се допаѓа ова.
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк нема, нема ништо поубаво од прегратката на близок братучед.
    Пред некое време дознав за неговото постоење и за тоа колку блиска рода ми е. Го немав видено од роџења. Ниту пак тој мене. За денес договоривме средба. И знаете што го имам најубавиот и најдобриот братучед ever (се фалам). Кога го видов, како ме гушна, ко цел живот да се знаеме. Цело време бев во неговите прегратки. Во прашање се години, а јас чувствував како да ми е брат. Ова беше најубавото нешто што ми се случи во последните месеци.

    Туку не се жалете од Скопје бре :lol: . Дојдете да видите овде во Каменица како е. Па тогаш ќе знаете што е досада. Ви кажувам мене не ми беше досадно. Напротив ептен убаво си поминав. Прошетав, прославив роденден, се напив малку (ништо страшно) :$ . Вакви денови како овие не се забораваат. Имам добар впечаток, ќе ви дојдам пак.
    Туку денес беше многу жешко. Ќе колабирав на улица, како што немав јадено ништо цел ден. Е на тоа не сум навикната. А за другото се најубаво.
     
    На Strumfeta93 и crazylady им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...



    Сандро е ТОП :rock:
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.040
    Допаѓања:
    26.485
    Сакам да кажам...

    Дека работите не излегуваат така како што се надеваме...

    И ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПАЛАМ ПОШТАТА АКО НЕ МИ ГО ДОНЕСАТ ПИСМОТО ШТО МИ Е МНОГУ ЗНАЧАЈНО!
     
  6. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Ама летоо!! Од досадно подосадно. Ќе избијам некој. Ќе направам некоја глупост само да го запаметам ова лето. |( И веќе ми се смачи од ова трчање по шалтери и овај неписмен народ. Само чекам да ја земам картичката в раце и да фурам во животов. 8) :emo:
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Готово,крај.Ја најдов љубовта на мојот живот.
    Или он или никој.
    Лелеее мајко мила ,какооов е :o
    Дечко,ожени ме!
    :rofl:
     
    На Strumfeta93, crazylady, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    Не можам повеќе значи не можам до мене ли е до тебе ? До сите вас ? ! Зошто јас секогаш грешам според вас , зар никој нема разбирање за мене јас сум ваква како што сум прифатиме или да те нема ... Ствараат погречна слика за мене ... Направија да се посомневам во себе не знам не милион милијарда прашалници во глава . Вчера го имав најнапорниот телефонски разговор од оној на бифшиот па натака ....
    Зошто дај ми една факинг причина за да ја подржам твојата филозофија . Како ме осудуваат без да оценат :@ . Гo мразам ова

    Да не го дрвам на темава јас сум во машката тема за совети .... Ако има некој расположен,,, Ми треба мислење :?: :(
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека пред да пишеш некому на чат, види прочепкај од каде е што е, како ИЗГЛЕДА. А не после да прашувате глупави прашања од типот ОД КАЈ СИ, КОЛКУ ГОДИНИ ИМАШ.... И уште нешто: не секој си ја става СВОЈАТА фотографија на профил. Мислам дека се‘ уште нема толку будали кои своја слика по прслук, танга и штикли ќе ја залепат на фејсбук.
    Ај што мора да се тупиме со виртуелново, бар малце од малце научете да го користите како што треба.

    Боже сачувај[​IMG]
     
    На crazylady, Phyramide и Tanny им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк малку тошење пари,малку гости и сега се прибрав на брзина ладен туш и ми олесна...


    Си седам,седам дома но кога излезам дома не ми се иди...и сега како црвци да имам во газот не ми се седи дома....МИ СЕ ШЕТААА!!

    Но една со дечко,
    друга со филмови по дома |(
    друг со женска.......де бре луѓе ко да ги викам да копаме |(
     
  11. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК колку е тешко да се најдат добри соговорници. Сите се запознаваат со млитаво ракување со 3 прсти и поглед во земја, сите се плашат од чат од непознати луѓе на социјалните медиуми што на крај само уште повеќе ќе не десоцијализираат. Ако лепнеш некоја шега, зафрканција тогаш си дрзок, ако го скокнеш интрото, премногу си нападен и директен. Ако веќе си наумил да се запознаш со некој, не прави таа личност да се чувствува како да гази по минско поле со тебе. Ќе имате и вие по 60-70 години еден ден, ќе се сеќавате на такви моменти и ќе се убедувате дека за ништо не жалите.
     
    На marama, crazylady и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  12. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДЗ у преводи сакам да запејам :lol:
    На фејсбук На фЕјсбУк с‘м‘ н‘ фејсбуук
    Главна ЗЗвезда ти сиИиИи *сигомрдаадамовотојаболче*

    О боже. Песнава ме тера на вино. На евтино гадно дури и кисело вино. Од тоа 3 за 100.
    Такво, шо ќе ти го испере цел желудец. Е такво такво.
    Не се самопијанчам веќе на НекаПуца. С‘М Н‘ ФејсбуУк.

    Евтино вино повеќе од Коктелчич.
    Ма дај. Алкохол ми е у глава.
    Месец дена неам пиено. А претходно исто така месец.
    Еј па топ. Ако си пивкам еднаш месечно, нема да оглупавам :lol: Ко што имам увек блекхолс у мемориичево и бледи ми се црните ноќи, од еднаш до два пати у месецов топоини.

    Ма дај. Се помрднав со моево нискобуџетно теорииче.
    И не е звезда, него ѕвезда е.
    И не е кој луѓе?! Него коИ луѓе
    И не е којн, него коњ.
    И да Њ постои во нашава триесетиеднобуквенска азбука.
    И Љ истотака. Буквата Ј ја нема 2пути напишано. Преку преку, па и попреку од неписмени луѓенца.
    И така. Нек им е арам.

    А мене ми здосади од читање бестселери летово. Идеме стриктно на економска литература. Денес на жегава си набавив една пиратерија. И прочитав 40 страни, интересно ми е мајке ми.
    Ајде бабаи жени мили, имајте убава вечер.
    Мене ќе ми биде иста како и претходната и таа пред неа.
     
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Сакам да кажам...

    СДК времево ме потсетува на една серија која ја даваа на МТВ - Тропски горештини. Баш се горештини. Ако веќе ја гледаме и температурата од таблата над Зегин, е тогаш ќе биде пеколни горештини - во вистинска смисла на зборот.
    Веќе подолго време размислувам да излезам и да се подновам со некоја книга. Но прашањето е која?
    Неколку грешни избори те тераат добро да размислиш за следниот чекор.
    Во картонска кутија, каде што се подредени поголем дел книги од мојата скромна библиотека, се најдоа и неколку мини книги во кои е и впишано моето име. Мамат насмевка на повеќе лица, бар на оние кои искрено се радувале и го ценат тој труд.

    Да не ја полнам другата тема со оф топици. Не знам како, но мислев дека Грл1985 денес ќе прави свадба. Благодарение до Џули, која ме исправи и ми помогна на некој начин да честитката стигне на соодветното место. :)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.292
    Допаѓања:
    158.109
    Сакам да кажам...

    Сдк ќе почнам да пцујам на албански.Овај ноч...и тако даље,ја знаете зезалицата.
     
  15. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    387
    Сакам да кажам...

    Денов што ми пропадна ми пропадна... сега само ноктите да ми се исушат па ќе почнам со 3та смена-вежбање математика. мора да се надокнади изгубеното време, само да не ми се приспие во 11 како синоќа :| А вака да ми кажете некој лек за да останам подолго будна??
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека и да не е научно докажано, штом јас велам, значи така е :D :
    доволен е еден убав збор од одбрана личност за расположението да ви се покачи на стотка.
     
    На mims-89, 2468, TheCandy880 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека дечко ми денес ми го даде поклонот за роденден. Да не чека уште два дена :lol: .
    Еден кремаст кожен новчаник :inlove: . И бидејки е голем сега собирам се живо да го наполнам малце, да го личи :D .

    А, и да и кажам на продавачката во санда едно фала што изгледа ги промаши хулахопките - со прсти се, а не без како што барав :devil:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.243
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК не е можно кој степен достигнува мојата фобија од инсекти. Секоја вечер сонувам, халуцинирам дека има на креветот нешто и рипам ко ненормална. И ме прогонува едно зелено пајаче. Некогаш знам дека не е реално и се свртувам и продолжувам да спијам, ама некогаш... Сабајле се вртам и гледам мало бубаче на ногата, го турнав, па ми летна на другата нога, па пак го бутнав и остана на чаршавот. И му викам на дечко ми, види злато еве едно стварно бубаче. Уште се израдував еј, стварно било. И прееска му викам, леле замисли, конечно да не халуцинирам, туку беше вистинско бубачето. И он таков со еден жален поглед ми вика, абе срце, не беше стварно, немаше ништо таму, ама ти реков дека го избрка за да си легнеш да спиеш :x Кога гледам инсекти, па вака и на јаве, не знам дали се стварни или се само во мојата глава :worried:
     
  19. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тешко дишам... Ми треба воздух... Топло е. Дефинитивно го исклучувам компјутерот и се фрлам во кревет (Не дека ќе заспијам, ама што друго ми преостанува за вечерва?). Чувствувам како да виталната енергија ми се таложи во телово, без да испари... Невиден хипохондрик сум последниве денови. Бррр... |(

    Осаменоста те разјадува. Копнежот убива. (Просветлувам со страшни мудрости. Хах! Не ми е за замерување. :P )
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам...хахахаххахахаххаха ( во недоглед, трите точки можат бурек да јадат!)
    nasmevka/smesni-mislenja-t3946/1130.html и се е кажано. Боже, се пресмеав! :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.