СДК дека тешките работи во животот им се доделени само на луѓето кои можат да ги издржат. (Совет даден од другарка,кој многу ми значи)
Прашав кога повторно ќе го видам: ми рекоа дека нема да го видам. Прашав дали нема некогаш да го видам. Рекоа никогаш повеќе. Не ми беше јасно: како е можно да нема никогаш повеќе, кога луѓето времето го мерат со круг; па постојано се враќаат истите часови и минути на часовникот, други нема; ако се враќаат тие, зошто не би се вратил и животот човеков? Тогаш не знаев дека луѓето за животот користат и една друга слика: песочен часовник во кој сепак, последното зрно еднаш ќе истече. Тогаш се заплакав, оти сфатив дека тој навистина заминал.
Сакам да кажам дека кога зборувам со стари пријатели ја гледам разликата во себе порано, и сега. Према нив можеби се сменав на полошо, ама од себе сум изненадно задоволна.
Сабајле до школо читам за Никола у трамвај. Солзи ми течат душата боли,а не го ни познавав. Само 21година. Читам и се чудам има коментари како сам си го барал ????? Дали некој бара да му згасне животот толку рано, да не го виде повеќе сонцето, да не ја виде мајка си..... Овде и во секоја европска земја има навивачи и хулигани и секакви пароли но постои нешто што воведува ред. Кај нас е трагично што несмееш да си кажеш што мислеш во родната земја.Дали во некоја земја ако кажат свое мислење против друга нација ги убиваат. НЕ,не ги убиваат најмалку децата. Ако убиваа вака пола свет ќе беше убиен Жално за семејството Спојлер: Голема разлика села е жив Никола не
Во една друга прилика кажав дека сме најзлобна и најклета нација. Да елаборирам. Кога се случува некој немил настан, тогаш мислам дека излегува она најфиромското, најпримитивното, најмалициозното од секоја индивидуа на овие 25,713 km². Очајно, бедно и патетично е да се гледа како ист случај луѓе од различна политичка партија го гледаат дијаметрално различно. Најгнасно, најгадно е да користиш нечија судбина/несреќен случај или смрт за да се оправдаш дали пред сам себеси, дали пред библиска Македонија, дали пред очите на "народот". Секој кој користи нечива смрт како политичка игра, никогаш, ама апсолутно никогаш нема да има почит во мои очи. И не е само ова. Живееме со луѓе кои уживаат да те понижат на секој можен начин, да ти ја коментираат секоја физичка маана, да ти плескаат во лице "леле ама си се здебелила", "леле ама ти се појавиле веќе првите брчки на лицето", "ох што убава беше, си пропаднала некако". Те разбраа ли дека имаш некој проблем, наместо да те остават на рајат, тука те буцкаат, што се случило, онака паразитарно сакаат да ја исцицаат секоја информација за потоа низ кафе и цигара да си раскажуваат туѓи животи како да се играчки. Живееме во нација која не почитува никаков ред, никаде, се турка за влез во автобус, се турка за да помине преку ред, нема никаква почит спрема млади луѓе кои почнуваат да работат, никаква почит спрема лекари, почетници со сопствен бизнис, уметници, професори, продавачи... Ѓубрето не знаеме да си го фрлиме, јас стварно не сум видела на друго место да се остава во ходник за да не смрди дома нели, или уште попривлечно е кога ќе го фрлат од 5ти кат долу пред зграда. Рециклирање? Па на тоа попрво мајмуни ќе се научат отколку ние. Само кај нас некој ако успеал со крадење, лажење, измама, мајмунлак е почитуван човек, снајден човек, човек кој знае како да си успее во животот. Наместо тие што се навистина за осуда, имаш коментари дека не е битно како, битно е дека има пари. Очај, мизерија, беда. Недај Боже да се отворат попрогресивни теми како феминизам, човечки права, еднаквост, геј права, развод, абортус и слични, ќе се изначиташ коментари од кои ќе ти се преврти цел систем за варење, колнење, мрчење и лаење како на најклетиот душман. Уште не ми излегуваат некои коментари кога излезе #metoo хаштагот, па онаков син или ќерка (нажалост и жени осудуваат сексуално малтретирани жени) да воспитам ќе земам ќе се убијам. Врв ми е кога ќе кажат дека сме топол народ, народ кој се сака и почитува и дека секаде можеш да отидеш на гости. Народ каде брат со брат не зборува за плац од 50 квадрати, каде се влечат по судови за тестамент, каде очите ќе си ги извадат ако некој успеал во оваа тешко прогресивна "држава", каде пукаат од љубомора и завист ако некој успеал нешто со крв и пот сам да постигне. Не златни, ние не сме ниту за во Европа, ниту им се лутам на некои земји што не не сакаат како дел од тимот. Во право се. Нас чекан да ни даде човек, ќе го расипеме, која и да е инвестиција ќе гледаме како да ја измолземе максимално а ништо да не се сработи. Ние сме биле, сме и долго ќе бидеме една обична вукојебина и се дури не си смениме менталитет, однесување и манири ќе не сметаат за ректумот на Европа.
СДК денес поштено си се изнавикав,море урлав на цел глас и само да знаете колку ми е убаво на душичката.... Бев на село,куќата ми е во оние помалечки планински(ама рурални селца) ем во природа викав,ем играв на карта дека никој нема да ме слушне. Комшии немам во близина,сите се преселени ко мене,и доаѓаат само за викенди,штама невидена беше денес во моето горно маало,арно ама кога се спуштив да слегувам надолу за дома,гледам моите си седат во двор со еден човек од долното маало сакав во земја да пропаднам,се поздравив и влегов дома и не излегов дури не замина човекот
После долго време.... Многу ми е криво што на форумов сум 8 години и неколку месеци, а во последниве неколку не бев баш активна... Си шеткав низ мои постови, во касните часови иако утре рано треба да се станува, но интересно ми стана Налетав на мислењево И од погорното е вистина дека останав со тогашниот дечко да .. И разгледувам слики од места којшто сум била.. Дипломирав.. + Работам.. ( како бонус ) Не сум со мама и тато.. Но... Сеуште сум Мк. Немам штикли ( не ни сакам ) И сум плус-size како и секогаш. 50% ?
https://forum.femina.mk/threads/Апел-за-помош-за-Златко-Дојчиноски-Бамбо.29135/#post-4016439 Дечкки ве молам за помошш..
Сакам да кажам дека не знам дали кога ми работи забарката вистина не боли, или развив нов тип на страв каде од страв престанав да осеќам болка.
Прекрасен сон полн со топлина, љубов Отворам очи и сфаќам дека реалноста ми е уште поубава Ова се вика среќа. За ова вреди човек да се бори, да живее
Секојдневните познати стресови секој ден ме убиват и ме бутат кон дното кон црнината Од тој ходник со темнина на крајот од ходникот имаше светла точка која ме држеше и не дозволуваше да паѓам сега и таа светла точка која ме држеше полека исчезнува и почнува да се прави во црна темнина.
Доста беше. Одсега, само мојата среќа е важна и ништо друго. А таа среќа нема со никој да ја споделувам. Ќе ја живеам и нема на никој ништо да кажувам. Само тие покрај мене, со кои ја живеам и делам среќата, ќе бидат сведоци на истата.
Обично на луѓе им фалат средношколските години, само мене огромна носталгија ме фаќа за основно. Си гледав слики сега, се испосмеав..аахх се беше толку поинтересно тогаш.
Mozokov e cudna masina. Na son edna nepoznata osoba me prasuva za druga soucenicka koja posleden pat sum ja videla I cula za nejze, pred 33 god. Se setiv deka e nekoja Karbevska I mi se pojavi slika/ sekavanje na nejzinata fizionomija. Cudno So devojcevo nikogas ne sum bila drugarka osven soucenicka od klas. Od kade pa taa iskoci vo mojve sonista, ako ne ja vidov na son ne veruvam deka nekogas bi se setila deka postoi. Ke rece nekoj "toa ti se vrtelo vo pamet". Ne e deka e bas taka. Sto pa ona ke mi se vrti vo pamet?
Дали сте знаеле дека наместо да пишувате НЕ МЕ ЦИТИРАЈ на јавен форум, можете само да не одговорите на цитираното?
Сдк ми текна тие денови да си анализирам како си го зафркнав животов посветувајќи време на особи што не заслужуваат,на пример ми текна на една другарка што и ги слушав истите приказни по 1000 пати,ја советував дека не е во ред да му пишува или да му звони на нејзиниот бивши што беше женет,што ми зборуваше како само јас ја ислушувам со саати на телефон и дека и олеснува кога ќе ми се испразни,секогаш бев тука за неа и не ја осудував за ништо за таа да ми каже како на дечкоми сум му била резерва и како таа да сакала можела да се гледа со дечко ми,и тогаш сфатив колку е саат и почнав полека да се оддалечувам и сега мажена е и живее во странство,а јас стара мома,мизерувам овде
Кога возрасен човек разговара со млад тинејџер без разлика машко или женско околу сексуалните односи, освен контрацепцијата и СПБ како најбитен дел, не треба да заборави да потенцира и дека сексот треба да биде пријатно и убаво доживување за двата партнери, дека треба да се случи само ако и двајцата партнери сакаат. Исто така да му се укаже дека сексот не е ниту нешто одвратно или срамно, ниту пак треба да преставува гордост, а и да не дозволи некој да му пере мозок и да го омаловажува со термини како чист/а и нечист/а.