Еднаш некој ми рече вака "Луѓето се хранат од тебе очигледно, ти си им утеха за да не сфатат колку се мизерни и бедни самите по себе". А јас велам "Како Бог што е, никој не е."
Мислам перидов дека балансирам меѓу две состојби. Едната, ме удира силна депресија дека не знам што ќе правам во животов, дека за разлика од други не знам што сакам да работам, но знам што не сакам. Се нервирам што не сум финансиски самостојна, па ќе ми текне дека никогаш не ми правеле притисок од дома за тоа. Па ќе се доутепам зашто се нервирам за џабе и така во еден кругче си се вртам. Другпат пак, се тапшам по рамо и си викам, чекај малце дете, не брзај. 23 години имаш, невозможно е се' да знаеш сега. Барем знаеш што не сакаш.... отприлика. И така, еден ден врти едно тркало, друг ден друго, ама битно се врти нели. Да имам опција, во моментов би се спакувала и би се преселила на планина. Чај ќе берам, нови комбинации ќе правам, овцички ќе си пасам, ептен раат ќе ми биде. Барем на некој период, малце да си ги средам мисливе. Оти вака, само си правам некои комбинации и се туфкам дека не правам ништо, а не можам да направам нешто. Пред некое време се смеевме со другарка дека наше друштво во средно сме биле оние, несфатените. Затоа што ние во парк си седевме и за книги и филмови зборевме, а не ги знаевме сите кафани низ Скопје. И ете не', уште несфатени. Секој тера своја приказна. Си го гледам мачорот, најновиот, најмалиот, најразмазениот како се легачи и си преде. Се радува само затоа што удобно е сместен, истегнат, на топло и доста му. И јас сакам така, стварно сакам. Да си легнам без да премислувам ситуации и настани и планови по 100 пати. На раат да легнам и на раат да станам. Без аларм, на чист воздух. Ама за сега нема. За сега, ќе се задоволиме со Битлси плејлиста, со пилатес и со Розе винце вечер. Или ако смотаниот реши да се јави и да ми го разубави денот.
Карпош-Радишани се брои како врска на далечина? Пошто од 7 морам да почнам да се спремам за да се видиме.
Си се ладиш во темава а? Те чекаат луѓе тема нова да поставиш. http://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Гласање-Тестенини.24946/page-9
Ami Rajne da kazit oficijalno taa da me proglasit za pobedni4ka. Ja nejkam taka Plus ima uste dodeka da se zatvorit anketata, ami do 22 I nesto e... Sepak nisto ne se znae. Da placam posle a? Eee jok
Предозирана од зелен чај и окована во стегите на циклусов. Со полуотпуштен стомак, без посилни грчеви чекам компирчиња. Пржени, масни. Со сите салтанати. Ми викаат домашниве сум заслабела. Јас им викам, циклус ми е, ми се јаде нешто мрсничко. Мајка ми впрочем доби нова работа деновиве, со повисока плата и се тоа, па ќе си дозволиме guilty pleasure. Сакам да кажам денес завршив многу телефонски повици во врска со новиот проект што го крчкаме, се е ок, имав и гостинче, бев на кафенце денско, направив ручече и пак излегов на чајченце. Си се вратив и сите сме си домче, си муабетиме кој како си го поминал денов и мерак ми е. Дај боже секогаш вакви позитивни вести да имаме.
Јас колку што видов темава веќе 10 дена трае, нели недела дена беше, и од каде тоа до 22 часот? Оди ти слободно постави тема, а Реинбоу ако ти прави проблеми прати ја кај мене
Let me present to you најглупавата поговорка на сите времиња: Shoot for the moon. Even if you miss, you'll land among the stars. Зошто е најглупава? Знам дека е метафора, има преносно значење etc. etc. etc. Но и метафорите треба да имаат некоја смисла, нели? Сега имам намера ептен да ја тупам, па ако не сте расположени за тоа, не читајте. 1. Зошто некој воопшто би сакал да цели кон Месечината? Што ќе правите таму бе, нема воздух, нема вода, од што ќе живеете, зошто сте тргнале на Месечината? 2. Да речеме имате некоја рационална причина за живеење на Месечината, како ќе успеете да се катапултирате таму м? Имате ракета? Добро, штом имате ракета имате и скафандер и цела опрема, но сигурно нема вечно да ви трае тој кислород што ќе си го понесете, така што you'll die at some point. 3. Трето и најважно нешто поради кое всушност ова е најглупав цитат е: If you miss the moon, you will NOT land among the stars! Жал ми е што ви го кршам филмот. Не знам што си мислел тој што ја кажал поговорката, ама мислам дека сите многу добро го знаат ова и упорно го постираат цитатов насекаде, а ако си мислат дека распоредот на вселената е таков како што го гледаат навечер преку прозор, тогаш и нека целат кон Месечина, неколку будали помалку на светов. 4. Ако ја промашите Месечината, најголема е веројатноста дека вечно ќе талкате низ едно големо ништо, ќе слетате кај една ѕвезда што ќе ве изгори живи моментот кога ќе ѝ се приближите, или пак ќе ве проголта некоја црна дупка. Така што не се тешете многу многу ако ја промашите Месечината, како и да е ќе умрете на еден или друг начин, а во никој случај нема да стигнете во магична земја на ѕвездички, облачиња и еднорози. Заклучок: Ако решите да слетувате на Месечината има две можности: а) Ќе слетате на Месечината односно ќе слетате на ништо. б) Нема да слетате никаде односно ќе слетате буквално на ништо. И во двата случаи слетувате на ништо, и во двата случаи умирате. Наравоучение: DO NOT SHOOT FOR THE MOON! Метафора е да, дури и да не успееме во намерата сепак вредел обидот и ќе добиеме нешто дрн дрн дрн, и тоа е во ред, само ве молам не ги мешајте Месечината и ѕвездите во овие работи. Фала многу пријатно.
@Lella, значи не прифаќаш слетување на Месечината, дури и во метафоричка смисла? What is it with you and the Moon? П.С. Некој гледал Космос, нанана-нана...
Седам пола час и се мислам што да правам, дали да гледам филм или книга да читам. Почнав една книга, до пола сум ама не е нешто интересна и цела недела ми стои така нечепната. А имам и симнато два филма кои исто така цела недела чекаат да ги гледам. Сега да си направам една шолjа какао и ке видам што ке правам. А може и двете опции да се искористат