Ех сеа ми го испреврти мислењето Верници си се верници. Атеисти се атеисти. Постот ми беше за тие лабави луѓе. Се кажува ко верник, а не му е гајле кој празник е. Ќе го слушнеш дека си се кажува ко христијанин (а не атеист) , а од дома со стап го тераат да појде во црква. Пошто не му е битно. Или некој атеист се исмева на верници....ги прави заостанати тие што веруваат. И баш тие си имаат среќа и успеси цел живот. И не ми беше зборот само околу религијата... Туку и општо. Не памти родендени на блиски, не му е гајле за туѓи чувства, говедо со еден збор и сепак си има ОГРОМНА среќа. А повеќето луѓе што се грижливи, внимателни, се кажуваат ко верници и ставрно ги почитуваат обичаите, или се кажуваат ко атеисти и не плукаат по верниците... Значи луѓе со добро срце.... И баш тие патат во животот.... Немаат среќа Муабетот ми е колку повеќе си лабав, без чувства, лош толку повеќе среќа ќе имаш... Не вреди да си добар.
Многу често мешаме добри луѓе, со смотани што не знаат да кажат не. Да си добар не значи дека на сите треба да им удоволиш. Не значи дека никогаш во животот нема да му згрешиш на некој. Некои луѓе едноставно носат светлина во себе. Некои не.
Дефиниција за симпатичност ми се луѓе што кога ќе ги опсипеш со заслужени комплименти за нивната вредност и квалитети, ќе ти одговорат со хумор на своја сметка од кој зрачи скромност...
Kaков треба да бидеш за да бидеш "нормален" за луѓето околу тебе? Им кажуваш дека си атеист...Веднаш те гледаат како некој да си убил: Не веруваш во Господ? Не одиш во црква? Не почитуваш верски обичаи? И не ти е срам? Којзнае какви книги читаш, којзнае кој те учи на тоа....Нешто не е во ред со тебе... Слушаат за некој дека е хомо/бисексуалец...: (му зборуваат на маж) - Како бе не ти е убаво со жена да бидеш? Толку немаш чувства и не чувствуваш привлечност кон женскиот пол? Не ти е одвратно кон маж да чувствуаш љубов?....Нешто не е во ред со тебе ... На некоја девојка од 18 години: Не излегуваш по дискотеки? Не ставаш кило шминка? Носиш сè уште патики, а штикли не? Дечко немаш сè уште? Зошто не си отворен тип?...Нешто не е во ред со тебе... Ајде вие совршените дајте еден список на "нормални" особини на совршен човек. Сè што е спротивно од вашето е чудно, зошто ако вие сте добрите и совршените, тој спротивниот од вас е ненормален и треба да се избегнува... Епа...нешто не е во ред со вас...
Колку добро кажано. Веднаш почнав да размислувам кој од мојата околина совршено се поклопува со овој профил.
Нз зошто ама почнуваат да ми одат на нерви оние шо пишуваат реферати на фб, демек јас вака јас така онака.... Па мислења, некои.... Ќе морам да паузирам изгледа од фб.
Да живеат луѓето кои умеат да прават вино, и преку него да внесуваат сончева енергија во човековите души.
Со брат ми вечно се расправаме околу тоа дека не ме бива да ја затворам вратата од колата,или силно ќе му ја треснам,или ептен нежно и нема да ја дозатворам,па насред возење ќе земе да ми вика,трето нема Токму денес,така силно му ја треснав што ептен збесна,и јас му викам аман бе ме пукна со оваа колата,во какви коли сум се возела,сум трескала врати и никој збор не ми рекол,и ме гледаше збунето,којзнае што си помислил во моментота мене да ме нема Ако читаш брат,диши рает,онака спомнав само де,не сум спонзоруша што секојден се вози во различни коли
Денов ми помина прекрасно.Дружење со пријателите,голем шопинг...И се би било убаво доколку татко ми кажеше за една непријатна случка.Имено има едно машко кое постојано ми досадува,и нормално го игнорирам и јасно му ставив до знаење дека не сакам да ми досадува.Денес мајката на ова машко му пристапила на татко ми и му кажувала секакви глупости Заклучок: Машкото си направило филмови.И не е машкото малолетно има 21 година.Не ми е јасно што од делот "не сакам да ми досадуваш" не сфати? Колку многу психопати постојат тоа е чудо едно.Се надевам само дека после ова конечно ќе ме остави на мира,во спротивно ќе му поднесам пријава. Ви посакувам добра ноќ
Ти како сестрата моја(а што ако си ти) и таа ја шлапа врата така,пред некој ден ја закова,и баш и викам дечкоти голф 1 да не вози и почна ама батее беее
Тие што ги креираат правилата хммм... тоа е како една игра, некој лавиринт во кој сте затворени и ако ги следите нивните правила можеби ќе излезете од таа игра, но тие кои ги диктираат тие правила во меѓувреме уживаат луксуз, се забавуваат на ваша сметка и воопшто не се плашат дека ќе ги снајде некое зло. Тоа карма, или што е мое ќе дојде, или кога тогаш ќе им се врати... тоа се работи што баш овие што ги диктираат правилата веројатно со години и години ни ги споменувале и наметнувале, за да ние бидеме покорни, се плашиме, и чекаме да му се врати на нашиот непријател лошото, а всушност...ништо. Закони и религија, тоа само за сиромашните. Мое е тоа што ќе го дофатам со рацете, и тоа што ќе го направам со нив. Не постои магија. Почнав многу да го мерам времето. Не знам дали е добра работа. Еве, бидејќи го имам испланирано викендов чувствувам дека кратко ќе трае. Мерам време за обврски, време за забава, време за храна, за миење заби, за уффф многу работи. Како да ми е дадено ограничено, како да сум во некоја трка. Како да сум во некоја коцка, имаше некој таков филм. Барем прекинав да мислам на минатото. Не знам зошто дојдов овде. Бројам колку часови имам за спиење. До следен оброк, кафе. До кога конечно ќе можам да појдам до аптека. До кога конечно ќе го пронајдам ова што всушност е многу едноставно, а толку тешко некако се наоѓа. И истовремено губам време. Не знам дали имате такви моменти, кога едноставно умот ви е потполно празен и кога ќе се освестите не знаете што сте правеле, што сте кажале, се е некако магливо. И после неколку часови не можете да се сетите дали ја исклучивте пеглата. И тој ми рече да трчам. Нешто од мене зрачи изгледа што укажува на трчање или желба за трчање хаха.
За ова има специјална тема плус и награда се добива. Сакаш да кажеш дека не знаеш и дека ненамерно ти беше напишано?Признај дека ургираш за еден неверојатен Philips парен генератор! СДК не вложуваат во своите деца а очекуваат од нив да бидат гении
Дали при немо следење на реакциите на други луѓе, независно дали ги гледате/слушате/читате, сте се запрашале како ги трпат дома. (Дешавки од по парковите) Јас да, барем во делче од секундата ќе ми пролета мислата низ глава. Баба често знаеше да каже овие ни Господ не ги трпи. Си правиме муабет со мм и ми вика или дома не смеат да зуцнат, па мораат некаде да си кажат/покажат, или па нивни си се, си се трпат. Убав ден, бркавме галабчиња низ паркот. Да апнеме и да збереме душа па втора тура, до другото паркче.