Она кога ти е роденден на петок 13. Многу ме зезаа за ова кога бев малечка. Среќен нека ми е, cheers!
Она што еднаш беше небо за нас одамна станало нечие туѓо време... ни јас ни ти не сме веќе исти, мислите не ни се исти, ни животот... патиштата ни се разделија, само по некоја искра повремено потсетува дека некогаш не поминуваше ден без очите да ни се сретнат... Време, каде брзаш? Застани малку, забави го својот тек, дај ни да дишеме, живееме, да се радуваме... да ја искористиме максимално сладоста на убавите пролетно-летни денови, тишината на бескрајните летни вечери, белината на зимските снежни ноќи... застани да може со полни гради да го вдишеме слаткиот воздух што го носи мирисот на езерото под планината... застани да може да го зачуваме секој еден ден во нашите спомени, а не да се прашуваме што би било... Време, каде брзаш?
Нели ви е грев бе детето во скут да ви седи вие да јадете а оно да брои залаци и да зева секој пат? Зашто ме му даваш? Не смее тоа да јаде? Ок јади после или заиграј го да не те гледа. Не бива ни тоа? Ок стави нешто до тебе што смее да јаде и давај му од тоа да не зева у празно. Уво не ги боли за нивно дете не па за туѓо. ..
Некогаш работите се такви какви што навистина се- сторени, помислени или кажани. Поштеди се од раздробување на мали парчиња, манично и фанатично размислување околу истите, правење на разни сценарија во главата од типот „што би било ако би било“...прифати го, пушти го во просторот и ослободи се. Зборовите и делата на другите не те дефинираат тебе, само ти со своето материјално и нематеријално постоење го можеш тоа.
Утро. Прекрасно утро Започнато со позитивни мисли, љубов, убава, пролетна енергија. Исполнети обврски со многу елан и без тешкотија, па заслужен одмор. Терасата што секогаш ми ја огрева сонце, а најсилно е претпладне. Огромна чаша силно и благо кафе, баш по мој вкус и појадок што е уживање за сите мои сетила. Омилената плејлиста во позадина. Ги сакам утрата. Ниеден друг дел од денот не влева таква надеж, не носи таква свежина.
Она чувство кога разговараш за постапките во животот со човек кај кој во неговиот речник не постои зборот самокритичност. Односно со нарцисоиден човек кој мисли дека се знае и дека е најпаметен само затоа што мисли дека многу поминал во животот. Најстрашно е тоа што кај таквите луѓе самодовербата и самопочитувањето е на највисоко ниво, а способноста за перцепција е сведена на фразата : од едното уво влегува од другото излегува. Со таквите луѓе не можеш да воспоставиш квалитетна и добра дискусија колку и да се трудиш, тие секогаш ќе се обидуваат да ти го наметнат своето мислење и да те убедат дека се во право иако немаат никакви аргументи со кои ќе го докажат тоа. По неуспешната дискусија со такви лица, на крајот доаѓаш до заклучок дека не можеш да се докажуваш со аргументи бидејќи тие се убедени дека никогаш не грешат. На крајот ти е сеедно и си велиш: Нека оди се по ѓаволите. Заклучок: Кога си мртов тебе не ти е тешко , туку тешко им е на другите. Така е исто и кога си глупав.
Песнава ми го опиша целиот живот,не за џабе е кажано дека има песни кој траат 3 мин,а опишуваат цели животи.
Ај вака. Ако некој ти каже дека не си нормален, многу веројатно значи дека си ја поминал границата и немаш осет. Ако некој ви каже ѓубре едно, значи истото од погоре ама неколку нивоа повисоко и многу веројатно е дека тој некој е на раб да викне полиција. Не ми е ништо значи не ми е ништо. Може и да не значи тоа, ама во секој случај значи не планирам тебе да ти кажам што ми е, so kindly fuck off. Дебела сум, грда сум. Океј да, можеби значи I need validation. Исто така значи имам слаб карактер и веројатно многу повеќе комплекси. Уживај значи уживај. Чао значи факинг чао. Also, ако некој може да ми објасни каде има цифри во горенаведенава мудролија, that would be great.
...песните на радио ме вратија на младоста (не дека сум стара ) Кога со маже одевме на журки во Градиште, цела ноќ играње, пиење...Ми фали една таква ноќ, млада, луда, заљубена и пијана и од љубов и од алкохол . Најголемата грижа.....Ма немав грижи, само убави моменти. Една таква ноќ да се врати...прекрасно чувство
Навистина ми се феномени тие што можат да одат на кафе со кого било само да не седат дома. Пред некој ден кажува дека не ја поднесува, дека и е одбивна и после ги гледаш заедно на кафе зашто и било досадно дома и немала со кого да излезе. Значи тие луѓе можат со секого да се вклопат и магично да направат да им биде убаво во моментот. Јас на пример, ако не можам некој да поднесам ни на крај памет не ми текнува да го барам за кафе или прошетка. И да немам со кого да одам, и да ми е премногу досадно ќе најдам некаква занимација сама, отколку да се трујам со (за мене) негативни лица. Не можам да ставам вештачка насмевка и да создадам пријатен амбиент, доколу со личноста не ни оди муабетот, ме повредила во минатото или едноставно не ја поднесувам. Додека глумам лудило дека ми е убаво со нив (а не ми е) и губам време само за да бидам видена низ град, ќе земам книга ќе прочитам, ќе вежам или ќе трчам сама по кеј со слушалки. На некои луѓе како да им е страв да поминат време сами со себе
Не си слушнaлa зa слaбa сaмoдoвербa кaј млaди тин девoјки, пaсивнa aгресивнoст, глумење кул и недoстижнa, дрaмaтизирaње, кoмплекси, неспoсoбнoст дa изрaзиш чувствa нa прaв нaчин...oд сетo oвa прoизлегувaaт гoренaведените шифри. Глупaв е текстoт, aмa честo реaлнoст е. Кaкo штo е и реaлнoст -Гo мрaзaaaм, кoј ѓaвoл ме терaше сo негo, пoследен дa е немa дa гo пoгледнaм...и јa гледaш зa еден ден нaјмнoгу вo прегрaтки му е. И? Штo тoлку изненaденa? Луѓе вo гoдини се пa уште не знaaт дa кoмуницирaaт прaвилнo и емoции дa изрaзaт, уште сo мехaнизми рaзни се служaт, не пaк млaди девoјки.
Абе има и 30 годишни мажи што се водат по списокот, па ти му викаш "остај ме на мира", а тој ти враќа со "а вечер ќе пиеме кафе?". Ти му викаш "ме замараш", а тој ти враќа со "и јас те сакам" Патем, и што се чудам, многу од овие ултимејт "мажи" се заглавени со времето, па ги гледаш како стареат, а женските покрај нив постојано имаат 15 години. И пред 10 години излегувал со 15 годишна, и сега пак, само по 15 годишни трча, оти не знае поинаку. Ех, колку такви мажи знам...
Се враќам пешки од работа. Размислувам колку ми се јадат сарми или полнети пиперки. Ташната ми се слизнала од рамото, десната балетанка ми прави рана на стапалото, косата во репче, затоа што ми пречеше додека мерев. Шминка не ставив, не планирав да бидам меѓу многу луѓе, испадна обратно. Цвеќиња во рака, ми ги донесе колега што видел бабичка како ги продава. И цветни фармерки. И ме одминуваат најубавите девојки. Високи штикли, тесни сукњи до колена, совршена фризура и шминка. Тоа никогаш нема да бидам јас. Не дека не им се восхитувам, прекрасни беа. Ама никогаш, па и да се трудам нема да изгледам така. А имам некој што ме сака ваква. И тоа ме прави да се чувствувам најпрекрасно.
Ти требa дa се сaкaш тaквa, тoa е нaјбитнo, другoтo е сaмo плус. Денес сум зaдoлженa зa цитирaње oвде, вo случaј нештo дa не е јaснo
На твитер денеска станало viral одвратно видео од некое наше средно училиште, на кое девојче е тепано од нејзини соученички. И гледам некои од коментарите, цитирам: колку треба да сте дно од луѓе вака да воспитате женско дете; во последниве години женските се кршат од ќотек во школските дворови... Да, знам дека некои веднаш ќе помислат дека се работи за филозофирање за споредни работи и исфорсиран феминизам, но токму луѓето со ваквите коментари ја утнале тотално суштината на проблемот. Наместо да се згрозат воопшто од психофизичкиот булинг во училиштата како таков, тие реагираат така на ова од аспект на „нетипично женско однесување“. Уште пострашно е што за истиве физичко малтретирање на момче од страна исто на машки соученици, најверојатно би било вообичаена појава - како што со носталгија гледаат на времињата на „ферки“. Тешко нас со претставници на ваков менталитет и оние рамнодушните на истиот...
Да се цитирам... Мислењево e во темата 10 работи кои сакате да ги направите пред смртта напишано јануари 2016. Ја скратив косата есента 2017 година. Ми требало повеќе од година да соберам храброст и да го направам тоа. Ама онака, среќна ме направи тоа што можам да прешкртам нешто од таа листа која сум ја сосема заборавила инаку.