Принципите се предност за големите луѓе,ама порок за малите. Препорака:малите да си стават шлем, кога ќе удираат со глава во ѕид, помалку да боли.
Интересна работа, како можеш во еден момент да се чувствуваш толку прекрасно и исполнето, а веќе следниот момент целиот свет ти се руши врз глава...
Згоден си заминува од форумот после 5 месеци. Навистина сте прекрасни, сите 'Like a семејство'. Топли прегратки, Ви благодарам за поддршката @Someonespecial @Summerlover @Dust Спојлер ... смири се, утре се` ќе биде по старо. Нештата нема да се сменат преку ноќ. Ќе се разбудиме само еден ден постари, со стари сметки, неплатени долгови, плати што доцнат, истите грижи и обврски кои, за жал, не можат магично да испарат во една вечер
Што е со збогувањата од форумот? Ништо лично за ова од погоре ама најчесто тие што навистина си одат,си одат тивко,а тие гласните секогаш остануваат. И третата категорија,реинкарнација.Е таа е најинтересната.
Тој што се откажал од храната е КАРАКТЕР Тој што се откажал од цигарите е КАРАКТЕРИШТЕ А јас... Ни едното ни другото
Има ли ден... (за мене) да откријам дека сум жив? Некои луѓе едноставно мислат дека ќе толерирам нивни грешки вечно.
Јас човечката душа ја замислувам како топче светлечка енергија што трепери близу нашите срца. Ја замислувам како мало сонце кое ја менува бојата во зависност од нашите мисли. Кога имаме убави мисли има виолетово-сина боја. Тогаш изгледа како да мирува, изгледа задоволно, како заспано бебе - без никакви грижи и предизвици. И баш во мигот кога се чини дека минијатурното сонце ќе згасне, тоа неочекувано пламнува со своите живи бои и се раздвижува создавајќи прекрасни вибрации. Тогаш кога мислиме љубов, среќа и радост, гледаме со очите на душата кон светот. Тогаш е мирна и спокојна. Не напаѓа и затоа се чувствуваме добро. Одвреме-навреме чувствуваме скокоткање во градите, како да сака да ни каже „Тоа е тоа, продолжи така”. Ние живееме за тој скокот. За него постоиме. Тој ни е највреден. Кога пак овој наш прекрасен живот ни постави некој предизвик и нашите мисли станат „негативни” - светлечкото купче енергија добива златно-пламена боја. Прво трепери со голема брзина, а потоа успорува. Малечки светла, како светулки, прскаат на сите страни и повторно се враќаат назад. Хаос од светлечки тела владее во нас, кога го менуваме погледот и забораваме да слушаме што душата сака да ни каже. И тогаш боли. Навистина боли. Забавниот скокот прераснува во чудна и необјаснива болка. Две секунди болка во градите, а потоа неспокојно издишување. Невообичаен немир, зјапање во празен простор, мачнина и нејасност. Како некој да ви го стега срцето со раце, ете така боли. А тоа само нашата прекрасна душа, нашето внатрешно суштество, она што навистина сме - со бескрајна љубов и разбирање се обидува да не врати на патот од кој не по наша вина сме скршнале. „Јас не гледам на тоа така. Постои подобар начин. Доволно си добар, престани да се осудуваш. Не си осамен, јас те сакам безусловно!” - вели минијатурното сонце. Со сето срце, ова го напишав за @Someonespecial Следниот пат кога ненадејно ќе почувствуваш болка близу срцето, прашај ја душата во тебе што сака да ти каже. „Те слушам” - речи ѝ. Но, не ѝ дозволувај долго да зборува, зашто животот ќе ти помине додека да ги ислушаш сите причини поради кои си прекрасно и до бесконечност сакано суштество создадено единствено за љубов и убави емоции. I love you.
Не би ни знаела како да го опишам чуството и каде тоа се наоѓам кога го гледам во тие бистри и големи очи. Се смее па ми гука, па доаѓа блага срамеќчива насмевка и онда бар гукање .. Не знам, немам збор да го опишам чуството но се си мислам дека таква глетка и такво вудно чуство сум немала во животот. Сум ја немала таа среќа и исполнетост при глетката во него со саати.. И денес велам дека без него не можам, само една е љубовта. Таа е чистата и искрена глетка и љубов. Мајчинската. Ми се иде да го изедам да го згмечам од гушкање кога толку слатко и наивно, реално од се срце ми се смее онака срамежливо. Не се опишува тоа воопшто. Туку се чуствува.
@Згодно Момче другарче со ист месец на раѓање,со исто или слично мислење за некои работи, зар ќе не напуштиш,за што се работи вака одеднаш што си одиш?
На овој ден прекрасна личност е родена. На овој ден и посакувам секоја желба стварност да и биде, никогаш да не се натажи,секогаш да е позитивна. Среќен роденден мила моја,среќна сум што си ми другарка. Ќе се пронајдеш сама.
СДК дека имам мала замерка за модераторот овде.. Зошто ми се споени мислењата во едно од пред некој ден? Ако сакав да ги напишам како едно мислење наместо како две, така ќе си ги напишев, нели?
Недела... А мене денот ми започна во 6 часот... На тоа кога ќе додадам дека сум спиена едвај 3 часа... Кога ќе се стемни, да си легнам ?!
Не сум модератор ама ќе ти одговорам, односно ќе го цитирам правилото број 8: „Не испраќајте две мислења едноподруго. Ако веднаш по испраќањето на одредено мислење се сетите дека треба да допишете уште нешто, редактирајте го мислењето со помош на копчето `Редактирај`“. Ако ја разгледаш темава, ќе видиш дека, кога членовите сакаат одеднаш да напишат повеќе мислења кои не се поврзани меѓу себе, пред секое засебно нагласуваат СДК1, СДК2, СДК3 итн..., или пак ставаат звездички (****) помеѓу мислењата, за виртуелно да ги разделат. Исто, не би било на одмет модераторите и нашава дискусија да ја префрлат во соодветната тема