Во контекст на ова, му викам на маж ми да резервираме некаде за 14ти, а он ми вели, зашто, кога на нас секој ден ни е денот на вљубените.
Се прашував што значи IDGAF,и си го прашав чичко Гугл,и еве што ми одговори IDGAF means "I Don't Give A F***"
Аааххх, Св. Валентајн, денот на кадифени мечиња, срциња, урамени заеднички слики, колажи, слагалици и останати „оригинални“, do-it-yourself, поклони направени со свои раце и од срце, по сопствена идеја, т.е. по нечија препорака од темава на Фемина. Знаете колку машки на светов добиле мече, срце или слагалица со ваша заедничка слика и си помислиле „Ееееј, закон поклон!“? Ниту еден во историјата на човештвото. Нула. Ич. Океј, може ќе го сакаат поклонот затоа што ве сакаат и вас, ама воедно, и само поради тоа, а не затоа што поклонот е добар. Од друга страна, знаете што е добар поклон за Св. Валентајн или било кој друг повод кога немате подобра идеја? Алкохол. Или секси долен веш за вас. Или едноставно, секс. Не ме држете за збор за редоследот на работиве - најверојатно сексот ќе да е на прво место. Bender out.
СДК... Денешниот ден ме потсети дека никогаш не сум се опила ни од вино, ни од љубов. А и двете ги конзумирам, ама изгледа не во исто време и на исто место. Ете... Дионис и Амор не сум ги запознала во друштво.
Не сум многу по романтиката, така да дома ќе си седам а и ништо не му зборам за да дојде, нека оде нека си славе трифун а и јас дома ќе седам ќе си ја славам Средата нели оти денеска е Среда и ќе си легнам, а и празникот не му го честитам, на никој не сум го честитала. Тоа што пратив некакво срце тоа не се важи. За мене зборовите се најважни.
ОмајФАЌИНгад!@0majgad Feb 12 сите имаат против зимање државни пари се до моментот кога они ќе земат. Некој да ми речеше дека со овој ќе се согласев...
Само мене може да ми се случи вакво нешто. Отидов да ми ги средат вегите во еден од најфалените салони и си добив залепено око со топол восок. Ми капна на трепките и се мачевме 20 мин. да ги разделиме, де со кокосово масло, де со мицеларна вода, со што ли не. Конечно, после пола саат успеав дс го отворам окото. Женава ми вели прв пат и се случило вакво нешто. БАШ на мене! Среќа не беше директно во окото! Си платив $25 како и да е. Арно си ги правев дома сама, што ми текна.
Знаеш дека е пресериозна врската кога со полна доверба го ставаш партнерот во легаси контакт на фб. Некако реално се гледа на нештата веќе...
Мислев ќе ми се љути што не сум му купила ништо, кад оно сум го погодила ја поклонот. Благодарност до Бендер за бесплатните совети
Прееска кола на тротоар си вози, ја мораше у вир да се ушлапам да помине господинот. Му се спремав да му упатам убиствен поглед, кога тоа внатре згоден младич.